Убиство или несреќен случај

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Убиство или несреќен случај

Пишување by defo on Пон Ное 23, 2015 10:08 pm

Нема траги на насилство врз телото на Софески

исчезнат ловџија

Хм, малку контрадикторно Зоран Божиноски има поинакво мислење, за настанот.....а и многу други луѓе заобиколено ја искажуваат својата скепса оклу ова, по мое скромно познавање човеков е/беше еден од клучните точки кои можеа да го стрпаат и Бучко тенкистот во затвор.

Интересен осврт на либертас...
Наши разознавачи клучни сведоци страдаат во сомнителни несреќи

defo

Број на мислења : 1926
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Убиство или несреќен случај

Пишување by reiter on Пон Ное 23, 2015 11:07 pm

defo напиша:Нема траги на насилство врз телото на Софески

исчезнат ловџија

Хм, малку контрадикторно Зоран Божиноски има поинакво мислење, за настанот.....а и многу други луѓе заобиколено ја искажуваат својата скепса оклу ова, по мое скромно познавање човеков е/беше еден од клучните точки кои можеа да го стрпаат и Бучко тенкистот во затвор.

Интересен осврт на либертас...
Наши разознавачи клучни сведоци страдаат во сомнителни несреќи

неговите колеги нема да остават да висат нејасни работи доколку имаат сомневање во замешани прсти за неговото заминување од овој свет.

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: Убиство или несреќен случај

Пишување by Гостин on Вто Ное 24, 2015 12:39 pm

И Геровски има свое мислење. Не помалку интересно.

Кога не мора да ги убиваат - ги умираат!

Еден критичар на власта помалку. Уште еден ГЕМ-овец замина. Горан Софески. Не секогаш со доследна мисла, ниту со раскошен талент за пишување, уште помалку од оние хиперактивните на Фејсбук. Но, бездруго човек кој одлично го познаваше својот занает – военото разузнавање. Како и матните зделки на режимот.

Поранешниот воен разузнавач Софески утринава е пронајден мртов. Истрагата, која е во тек, најверојатно ќе покаже дека некаде во кичевските кории откажало срцето на Горан. Или му се случила некоја друга несреќа. Нема да добиеме одговор на прашањето зошто Софески со години е малтретиран, зошто му е намален чинот и зошто е испратен во единица за која е потребно човек да е добро физички подготвен, а не да има болно срце.

Истрагата најверојатно ќе докаже дека Софески не е убиен. Кога не мора, режимот не ги убива своите противници. Едноставно, ги умира. Ги доведува луѓето до работ на нивните физички и психички способности, а потоа е потребна само мала несреќна околност работ да се пречекори и човек да се струполи во бездната.

Софески не е убиен, но тој е жртва на овој режим. Како што жртви беа и Роберто Беличанец и Никола Младенов. И многу други несреќни луѓе, чии имиња никогаш нема да ги дознаеме и да ги спомнеме. Кој е следниот?

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Убиство или несреќен случај

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот