ЕЗЕРО ВО ВАШАТА ГРАДИНА

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

ЕЗЕРО ВО ВАШАТА ГРАДИНА

Пишување by Гостин on Нед Ное 29, 2015 6:34 pm

Интересно и ефтино решение.

КАКО ДА ИЗГРАДИШ ЕЗЕРЦЕ ЗА 10 ЕВРА ВО ДОМАШНАТА ГРАДИНА

Најпрво да се расчисти тоа дека градините со сопствено езерце не се само за оние со длабоки џебови. Секој може да изгради убаво езерце во сопствената градина со малку време и мал износ на пари. Доколку сте погледнале во оние езерца кои се прават и продаваат како комплет, лесно ќе се увиди колку скапи можат да бидат. Навистина, цените се движат од неколку стотици до некоку илјади евра, што е навистина многу за еден македонски стандард.

Најпрво треба да се даде одговор на прашањето:што да се искористи како облога? Најдобро е да се искористи еден посебен пластичен материјал наречен “silo cap”. Всушност тоа се големи парчиња од пластика кои се користат да се покрие подлогата и да не се дозволи протекување на вода. Без грижи, тие можат да се набават во различни големини и дебелини, во зависност од потребите. Нормално, просечната големина е: 14x14, 20x20, 26x26 и скоро сите се со дебелина од 3 см со црна боја. Генерално цените се движат од 5 – 15 евра. Можат да се набават скоро во секоја продавница за земјоделие.

Дупката

Како за почеток неопходно е да се ископа дупка, облога и вода. Исто така можете да искористите и дополнителни работи (повеќе како за украс), како на пример: камења, цвеќиња, рипчиња, а можеби и водена помпаили фонтана. Колку за информација проектот може да биде завршен за само неколку часа или пола ден со еден збор. Пред да почнете било што, потребно е да се одбери добра локација за новото езерце.



Најдобро би било да биде под делумна сенка, бидејќи помага да се намали ризикот од појава на алги. Исто така, не би требало езерцето да биде позиционирано директно под листопадно дрво, бидејќи лисјата секоја есен ќе паѓаат, што би значело дополнителна работа за вас. Најдобро е да се ѕирне во книгите за градинарство, каталозите и магазините со цел да ви помогне во изборот што сакате најмногу. Најдобрата идеа е да ги замислите работите како би изгледале пред да започнете со работа. Големината зависи од вас, но морате да бидете сигурни дека подлогата што треба да ја ставите одговара на големината на дупката што треба да биде ископана. Најпрво се става јаже или градинарско црево околу дупката, што би помогнало во одредувањето на формата. Имајте на ум дека одреден вид на форма која е различна од обичен круг, би била многу повеќе атрактивна за окото, но сето тоа зависи од вашите преференции. Исто така, треба да се одлучите каков вид на растенија ќе искористите за езерцето.

Доколку сакате растенија кои ќе растат во водата од езерцето, морате да бидете сигурни дека тоа е доволно длабоко за да се створат услови за самите растенија. Друга работа која можете да ја направите е да направите полици на зидовите од езерцето каде ќе можат водените растенија да бидат одгледувани и во саксии. Во рамките на дупката, едноставноможете да ја прилагодите почвата за изградба на полици кои би служеле како подлога за саксиите на водените растенија. Тоа секако потоа ќе ја покрија облогата на езерцето.

Облога

Доколку имате камењеста почва, бидете сигурни дека сте ги отстраниле сите камења пред да се постави облогата во дупката. Потоа лесно можете да најдете кофа или две ситна песок која би била совршена за облогата. Растурете ја песокта на дното од дупката со цел подобро прилагодување на облогата и секако да се спречи кинење на облогата од острите рабови.



Поставете ја пластичната облога убаво во дупката и додадете малку вода, на тој начин најдобро би се позиционирала облогата на сите страни од дупката. Раширете ја убаво облогата на сите страни и распространете ја убаво на врвот од езерцето и потоа внимателно проверете дали е убаво распространета на сите страни и дали совршено лежи на дното од дупката. Делот што останува на врвовите оставете го, би бил од корист понатаму. Следно е да ја наполните дупката со вода. Како што го полнете езерцето внимателно проверувајте ја облогата дали останува во истата положба.

Водата

Потребно е добро да се знае каков вид на вода се користи во езерцето. Доколку го полнете со вода од чешма препорачливо е да почекате некој ден, тек потоа да ставите рипчиња внатре. Тоа би било доволно време за да исчезне хлорот од водата и да се постигне воздушната температура. Доколку не се почека неколку дена ризикот е голем да изумрат рипчињата.

Камчиња

За природен изглед ставете ги камчињата околу рабовите на вашето езерце. Сега е време да се покријат рабовите од пластичната облога. Искористете било каков вид на плочка или камен од вашиот двор и наместете ги врз пластичната облога, така да не се познава воопшто и да си има еден природен изглед. Не би било ништо погрдо од непокриена црна пластична облога на рабовите од езерцето. Како предлог би било убаво да ставите мали морски камчиња (доколку можете да ги набавите) на дното од езерцето со цел да му се даде природен изглед и место за рипчињата да се сокријат. Бидете внимателни да не ги фрлате камчињата внатре, бидејќи може да се предизвика оштетување на пластичната облога. Ставете ги внимателно и пополека на дното од езерцето.

Растенија

Навистина денес постои толку голем избор на водни растенија. Повеќете од нив се навистина скапи, но тука се и неколку скромни и ефтини градинарски идеи, со цел да го направат изгледот на вашиот двор многу поубав. Најпрво тркнете до градските езерца и паркчиња, па дури можете да појдете и до најблиското мучуриште и фрлете поглед врз растенијата кои растат во водата. Тоа ќе ви даде идеа кои растенија всушност можат да успеат во вашата средина. Доколку успеете можете дури и да земете од растенијата и да ги пресадите во вашето езерце. Но, најпрво прашајте во случај да не тоа езеро или градина е приватна сопственост. На тој начин ќе направите вашето езерце да изгледа сосема природно. Кога ќе започнете со садење на растенијата би ви препорачал да искористите работи кои изгледаат тропски. Исто така, можете да земете папрати бесплатно, од најблиското мучуриште и да додадете тропски изглед на вашето езерце. Понатаму како предлог можат да се насадат следните растенија: винова лоза, детелина, лилјани и тн. Несомнено тие ќе го направат излгедот на вашето езерце далеку подобар.



Подготвил: М-р Мартин Велковски

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот