ГЛУТЕН

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

ГЛУТЕН

Пишување by osa on Вто Дек 15, 2015 10:40 pm

Што ќе се случи ако престанете да внесувате глутен?


Се претпоставува дека мал процент од светското населиение е нетолератно на глутен, но и покрај тоа, голем број луѓе се заинтересирани за исхрана која не ја содржи оваа белковина. Дали размислувате за укинување на глутенот од исхарната? Еве што можете да очекувате:
1. Веројатно нема да изгубите килограми 

- Храната без глутен не значи храна без калории. Многу намирници без глутен содржат повеќе калории, мастии, шеќери и сол од глутеинските алтернативи,’тврди др. Алессио Фасано.

За да не ја направите вообичаената грешка и да добиете вишок килограми, во исхраната воведете повеќе овошје и зеленчук, како и немасни протеини, а избегнувајте ја процесираната храна од која по индустриски пат е изваден глутенот. 

2. Ќе ви се зголемат трошоците за храна 

Паричникот е првото место каде ќе ја почувствувате промената кога ќе почнете да јадете храна без глутен. Тестенините, кексите и крекерите без глутен се два до три пати поскапи од, на пример, намирниците на база на пченица кои го содржат овој дел на белковини. 

- Храната без глутен е поскапа бидејќи производителите мора да користат специјални процедури во производството на хранета за да се избгне глутенот, истакнува др. Фасано.

3. Ќе имате дигестивни проблеми 

Глутенот се наоѓа во сите производи од пченица, р’ж и овес, кои истовремено се и извори на прехрамбени влакна. Затоа, не е чудно што престанувањето на консумирање на храна со глутен последично влијае на намалната консумација на овие состојки, но и на појава на дигестивните тегоби. 

- Недостатокот на прехрамбени влакна доведува до размножување на лоши бактерии во желудникот, грчеви и цревни воспаленија. Задолжително надокнадете ги прехрамбените влакна со зеленчук, грав и интегралнен ориз, кои не садржат глутен, истакнува д-р Фасано. 

4. Ќе бидете поспани 

Кога од исхраната ќе ги исфрлите пченицата, р’жот и овесот, не се ослбодувате само од глутенот, туку и го намалувате внесот на железо, фолна киселина, цинк, витамин Д и слично.

Недостатакот на хранливи состојки во телото ќе го препознаете по општата слабост на телото, вртоглавици, опаѓање на косата, промена на расположението, затвор и губење на месечениот циклус.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11952
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот