ЛАДНИ ПРСТИ

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

ЛАДНИ ПРСТИ

Пишување by osa on Вто Дек 15, 2015 10:46 pm

Болести кои се кријат позади ладните прсти

За време на зимските денови сосема е нормално рацете и прстите често да ни бидат ладни и тој проблем обично го снемува штом дојдеме до вистински извор на топлина.
Меѓутоа, што ако не успеваме да ги загрееме прстите ни кога сме во топло окружување или ако рацете ни се ладни во текот на целата година? Тогаш веројатно е во прашање некој здравствен проблем, заради што треба да се обратиме кај лекар за да го решиме.

1. Рајнаудов синдром: состојба во текот на која доаѓа до стеснување на крвните садови во прстите како одговор на студот или на емотивен стрес. Поради тоа доаѓа до изразито чувство на студ во прстите кои понекогаш можат и малку да помодрат.

Добра вест е дека овој синдром не предизвикува поголеми здравствени проблеми, а температурата на прстите се регулира со носење на топли ракавици и избегнуавање на стресот. Меѓутоа, ако ви е дијагностициран овој синдром, посоветувајте се со имунолог бидејќи Рајнаудовиот синдром може да биде симптом на некоја автоимуна болест.



2. Хипотиреоза: кога функцијата на штитната жлезда е намалена, т.е. кога таа работи забавено, тогаш исто така доаѓа до ладење на прстите. Хипофизата има улога на термостат во нашето тело и кога таа не е активна ги забавува повеќето функции на телото, па така често чувствуваме студ.

3. Анемија: предизвикува многу други здравствени проблеми, како замор, главоболка, задишаност и вртоглавица. Не е исклучено поради големиот недостаток на железо во крвта да дојде до проблем во регулирање на температурата во телото. Односно, кај анемијата се намалува и искористувањето на кислородот во телото и затоа доаѓа и до појава на ладни прсти.

4. Низок крвен притисок: кога крвниот притисок ќе падне, крвните вени ја пренасочуваат крвта од екстермитетите кон виталните органи во телото и затоа прстите се ладат. Има многу причинители на хипотензијата, па доколку постојано имате низок крвен притисок, закажете преглед на лекар со цел да го пронајдете виновникот за овој проблем.

5. Пушење: ако ви треба уште една дополнителна причина за да престанете со пушењето, сега ја имате. Никотинот предизвикува стеснување на крвните садови и насобирање на калциферати во артериите, поради што протокот на крвта во екстермитетите често пати е ослабен или значајно намален, зависно од тоа колку пушите.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11958
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот