Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ЕГЗОТИЧНИ РАСТЕНИЈА

Страна 2 of 2 Previous  1, 2

Go down

ЕГЗОТИЧНИ РАСТЕНИЈА - Page 2 Empty Re: ЕГЗОТИЧНИ РАСТЕНИЈА

Пишување by Гостин Сре Дек 30 2015, 00:00

САНТОЛИНА

ЕГЗОТИЧНИ РАСТЕНИЈА - Page 2 Lu1095fp

Сантолината е род на цветни растенија од фамилијата „Asteraceae“, присутна во медитеранскиот регион. Познати се 24 видови.

Тоа се мали зимзелени грмушки кои растат до височина 10-60 см.

Листовите се едноставни и фино поделени често густо со сребренасти влакненца. Цветовите се жолти, со 1-2 см дијаметар.

Ова растение се нарекува уште „Lavender Cotton“ бидејќи многу наликува на лавандата. Најчесто се среќава сивата Сантолина која е лесна за одржување и не бара многу вода. Потребно е да се шиша доколку сакаме обликот да и биде поубав.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ЕГЗОТИЧНИ РАСТЕНИЈА - Page 2 Empty Re: ЕГЗОТИЧНИ РАСТЕНИЈА

Пишување by Гостин Сре Дек 30 2015, 00:04

ТРЕНДАФИЛ

ЕГЗОТИЧНИ РАСТЕНИЈА - Page 2 Trendafil3

Трендафилите го завземале првото место на листата на најатрактивни и најомилени цвеќиња на луѓето, уште од најстари времиња.

Од моментот кога човекот станал свесен за убавината на цветните растенија, трендафилите за копје ги надминувале сите останати.

Денес се одгледуваат во сите краишта на светот со умерена клима, и веројатно и далеку во иднината ќе бидат најпознати и најомилени цвеќиња.



- За најстарите фосилизирани цветови на трендафили постојат две претпоставки. Според едната, тие се најдени во Орегон и Колорадо, и се проценети меѓу 35 и дури 70 милиони години. Другата е многу порадикална, и според неа розите потекнуваат од пред повеќе од 3 милијарди години!

- Трендафилите за првпат се претставени на монети околу 4 илјади години пред нашата ера во Азија.

- Првиот пишан текст за розите е стар околу 5 илјади години, и потекнува од Сумеријците (денешен Ирак).

- Во Асирија и Вавилон се пронајдени мотиви на трендафили во архитектурата, а се спомнува нивното присуство во висечките градини во Вавилон.

- Во Европа се насликани на фрески и монети најрано околу 16-тиот век пред нашата ера.

- Колониститте ја пренесле во Америка во 16-ти век, со што е најстаро култивирано европско растение во САД.

-"Модерните" хибриди датираат од 1867.

- Една од најпопуларните рози на сите времиња, хибридот Пеаце (Мир), била прошверцувана од Франција во САД во 1945 година.

ЕГЗОТИЧНИ РАСТЕНИЈА - Page 2 Trendafil.jpg2

Грците први ја нарекле "Кралица на цвеќето". Старогрчките поети, историчари и ботаничари оставиле белешки за своето почитување на розата. Поетесата Сафо за првпат ја означува како Кралица на цветовите, околу 600 г. пред н.е. Хомер спомнува розеникави утра во Одисеја, а во Илијада пишува за масло од роза. За розите пишувале и Херодот 5 века пр.н.е. и Теофрасус 4 века пр.н.е. Како и многу други нешта, Римјаните ја прифатиле розата од Грците. Толку ентузијастички, што култивирале и внесувале убави цветови од каде што можеле. Плиниј оставил одлични белешки за идентификација на формите, боите, местата на распространување, на неколку видови кои во тоа време се одгледувале. Во ерата на Нерон, употребата на трендафили за декоративни намени достигнала ниво на култ.

Бојата на трендафилот кој се подарува, е дефинитивно личен избор. Во различни култури и во различни времиња, одредени бои означувале и одредени пораки, односно ги пренесувале чувствата на оној кој ги подарува. И ако најчеста асоцијација со розите е црвената боја, денес постојат безброј вариетети и цел спектар прекрасни бои и нијанси, кои може да се поврзат со чувставата кои се искажуваат. Иако не е правило, и не треба да се срамите да подарите било каква боја тренафили, еве како најчесто се поврзуваат чувствата со боите:

- црвена љубов, почит

- темно розева благодарност, подржување

- светло розева восхит, симпатија

- бела поштување, пониженост

- жолта среќа, одобрување

- портокалова ентузијазам, желба, страст

- мешавина од црвено и жолто веселост

- бледи мешани тонови друштвеност, пријателство.

ЕГЗОТИЧНИ РАСТЕНИЈА - Page 2 Trendafil%204

Најчеста боја на розите е розевата, сметано и со дивите видови. Од основните розева, црвена, жолта и бела боја, во 20-тиот век, по пат на хибридизација се добиени трендафили со боја на кајсија, праска, портокал, виолетова и комбинации од сите нив. Пред 40-тина години најпопуларна била црвената боја на трендафилите, така што на црвени рози отпаѓале приближно 40% од вкупно продадените. Пред 20-тина години многу модерна била светло портокалово-црвената боја (како хибридот Тропицана). Денес се најпопуларни пастелните бои, особено боја на кајсија и праска. Исчекувањето за сина роза се чини дека е при крај. Бидејќи пигментот за сина роза не постои кај природните видови (од кои потекнуваат сите хибриди), ваква роза не може да се добие по природен пат. Но, затоа во Австралија (а веројатно и на други места) во тек е обид со кој, преку методи на генетски инженеринг, гените за син пигмент од други растенија би се инсталирале во розите. Иако не постојат црни рози, некои изразено темно црвени хибриди се речиси црни по бојата на цветот. Сепак, ова е проблематична боја, најповеќе заради практични причини - црниот цвет бргу би "изгорел" на малку посилно сонце.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Страна 2 of 2 Previous  1, 2

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот