ДЕКОРАТИВНИ ПОЛЗЕЧКИ РАСТЕНИЈА

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

ДЕКОРАТИВНИ ПОЛЗЕЧКИ РАСТЕНИЈА

Пишување by Гостин on Пет Јан 22, 2016 11:07 am

Ползечките растенија често пати може да ја извршуваат функцијата на грмушестите видови, а притоа да заземаат многу помал простор од градината - со своето ползење да создадат зелен килим, да сокријат неугледен ѕид, столб или ограда, јазејќи се по вертикалната површина. Исто така, ползавиците, покрај естетската вредност, помагаат во намалување на загревањето од директното сончево зрачење- пониски температурни екстреми.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ДЕКОРАТИВНИ ПОЛЗЕЧКИ РАСТЕНИЈА

Пишување by Гостин on Пет Јан 22, 2016 11:07 am

Ползавиците се една од трите категории дрвенести растенија според нивната видова припадност. Тие немаат правостеблена форма и растат по други правостеблени растенија, ползат по површината на почвата,се јазат или надвиснуваат по карпести падини. Во Македонија, овие декоративни растенија најчесто се употребуваат за озеленување покрај огради или за формирање на засена над дворните паркиралишта.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ДЕКОРАТИВНИ ПОЛЗЕЧКИ РАСТЕНИЈА

Пишување by Гостин on Пет Јан 22, 2016 11:07 am

Растенијата што ползат (поради што го добиле и овој народен назив- ползавици) уште се нарекуваат лијани. На француски јазик, зборот „lier“ значи сврзува, врзува.

Дрвенестите ползечки растенија се брзорастежни зимзелени или листопадни видови чии изданоци може да достигнат и до неколку метри. Тоа е причината што ползавците може за кусо време да покријат поголеми површини. Често, еден вид ползавица, зависно од еколошките услови, односно условите на месторастење, развиваат еден или повеќе начини на ползење. Бидејќи за нивниот раст и развој им е потребна прикрепа, во природата се среќаваат околу здрави или исушени дрвја, прилепени или надвиснати на стрмни карпести падини, како и полегнати врз почвата во потстојниот кат на шумската вегетација.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ДЕКОРАТИВНИ ПОЛЗЕЧКИ РАСТЕНИЈА

Пишување by Гостин on Пет Јан 22, 2016 11:07 am


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ДЕКОРАТИВНИ ПОЛЗЕЧКИ РАСТЕНИЈА

Пишување by Гостин on Пет Јан 22, 2016 11:07 am

Според начинот на нивното распространување, односно поткрепување, ползавиците може да бидат самоприкрепувачки, видови што се испреплетуваат околу поткрепата и видови кои што ползат во хоризонтален правец- полегнати по подлогата.

Видовите што сами се прилепуваат не зависат од подлогата и може да се распространуваат со помош на дополнителни воздушни коренчиња кои ги прилепуваат до каква и да е површина- вертикална или хоризонтална. На тој начин, се формира таканаречен зелен ѕид или зелен килим.

Такви ползавици се бршленот (Hedera spp.), (слика 2), партеноцизусот (Parthenocissus quinquefolia, P. tricuspidata) (слика 3). Видовите, пак, што се испреплетуваат околу поткрепата се повитот (Clematis spp.) (слика 4), анамски раце (Lonicera caprifolium), како и видовите од родот Wisteria, кои со своите привиснати крупни и гроздести виолетови соцветија се извонредни за создавање на таканаречен растителен тунел во правец на патеките во градината или за засена на паркиралиштето во дворот. Сличен вид е доброцветот (Laburnum spp.), со жолти соцветија, па во комбинација двете ползавици претставуваат незаменлив и несекојдневен градинарски украс.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ДЕКОРАТИВНИ ПОЛЗЕЧКИ РАСТЕНИЈА

Пишување by Гостин on Пет Јан 22, 2016 11:07 am


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ДЕКОРАТИВНИ ПОЛЗЕЧКИ РАСТЕНИЈА

Пишување by Гостин on Пет Јан 22, 2016 11:08 am

Декоративните лози (Vitis vinifera) и Passiflora spp. се прикрепуваат со помош на нивните „мустачиња“. Најчесто се ползуваат за вертикално декорирање на помали ѕидови или огради поради побавниот растеж, а ако кон нив се придодадат и Bougainvillea sp., Ipomoea sp., трубестата ползавица (Campsis radicans) или ароматичните повити, се добива фантастичен колорит преку целата вегетациска сезона.

Во зависност од еколошките услови, како градинарски ползавици може да се користат и некои грмушести видови, како што се мушмулките со нивните култивари (Cotoneaster spp.), Lonicera spp., јасминот (Jasminum spp.) и други.

Исто така, дел од декоративните ползечки растенија претставуваат и познатите актинидии (Actinidia spp.), кои спаѓаат во групата на плодно-декоративни ползавици, како и хмељот (Humulus lupulus), кој на ова поднебје има буен раст.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ДЕКОРАТИВНИ ПОЛЗЕЧКИ РАСТЕНИЈА

Пишување by Гостин on Пет Јан 22, 2016 11:08 am


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ДЕКОРАТИВНИ ПОЛЗЕЧКИ РАСТЕНИЈА

Пишување by Гостин on Пет Јан 22, 2016 11:08 am

Во однос на негата и одржувањето, споменатите ползавици се скромни кон еколошките услови, па така се и економични како градинарски растенија. Сепак, доколку навремено не се контролира нивниот раст, често може да се случи да ги прераснат површините на кои се прикрепуваат. Меѓутоа, со повремено поткастрување, ползавците едновремено се освежуваат и збогатуваат со нова лисна маса, цветаат продолжено и полесно се одржуваат.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ДЕКОРАТИВНИ ПОЛЗЕЧКИ РАСТЕНИЈА

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот