НАЈНОВИ ВЕСТИ

Страна 1 of 19 1, 2, 3 ... 10 ... 19  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин on Нед Јан 24, 2016 11:36 am

Исклучените од парно повторно на протест, БЕГ им пратила писма



Писма од БЕГ со налог за влегување во домовите поради проверка на топлинската енергија стигнаа деновиве до Скопјани кои се исклучени и не ги користат услугите на оваа компанија, јавува Телма. Во писмата пишува дека на вработените од компанијата мора да им се овозможи непречено влегување проверка и пломбирање на радијаторите во становите.

Овие граѓани студот не ги спречи повторно како и изминативе 11 месеци да протестираат пред регулаторната комисија барајќи одлука исклучените од парно греење да не плаќаат паушал. Револтот кај нив по последното известување кулминира.

Ја обвинуваат власта дека е во спрега со регулаторната го ограбува народот. Исклучените велат дека најразочарани се од од правната фела, судската власт но и од адвокатите кои во спрега со извршителите им блокираат сметки и наплатуваат огромни средства кои за некои од исклучените значат живот.

Исклучените наплаќањето на сметките го нарекое мултилевел кражба за која се надеваат дека еден ден ке престане и ги повикуваат сите скопјани масовно да ги поддржат секоја сабота пред регулаторната комисија.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин on Нед Јан 24, 2016 11:44 am

ВИДЕО: Земјоделците од Карбинци бесни и на нога. Државата ја давала нивната земја на други



Станува збор за околу 130 ХА државно земјоделско земјиште за кое е во тек оглас за трансформација на односот од плодоуживање во закуп. Истото досега го користеа 18 овдешни земјоделци, кои тврдат дека сега остануваат без егзистенција:

„Ние имаме земено земја, ни поминаа договорите и не саакат да ни ги продолжат. Сега, истото тоа земјиште го нудат на тендер“, реагира земјоделец од Карбинско.

Според овдешните земјоделци, за земјиштето не одлучувала логиката , туку партијата:

„Земјата е доделена партиски, јас сум од Крупуште каде има околу 100 ХА под ориз, се вмровци ги земаа“, рече земјоделец од Карбинско.

Поради ова, тие денес излегоа на протести во обид земјата која ја користеле во последните 5 години да ја одбранат:

„За да не ги земат некои од Скопје или од други градови. Имаме пример во кој жител на Крива Паланка зеде 1.500 ХА и сега ги дава под наем“, рече земјоделец од Карбинско.

Меѓу земјоделците од Карбинци денес беше и дополнителнио министер за земјоделство:

„Оваа неправда е уште еден доказ повеќе дека ревизија на распределбата на земјоделско земјиште мора да има“, потенцираше Љупчо Николовски, дополнителен министер за земјоделство.

Карбинските земјоделци се категорични дека доколку змјиштето им се одземе тие ќе ги блокираат патиштата , зашто таа земја им ги храни семејствата. Без неа остануваат без работа и без леб.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by osa on Нед Јан 24, 2016 5:44 pm

4-те ПОРАКИ НА ГРУЕВСКИ и 4 – КОНТРА ПОРАКИ

Годишната конференција на Унијата на жените на ДПМНЕ по којзнае кој пат беше обид и шанса Н.Груевски да се сокрие зад народот.
дишната конференција на Унијата на жените на ДПМНЕ по којзнае кој пат беше обид и шанса Н.Груевски да се сокрие зад народот.

Собирајќи ги на едно место и оние кои сакаат и оние кои не сакаат со испробани и одамна познати механизми и техники се обиде да создаде привид во јавноста дека е најпосакуваниот политичар, најработник, најморалниот, најчесниот кој грешел ама народот ќе му опростел (демек грешен ангел).
Тој упати јавно 4 пораки : 1). Народот е господар на оваа територија……..
2). Со валкана игра и манипулации не се освојува довербата на народот, ниту во соработка со странски служби, со Катици, со Ван Хојтовци , со Чауши, со криминалци………
3). Не може криминалец и измамник да дојде на власт во оваа држава………
4). Мудар е овој народ, а не е глупав овој народ. Неможе некој да е толку глупав да верува дека народот е глупав .

Мислам дека политичаров во заминување малку се збунил и ги помешал личните желби со реалноста, па затоа вистинските 4 контра пораки би биле:
1. Токму така, народот е господар на оваа територија и тој ќе си го каже својот последен збор.
2. Со валкана игра и манипулации не се задржува и не се добива повторно довербата на народот,
3. Не може и несмее некој за кој постојат индиции и сериозни обвинувања дека сторил криминал, фалсификат, корупција и измама и понатаму да биде на власт во оваа држава, а најмалку да се појавува јавно.
4. Македонскиот народ е мудар, а не е глупав. Само глупав политичар може да мисли и да верува дека народот е глупав и дека лесно може секој да го манипулира.

И на крајот. Претседателката на Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ на 16-та годишна конференција го најави Никола Груевски како ,,човек посветен на морални вредности” А да им објаснеше на присутните што таа подразбира под ,,МОРАЛНИ ВРЕДНОСТИ”
Јове Кекеновски
фејсбук статус

 


_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11952
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин on Пон Јан 25, 2016 10:12 am

Pochnuva sudskata narachana farsa protiv liderot na opozicijata...Lazhni optuzbi so pomosh na lepeni secheni i montirani dokazi za koi nikoj ne znae kako doshle do jutjub kanalot na shitel...

Заев на обвинителна клупа за случајот „Поткуп“

„СЛУЧАЈ ПОТКУП“: На Заев му се суди за наводно мито



Опозицискиот лидер денеска ќе седне на обвинтелната клупа во врска со судењето во случајот Поткуп.
Имено, Зоран Заев се сомничи дека наводно побарал 200 илјади евра мито од бизнисмен во Струмица.
Претседателот на СДСМ за време на еден партиски собир јавно го соопшти името на бизнисменот, а за целиот овој случај тврди дека е обид за местенка нарачана од власта.
Неодамна, Заев поднесе кривична пријава против бизнисменот Иван Николов-Сачевалиев за лажно пријавување и нудење поткуп.
За одбраната овој случај е тенденциозен и контрадикторен и уште една политичка местенка за Заев.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин on Пон Јан 25, 2016 10:15 am

Експертите тврдат дека на Арктикот имало луѓе пред 45.000 години

Даниел Фишер, експерт во областа на истражување мамути од Универзитетот Мичиген тврди дека пронајдените остатоци од мамут укажуваат на тоа дека луѓе престојувале на Арктикот пред околу 45 илјади години.

На северниот дел на Русија, според тврдењата на Фишер, откриени се коски на мамут на кои се гледаат траги од касапење и бодежи. Како што тврдат експертите, мамутот најверојатно го мачеле луѓе што докажува дека биле присутни на Арктикот пред 45.000 години. Со тоа нивното присуство од последната теза е проширено со најмалку 5.000 години.

Покрај тоа, оштетениот врв на забите на мамутот покажуваат дека луѓето ги користеле за правење на оружје.

Коските на мамутот ги пронашол руско момче Јевгениј Солиндер во август во 2011 година околу 2000 километри јужно од Северниот пол. Тимот од научници кои го ископале мамутот под површината на мразот го нарекле „Zhenya‟, според прекарот на детето кое го пронашло.

Научниците утврдиле дека мамутовите очни шуплини, ребрата и вилицата биле оштетени, најверојатно со копје кое го направиле луѓето.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин on Пон Јан 25, 2016 10:56 am

Teo напиша:Pochnuva sudskata narachana farsa protiv liderot na opozicijata...Lazhni optuzbi so pomosh na lepeni secheni i montirani dokazi za koi nikoj ne znae kako doshle do jutjub kanalot na shitel...

Заев на обвинителна клупа за случајот „Поткуп“

„СЛУЧАЈ ПОТКУП“: На Заев му се суди за наводно мито



Опозицискиот лидер денеска ќе седне на обвинтелната клупа во врска со судењето во случајот Поткуп.
Имено, Зоран Заев се сомничи дека наводно побарал 200 илјади евра мито од бизнисмен во Струмица.
Претседателот на СДСМ за време на еден партиски собир јавно го соопшти името на бизнисменот, а за целиот овој случај тврди дека е обид за местенка нарачана од власта.
Неодамна, Заев поднесе кривична пријава против бизнисменот Иван Николов-Сачевалиев за лажно пријавување и нудење поткуп.
За одбраната овој случај е тенденциозен и контрадикторен и уште една политичка местенка за Заев.

Колку и да се силеше Грујошеску на партискиот митинг пред насила довлечканите жени од цела Македонија сепак нема храброст да се дрзне и да преземе нешто посериозно против Заев. Така ќе биде и со сите останати закани. Ќе останат мртва буква на хартија, изговорени во излив на немоќен бес пред конечното заминување на диктаторот во историјата.

Случај Поткуп: Рочиштето одложено

Рочиштето за случајот Поткуп во кое лидерот на опозицијата и градоначалник на Струмица Зоран Заев е обвинет за примање поткуп од 200.000 илјади евра за приватизација на земјиште денеска е одложено.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин on Пон Јан 25, 2016 4:07 pm

За спас на фамилијата, Македонија ќе биде окупирана од бегалци. Кои за кратко време, благодарение на корумпираносата на дпмне-овската администрација ќе добијат државјанство и ќе ги доведат македонците во положба на малцинство во сопствената земја. А најбројната верска заедница во Македонија, како што тоа точно го предвиде Љубчо Горгиевски, ќе бидат муслиманите.

Македонија- тампон за бегалците за опстанок на Груевски

Повеќе германски печатени медиуми во викенд изданијата пишуваат за новата улога која и‘ е доделена на Македонија во бегалската криза. Но, одбраната од бранот бегалци има и цена: политички опстанок на Груевски



Неколку текстови и различни погледи на улогата на Македонија во бегалската криза, се појавија викендов во германскиот печат. Според едната верзија, актуелната македонска влада и експремиерот Никола Груевски им нудат на западните европски држави запирање на бегалците кои влегуваат од Грција и продолжуваат на север, во замена за политичкиот опстанок на Груевски.
Втората верзија, која доаѓа од неименувани извори во владата во Скопје, говори дека земјата е соочена со избор: или да ја затвори границата или да биде преплавена од бегалци.
Магазинот „Шпигел“, текстот под наслов „Држава на првата линија против бегалците“, го започнува со репортажен запис од церемонијата во Будимпешта во јануари годинава по која, 31 припадник на унгарските специјални полициски се упатува кон македонско-грчката граница, како поддршка на македонската полиција.
„Испраќањето беше индиција за новата улога која Македонија треба да ја преземе во регионот- и која станува се појасна. Малата двомилионска држава во моментов се изградува во прва линија на одбраната и тампон држава против бегалците. Делумно и како ад-хок решение, затоа што не е на повидок ниту заедничка европска бегалска политика ниту одржлива соработка со Грција за заштита на границата“.
„(...)Не помага само Унгарија во заштитата на границата во Македонија. И Чешка и Словачка испратија свои полициски единици. Резултатите се видливи. Од крајот на ноември, Македонија пропушта само бегалци од Сирија, Авганистан и Ирак, во средата минатата недела, времено беше целосно затворена.
Унгарија уште во декември испрати опрема и машини во Македонија:
10 илјади ролни бодликава жица на НАТО со вкупна должина од 100 километри.
16 илјади бетонски столбови.
48 илјади монтажни вретена и алатки за дупчење“.



„(...)Западните ЕУ-држави на ваквиот развој гледаат со премолчена согласност- иако во исто време ги критикуваат источно-европските држави поради нивниот однос кон бегалската криза. Од ЕУ во целина, досега немаше слична поддршка за Македонија. Но владата во Скопје се погласно и од Брисел бара логистичка и финансиска помош со цел да ја игра улогата на тампон-зона.
Цената за тоа е политичка, критикуваат борците за граѓански права и независните интелектуалци во земјата. ЕУ го легитимира недемократскиот режим во земјата, кој во последните години го изгради македонскиот моќник, Никола Груевски. Ваквите тврдења ги покренува публицистот Сашо Орданоски. Според него, се случува „напуштање на политиката на вредности и враќање кон реал-политика“.
„Шпигел“ натаму оценува дека претстојните избори во Македонија нема да бидат фер. „Останува сомнежот дека владејачката партија на Груевски - како и досега- ќе го фалсификува изборниот резултат преку неправилностите на изборните листи. Но тие проблеми поради бегалската криза остануваат надвор од фокусот- тие делуваат како подарок за Груевски и кругот околу него“.
Експертот за Балканот од Фондацијата Наука и политика, Душан Релјиќ за „Шпигел“ вели дека тоа е „опасна логика“.
„Договорите кои треба да создадат впечаток дека македонската влада со согласност на ЕУ треба да го запре напливот на мигрантите од Блискиот и Средниот Исток на границата со Грција, му даваат на Груевски ветер в грб“, вели Релјиќ.
„Доколку за тоа одлучува Орбан, тогаш ЕУ треба да прифати ваков дил. Откако на крајот на ноември го прими Груевски во Будимпешта во пријателска атмосфера, тој рече: во рамките на решението за бегалската криза Македонија мора да биде примена во ЕУ и НАТО“, пишува Шпигел.
Ако не може Грција, може Македонија
Весникот „Ди Велт“ во двата дена од викендот опширно ја анализираше состојбата со бегалците на Балканот и улогата на Македонија во решавањето на кризата.
„Се работи за апсурдна ситуација: ЕУ членката Грција не успева да ги запре, ни регистрира, ниту пак да ги спречи мигрантите да го продолжат патувањето кон север. Земјата која не е членка Македонија, од друга страна, стана тврдина на ЕУ“, пишува Ди Велт.



„(...)Безбедносните мерки се координирани со Германија, но источноевропските земји се тие кои во прв ред испраќаат помош и службеници во Македонија“.
„(...) Македонија го прави она што всушност требаше Грција да го прави', вели политичарот на ЦДУ Елмар Брок, претседавач на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент. 'Тоа е неприфатливо и Грција може да се најде изолирана во Шенген-зоната доколку продолжи така“, вели Брок за Ди Велт.
Поради таквата ситуација, пишува натаму весникот, во Македонија наскоро ќе започне со работа агенцијата за заштита на границите на ЕУ- Фронтекс.
„Тоа ќе го доведе до врв апсурдот: тело на ЕУ ќе заштитува трета држава од полицискиот неуспех на една своја членка. Атина остро се спротивставува на ваквиот потег“.
Ди Велт го цитира и македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски, кој според весникот, не покажува никакви знаци на злоба: „Не е можно дека ние правиме повеќе за заштита на Шенген-зоната од некои земји-членки“.
„(...) Дали Македонија политички ќе профитира од својата соработка за добробитта на другите, е малку веројатно. Надежта е мала. Поводот за соработката со ЕУ, наводно е едноставен: доколку Македонците не соработуваат, така ним им е речено, нивната земја ќе биде преплавена со бегалци“, пишува Ди Велт.
Источно-европска унија?!
Истиот весник и во саботата ја обработуваше оваа тема, иако текстот беше посветен на пошироката, балканска перспектива на проблемот. И самиот наслов на текстот „Добредојдовте во источно-европската унија“ наведува дека „поранешните земји од источниот блок повеќе не чекаат на Брисел и Берлин, туку самите градат тврдина, чиј архитект е унгарскиот премиер Орбан“.



„(...)Доколку Берлин сакаше да го ограничи бројот на бегалци, тоа мораше да го стори во Грција, надворешната граница на ЕУ кон турскиот брег. Но тоа доживеа неуспех. Контра-предлогот на новата источно-европска унија гласи: Грција настрана, Македонија да се претвори во тврдина, мини-државата меѓу Грција и следното парче ЕУ територија. Тоа е еднакво на нова демаркација- една земја која не е членка на ЕУ е декларирана за бастион, а старата членка се става во карантин.
Во Македонија, на границата кон Грција, крупните, тешко вооружени Унгарци во сини панцирни елеци делуваат како да не им е тука местото. Се препотуваат на топлото зимско сонце на југот на Балканот. Заедно со колеги од Хрватсја, Словенија и Полска и други ЕУ-членки, полицајците се дојдени да ја претворат земјата во тврдина. Тие помагаат во изградбата на три метри висока ограда долж 250-километарската граница. Германскиот градежен материјал е дојден, но нема германски службеници“.
„(...) Демаркацијата во Македонија е тесно координирана со Берлин, велат извори во Владата во Скопје. Но урнекот за мерките доаѓа од онаму, од каде што потекнуваат и странските службеници“, пишува Ди Велт.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин on Сре Јан 27, 2016 10:50 pm

Македонската дипломатија излегува на протест

Македонските дипломати на 1 февруари излегуваат на предупредувачки протест против, како што велат, целосна дерогација на основните функции и негова деградација како Министерството за надворешни работи“.

Извори на НОВА ТВ од Синдикатот на македонската дипломатска служба изјавиле дека долго време предупредувале на катастрофалната состојба во дипломатијата, што довело до депрофесионализација на дипломатската служба.

Протестот ќе се одржи пред МНР во симболично време 12.05, кога ќе бидат претставени и барањата на Синдикатот за репрофесионализација на дипломатската служба.

- Најитно ставање во мирување на сите измени на постојниот ЗНР од 2008 година наваму и подзаконските акти донесени врз основа на тие измени и, со тоа, враќање во сила на оригинерниот текст ЗНР од 2006 г. за нормализирање на состојбите во МНР и реинституционализирање на МНР во интерес на надворешната политика, најитно повлекување на Законот за административните службеници и Законот за вработените во јавниот сектор донесени во 2014 година, и враќање на Законот за државни службеници од 2000 г. во неговата оригинерна форма, за избегнување потполна зависност на вработените од актуелниот политичар на чело на институцијата - изјавиле од Синдикатот на дипломатската служба.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин on Чет Јан 28, 2016 4:59 pm

Нов скандал на МПЦ во Австралија

Продолжува конфликтот во МПЦ во Австралија. Во манастирот „Св. Прохор Пчињски“ во Донибрук, дошло до физичка пресметка помеѓу верниците кои присуствувале на неделната богослужба со која чиноначалствувал Владиката Петар и верникот Никола Ставрески, сопственик на порталот Фаланга. Токму тој интернет портал го објави видеото во кое владиката го брка верникот Ставрески од црквата.



Според познавачите на состојбите во МПЦ кои ги консултиравме, Никола Ставрески е поранешен близок соработник на Владиката Петар и еден од неговите поранешни поддржувачи, но нивното пријателството наводно било растурено откако Ставрески застанал во одбрана на Игуменот Гаврил кој Владиката Петар го протера од овој манастир.

24 Вести ги побара учесниците во настанот снимен на видеото, сакајќи да го слушнеме и нивниот став во врска со целата ситуација. Владиката Петар одговори дека Ставрески бил присутен само за да предизвика проблеми и да привлече внимание кон себе иако немал никаква вистинска подршка од верниците во Австралија

Иако во минатото имаше обиди да се разреши конфликтот со црковните општини во Австралија, сите тие завршија неуспешно. Конфликтот трае веќе 2 децении и сеуште не се гледа негов крај, проценките се дека само за судските трошоци во Австралија се потрошени неколку милиони долари, од двете страни.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин on Чет Јан 28, 2016 5:09 pm

A shto drugo da ochekuvash od partiski poslushnici na dpmne koi vo slobodno vreme si igraat mitropoliti na MPC...Vekje e dokzhano deka se privrzok na pastirot...Neli rushenjeto na opshtina Centar se odvivashe pod rakovodstvo na mitropolitot Agatagnel...I takvi treba da bidat duhovni vodachi na makedonskiot narod...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин on Чет Јан 28, 2016 8:04 pm

E cudo golemo se stepale popoite.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by defo on Чет Јан 28, 2016 8:40 pm

luxor напиша:

Иако во минатото имаше обиди да се разреши конфликтот со црковните општини во Австралија, сите тие завршија неуспешно. Конфликтот трае веќе 2 децении и сеуште не се гледа негов крај, проценките се дека само за судските трошоци во Австралија се потрошени неколку милиони долари, од двете страни.

Црвеново е најголема срамота, со Милион долари ќе се решеше проблемот на неколку стотици бездомници....срамота.

А колку за зборовите кои излегоа од устата на свештено лице тоа е срамота за целокупната црква, не само негова.

defo

Број на мислења : 1861
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by defo on Пет Јан 29, 2016 9:19 pm

Ќе се продлабочува ли кусокот од 424 милиони евра во ПИОМ?

Пензија ние помладите од 35, нема да има од каде да земаме, при бидејќи Грујо оцени дека се побитни гениталиите на Букефал и неговата лична сметка.

defo

Број на мислења : 1861
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин on Нед Јан 31, 2016 7:50 pm

SAD i EU go povikuvaat Emil Dimimitriev da prezeme sankcii protiv Gruevski...Vo pismoto predadeno na privremeniot premier, Orav i Bejli jasno naveduvaat deka treba striktno da se oddelat aktivnostite na partiite od aktivnostite na drzhavata a prekrshitelite da snosat odgovornost...

http://photos.state.gov/libraries/macedonia/8573/ArchivePDFs_jan2016/PrzinoAgreementletter.pdf

Zatoa sega javno treba da se zaprasha Dimitriev zoshto negoviot partiski shef Gruevski, koj nema nikakva drzhavna funkcija zboruva od imeto na vladata i od nejzino ime najavuva proekti...Dimitriev treba da odgovori, bidejki javno tvrdeshe deka fer izbori se mozhni na 24 april, i izjavi deka vladata kje pomogne vo toa, koi i kakvi merki kje gi prezeme protiv Gruevski za zloupotrebata na vladata vo partiski celi...Ili barem da odgovori dali ima hrabrost da go demantira Gruevski i da i objasni na javnosta deka ne samo shto ovoj nema nikakvo pravo da zboruva vo ime na vladata, tuku i deka ovaa vlada mozhe i smee samo i edinstveno tehnichki da gi podgotvi izborite...Ili Dimitriev isto taka vrshi zloupotreba so toa shto privremenata funkcija ja koristi za partiska promocija na dpmne...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин on Нед Јан 31, 2016 8:56 pm

Bidejki privremeniot potrchko na Grujo smeta deka Grujo se vlozhil vo proektite koi sega razvlasten gi objavuva vo ime na vladata, togash zoshto tuka ne se prisutni i ostanatite politichari bidejki site tie se vlozhile vo sozdavanjeto na nezavisna makedonska drzhava...Politichari od kalibarot na Ljubcho, Branko, Andov, Buchkovski i site ostanati koi mu ovozhmozhija na pastirot na Emil da zhivee i gradi politichka kariera vo nezavisna Makedonija...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин on Нед Јан 31, 2016 9:00 pm

Ako pastirot se vlozhil vo novoto igralishte, pa sega zloupotrebuvajki ja vladata se fali sam sebe, togash ako Ljubcho i Branko ja izgradija drzhavata, a igralishteto e vo drzhavata, i tie imaat pravo da tvrdat deka toa e nivna zasluga...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин on Нед Јан 31, 2016 9:02 pm

Privremeniot potrchko neka kazhe kade negoviot pastir kje gradeshe igralishta ako ovie pogore spomnatite, vistinskite patrioti ne napravea drzhava...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин on Нед Јан 31, 2016 9:14 pm

Димитриев треба да даде одговор и на прашањето дали во проектите во кои Грујо се вложил себеси треба да се сметаат и четирите стана кои ги купи на име на мајка му  додека бранителите во 2001 ги вложуваа своите животи во одбрана на Македонија.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин on Нед Јан 31, 2016 9:28 pm

И продажбата на офицерскиот дом во Битола е проект на пастирот. Па сега истиот тој пастир, најавува запирање на таа продажба. Значи ли тоа дека партиското раководство и наредува на владата на РМ што и како да работи?


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин on Нед Јан 31, 2016 9:35 pm

Po se izgleda deka Makedonija nemala vlada koja raboti vo interes na gragjanite tuku vo svoj lichen interes...I deka politikata na vladata na pastirot i sega negoviot privremen potrchko se sveduva na ostvaruvanje partiski i pastirski interesi...

Bidejki partiskiot lider mu nareduva na premierot, makar toj da e i privremen, shto treba da raboti dali privremeniot i ministrite od dpmne kako i dosega pa nalog na partiskiot lider kje gi ucenuvaat i kje im se zakanuvaat na administrativcite za vreme na izborite???

Za drzhavnite resursi vo partiski interesi i sega gledame deka se zloupotrebuvaat...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин on Нед Јан 31, 2016 9:39 pm

Nezavisnata vlada na nezavisna Makedonija e zavisna od Gruevski. Twisted Evil

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин on Пон Фед 01, 2016 8:58 am

Na VMRO e vladata alooo. Za nas narodsot glasase. Komunjarite uste sto godini ke placat za vlast. Ama narodot nikogas nema da zaboravi. Twisted Evil

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин on Пон Фед 01, 2016 12:18 pm

Vladata e na site gragjani na RM, alooo...Ushte ne ti kazhale vo shtabot??? I da znaesh vo pravo si...Narodot nikogash nema da zaboravi do kade go dovede tvojot pastir...

PS. Za vas glasaa samo fantomite i mrtovcite... Twisted Evil

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин on Пон Фед 01, 2016 8:33 pm

Ke vidis na 24. Koga pak ke placete deka izborite ne bile fer.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by defo on Пон Фед 01, 2016 10:04 pm

delmol напиша:Ke vidis na 24. Koga pak ke placete deka izborite ne bile fer.
Нема да плачеме пошто на 24 ќе сте сами на избори, како што и посакувавте.

defo

Број на мислења : 1861
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 19 1, 2, 3 ... 10 ... 19  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот