НАЈНОВИ ВЕСТИ
+23
Flora
misterija
Albatros
Nebula
Bosonoga
EVITA
nino
Dino
PRVOBOREC
трендафил
SHARENI
Teo
OPOZICIONER
TRAJCHE
Delta
Luxor
Kalinda
reiter
Hamad bim Khalifa
IVA
хан Ацо
defo
osa
27 posters
Страна 13 of 29
Страна 13 of 29 • 1 ... 8 ... 12, 13, 14 ... 21 ... 29
Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ
i opet ( shto bi rekle brakata srbi)
Министерството за финансии не запира со нови задолжувања на товар на граѓаните.
И покрај тоа што минатиот месец незаконски ги задолжија граѓаните со еврообврзница од 450 милиони евра, денес на аукција на државни хартии од вредност на домашниот пазар ги задолжија граѓаните со нови 25,3 милиони евра.
Иако за враќање доспеваа 21.2 милиони евра, министерот за финансии, Кирил Миноски, одлучи да ги задолжи граѓаните за 25.3 милиони евра, што се 4.1 милиони евра повеќе од долгот што доспева за враќање.
Јавниот долг е на историски износ од над 5 милијарди евра, односно над 50% од БДП.
Затоа се неопходни демократски промени и промените ќе се случат во декември, оваа година.
Ова налудничаво задолжување мора што побрзо да прекине.
Интегрален текст

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11
Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ
ако останев во дпмне под груевски можеби далеку ќе сум бил денес ама пусто вмро не ми дава совест да бидам дпмне..многу крв и страдања е на овој наш народ од дамнина па до денес,недај боже да се продолжи со вакво темпо...osa напиша:Znachi da se pazime shto ke zboruvame pred tebe ....ama vidi ako malku podlaboko razmislish ,pa i ne se tolku loshi.
_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове
Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ
има ли крај на лудилото
http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=112587
IBM: Македонија прва во светот по бројот на креирање нови работни места Во земјава најбрзо се отвораат нови работни места. Македонија е прва во светот по бројот на новоотворени работни места по глава на жител, според годишниот извештај за глобалните локациски трендови на IBM кој ги опфаќа и гринфилд инвестициите и презе напиша:
земјава најбрзо се отвораат нови работни места. Македонија е прва во светот по бројот на новоотворени работни места по глава на жител, според годишниот извештај за глобалните локациски трендови на IBM кој ги опфаќа и гринфилд инвестициите и преземањата на глобално ниво. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на својот профил на Фејсбук објави дека и покрај политичката криза и предизвиците со кои се соочува земјава, Македонија убедливо е пред сите останати земји во регионот, Европа и светот. Според него, ова е доказ дека и малите држави можат да бидат успешни и затоа земјава е втора година по ред лидер на оваа листа. За Груевски политиките за привлекување на странски инвестиции се причина за ова рангирање, тие давале резултати и затоа биле вреднувани од многу други меѓународни организации. „И после извесен период можам да кажам дека во голема мера успеавме, ја намаливме невработеноста. Тоа го говорат и бројките. Од 38% колку што изнесуваше во време на СДСМ ја намаливме на 24.5 отсто во првиот квартал на оваа година, а цели 2.8 отсто за само една година. Огромен удел во ова намалување имаат странските директни инвестиции кои носат нови работни места за невработените но и работа и вмрежување со многу домашни компании“ – напиша Груевски на фејсбук. За аналитичарите не само странските инвеститори се двигатели во креирање на нови работни места. Активните мерки за вработување и олеснувањата како ослободувањето од придонеси преку проектот „Македонија Вработува“ ги стимулираа и домашните фирми да ангажираат се повеќе лица. Ова е особено важно особено за младите каде што невработеноста е на највисоко ниво. Според нив, во иднина треба повеќе внимание да се посвети за развивање на мерките за стимулирање на практиканството, стажирањето и волонтерството кај младите како преоден облик за конечно вработување. На листата на новоотворени работни места по глава на жител, по Македонија се рангирани Србија и Обединетите Арапски Емирати. Во извештајот се наведува дека двете балкански држави имаат значителен прилив на одржливи инвестиции во преработувачкиот сектор. Тие се цврсто позиционирани во секторите транспорт и електрична опрема и имаат значителни ценовни предности споредено со конкурентите од Централна и Источна Европа. Владата во среднорочната стратегија предвиде намалување на невработеноста на 22% до 2018-та година. Тања Попова напиша:
http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=112587
_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове
Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ
nema kraj spored mene ...sega se poveke se chustvuvaat "kako ranet lav vo kafez"...shto ke bide na krajot duri i mi e strav da pomislam ....
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11
Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ
далеку се од лав и тоа ранет..повеќе би ги споредил со фатени педери на дело па срамни пред ситеosa напиша:nema kraj spored mene ...sega se poveke se chustvuvaat "kako ranet lav vo kafez"...shto ke bide na krajot duri i mi e strav da pomislam ....
_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове
Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ
reiter напиша:далеку се од лав и тоа ранет..повеќе би ги споредил со фатени педери на дело па срамни пред ситеosa напиша:nema kraj spored mene ...sega se poveke se chustvuvaat "kako ranet lav vo kafez"...shto ke bide na krajot duri i mi e strav da pomislam ....
ne vo toj sluchaj bi se povlekle ,isplasheni bi si gi barale GAKITE kade im se !!! oni se mislam ushte posilni sega od koga bilo ...sega veke IGRAAT NA KARTATA SE ILI NISHTO ....ova se strashni kockari ...mene me interesira dali ke se najde ADVOKAT koj ke napravi grupna tuzba od site shto se nezadovolni shto ovie im UKRADOA CELI DESET GODINI od zivotot ... za ova treeba da odgovaraat
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11
Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ
Можеби во Македонија се заштитени како соработници на режимот, но надвор нивните криминали бргу се откриваат и процесуираат.
Мета: Австралиската полиција го уапсила владиката Петар за кражба и лажно сведочење
Австралиската полиција за новинската агенција Мета потврди дека минатата недела во Мелбурн го уапсила и испрашала митрополитот Петар.
Австралиската полиција за новинската агенција Мета потврди дека минатата недела во Мелбурн го уапсила и испрашала надлежниот митрополит на австралиско-новозеландската епархија владиката Петар во рамки на истрага за кражба и лажно сведочење.
„Полицијата во Викторија уапси и испраша 70-годишен човек од Каролајн Спрингс во рамки на истрагата за кражба и лажно сведочење. Тој е ослободен и се чека продолжување на истрагата“, соопшти полицијата во Викторија“, одговориле на прашањето на Мета, дали владиката Петар бил уапсен и по која основа.
Владиката Петар, минатата недела демантираше дека полицијата во Мелбурн го уапсила, велејќи дека бил на сослушување по претходно добиена покана. Тој истакна дека веста за неговото апсење е лага и конструкција зад која стојат струмичкиот владика Наум и игуменот Гаврил против кого се води црковноканонска судска постапка за расчинување.
http://plusinfo.mk/vest/83218/meta-avstraliskata-policija-go-uapsila-vladikata-petar-za-krazba-i-lazno-svedocenje
Гостин- Гостин
Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ
Pokraj chestitkite za srekjniot tatko, imam i edno prashanje za nego...Vo koja bolnica se porodi negovata vtora (vo duhot na semejnite vrednosti shto gi zastapuvaat dpmne-ovcite) sopruga??? Se nadevam vo drzhavnata, so shto e pokazhana i dokazhana golemata doverba koja Miloshovski ja ima vo nashite lekari i bolnici, i vo negoviot bivsh kolega ministerot za dodeluvanje tenderi na Ivonche-milionche poznatiot Todor-off (pa operacijata na ochite koga beshe minister za nadvoreshni raboti ja praveshe vo Germanija)...
Антонио Милошоски доби ќерка
Милошоски и неговиот син Давид сега и се радуваат на осум години помалата сестричка чие име е Дарија.
http://plusinfo.mk/vest/83343/antonio-miloshoski-dobi-kjerka-
Гостин- Гостин
Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ
Расте отпорот на граганите од тафталиџе.
МААЛСКИ МУАБЕТИ ЗА ОДБРАНА НА ПАРКОТ НА „БУКУРЕШКА“
Децата си играа на нишалките, повозрасните разговараа, во позадината се пушташе музика а на импровизираниот ѕид луѓето ги поставуваа своите стари фотографии кои ги враќаа спомените на жителите на Тафталиџе како нивната населба се менувала низ годините.
Првите „маалски муабети“, како што беше наречен собирот, имаше цел да ги здружи жителите на оваа населба во заедничката намера да се спречи рушење на паркот на улица „Букурешка“. Во неколку наврати последниов месец, тие ја блокираа механизацијата во обидите да почне градба на нова зграда на местото на паркот.
„Овде сум израснал. После мене израснале уште многу генерации. Доаѓа време кога моите деца треба да играат во истиот парк, да им покажувам што сум правел кога јас сум бил како нив. И сега тој филм, тој сон, тоа единствено паркче ни се одзема“, вели Драган Стојановски кој со сопругата и децата беа на собирот.
„Од овој парк немало поубав. Две деца израснавме во парков со мојот сопруг, а ние остаревме тука. Овој парк ми е душа. Ако ни направат нови згради ќе немаме каде да дишеме. Ќе го браниме паркот додека сме живи. Јас прва ќе легнам пред булдожерот кога ќе дојде да копа“, вели Илинка Тевдовска која заедно со сопругот Душан беше на една од ретките клупи во паркот.
Жителите се револтирани од одлуките на Општината и градоначалникот Стевче Јакимовски кои, според нив, се носат без консултации со граѓаните. Тие се сомневаат во мотивите на градежните активности, во кои, како што велат, не се води грижа за јавниот интерес.
Архитектот Дијана Мицковиќ, која упати отворено писмо до градоначалникот, вели дека доколку оваа градежна агресија продолжи, ќе се уништи населбата.
„Тие може да си поднесуваат кривични пријави колку сакаат, но законот и Уставот е на наша страна, на страна на јавниот интерес. Работата е да се издржи и да се сочува оваа јавна површина. Нема да отстапиме. Нема да дозволиме да ни ја земат земјата под нозе и здивот“, вели Дијана Мицковиќ.
Овие луѓе најавуваат дека ќе ги продолжат активностите и во иднина за подигање на свеста и зачувување на јавниот интерес во населбата.
http://www.radiomof.mk/maalski-muabeti-za-odbrana-na-parkot-na-bukureshka/
Гостин- Гостин
Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ
A so moze drugo da se ocekuva od komunjari osven da go kocat napredokot na drzavata.
Гостин- Гостин
Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ
be ti gradezna firma da nemas?ili jad i beda malter mesas za 8 iljadarki pa se plasis da ne ostanes i bez niv/
Гостин- Гостин
Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ
Sto ti e tebe gale sto imam jas. Odi da prosis tamu u meanata virtuelna da te napojat virtuelna rakija.
Гостин- Гостин
Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ
so se pravis vazen be?tebe ni virtuelna trakija ne ti e za deavanje.ne znaes ni asolen muabet da napravis.
Гостин- Гостин
Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ
Доволно е. Првиот што ќе се обиде да ја продолжи расправијата ќе биде баниран.
Гостин- Гостин
Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ
zoso be mene da mer baniras?baniraj go onoj divjakot muabet so ne znae da pravi.a i za grujo e znaci los covek.
Гостин- Гостин
Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ
Реков доволно нели? Каква е неговата политичка определба не е твоја работа.
Гостин- Гостин
Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ
ПРОСТИТУТКА МОЖЕ ДА СЕ БАРА ПРЕКУ АГЕНЦИЈАТА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ, АМА НЕ СМЕЕ ДА СЕ ВРАБОТИ
На официјалната веб страна на Агенцијата за вработување на Македонија во апликацијата за електронско пријавување нови работни места „е-работа“ има опција да се огласи вработување проститутка. Директорот Влатко Поповски вели дека опциите во менито се согласно мегународната класификација на занимања, но за оние кои во Македонија со закон се забранети системот не дозволува да се објави оглас
На официјалната веб страна на Агенцијата за вработување на Македонија (АВРМ) има опција да се огласи вработување проститутка. Оваa можност ја дава апликацијата за електронско пријавување нови работни места „е-работа“ што е наменета за правни, физички лица и агенции за привремени вработувања. Според истата апликација, на странките регистрирани на системот „е-работа“ при објавување оглас за засновање нов работен однос за лица со завршено средно образование, во менито за работно место – занимање им излегува опција за вработување и на проститутка.
Во кривичниот законик проституцијата во Македонија се смета за кривично дело.
„Не може да се огласат работни места кои се забранети во Македонија па така и за вработување на проститутка. Било кој и да се обиде на нашата страна да објави оглас за професии кои се нелегални самиот ППР систем ги отфрла. Опциите кои стојат во апликацијата ’е-работа’ за оглас во менито работно место, се согласно меѓународната класификација на занимања, но за дел од нив, кои во Македонија со закон се забранети, при обидот да се објави оглас, системот не дозволува и ваков оглас никогаш нема да видите преку Агенцијата за вработувања“, вели за САКАМ ДА КАЖАМ директорот на АВРМ Влатко Поповски.
Проституцијата како професија е ставена во Националната класификација на занимања и е усвоена како национален стандард со одлука на македонската Влада во 2011 година. Во класификација на занимања што е изготвена од Државниот завод за статистика има вкупно 3.921 професии кои се водат под посебни шифри. Проституцијата е заведена под шифра 5169.03. Ова занимање е ставено во делот на работници на услужни дејности во подгрупата – работници на персонални служби, заедно со хостеса и танцувачки партнери.
Во уводниот дел на класификацијата, што како документ го изготви Заводот, стои дека “статистика се надева оти Класификацијата ќе ја исполни својата улога во јавноста и на крајните корисници ќе им овозможи согледување и правилно определување на занимањата”.
Класификацијата е подготвена во согласност со препораките на Меѓународната организација на трудот (ИЛО). Таа е преземена од европските статистички системи за да може податоците за занимањата да бидат споредливи како на национално, така и на меѓународно ниво.
Скопје, (САКАМДАКАЖАМ.МК)
http://sdk.mk/index.php/naslovna/prostitutka-mozhe-da-se-bara-preku-agentsijata-za-vrabotuvane-ama-ne-smee-da-se-vraboti/

Мухамед Зекири се збогува од новинарството
Од една страна ми е жал што си оди, од друга паметна одлука од него, уште кога е некоја скала погоре од другите да се повлече. Да се повлече достоинствено како човек, а не како полтронче, партиски привезок.
Почитувани пријатели,
По полни 18 години како новинар дојде време да ви соопштам дека одлучив да се збогувам од професијата. Не сакам јас да зборувам за тоа како сум ја извршувал својата работа сиве овие години. Се соочував со многу предизвици, добри, но и тешки моменти, но секогаш посветено се трудев да ја извршувам новинарската работа во служба на вистината и на страна на правдата.
Околностите ме натераа да ставам крај на оваа професија. Судбината сакаше крајот на мојата кариера како новинар да биде во ТВ Шења, нов перспективен медиум и нов прозорец за пошироката јавност во земјава и не само тоа. Се радувам што бев дел од тимот што ја создаде и подигна од почетна точка оваа телевизија, на која ѝ посакувам успех и да продолжат и натаму со својата света мисија да бидат во служба на вистината и на нивните гледачи.
Алсат-М беше мојот втор дом, таму поминав полни 10 години од мојата кариера раководејќи со информативната програма, беше задоволство и се гордеам со работата што ја завршивме заедно со сите вработени во телевизијата. За работата во ТВ Алсат-М и за целиот тој период нема да зборувам јас, оти верувам дека доволно кажуваат делата и работата на оваа телевизија. Сето тоа немаше да се случи да не беше визионерот и основоположник на телевизијата, почитуваниот и незаборавен господин Веби Велија.
Речиси 6 години бев дел и од македонската редакција на Радио Слободна Европа, незаборавно искуство и врвен професионализам, медиум во кој научив многу од колегите Зоран Ќука, Љупчо Наќев и Гоце Атанасов.
Една година бев дел и од телевизијата Канал 5 во најдобрите времиња на оваа телевизија, но и во најтешките моменти за нашата земја во периодот 2000/2001-ва. Таму научив што е новинарство од колегите Јадранка Костова, Роберт Поповски, Горан Величковски и другите. Не можам да ја изоставам ниту ТВ Ера каде го имав своето прво појавување како новинар и каде што работев 2 години во периодот од 1997 до 1998.
18 години се многу, многу месеци, многу недели, многу денови, многу часови и минути и многу работа…
Ќе продолжам да бидам ваш глас, ќе бидам таму каде што ќе има потреба, ќе бидам на страната на правдата, на ваша страна, драги пријатели.
Ве сакам сите искрено, и Вас што ме сакате, и Вас што се согласувате со моите ставови, и Вас што имате различно мислење од моето.
Да не должам повеќе, ќе оставам делата да зборуваат за мене. Ќе завршам со зборовите на големиот Сами Фрашери:
“Делата го прават човека бесмртен“
Од една страна ми е жал што си оди, од друга паметна одлука од него, уште кога е некоја скала погоре од другите да се повлече. Да се повлече достоинствено како човек, а не како полтронче, партиски привезок.
_________________
Интернетот, социјалните мрежи демократијата ја претворија во желба за анархија и хаос.
defo- Број на мислења : 3466
Join date : 2015-01-13
Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ
Se povleche od novinarstvoto zatoa shto odluchi da premine vo politichari...Chesno od negova strana...
Мухамед Зекири член на ЦО и ИО на СДСМ
Мухамед Зекири член на ЦО и ИО на СДСМ
Гостин- Гостин
Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ
Сообраќајна несреќа во Турција.
Еден македонски турист загина, а десетина се повредени во Турција (ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО)
Еден македонски турист загина, а најмалку 38 се повредени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа во близина на градот Текирдаг. Како што објавуваат турските медиуми, македонски туристички автобус, кој се враќал од Истанбул кон Македонија, се судрил со камион. На самото место починал македонски државјанин на возраст од околу 40 години, а повредените се пренесени во болница. Пет од нив се во тешка состојба.
http://plusinfo.mk/vest/84993/eden-makedonski-turist-zagina-a-desetina-se-povredeni-vo-turcija-galerijavideo
Гостин- Гостин
Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ
Авионот пронајден кај село Кожле
Приватниот комерцијален авион со германски ознаки, кој попладнево исчезна од радарите на скопскиот аеродром е пронајден во село Кожле, јави 24 Вести.
Во авионот имало шест патници, а контролата за летови го изгубила од радарите во близина на Катланово,на десетина километри јужно од Скопје. Во надлежните аеродромски служби се јавиле повеќе жители од селото Кожле, откако слушнале силен удар и видела чад и оган во планините.
Италијанскиот авион од марката „Пајперс“е сопственост на Авиоклубот Тревизо, а е регистриран во Германија.
Летот на авионот започнал во Тревизо, Италија и се претпоставува дека крајна дестинација му била Приштина. Авионот најавил слетување на аеродромот во Скопје за да дополни гориво.
http://fokus.mk/avionot-pronajden-kaj-selo-kozhle/

Пукната главна цевка на канализациона мрежа го блокира Скопје
И денес полициски возила ја блокираа улицата кај новата зграда на Факултетот за драмски уметности спроти министерството за надворешни работи. Проблемот била скината главна цевка на канализациона мрежа.
Работниците на водовод и канализација велат дека проблемот настанал поради тоа што инвеститорот без да се консултира со институциите копајќи на своја рака вчера вечер ја скинал цевката од главната фекална канализација поради што ископот за новиот објект се полни со фекалии.
И покрај тоа што околу објектот што се гради нема поставено табла за инвеститорот и изведувачот на некои телевизиски екипи грубо им беше забрането сминање бидејќи се работело за приватен имот.
Градежен инспектор на општина Центар ја запре градбата, а ќе побара и ќе испитува дали инвеститорот има елаборат за заштита на градежната јама. Според нив инвеститор на објектот е „Волис Проперт“, изведувач “Рапид Билд“, а надзор на објектот има „Поинт Дизајн“.
Поради огромното количество вода во ископот има потопен багер, а се забележува и големо свлечиште кое може да предизвика и уривање на зградата на ФДУ која нема потпорен ѕид. Токму поради тоа на улицата не е дозволен пристап на возила.
Единствено може да се забележат камиони на ЈП Водовод и канализација кои ја исцрпуваа водата но и цевки кои го празнат ископот и фекалиите ги исфрлаат на кејот на реката Вардар. Граѓаните се незадоволни велат се гради но неквалитетно.
Од градот Скопје молчат за настанатиот проблем. Од градските служби одговор нема, а нема ниту од градоначалникот Коце Трајановски кој ги избегна новинарските прашања на положувањето цвеќе во паркот жена-борец по повод денот на независноста. Трајановски и вчера бил на местото на објектот каде цел ден работеле работници но не успеале да го санираат проблемот.
Според дел од медиумите ЈП Водовод и канализација најави тужба за изведувачот на зградата спроти МНР и ќе се бара и оштета за направена штета. Според порталите од претпријатието соопштиле дека ископот за зградата се наполнил со фекалии бидејќи компанијата која гради направила несоодветно поместување на фекалниот колектор.
http://24vesti.mk/puknata-glavna-cevka-na-kanalizaciona-mrezha-go-blokira-skopje

Еве вест што сите ке ги интересира. Празниците и неработните денови за 2017 година.
Православниот и католички Велигден на ист ден, Рамазан во мај – Ова се неработни денови за 2017 година
За сите граѓани на РМ
1 Јануари (недела), Нова Година, односно 2 јануари (понеделник) е неработен ден
7 јануари (сабота), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар
17 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар
1 Мај (понеделник), Ден на Трудот
24 Мај (среда), „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители
27 мај (сабота), првиот ден на Рамазан Бајрам
2 Август (среда), Ден на Републиката
8 Септември (петок), Ден на независноста
11 Октомври (среда), Ден на народното востание
23 Октомври (понеделник), Ден на Македонската револуционерна борба
8 Декември (петок), „Св. Климент Охридски”
***Доколку државните празници и празниците на РМ паѓаат во недела, наредниот ден се смета за неработен.
За граѓаните од православна вероисповед
6 јануари (петок), Бадник, ден пред Божик
19 Јануари (четврток), Богојавление (Водици)
14 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден
1 јуни (четврток), Духовден, петок пред Духовден
28 август (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
За граѓаните од католичка вероисповед
17 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден
1 Ноември (среда), Празникот на сите светци
25 Декември (понеделник), првиот ден на Божик
За граѓаните од муслиманска вероисповед
2 септември (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
22 Ноември (среда), Ден на Албанската азбука
За граѓаните припадници на српската заедница во РМ
27 Јануари (петок), Свети Сава
За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ
8 Април (сабота), Меѓународен ден на Ромите
За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ
23 Мај (вторник), Национален ден на Власите
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
30 септември (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
28 Септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
21 Декември (четврток), Ден на настава на турски јазик
http://reporter.mk/2016/09/10/%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%B8-%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8-%D0%B2%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%B3%D0%B4%D0%B5%D0%BD-%D0%BD/
Гостин- Гостин
Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ
27 празници, плус викендите = над сто дена неработни во годината = Македонија ветената земја - нишај врата земај плата. Интересно е што ова важи само за администрацијата. Оние кои владата на Грујошеску ги продава на странските инвеститори како модерно робје ја немаат таа среќа. Тие мораат да платат за се.
Гостин- Гостин
Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ
„Новите методи“ на едукаторите на Тодоров
Ако ова е вистина, дебело сме заглавиле ...тргнати сме во една насока...кон дното, ако и не сме веќе стигнати.
Немаше да знаеме за нивната мисија во Македонија, се додека американскиот верски магазин “Фејт“ не обелодени дека овие доктори не само што се дојдени да ги обучуваат македонските лекари туку и верски да проповедаат и на нивните колеги да им го приближат „Евангелието“.
Ако ова е вистина, дебело сме заглавиле ...тргнати сме во една насока...кон дното, ако и не сме веќе стигнати.
_________________
Интернетот, социјалните мрежи демократијата ја претворија во желба за анархија и хаос.
defo- Број на мислења : 3466
Join date : 2015-01-13
Страна 13 of 29 • 1 ... 8 ... 12, 13, 14 ... 21 ... 29
Similar topics
» Вести од соседството
» СПОРТСКИ ВЕСТИ
» Убави вести
» Разни вести од Македонија
» КОЗА НОСТРА ВЕСТИ :)
» СПОРТСКИ ВЕСТИ
» Убави вести
» Разни вести од Македонија
» КОЗА НОСТРА ВЕСТИ :)
Страна 13 of 29
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|