НАЈНОВИ ВЕСТИ

Страна 22 of 23 Previous  1 ... 12 ... 21, 22, 23  Next

Go down

Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by SHARENI on Пет Сеп 14, 2018 1:30 pm

Ali odamna pocna da zboruva  makedonski.



Published on Feb 9, 2017
avatar
SHARENI

Број на мислења : 274
Join date : 2016-11-20

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Teo on Пет Сеп 14, 2018 2:11 pm

Koga vekje tolku ste zapnale eve slushajte go Alji kako zbhoruva makedonski...

avatar
Teo

Број на мислења : 3743
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Bosonoga on Саб Сеп 15, 2018 5:33 pm

So ubavo kolice oni resile da go snema, stvarno nema smisla.

Завршува производството на легендарната „буба“

За прв пат масовното производство на еден од најлегендарните автомобили започнало во 1945 година. После три генерации и речиси 70 години производство, компанијата Folksvagen објави дека веќе бубата нема да се произведува повеќе.

https://friday.mk/zavrshuva-proizvodstvoto-na-legendarnata-buba/

avatar
Bosonoga

Број на мислења : 527
Join date : 2017-03-15

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Albatros on Пон Сеп 17, 2018 12:39 pm

Navistina kako moze da ima takvi psihopati megu lugeto.


Игли подметнати во јагоди предизвикаа масовна паника во Австралија

Во Австралија е отворена истрага за да се открие кој става игли за шиење скриени во јагоди што се продаваат во маркетите и на пазарите ширум земјата. Инцидентите предизвикаа масовна паника во Австралија, а службите стравуваат дека можни се појави на имитатори на злоделото.

https://kajgana.com/igli-podmetnati-vo-jagodi-predizvikaa-masovna-panika-vo-avstralija

Albatros

Број на мислења : 230
Join date : 2018-08-08

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by OPOZICIONER on Вто Сеп 18, 2018 11:07 am

Germanija gi prizna makedonskite vozacki dozvoli.

Македонските возачки дозволи признаени во Германија
Македонските граѓани, кои имаат македонска возачка дозвола додека престојуваат на територијата на Германија ќе немаат потреба од меѓународна дозвола. Воедно македонските државјани кои имаат регулирано престој на германска територија на нивно барање ќе можат да извршат замена на возачките дозволи.

https://www.mkd.mk/makedonija/makedonskite-vozachki-dozvoli-priznaeni-vo-germanija
avatar
OPOZICIONER

Број на мислења : 423
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by OPOZICIONER on Пет Сеп 21, 2018 11:16 am

Nie imame problem so Rusija ili Rusija ima problem so nasata opredelba za podobar zivot?

Вашингтон пост: Македонија е мала земја со огромен проблем со Русија

Во изминатите неколку недели, парада високи западни официјални лица поминаа низ Скопје, скромниот главен град на малата Република Македонија, која е помала од Мериленд и има население од едвај два милиони жители.

Најновиот ВИП, во понеделникот, беше секретарот за одбрана Џим Матис, кој ја нарече Македонија „сигурен безбедносен партнер и ценет придонесувач за глобалниот мир и безбедност”. Зошто толкава врева? На 30 септември, граѓаните ќе гласаат дали да го сменат името на земјата во Северна Македонија за да стави крај на деценискиот спор со соседна Грција и да го отвори патот за членство во Европската унија и НАТО, пишува Вашингтон Пост.

Тој избор, пак, го допре другиот геополитички натпревар меѓу Западот и Русија, која прави се што може за да го поткопа грчко-македонскиот договор и со тоа да го блокира проширувањето на НАТО. Она што е впечатливо е разликата во тактиката: Додека западните демократии им се додворуваат на Македонците со настапи и говори како оние на г-дин Матис и германската канцеларка Ангела Меркел, Русија спроведува скриена пропагандна кампања, ги поплавува социјалните медиуми со лажни вести и субвенционира локални екстремисти кои организираат протести. – Без сомнение, (Русите) префрлија пари и тие, исто така, спроведуваат кампањи за пошироко влијание, рече Матис.

Операцијата на Москва личи на оние што ги спроведе во САД, Велика Британија и другите демократии пред неодамнешните избори. Главна карактеристика се лажните профили на социјалните медиуми кои шират отровни и погрешни информации. „Њујорк тајмс” цитираше западните дипломати, велејќи дека десетици нови страници се појавуваат секојдневно на Фејсбук, барајќи бојкот на референдумот; а некои ги советуваат луѓето да ги запалат нивните гласачки ливчиња. Тие продаваат лаги за полициски напади против противниците на промена на името. Еден активист од граѓанското општество, изјави за „Тајмс” дека фотографија на познат пејач, кој бил нападнат во домашен инцидент, циркулира по социјалните мрежи со тврдењето дека била повредена додека протестирала.

Одлучноста на режимот на Владимир Путин да го уништи договорот за името, дури и на сметка на пријателските односи со Грција, е поучна. Македонија не граничи со Русија, но е опкружена од три страни од земји-членки на НАТО. Таа не претставува никаква закана за Русија, но нејзиниот влез во трансатлантскиот сојуз и европската заедница ќе помогне да се стабилизира историски тензичниот агол на Европа. Кампањата на Москва за поткопување е уште еден потсетник дека Путин ги разгледува односите со Западот во остри услови на победник-губитник: Секоја придобивка на демократиите, колку и да е мала, се смета за смртна закана.

За сега, изгледа дека отворените жалби на Западот ќе ги покорат руските подметнувања. Анкетите покажуваат дека предлогот ќе помине на референдум, што ќе му даде на македонскиот парламент основата за одобрување на потребните уставни промени. Но, без оглед на исходот, една порака од Македонија е јасна: Путин останува наклонет кон поткопување на Западот и неговите институции секогаш кога и каде и да може.

https://standard.mk/vashington-post-makedonija-e-mala-zemja-ogromen-problem-rusija/
avatar
OPOZICIONER

Број на мислења : 423
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Dino on Пет Сеп 21, 2018 6:41 pm

Ubija rodilka i bebe i samo cetiri godini zatvor za edniot, drugite dvajca ni krivi ni duzni. Mozda stvarno treba reizbor na sudii ama koj ke go napravi.

Гинеколозите ослободени, анестезиолог доби 4 години затвор за случајот со родилката Кадиева

https://www.24.mk/ginekolozite-oslobodeni-anesteziolog-dobi-4-godini-zatvor-za-sluchajot-so-rodilkata-kadieva

Dino

Број на мислења : 290
Join date : 2016-11-30

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Bosonoga on Вто Сеп 25, 2018 6:06 pm

Bravo za vladata konecno im dojde krajot na siledzistvata na izvrsitelite.

Се намалуваат трошоците во постапките пред нотарите и извршителите

На предлог на Министерството за правда, Владата ги прифати предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за извршување и на Законот за нотаријат. Главната цел на овие измени е намалување на трошоците на најсиромашните граѓани кои не можат да си ги платат сметките за комунални трошоци и кои земаат мали потрошувачки кредити.

Во постапките пред нотарите овие граѓани ќе бидат ослободени од судските такси и од надомест за клаузула за правосилност и извршност. Додека во постапката пред извршителите, според измените на законот, дури 16 ставки за кои досега граѓаните плаќаа одредена сума, со новата тарифа тие ќе бидат целосно бесплатни.

Со предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување, воедно се имплементираат стратешките приоритети на државата определени во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, особено во правец на намалување на трошоците за граѓаните во сите постапки, вклучувајќи ја и прекршочната, информираат од Владата.

https://makfax.com.mk/makedonija/%D1%81%D0%B5-%D0%BD%D0%B0%D0%BC%D0%B0%D0%BB%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%B0%D1%82-%D1%82%D1%80%D0%BE%D1%88%D0%BE%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B2%D0%BE-%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BF%D0%BA%D0%B8%D1%82/
avatar
Bosonoga

Број на мислења : 527
Join date : 2017-03-15

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by misterija on Вто Сеп 25, 2018 8:13 pm

Bosonoga напиша:Bravo za vladata konecno im dojde krajot na siledzistvata na izvrsitelite.

Се намалуваат трошоците во постапките пред нотарите и извршителите

На предлог на Министерството за правда, Владата ги прифати предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за извршување и на Законот за нотаријат. Главната цел на овие измени е намалување на трошоците на најсиромашните граѓани кои не можат да си ги платат сметките за комунални трошоци и кои земаат мали потрошувачки кредити.

Во постапките пред нотарите овие граѓани ќе бидат ослободени од судските такси и од надомест за клаузула за правосилност и извршност. Додека во постапката пред извршителите, според измените на законот, дури 16 ставки за кои досега граѓаните плаќаа одредена сума, со новата тарифа тие ќе бидат целосно бесплатни.

Со предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување, воедно се имплементираат стратешките приоритети на државата определени во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, особено во правец на намалување на трошоците за граѓаните во сите постапки, вклучувајќи ја и прекршочната, информираат од Владата.

https://makfax.com.mk/makedonija/%D1%81%D0%B5-%D0%BD%D0%B0%D0%BC%D0%B0%D0%BB%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%B0%D1%82-%D1%82%D1%80%D0%BE%D1%88%D0%BE%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B2%D0%BE-%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BF%D0%BA%D0%B8%D1%82/

Конечно една супер прекрасна олеснувачка вест, супер идеја..дај боже да се усвои..нешто паметно да направи оваа власт..браво

(мене ми одговара оти имам извршител на врат закачен и сака да ме уништи финансиски)

_________________
Не излегувам на референдум Razz
avatar
misterija

Број на мислења : 414
Join date : 2016-12-30

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by TRAJCHE on Сре Сеп 26, 2018 12:32 pm

Османи: Државата ќе обезбеди поддршка за усогласување на бизнисот со европските стандарди

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заедно со министерот за образование и наука, Арбер Адеми, министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку остварија заедничка средба со стопанственици од Стопанската Комора на Северозападна Македонија.

На средбата соговорниците разменија информации во однос на состојбите и предизвиците на бизнис секторот, на самите бизнисмени, но и за потенцијалите и можностите кои произлегуваат од европските перспективи на земјава, и тоа уште во самиот процес на преговори.

„Самото приближувањето до Европската Унија значи и усогласување на македонските правила, стандарди со оние на Унијата, нешто во што покрај државата, свој дел мора да преземат и останатите општествени сегменти, при што веројатно голем товар околу усогласувањето на земјата ќе се пренесе и на бизнис секторот“ истакна Османи, посочувајќи дека отворањето на границите на европскиот пазар за производите и услугите од Република Македонија, претставува и бизнис можност, но и дополнителен предизвик за адаптација на производството, на квалитетот, стандардизацијата итн., согласно европските правила и стандарди.

,,Дополнително, пазарите се отворат двонасочно со што нашиот пазар станува поконкурентен, нешто на што нашите бизниси мора да се адаптираат, и за што секако, во периодот што следува, ќе ја имаат и поддршката од страна на државата, особено преку интервенциите со средствата од ИПА фондовите, чија намена е токму адаптација со европските стандарди и правила”, додаде Османи.

Во рамки на денешниот состанок соговорниците заеднички се сложија дека сѐ на сѐ, приближувањето до Европската Унија претставува бенефит за бизнисот, исклучителна можност за нивен забрзан развој, напредок, но и предизвик на самите бизнисмени да се докажат и по европски, а не само по балкански правила.

https://makfax.com.mk/ekonomija/%D0%BE%D1%81%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B8-%D0%B4%D1%80%D0%B6%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%9C%D0%B5-%D0%BE%D0%B1%D0%B5%D0%B7%D0%B1%D0%B5%D0%B4%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%B4%D1%80%D1%88%D0%BA%D0%B0/
avatar
TRAJCHE

Број на мислења : 226
Join date : 2016-11-20

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Dino on Вто Окт 02, 2018 10:14 am

Kako nema da popusti koga od nezavisnoata do denes nikoj ne investiral nisto vo zeleznici samo se kradese od tamu.

ПОПУШТИ МОСТОТ НА ЦРНА РЕКА КАЈ СТОБИ, ВО ПРЕКИН ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ЗА ГЕВГЕЛИЈА

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/popushti-mostot-na-tsrna-reka-kaj-stobi-vo-prekin-zheleznichkiot-soobrakaj-za-gevgelija/

Dino

Број на мислења : 290
Join date : 2016-11-30

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by TRAJCHE on Пет Окт 05, 2018 1:17 pm

Eve kako pobeduvale na izbori ne oti narodot gi sakal.

Се слушаат „бомби“ од „Титаник“, Миле организирал автобуси од дијаспора, списоци од затвореници, од цели згради во Центар, администрација, деца од домови…

Со слушање „бомби” денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за предметот „Титаник” на Специјалното јавно обвинителство во кој се обвинети повеќе лица за изборни нерегуларности. Во судница се присутни сите обвинети, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска.

Најголем дел од разговорите слушнати на денешното рочиште се меѓу поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и други лица од март 2013 година. Во нив се слуша како Миле зборува за организирање автобуси за гласачите од дијаспората, списоци од затвореници, вработени во администрација, па дури и со станари на цели згради во Центар. Зборуваат и за гласови од домовите со Скопје, од деца без родители, како и за тоа кој од директорите на училиштата не прави ништо за гласачи и треба да лета од работа.

Од бомбите се слуша како се организирале за денот на гласање, кои членови и вработени плус три веќе биле сигурни, дека се формирани кол центри и договорени автобуси… Од „бомбите” се открива како се планираат гласови за изборите, од списоци на луѓе, со име и презиме и адреси на живеење до тоа каде се вработени и како да се направи да излезат на гласање.

Во разговорите се слуша како Миле Јанакиески во март 2013 година организира автобуси за гласачи во Италија, Словенија, Австрија и Швајцарија. Миле од еден од соговорниците бара на мејл да му ги прати списоците со имиња и презимиња. Потоа со Антонио Милошоски разговара кој со колку автобуси и тури ќе може да се донесат гласачите на гласање.

Во разговор една соговорничка на Миле му кажува дека во домот имаат шест дечиња кои ќе гласаат ако им платиме пат. Миле на тоа и одговара, добро не е проблем нека дојдат со сметки ќе им рефундирам. Кога го информираат дека ќе им фалат гласови, Миле вика „не ме интересира, 20 баравте, 20 ќе си ги наполните”.

Во еден од разговорите Миле од женска соговорничка бара во списоците да има и броеви за да ги бараат на ден на изборите.

Во разговор со Никола Тодоров му кажува како стојат во Центар и му вели „е ако за 200 гласа изгубиме” Во разговорите Миле се распрашува за тоа колку се вработени во Центар и бара списоци од затворите.

– Многу лошо изгледаше на телевизија. ќе ни одврати излезност на обични гласачи, ќе речат овие глупости прават дај да ги казниме, вели Јанакиески.

http://www.libertas.mk/se-slushaat-bombi-od-titanik-mile-organiziral-avtobusi-od-dijaspora-spisotsi-od-zatvorenitsi-od-tseli-zgradi-vo-tsentar-administratsija-detsa-od-domovi/
avatar
TRAJCHE

Број на мислења : 226
Join date : 2016-11-20

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by TRAJCHE on Пет Окт 05, 2018 1:19 pm

Eve uste kako nasilnicki gi terale lugeto da glasaat.

ЛИЧНО НА РАКА ЗА ОСНОВЕН ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ – ЈАНАКИЕСКИ НАРАЧУВА ИСТРАГИ ПРЕД ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2013, СЕ СЛУШНА ВО БОМБИТЕ ЗА „ТИТАНИК“

За обвинетиот Миле Јанакиески во случајот на СЈО „Титаник“ за злосторничко здружување и изборни нерегуларности, во кој се обвинети и тогашниот премиер Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Илија Димовски, Мартин Протоѓер меѓу вкупно 21 лице од ВМРО-ДПМНЕ, во една од бомбите што се пуштаат денеска во судот се открива како пред избори нарачува истраги во Јавното обвинителство.

Јанакиески на обвинетата поранешна заменичка-министер за правда Билјана Бришковска-Бошковски ѝ потврдува дека ѝ пратил писмо што требало да го однесе во обвинителството.

„Миле, тука пишува ‘Лично на рака, за Основен јавен обвинител'”, му вели Бришковска.

“Да, за Основен јавен обвинител”, потврдува Јанакиески.

„Во ред“, вели Бришковска и потоа разговараат за тоа како им одат подготовките за изборите.

Тогаш Јавен обвинител на Скопје беше Гордана Ѓешкоска, која сега е под дисциплинска постапка бидејќи долг период после организираниот напад на Собранието на 27 април 2017, кога беше в. д. на функцијата, не презеде ништо ниту вечерта, ниту во деновите и месеците потоа.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/lichno-na-raka-za-osnoven-javen-obvinitel-janakieski-narachuva-istragi-pred-lokalnite-izbori-2013-se-slushna-vo-bombite-za-titanik/
avatar
TRAJCHE

Број на мислења : 226
Join date : 2016-11-20

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Bosonoga on Саб Окт 06, 2018 10:12 am

Utre Skopje trca.

Поради „Скопје трча“ утре пренасочен сообраќајот на дел од „Илинденска

Од 7:30 до 11 часот утре ќе биде затворен за сообраќај дел од булеварот „Илинден“, на потегот од крстосницата со улицата „Аминта III“ (фонтана „Лотус“) и улицата „Љубљанска“ (ТЦ „Скопје сити мол“). Сообраќај ќе биде пренасочен по околните улици.

Град Скопје информира дека привремениот сообраќаен режим е поради одржувањето на трката „Скопје трча 10 КМ – 2018“.

Возилата од јавниот градски превоз кои ја опслужуваат линијата 8, ќе бидат пренасочени по булеварот „Св. Климент Охридски“, а потоа по булеварот „Партизански одреди“. Возилата кои ја опслужуваат линијата со бр. 15А, ќе бидат пренасочени по булеварот „Партизански одреди“.

Автобусите од линиите 15, 15А и 19, а кои го опслужуваат терминалот на улица „Љубљанска“ ќе бидат пренасочени на терминалот на улица „Манапо“. Автобусите од автобуските линии 15, 15А, 19, 7 и 59 кои ќе го користат терминалот на улица „Манапо“ ќе продолжат по улица „Карпошово востание“, улица „Бледски договор“ и потоа ќе продолжат по булеварот „Партизански одреди“.

– Апелираме сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, се вели во соопштението од Град Скопје.

https://vecer.press/%D0%BF%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B8-%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5-%D1%82%D1%80%D1%87%D0%B0-%D1%83%D1%82%D1%80%D0%B5-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%B0%D1%81%D0%BE%D1%87%D0%B5/
avatar
Bosonoga

Број на мислења : 527
Join date : 2017-03-15

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by OPOZICIONER on Пон Окт 08, 2018 12:40 pm

Goca brk dobi 6 godini zatvor za mercedesot.

Јанкулоска доби 6 години затвор за набавка на „мерцедесот“

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска доби казна од 6 години затвор во предметот „Тенк“ на СЈО за набавка на „мерцедесот“. Обвинетата Јанкулоска е виновна за злоупотреба на службена должност и овластување, рече судијката Добрила Кацарска.

https://www.mkd.mk/makedonija/politika/jankuloska-dobi-6-godini-za-nabavka-na-mercedesot
avatar
OPOZICIONER

Број на мислења : 423
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by TRAJCHE on Пон Окт 08, 2018 12:43 pm

Ona najmnogu dobi, Popovski 4,5 godini, Grujo 2 a ona 6.
avatar
TRAJCHE

Број на мислења : 226
Join date : 2016-11-20

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by misterija on Пон Окт 08, 2018 1:14 pm

ШЕСТ ГОДИНИ.....ваууууу, па некој за убиство на човек е помалку осуден...ама ја зацепија.....ауууууух...дури и мене ме здоболе....

_________________
Не излегувам на референдум Razz
avatar
misterija

Број на мислења : 414
Join date : 2016-12-30

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by OPOZICIONER on Вто Окт 09, 2018 12:34 pm

Zaev najavuva dvotretinsko mnozinstvo.

Заев: Имаме доволно причини да веруваме во двотретинско мнозинство

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека одговорот на прашањето дали во парламентот постои двотретинско мнозинство за уставни измени ќе се знае кога ќе дојде на ред гласањето.

https://www.dw.com/mk/%D0%B7%D0%B0%D0%B5%D0%B2-%D0%B8%D0%BC%D0%B0%D0%BC%D0%B5-%D0%B4%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D0%BE-%D0%BF%D1%80%D0%B8%D1%87%D0%B8%D0%BD%D0%B8-%D0%B4%D0%B0-%D0%B2%D0%B5%D1%80%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%BC%D0%B5-%D0%B2%D0%BE-%D0%B4%D0%B2%D0%BE%D1%82%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%BE-%D0%BC%D0%BD%D0%BE%D0%B7%D0%B8%D0%BD%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE/a-45810461?maca=maz-rss-maz-pol_makedonija_timemk-4727-xml-mrss
avatar
OPOZICIONER

Број на мислења : 423
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by defo on Чет Окт 11, 2018 2:00 pm

Албанија им става крај на обложувалниците и казината во градовите
Владата на Албанија им објави „војна“ на сите казина и обложувалници кои се наоѓаат во градовите во оваа земја. Во обид да се спречи ширењето на коцкањето, наредено е дислокација на сите казина и обложувалници надвор од градовите.
И тие ќе станат држава.....

defo

Број на мислења : 1991
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by misterija on Чет Окт 11, 2018 2:38 pm

A kaj nas na sekoe kose se otvaraat kazina i kladilnici...samo vo Kisela voda kolku niknaa, da se cudis.

_________________
Не излегувам на референдум Razz
avatar
misterija

Број на мислења : 414
Join date : 2016-12-30

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Bosonoga on Пет Окт 12, 2018 11:43 am

Lele koj ni go cuval redot i mirot i ne branel od kriminalci.

Спасовски: Во МВР откриени 40 лица кои работеа со фалсификувани дипломи

Во Министерството за внатрешни работи биле откриени 40 вработени кои имале фалсификувани факултетски дипломи, откри министерот Оливер Спасовски во неговото гостување во емисијата „Клик-Плус“ на ТВ 21.

Овие лица, според Спасовски, стигнале и до значајна функција во МВР, но, по откривањето добиле отказни решенија и кривични пријави.

Кривични пријави, како што рече министерот за внатрешни работи, биле поднесени и до факултетите кои ги издале тие дипломи.

Во контекст актуелната дебата за уставните измени во Собранието и тврдењата за закани кон пратеници, министерот Спасовски рече дека досега ниеден пратеник нема пријавено какво било кршење на законот. Но, вели дека има пријави од раководни лица во опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, и членови од истата партија.

https://www.24.mk/spasovski-vo-mvr-otkrieni-40-lica-koi-rabotea-so-falsifikuvani-diplomi
avatar
Bosonoga

Број на мислења : 527
Join date : 2017-03-15

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by defo on Вто Окт 16, 2018 7:22 pm

Правдата полека стигнува Кривична за началник на одделението на државниот пазарен инспекторат во Охрид

Охрид, 16. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 45-годишниот Ѓ.Б. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Инспекторот Бошалески попознат во Охрид, пред да стане инспектор, дај бате едно цигаре, сега како фала многу и пријатно, си ја сплете шапката, која полека се одмотува.

defo

Број на мислења : 1991
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by nino on Вто Окт 16, 2018 8:24 pm

a ovie sega sdsm sto gi vrabotuva poarni se

nino

Број на мислења : 189
Join date : 2017-06-05

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by defo on Вто Окт 16, 2018 9:35 pm

nino напиша:a ovie sega sdsm sto gi vrabotuva poarni se
Хм,тешко прашање, ама ако се ко него и за нив одма истиот лек. Не смее да има прошка за никого.

defo

Број на мислења : 1991
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Albatros on Сре Окт 17, 2018 10:22 am

Vtora drzava vo svetot ja legalizirase marihuanata.

Канада легализира рекреативна употреба на марихуана

Канада од денеска стана втората земја, по Уругвај, која легализира поседување и рекреативно користење на канабис.

На Канаѓаните од денеска им е дозволено да одгледуваат, поседуваат и конзумираат канабис за рекреативни цели.

Дериватите на канабисот, како што се храна, козметика или електронски цигари со марихуана, ќе бидат дозволени од 2019 година, но канадските претприемачи веќе почнаа подготовки за да заземат место на пазарот.

https://www.radiomof.mk/kanada-legalizira-rekreativna-upotreba-na-marihuana/

Albatros

Број на мислења : 230
Join date : 2018-08-08

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 22 of 23 Previous  1 ... 12 ... 21, 22, 23  Next

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот