Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

На каде плови Македонија???

4 posters

Go down

На каде плови Македонија??? Empty На каде плови Македонија???

Пишување by defo Вто Јан 19 2016, 20:49

Иако сеуште рано, би било добро да поминат уште 3-5 дена за да се види јасна слика, сепак да видиме во која насока одат размислувањата што ќе биде со Македонија и кои ќе се состојбите во нејзе???
Се подразбира дека живееме во доста тмурно и мрачно време напнато од околностите кои ни се случуваат, и сите ја чекаме во неизвесност разврската. Факт е дека живееме во приватизирана држава(не партизирана држава, бидејки и ДПМНЕ е партизирано) од која според индиции се одлеваат милионски суми, кои после ние треба да ги вратиме. А за сето тоа да биде замаскирано и тргнато од центарот на вниманието се фрлаат живи души во оган.
Можниот расплет на настаните е следен:
- ДПМНЕ сеуште има можност да ги пролонгира изборите бидејки колку видов во Март на 24 се самораспушта собранието, и да даде уште 3-5 месеци фора за да се изведат нови избори, притоа во период од 1-3 месеци да се спроведат сите закони од Пржино.
-Да ги спороведат изборите на 24 април, без опозиција со 123 пратеници, во кој ќе има по некој фалш опозиционер од ГРОМ(те убио), или АПМ(на Зиков и Буџ). Со тоа што овдека признале или не во тој случај ќе има црна точка и за Брисел и за Вашингтон.
А СДСМ ако прифати избори на 24 април тоа нема да е крај само на СДСМ него воопшто и на Македонија, што очигледно е и целта на некого.
defo
defo

Број на мислења : 3487
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

На каде плови Македонија??? Empty Re: На каде плови Македонија???

Пишување by defo Вто Јан 19 2016, 21:13

СДСМ не смее да се повлече целосно од Договорот од Пржино!
Интересна анализа на Саше Политико го делам истото мислење со него....сем во делот каде вика дека министриите од СДСМ не треба да си поднесат оставка, напротив треба, во вакви услови нема што да бараат на тие позиции. Али ипак е рано да се каже нека поминат ден два.
defo
defo

Број на мислења : 3487
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

На каде плови Македонија??? Empty Re: На каде плови Македонија???

Пишување by Kalinda Вто Јан 19 2016, 21:38

Како мислите да ги збиете редовите
и да го остварите договорот од пржино,
кога самите признавате дека
стратешките партнери ве напуштија
а СДСМ самите се разоружаа. affraid

Kalinda
Kalinda

Број на мислења : 494
Join date : 2015-02-28

Вратете се на почетокот Go down

На каде плови Македонија??? Empty Re: На каде плови Македонија???

Пишување by defo Вто Јан 19 2016, 21:58

Kalinda напиша:Како мислите да ги збиете редовите
и да го остварите договорот од пржино,
кога самите признавате дека
стратешките партнери ве напуштија

а СДСМ самите се разоружаа. affraid

А дали воопшто постоеле такви, дали можда всушност тие и не биле „стратешки партнери“ на опозицијата или позицијата, колку што очигледно биле желни за паричка. Тоа е она Калинда што всушност ја поткрепува мојата теза дека ние не сме партизирана него сме приватизирана држава....
defo
defo

Број на мислења : 3487
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

На каде плови Македонија??? Empty Re: На каде плови Македонија???

Пишување by трендафил Вто Јан 19 2016, 22:11

Колку што гледам власта ги исполни сите обврски од договорот од Пржино. Останува своите обврски да ги исполни пред се ДИК во овој состав, откако претходните состави, на чело со човек од СДСМ, не го направија тоа. Реално избирачкиот список не носи некоја голема предност на ниту една партија затоа што бројот на неправилности и сега е мал, а и нема докази дека некој од нив „гласал“ на изборите. Да не беше така медиумите платени од Сорос ќе беа полни со написи за таквите случаи и не ќе имаше потреба од атаците врз Македонците од Мала Преспа што имаат наше државјанство, а уште помалку од фалсификатите на активистот на СДСМ со прекор Чауш. Сепак треба да се прочисти списокот и од тие мали неправилности за да не може со нив непријателите на Македонија да ја валкаат нашата држава во обид да добијат поддршка во странци со очекување странците да ја по газат волјата на македонскиот народ и да ги донесат на власт. Што се однесува до медиумите, освен за Македонската телевизија која се однесува според правилата што своевремено ги воспостави токму СДСМ, односно како поддржувач на политиката што има мнозинство во Собранието, сигурно е дека не може да се регулира и работата на приватните медиуми. Освен тоа дека доколку некој медиум не ја зборува вистината треба да одговара за клевета сразмерно на изнесената лага. Без ограничување кое на инсистирање на СДСМ, соросоидите и странците пред една година беше озаконето кај нас. Договорот од Пржино не значи дека ќе биде исполнето секое барање на Заев и дека еднаш донесената одлука ќе се менува според промената на неговото расположение и неговите потреби од кои најголема е потребата да биде дел од власта (а да изигрува опозиција) без избори.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11183
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

На каде плови Македонија??? Empty Re: На каде плови Македонија???

Пишување by osa Вто Јан 19 2016, 22:32

defo напиша:СДСМ не смее да се повлече целосно од Договорот од Пржино!
Интересна анализа на Саше Политико го делам истото мислење со него....сем во делот каде вика дека министриите од СДСМ не треба да си поднесат оставка, напротив треба, во вакви услови нема што да бараат на тие позиции. Али ипак е рано да се каже нека поминат ден два.
se soglasuvam defo ...da pochekame da vidime reakcii od site pa i od ostanatiot del od "strancite "...ne e se vo imeto Han

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16510
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

На каде плови Македонија??? Empty Re: На каде плови Македонија???

Пишување by трендафил Чет Јан 21 2016, 09:19

Ако мислеше на САД и Бејли, очигледно е дека мислењето е исто како тоа на Хан и амбасадорот на САД тоа го објави на Твитер. Ајде да ви цитирам и поголем дел од мислењето на Андов, ваш човек нели, зошто е тоа така.

-Работите се едноставни: ЕУ гледа дека опозицијата нема сила да го сруши Груевски, ни институционално ни вон институционално и дека самата ЕУ не може повеќе поинтензивно да се меша во Македонија ако не се промени статусот на земјата, т.е. почеток на преговорите за полноправно членство на Македонија. За таа цел е потребно што побрзо да се одржат избори и оттаму е нивното мислење дека погоден датум е 24 април или најдалеку 5 јуни, за евентуалниот европски самит одржан на средината или крајот на јуни да го промени статусот на Република Македонија во односите со ЕУ, со тоа што ќе донесе одлука за почеток на преговори за полноправно членство на нашата земја во ЕУ. Според тоа не е точно дека ЕУ и САД креваат рака од Македонија и од нејзината евроатланска иднина. Промените на ставот околу изборите кај нашите западни сојузници значат само барање за побрз и поефикасен пат на разрешување на кризата. Тоа што евентуално ќе победи Груевски на тие избори, за политиката на САД и ЕУ кон Македонија не е од решавачко значење, туку им дал можност за посилен притисок за демократски промени во Македонија, пишува Андов.

Тој додава дека во целиот овој период од потпишување на пржинските договори до денес се добива впечаток дека, поради разни причини во спроведувањето на договорите, Груевски речиси во сите фази неколку чекори бил пред опозицијата.

-Имено, тие оценуваат дека дошло до критична точка во која се покажало дека опозицијата, особено СДСМ, ги исцрпува сите можности за своето дејствување, а резултатите се недоволни. Истовремено експертите во ЕУ, оние што се занимаваат со утврдување на европската стратегија, заклучуваат дека институционалните рамки и степенот на развиеноста на односите меѓу ЕУ и Македонија се такви што институциите на Европската унија ги искористија сите легални можности за интервенција во политичката криза во Македонија. Според тоа ако ЕУ има намера посилно да влијае на внатрешните процеси на имплементација на европските вредности во македонската политика и македонскиот општествен живот, тогаш на ЕУ и’ се потребни нови пошироки рамки за нејзина интервенција во Македонија. Најзначаен чекор во тој правец би била одлуката што би била донесена во следниот јуни за отворање на преговори за полноправно членство на Македонија во ЕУ. Без таква одлука ЕУ не може да оди понатаму во своето вмешување во Македонија, од она што го стори досега. А ако биде донесена таква одлука, тогаш работите би оделе многу полесно, пишува Андов.
Работите се едностави. Никој не сака да има работа со неспособни. Тешко на Заев ако Катица Јанева не е од соросоидносдсмовскиот клан туку под влијание на западот. Да ве потсетам и овде дека двете институции што имаат најголемо влијание врз изборите, ДИК која раководи со целиот процес и МВР како главен асистент во изборниот процес, се и остануваат под раководство на СДСМ. До изборите. Кога министерството ќе се врати според волјата на граѓаните, односно ќе заврши времената диктатура.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11183
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

На каде плови Македонија??? Empty Re: На каде плови Македонија???

Пишување by Гостин Пет Јан 22 2016, 10:46

Si izvadil edna rechenica od kontekst, napishana od starec koj ochajno se obiduva da ostane vo cenarot na vnimanieto i sam sebe da si dade nekakva vazhnost pa se drzhish za nea kako pijan za plot...

Instituciite koi gi spomenuvash ne samo shto kje ostanat vo racete na SDSM do izborite koi sigurno nema da bidat na 24 april, tuku togash koga kje bidat isplneti site tochki od dogovorot vo Przhino, tuku i posle toa...Tochno spored voljata na gragjanite...A ne spored voljata na mrtovcite i fantomite so chii glasovi tvojot pastir dosega gi dobivashe izborie...

Shto se odnesuva do SJO, prestani vekje ednash da go zhiveesh zhivotot na ovca upravuvana od pastirot...Sfati konechno deka vo Makedonija ima lugje koi rabotat spored zakonot i so chista sovest...Deka ne se site ovci kako vas pa da moraat da bidat pod vlijanie na nekogo zatoa shto ne se sposobni da razmisluvaat so sopstvena glava...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

На каде плови Македонија??? Empty Re: На каде плови Македонија???

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот