Korumpiraniot Han i pastirot koj go prodava imeto

Страна 2 of 2 Previous  1, 2

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: Korumpiraniot Han i pastirot koj go prodava imeto

Пишување by Гостин on Нед Мај 29, 2016 10:26 am

„Наивниот“ Јоханес Хан

Еврокомесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан, кој е на извесен начин е екскомунициран од учество во барањето патишта за излез од кризата во Македонија (таа задача во ЕУ ја презема Федерика Могерини,надлежна за надворешната политика на Унијата), повторно се јави за збор.
Хан го поддржал договорот од Пржино и барањето за создавање услови за фер избори - тоа мора и да се очекува од него (еден е од креаторите на договорот) и тој вербално го правеше и досега.
Она што ми паѓа в очи во неговите изјави, онака како што беше пренесено во македонските медиуми, е дека Хан го става под прашање само кредибилитетот на претседателот на Македонија (кој му ветил дека нема да го примени законот за аболиција – за набргу потоа да го повлече токму тој потег), но верува во ветувањата што му ги дал првиот човек на ВМРО ДПМНЕ и само де јуре, но не и де факто екс-премиер Никола Груевски.
Јоханес Хан не е наивен, не е од вчера во политиката, ниту пак во неа на толку високи позиции можат да стигнат наивни и случајни.
Хан во меѓувреме помина многу часови во разговори со водечки политичари од Македонија. Ако ништо друго, тогаш и само времето од јунскиот до јулскиот „поправен“ испит за Договорот од Пржино беше доволно за да му ги отвори очите и да види со кого си има работа.
Но, и еврокомесарот, како и многумина на политичката сцена на ЕУ, на случувањата и на актерите (не само во Македонија) гледаат низ призмата на сопствената и на нивната политичка припадност, со многу повеќе милост и разбирање за оние кои се дел од истиот политички блок.
Затоа ни недовербата од Хан во однос на ДИК не треба да не заведе.
Хан искажува согласност со Груевски за работа која мора да е сама по себе разбирлива (дека лица осомничени за тежок криминал нема да бидат на функции во владата).
Хан во позитивна смисла наведува дека Груевски веќе не е премиер, туку само претседател на ВМРО ДПМНЕ. Формално, се разбира, тоа е точно.
Но, на сите, „и на врапчињата“ им е јасно кој е кој, кој ги влече конците во Македонија – само на Хан не.
Од неупатеност?
Тоа не би зборувало добро за еврокомесарот.
Од други мотиви?
Тоа е уште помалку добро за него и за функцијата што ја врши.
Затоа, подобро да си молчеше.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Korumpiraniot Han i pastirot koj go prodava imeto

Пишување by defo on Нед Мај 29, 2016 12:50 pm

Тоа е тоа, напишав на друга тема (да не се повторувам), Грујо си бара „времен“ наследник. Човек кој не ќе може да биде лесно потопен од медиумите, од ПР на опозицките партии. Меѓутоа и човек кој на дугме, кога ќе има потреба ќе се тргне од власта, од позицијата. Хан и дел од Европјаните очигледно, молчешкум го преќутуваат тоа....при очи се прават слепи, многу слепи.

defo

Број на мислења : 1924
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Korumpiraniot Han i pastirot koj go prodava imeto

Пишување by трендафил on Пон Мај 30, 2016 8:32 pm

Не е цела Европа дел од чадорската меѓународна заедница, односно уценета со нелегално прислушкувани разговори од НСА на САД. Хан очигледно не е дел од уценуваните. Мислам дека и САД си видоа со кого имаат работа во Македонија, дека го откачија СДСМ и само бараат начин како сето тоа повлекување да го изведат достоинствено. Веројатно будалетинката Заев ќе биде најголема жртва, но со своето идиотско однесување кое веќе предолго трае го заслужил тоа што ќе го добие.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2769
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Korumpiraniot Han i pastirot koj go prodava imeto

Пишување by defo on Пон Мај 30, 2016 8:43 pm

трендафил напиша:Веројатно будалетинката Заев ќе биде најголема жртва, но со своето идиотско однесување кое веќе предолго трае го заслужил тоа што ќе го добие.

Само гледајте и од него да не направите народен херој, како од сите досега...Љубе без разлика на тоа колку правеше глупости во 2001, го издигнавте во народен херој, Велија исто, дечките од Левица, јас ќе отворам фондација која ќе собира пари да им се изгради споменик........Споменик  на жртвите на еден од најнемилосрдните режими....И кога утре, задуте ќе ги видам твоите внуци, паравнуци, ќе им речам срамете се од дедови, тој беше подржувач на луѓе кои се обидуваа да ни го уништат животот и државата. Луѓе кои за грст пари би им ставиле и штетни вакцини на сопствените деца. Е дедови, нив ревносно ги бранеше на форуми. Поздрав.

defo

Број на мислења : 1924
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Korumpiraniot Han i pastirot koj go prodava imeto

Пишување by трендафил on Пон Мај 30, 2016 9:03 pm

И понатаму во фашистички стил се ставате над мнозинството од кое бегате од избори. Тоа што за вас секој криминалец е херој е ваш проблем. Ако си од Охрид знаеш како изгледаа болницата во градот и свети Еразмо порано и сега. И како згради и кава опрема имаше во нив. Доколку тоа што го гледаш не му забрануваш на мозокот да го прими. Како ќе им објасниш на твоите внуци дека си бил и против тие болници, против автопат Скопје-Охрид, против фабрики во твојот град, против Плаошник, спомениците на свети Климент и свети Наум ...

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2769
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Korumpiraniot Han i pastirot koj go prodava imeto

Пишување by Гостин on Саб Окт 15, 2016 4:49 pm

Deka Han e korumpiran i saka da gi zashtiti kriminalcite od vlasta vekje e poznato...Nepoznato e zoshto opozicijata ne beshe pocvrste i posilno ne pritisna da se izjasni za kluchnite prashanja...SJO i specijalen sud...

Двосмисленоста на Хан

Еврокомесарот остана доследен во давањето изјави кои треба да се дообјаснуваат, оти оставаат простор за различни толкувања. Од тоа произлегува дилемата - што му беше целта на посетата? Колумна на Зоран Јордановски.

„Веќе видено“ би било најкраткото можно резиме за неколкучасовната посета на Јоханес Хан на македонската престолнина. Откако ги ислуша сите клучни фактори во актуелниот миг на долготрајната политичка криза во Македонија, еврокомесарот надлежен за проширувањето на ЕУ даде изјава во стилот на оние од неговите претходни посети и си замина не оставајќи простор за повеќе од две новинарски прашања. А има толку многу прашања што можеа и мораа да му се постават.
Каква е воопшто неговата улога во процесот за надминување на кризата, откако „шефицата“ за надворешна политика на ЕУ, Могерини, најави дека ги презема работите во врска со Македонија во свои раце? Или откако во процесот беше вклучен германскиот дипломат Рајнхард Прибе за да постави прецизна и сеопфатна дијагноза на „македонската болка“, а работите на лицеместо ги туркаат амбасадорите од неколку водечки западни земји на чело со САД? За да може да ја подготви формулацијата во извештајот за напредокот на Македонија во евроинтеграциите, не мораше воопшто да доаѓа, оти некакви побитни промени во однос на состојбата од пред шест или 12 месеци нема, во секој случај не на подобро. Извештајот секако ќе доцни, а ако биде објавен пред изборите може да биде депласиран по нивното одржување во зависност од начинот на кој ќе бидат изведени, а и од исходот. Значи, останува прашањето што беше целта на неговата посета?

Кој го злоупотребува СЈО?

Дилемата ја поттикнаа и зборовите на Хан пред да си замине. Ќе беше ненормално да не им дадеше подршка на изборите и на процесот за демократизација на земјата преку спроведување на препораките од извештајот Прибе (патем, зошто тој самиот како надлежен еврокомесар не направи таква анализа на состојбата?). Но, залудни беа барањата на претставниците на граѓанското општество Хан да биде конкретен со именувањето на „кочничарите“ на процесот за надминување на кризата и очекувањата за подршка за востановување специјално судско одделение кое би било надлежно само за процесите иницирани од Специјалното јавно обвинителство. Подршка, барем не јавна, не доби ни барањето на СЈО за законско регулирање на положбата на заштитените сведоци и за временско продолжување на мандатот на тоа обвинителство.
Наместо тоа, Хан гласно побара да не се злоупотребува СЈО?! Оваа формулација остава простор за различни толкувања. Доследен на себе, тој не само што не кажа, туку ни не навести како и од кого се злоупотребува тоа обвинителство. Случајно ли е совпаѓањето на поимот што го употреби тој со вокабуларот на партиите од власта, првенствено на ВМРО ДПМНЕ? Како во владеачката партија го сфатија и протолкуваа еврокомесарот покажа еден нејзин медиумски курир (уште додека Хан можеби не беше ни влезен во авионот со кој брзаше да го напушти Скопје) објавувајќи дека Јанева и нејзиниот тим „ги заливаат со квалитетно виски ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ од кариерата како специјални обвинители“. За разлика од зборовите на Хан, од овие крајно недвосмислено произлегува што ќе претстои во случај на изборна победа на актуелната власт.

Како Хан го „одбрани“ СЈО

Има уште едно совпаѓање кое наведува на размислување и буди сомнеж околу мотивите на еврокомесарот. Тој во наводната подршка на СЈО зборува и за тоа дека обвинителството треба професионално да си ја врши работата. Треба ли да потсетувам колку во отровните критики од владејачката партија беше ставена под прашање токму професионалноста на Катица Јанева и нејзиниот тим?
Затоа начинот на кој Хан го „одбрани“ СЈО на прес-конференцијата и неспомнувањето на неопходноста од продолжување на неговиот мандат, востановување специјално судско одделение и донесување закон за заштитените сведоци беше се`, само не и вистинска подршка. Покрај сите можни владини и првенствено правосудни институции, и времето неумоливо работи против СЈО. Огромната задача бара многу време, а на СЈО му беа пропишани само 18 месеци, од кои веројатно ниту еден ден не помина без тоа да се соочи со некаква пречка. Сега СЈО ќе работи со врзани раце најмалку уште во наредните два месеца до предвремените избори, ако во меѓувреме власта не ја одигра и последната карта – да го укине преку решение во врска со неговата (не-)уставност од страна на Уставниот суд (ако таму воопшто има мнозинство за такво решение).

Што не му е јасно на еврокомесарот?

Не сакам да кажам, ниту да претпоставувам дека еврокомесарот сака да го штити криминалот, но не можам да го избегнам впечатокот како тој да сака во Македонија да ги заштити оние кои се обвинети за криминални дејствија. Истиот тој Хан се залагаше за избори со оние партии кои ќе излезат на нив уште во време додека за опозицијата беше актуелен бојкот на изборите! Не ли му е јасно дека во Македонија ќе нема разврска на кризата, туку само нејзино заострување и продолжување на агонијата ако нема и објективна судска разврска на сомничењата и обвиненијата за тешки злоупотреби на власта и организиран криминал? Не ли му е јасно дека нема регуларни и фер избори ако на нив учествуваат сите кои биле вмешани во криминалните дејствија – меѓу нив токму и фалсификување на избори? Не верувам дека не му е јасно. И тоа пак ме враќа на основната дилема: каква цел има еврокомесарот, што и кого брани? Принципите на кои се повикува и се темели ЕУ – сигурно не.
Се` на се`, сметам дека за разврската на кризата Хан би ѝ направил поголема услуга на Македонија ако се држи понастрана, како во изминатите месеци.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Korumpiraniot Han i pastirot koj go prodava imeto

Пишување by luxor on Нед Окт 16, 2016 12:27 pm

Ni Han nema da im pomogne, od niv i gospod krenal race mu se zgadija i nemu nivnite aramilaci.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Korumpiraniot Han i pastirot koj go prodava imeto

Пишување by трендафил on Нед Окт 16, 2016 12:46 pm

Сега ќе излезе дека сите во Македонија се корумпирани освен платениците на Сорос и други невладини и владини организации од земјите што според Верушевски го сочинуваат „чадорот“. Изгледа дека една, за среќа мала група, во Македонија навистина смета дека „природно“ и припаѓа власта. И кога ќе ги загуби изборите. Ако СЈО навистина има „материјал“ за работа, требаше да го одработи во договорениот рок. Не може стално сите договори да се прекршуваат на штета на Македонија и Македонците. Па ни т.н. пржински. Да потсетам и дека вашата омилена обвинителка, Катица Јанева, отпушти двојца обвинители со образложение дека за нив нема работа. Па глупо е после нешто такво да се бара продолжение на мандатот. Да потсетам и дека во предвидениот рок треба само да се подигне обвинение. Судската постапка не е ограничена. СЈО иначе не даде објаснување до сега на едно од основните прашања. Како тоа наводно власта ја прислушкувала опозицијата, а според сите материјали што ги има СЈО изгледа дека е обратно.
Ајде малку и за луѓето што во т.н. меѓународна заедница, односно во делот од земјите што кај нас има и ново име-чадор, се нарекуваат корисни идиоти. Овие платеници што работат против своите држави кај нас изгледа не се корисни за своите газди. Па ако го избришеме тоа корисни, ќе излезе дека се само обични идиоти. Успеаја и покрај несебичната помош на дипломатите и тајните служби на водечките земји од НАТО и ЕУ да го расипат и онака лошиот рејтинг што го имаа.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2769
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Korumpiraniot Han i pastirot koj go prodava imeto

Пишување by Гостин on Нед Окт 16, 2016 5:31 pm

Од сите материјали што ги има СЈО а во кои ти немаш увид изгледа дека пишуваш напамет. Twisted Evil

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Korumpiraniot Han i pastirot koj go prodava imeto

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 2 of 2 Previous  1, 2

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот