Koi rasi kuchinja bi mozhele da gi chuvate vo stan

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Koi rasi kuchinja bi mozhele da gi chuvate vo stan

Пишување by Гостин on Пон Фед 01, 2016 8:36 am

Najgolem problem obichno predizvikuva mitarenjeto...Stanot e poln so vlakna nasekade...No sepak postojat nekoi rasi koi malku se mitarat i mozhete lesno da se spravite so toa...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Koi rasi kuchinja bi mozhele da gi chuvate vo stan

Пишување by Гостин on Пон Фед 01, 2016 8:37 am

Малтезерот е едно од најпопуларните кучиња. Овие кученца тежат најмногу до 4 килограми, многу се темпераментни, интелигентни и игриви. Приврзани се и верни.

Влакната на малтезерот се бели и многу слични на човековата коса. Оние кои се алергични на влакна од животни, овие може многу полесно да ги поднесат.


Малтезерите не ги менуваат влакната сезонски, туку само додека ги чешлате.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Koi rasi kuchinja bi mozhele da gi chuvate vo stan

Пишување by Гостин on Пон Фед 01, 2016 8:38 am

Бишон е уште едно минијатурно кутре со стабилен карактер. Не лае многу, интелигентен е и приврзан. Сака друштво, игри и галење.

Влакната на ова кадраво топче не треба постојано да се чешлаат. Ретко се капе, бидејќи нема силен кучешки мирис, дури и кога е мокро.

За полесно одржување се препорачува кратко стрижење.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Koi rasi kuchinja bi mozhele da gi chuvate vo stan

Пишување by Гостин on Пон Фед 01, 2016 8:38 am

Ши-цу е лесно приспособливо кутре кое не бара многу голема грижа. Она што секојдневно му треба е човечко друштво, љубов и внимание.

Дружељубиво куче кое лесно се сложува и со непознати, деца или други кучиња.

Влакната на ова куче треба да се одржуваат со секојдневно чешлање.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Koi rasi kuchinja bi mozhele da gi chuvate vo stan

Пишување by Гостин on Пон Фед 01, 2016 8:39 am

Јоркширски териер е една од најмалите раси на светот која има силен карактер.

Иако изгледа како кукличка во душата е вистински териер коj прогонува мачки и лае на сè што не му се допаѓа.

Како домашно милениче е многу практично, бидејќи не се митари, но затоа бара навремено одржување и чешлање.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Koi rasi kuchinja bi mozhele da gi chuvate vo stan

Пишување by Гостин on Пон Фед 01, 2016 8:39 am

Пудлицата е најпопуларна меѓу кучињата. Постојат четири големини, а се карактеризира со кратки и виткани влакна.

Пудлите се многу интелигентни, друштвени, активни и љубопитни кучиња. Тие имаат хипоалергени влакна без мирис кои не паѓаат.

Потребно е само секојдневно четкање со метална четка.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Koi rasi kuchinja bi mozhele da gi chuvate vo stan

Пишување by Гостин on Пон Фед 01, 2016 8:40 am

Западношкотски териер е енергично мало суштество полно со дух, сака внимание, интеракција и да биде во друштво на својот сопственик, но сака и многу игри и поголема активност.

Знае да биде и по малку арогантен и тврдоглав. Се труди да биде рамноправен со останатите кучиња од неговата раса, а со мачките воопшто не се сложува.

Доволно е еднаш неделно да се четка и редовно да се стриже.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Koi rasi kuchinja bi mozhele da gi chuvate vo stan

Пишување by Гостин on Пон Фед 01, 2016 8:40 am

Басењ е куче со среден раст кое сака да биде доминантно и манипулативено, а со тоа се препорачува само за искусни одгледувачи.

Не бара посебна нега и одржување. Сами се чистат, а крзното им нема никаков мирис.

Според тоа оваа раса се смета како идеална за луѓето кои се алергични.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Koi rasi kuchinja bi mozhele da gi chuvate vo stan

Пишување by Гостин on Пон Фед 01, 2016 8:41 am

Кинеското куче има две врсти, а попозната е ќелавата раса.

Главата, ушите, опашот и нозете им се покриени со влакна, а на телото имаат само мека и мазна кожа која задолжително треба да се премачкува со крема со заштитен фактор.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Koi rasi kuchinja bi mozhele da gi chuvate vo stan

Пишување by Гостин on Пон Фед 01, 2016 8:41 am

Ласа Апсо е весело и среќно кутре кое живее долго, приспособливо е и добро за чување во семејство со повеќе деца.

Многу е љубопитно и мирно во стресни ситуации. Самостојно е и тврдоглаво.

Има долго влакно кое не му паѓа постојано, но мора да се чешла за да не се заплетка.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Koi rasi kuchinja bi mozhele da gi chuvate vo stan

Пишување by Гостин on Пон Фед 01, 2016 8:42 am

Шнауцер е куче кое го има во три врсти, џуџести, средни и големи. Кучиња со големо срце, храбри, со безгранична љубов кон сопственикот.

Дружељубиви се и нежни, а немаат ни типичен кучешки мирис. Погодни се за дружење и со мали деца.





http://www.crnobelo.com/zabava/zivotinsko-carstvo/21979-kucinja-za-vo-stan-10-rasi-koi-ne-ostavaat-vlakna

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Koi rasi kuchinja bi mozhele da gi chuvate vo stan

Пишување by Гостин on Вто Фед 02, 2016 10:56 am

Stanovite se veke polni so zivotni i kucinjata li da gi zatvorime tamu?

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Koi rasi kuchinja bi mozhele da gi chuvate vo stan

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот