ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Страна 5 of 5 Previous  1, 2, 3, 4, 5

Go down

Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by misterija on Вто Aвг 21, 2018 6:34 pm

Џемчево не требаше да биде овде, ова не е за интересни рецепти..ја утнав работата..ако можете преместете ја во соодветно шпајзче.

_________________
Не излегувам на референдум Razz
avatar
misterija

Број на мислења : 272
Join date : 2016-12-30

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by IVA on Сре Сеп 05, 2018 12:00 pm

Eve interesen recept.

Ручек од само 50 денари: Сите состојки ги имете во кујна, а толку е вкусен што ќе го подготвувате постојано

Во секое домаќинство во секој момент ги има овие три намирници – компири, кромид и јајца. И ако мислите дека од овие состојки не може да се направи специјалитет, се лажете!

Ви донесуваме рецепт за традиционална шпанска тортиља, која се подготвува брзо и лесно, и најдобро – максимално заштедува во домашниот буџет.

Состојки: 4 компири, 1 главица кромид, 4 јајца, масло, сол, бибер

Начин на подготовка:

Излупете ги компирите и исечкајте ги на ситни коцки.

Во тава намастете масло колку да го прекрие дното и загрејте, а потоа ставете кромид и компири. Динстајте додека компирите не омекнат, а кромидот не потемни. Тргнете од рингла и исцедете го маслото, но не го фрлајте.

Јајцата разматете ги во кајгана, а потоа додајте ја смесата од компири и кромид и добро измешајте.

Во тавата повторно ставете го маслото на кое сте ги пржеле компирите и загрејте го, па ставете во смесата од јајца, компири и кромид. Зачинете со сол и бибер по вкус. Оставете да се пржи на тивок оган, задолжително без мешање.

Тавата прекријте ја со чинија, па свртете ја така што сега веќе формираната тортиља ќе остане на чинија, а потоа вратете во тава, како би ја испекле и другата страна.

Исечете на триаголни парчиња и послужете ја топла.

Добар апетит!

https://centar.mk/blog/2018/09/04/ruchek-od-samo-50-denari-site-sostojki-gi-imete-vo-kujna-a-tolku-e-vkusen-shto-ke-go-podgotvuvate-postojano/
avatar
IVA

Број на мислења : 293
Join date : 2016-01-29

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by EVITA on Пон Сеп 17, 2018 12:33 pm

Mnogu interesen recept, so video.


Не, ова не е капка вода! Верувале или не, ова е колач (видео рецепт)

„Rain drop“ или „Дождовна капка“ е кочак кој го создал јапонскиот кувар Дарен Вонг и тоа е голем хит во Јапонија, но и ширум светот.
Оваа „капка“ и нема некој вкус, а оние кои го пробале велат дека колачот е лесен, како и дека имате чувствство како да јадете капка дожд.
Она што исто така е интересно е што овој колач морате да го јадете во рокод 30 минути или тој ќе исчезне.
За негова подготовка потребни ви се:
500 милилитри вода, 15 грама прав агар-агар (вегетаријанска алтернатива на желатин) и 12 грама шеќер.
Подготовка:
Растоврете го агар-агар полека додавајќи вода и загревајте се додека не зоврие. Сипете во сад кој има форма на полутопка и ставете ја капката да се разлади.
Сервирајте со она што најмногу го сакате.



https://kumanovskimuabeti.mk/ne-ova-ne-e-kapka-voda-veruvale-ili-ne-ova-e-kolach-video-recept/

EVITA

Број на мислења : 162
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by IVA Yesterday at 11:29 am

Eve uste eden brz i ednostaven.

Појадок во шолја, ова е се што ви треба:



http://gotvi.mk/2017/09/25/pojadok-vo-solja/
avatar
IVA

Број на мислења : 293
Join date : 2016-01-29

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 5 of 5 Previous  1, 2, 3, 4, 5

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот