ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Страна 3 of 4 Previous  1, 2, 3, 4  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by luxor on Нед Дек 18, 2016 7:40 pm

1. Палачинки од банана



Потребни состојки:

1 банана
2 јајца
Малку цимет

Начин на подготовка:

Измешајте една банана со две јајца, наместо вообичаената смеса за палачинки и наросете со малку цимет. Овие палачинки се брзи, вкусни и најважно од сѐ, тие се необични и поинакви.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by luxor on Нед Дек 18, 2016 7:41 pm

2. Торта со Орео колачиња



Потребни состојки:

Орео колачиња
Шлаг
Млеко

Начин на подготовка:

Изматете цврст шлаг и врз него редете Орео колачиња натопени во млеко во слоеви. Завршете со слој колачиња ненатопени во млеко. Откако сè ќе наредите, ставете го садот во фрижидер. По неколку часа во фрижидер, смесата ќе се стврдне. Исечете ја тортата на коцки и сервирајте.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by luxor on Нед Дек 18, 2016 7:42 pm

3. Брауни колачиња од Нутела



Потребни состојки:

2 јајца
300 г Нутела
60 г брашно

Начин на подготовка:

Во тава, измешајте ги сите состојки заедно и печете ги околу 15 минути.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by luxor on Нед Дек 18, 2016 7:43 pm

4. Колачиња од путер и брашно



Потребни состојки:

Шеќер во прав
Солен путер
250 г брашно

Начин на подготовка:

Путерот, шеќерот во прав и брашното измешајте ги така што да добиете мека смеса за колачиња. Печете го тестото околу 25 минути и потоа исечете го на ленти.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by luxor on Нед Дек 18, 2016 7:43 pm

5. Колачи од путер од кикиритки



Потребни состојки:

1 јајце
200 г шеќер
180 г путер од кикиритки

Начин на подготовка:

Откако ќе ги измешате сите состојки, од смесата направете топчиња, кои потоа ќе ги сплескате. Употребете виљушка за да ги израмните и за да создадете некоја интересна шара на нив. Потоа печете ги околу 12 минути.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by luxor on Нед Дек 18, 2016 7:44 pm

6. Пудинг од лимон



Потребни состојки:

4 лимони
400 г шеќер
700 мл шлаг

Начин на подготовка:

Изрендајте ја кората од лимоните и сварете ја. Потоа, додадете го шеќерот за да направите сируп. Додадете го и шлагот и оставете ја смесата да зоврие. На крај, додадете го сокот од лимон и ставете ја смесата во чаши откако ќе се излади. Ставете ги чашите во фрижидер и оставете ги преку ноќ.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by luxor on Нед Дек 18, 2016 7:45 pm

7. Полнети компири



Потребни состојки:

Компири
Крем сирење
Сланина

Начин на подготовка:

Откако ќе ги испечете компирите, додадете смеса од сирење и сланина и печете повторно.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by luxor on Нед Дек 18, 2016 7:46 pm

8. Чоколадна торта без брашно



Потребни состојки:

6 јајца
320 г чоколадни трошки
6 лажици путер

Начин на подготовка:

Измешајте ги сите состојки заедно така што ќе се создаде изедначена смеса која потоа ќе ја печете 40-тина минути.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by luxor on Нед Дек 18, 2016 7:47 pm

9. Колачиња со путер од кикиритки



Потребни состојки:

80 г чоколадни трошки
50 г путер од кикиритки
прстофат сол

Начин на подготовка:

Откако ќе ги стопите чоколадните трошки, во калап за колачи турете слој чоколадо, потоа путер од кикиритки и повторно чоколадо. Наросете со сол одозгора и оставете ги во замрзнувач околу 30 минути.

http://www.kafepauza.mk/zivot/9-kratki-i-lesni-recepti-od-samo-3-sostojki-koi-kje-ve-nateraat-da-si-gi-izlizhete-prstite/
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by luxor on Нед Дек 25, 2016 10:39 pm

Бомбици со банана и бадеми (посно)

Состојки
1 банана
200 гр бадеми
20 урми без семка
5 суви сливи без семка
3 лажици какао
1 лажица стевиа
кокос или сечкани бадеми за валкање

Ги мелеме бадемите. Бананата, урмите, сливите, какаото и стевиата ги ставаме во Нутрибулет и ги блендираме. Ги соединуваме со бадемите мешајќи со лажица. Формираме бомбици кои ги валкаме во кокос или сечкани бадеми.



http://moirecepti.mk/post/%d0%b1%d0%be%d0%bc%d0%b1%d0%b8%d1%86%d0%b8-%d1%81%d0%be-%d0%b1%d0%b0%d0%bd%d0%b0%d0%bd%d0%b0-%d0%b8-%d0%b1%d0%b0%d0%b4%d0%b5%d0%bc%d0%b8-%d0%bf%d0%be%d1%81%d0%bd%d0%be
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by luxor on Чет Дек 29, 2016 12:26 pm

Maamoul колачи

Некои ги викаат сиријси, некои либански колачи, а на кратко можеме да ги класираме во арапски и да уживаме во нивниот десерт. Доста привлечен и несекојдневен за наше поднебје и припаѓа на суви полнети колачи за кои е потребно исто така специјално калапче со шари за овие колачи. Шарите ги има 2 поголеми и 4 помали, а варијации на овој рецепт повеќе, па оригиналот можиме само на лице место да го пробаме.

Јас се одлучив за овој рецет каде доминира семолина брашно бидејќи го имав одамна купено и чекаше свој момент. Но можеби и гризот ќе заврши добра работа, само треба да се избери ситен да е.
Колачите ми излегоја супер, но наидов и на маани како за прв пат и ќе ги посочам уште веднаш тука на стартот. Имено, полежот со урми ми ја зезна малку работата. Најпрво, пастата од урми не смее да е цврста како што беше мојата. Затоа тука допишав дека треба и вода да се разреди и полнењето во колачите да е е претерано како што јас знаев на половината да го направам, ами умерено, оти при печењето ќе ви се крени низ колачите и ќе ви ја расипи шарата.

avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by luxor on Чет Дек 29, 2016 12:27 pm

Состојки
350 гр семолина брашно
80 гр брашно
прстофат сол
40 гр шеќер
180 гр маслац (маргарин или путер)
2-3 лажици ружина вода или вода од портокал (и ако треба за тестото плус неколку лажици вода)
за полнење
најмногу 200 гр урми
по потреба и желба шеќер во прав
по потреба вода

avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by luxor on Чет Дек 29, 2016 12:27 pm

Измешајте ги сувите состојки, додадете го путерот и тријте го тестото да се спои меѓусебно. Потоа додадете ја ружината или портокал вода и измесете во тесто. Откако добро ќе се помачите и ако забележите дека сепак е суво, внимателно со месење додавајте по 1 лажица вода додека се оформи. Потоа покријте го во садот и оставете го половина час така да одстои.

За тоа време пуштете ја печката на 200С испремете го филот. Урмите изблендирајте ги во паста. Можи да им додадете шеќер во прав, но како што пишав во воведниот дел, внимавајте да не ви дојди како прополис, ами да е како паста, а тоа ќе го регулирате со додавање на вода, а зависи од сочноста на самите урми.

Тестото се премесува убаво. Се зема топче малку поголемо од орев, се сплескува и се полни со фил, па повторно се оформува во топче, а филот останува внатре во средината. Така се става во калапот се набива убаво и потоа се вади формата на колачето.
Се редат во обложен плех со пек-хартија и се печат 20на минути. Се внимава да останат бели и цврсти.
Печени потоа се посипуваат обилно со шеќер во прав.

Овие колачи можат долго да стојат во добро затворена кутија на суво и ладно место, не во фрижидер.

http://moirecepti.mk/post/maamoul-%d0%ba%d0%be%d0%bb%d0%b0%d1%87%d0%b8
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by luxor on Чет Дек 29, 2016 12:28 pm

Жербо шнит

Овој прекрасен Жербо шнит колач е подготвен за Католички Божиќ. Во Хрватска има традиционални Божиќни колачиња кои се подготвуваат редовно за Божиќна трпеза и најчесто се направени вака во слоеви и со убави и богати филови. Па така е и овој Жербо шнит.

avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by luxor on Чет Дек 29, 2016 12:28 pm

Состојки
Тесто
250 гр маргарин
100 гр шеќер
1 ванилин шеќер
2 лажици млако млеко
20 гр квасец
1 јајце
1/2 пециво
450 гр брашно
Фил
100 мл рум
200 гр шеќер
250 гр џем од кајсии
300 гр мелени ораси
чоколаден релив
100 гр путер
100 гр чоколадо за готвење

avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by luxor on Чет Дек 29, 2016 12:28 pm

1. Изматете го маргаринот со шеќерот и ванилата. Потоа додадете го јајцето.
2. Квасецот растопете го во млакото млеко, убаво измешајте и потоа додадете го во смесата од маргарин.
3. На крај додадете го и брашното со пецивото, најубваво предходно да е просејано.
4. Измесете убава и глатка смеса, од меко тесто. Оставете го да мирува околу половина час. Поделете го на 4 дела.
5. Фил - растопете го шеќерот со румот. Потоа доадете го џемот и сето тоа треба малце да се провари. Тргнете од оган и ставете ги орасите и убаво промешајте.
Оставете филот убаво да се олади.
6. Дното на тавчето за печење (35х25см) обложете го со хартија за печење.
7. Расукајте кора со големина на тавчето и ставете ја во плехот. Премачкајте со 1/3 фил.
Потоа расукајте нова кора и ставете ја врз филот. Повторно премачкајте со уште 1/3 фил.
Расукајте нова кора, премачкајте со преостанатиот фил и на крај завршете со кора.
8. Колачот избодете го со чепкалка до дното, на неколку места и ставете го да се пече на 170 степени, околу 35 мин.
9. За глазура- растопете го путерот и чоколадото и прелите врз оладениот колач. Кога глазурата убаво ќе се олади, можете да го исечете колачот.
Големината на колачињата е по ваш избор.

Овој лесен и вкусен колач и вистинско уживање за сите генерации. Лесно се прави, а имате голема количина на колачиња.

http://moirecepti.mk/post/%d0%b6%d0%b5%d0%b1%d1%80%d0%be-%d1%88%d0%bd%d0%b8%d1%82
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by luxor on Чет Дек 29, 2016 12:29 pm

Крцкави бурбон ванилици

Состојки
Тесто
250 гр. брашно
1 пудинг бурбон ванила
1 пакетче бурбон ванила шеќер
50 гр. кафен шеќер
200 гр. путер
За валкање
100 гр. шеќер во прав
1 ванила
По желба
јатки орев

avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by luxor on Чет Дек 29, 2016 12:30 pm

- Се мешаат брашното и прашaкот за пудинг.
- На собна температура омекнатиот путер се изработува со кафениот шеќер да се добие убава компактна смеса. Во него се додава веќе измешаното брашно и се додава Бурбон ванилата.
Се замесува тесто кое е готово откако се собере целото брашно, да не остане ниту една трошка. Пак уште малку се меси, се остава да одмори. Се прават форми по ваш избор.
Се печат во претходно загреана рерна на 18о степени, околу 10-15 мин. Внимавајте да не ги препечете. Оладени извадете од тавката и после нивното потполно оладување, соберете во кутија, затворете...
Напомена
- Ако немате бурбон ванила пудинг тогаш ставете само од ванила со тоа што ќе ставите и обична ванила шеќер, а не бурбон ванила.
- За да ви биде полесно, поделете го тестото. Јас од еден дел направив ваљак, го исеков на повеќе парчиња, на страната каде е пресекот ставив по една јатка од ореви, а едниот дел како што го направив вањакот, со вилушка поминав низ него и ја добив шарата која се гледа, сечев на парчиња. Јас ги направив поголеми, ако за малку ги намалите ќе добиете навистина повеќе парчиња на колачи.
- Крцкави велам дека се бидејки кафениот шеќер не се топи ниту кога се мати со миксер ниту додека се пече, токму тој го дава тој волшебен вкус на непцето.

http://moirecepti.mk/post/%d0%ba%d1%80%d1%86%d0%ba%d0%b0%d0%b2%d0%b8-%d0%b2%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d1%86%d0%b8
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by luxor on Чет Дек 29, 2016 12:30 pm

Новогодишни елки крофни (печени)

Состојки
За крофни
2 јајца
450гр брашно
75гр путер
75гр шеќер
1 коцка квасец
150 мл кисела вода
1 кесичка зелена прехрамбена боја
За премачкување
70 гр путер
4 лажици кристал шеќер
Чоколаден прелив
1 кесичка шеќерни топчиња во разни бои
За полнење
По желба крем или џем

avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by luxor on Чет Дек 29, 2016 12:31 pm

Сакав да пробам помалце калорични крофнички, притоа ги правев со мед наместо шеќер. Печените се нешто потешки во смисла на полебести од пржените бидејќи ја немаат онаа воздушеста текстура но и тие се убави доколку не сакате да ги /удавите/ во масло. Затоа направив дел пржени дел печени од оние стандардните форми, но тоа сега не е важно!
Најпрво го ставаме квасецот во млака вода да нарасне. Потоа замесуваме тесто, при крајот ја раствораме бојата во малку вода и ја вметнуваме во тестото. Оставаме да нарасне дупло. Развлекуваме подебела кора и со форми за правење колачиња правиме елкички. Оставаме и овие да нараснат дупло од својата големина и печеме во загреана рерна на 180степени.
Откако ќе се испечат ги вадиме и додека се топли ги премачкуваме со стопен путер и поросуваме со шеќер. Потоа правиме мали дупки со нож и украсуваме по желба.
Полнењето е по ваша желба.

http://moirecepti.mk/post/%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%be%d0%b3%d0%be%d0%b4%d0%b8%d1%88%d0%bd%d0%b8-%d0%b5%d0%bb%d0%ba%d0%b8-%d0%ba%d1%80%d0%be%d1%84%d0%bd%d0%b8-%d0%bf%d0%b5%d1%87%d0%b5%d0%bd%d0%b8
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by luxor on Чет Дек 29, 2016 12:31 pm

Домашни шишарки

Состојки
Основа
300 гр шеќер
8 лажици вода
150 гр мелени ореви
150 гр мелени бисквити
100 гр маргарин
2 лажици какао
За украсување
1 кутија житарки за ливчиња

Ставете го шеќерот и водата да зоврие. Нека врие две-три минути.
Тргнете го настрана и ставете го маргаринот. Промешајте да се стопи. Додајте го какаото, оревите, бисквитите и оставете ја смесата да се излади.
Правете конусовидни форми со големина по желба. Мој совет, подобро е да се помали.
Сега, почнете со редење на ливчињата, одоздола па нагоре, малку забодувајќи ги во смесата.
Пред да ги извадите на маса, можете да ги наросите со шеќер во прав да добијат снежен ефект.
Смесата не мора да е оваа, формата можете да ја направите од било која касато смеса, по ваш вкус.

http://moirecepti.mk/post/%d0%b4%d0%be%d0%bc%d0%b0%d1%88%d0%bd%d0%b8-%d1%88%d0%b8%d1%88%d0%b0%d1%80%d0%ba%d0%b8
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by TRAJCHE on Пет Јан 06, 2017 2:49 pm

interesno
avatar
TRAJCHE

Број на мислења : 104
Join date : 2016-11-20

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by TRAJCHE on Пет Јан 06, 2017 2:49 pm

ajde i ja da probam da napravam neshto .
avatar
TRAJCHE

Број на мислења : 104
Join date : 2016-11-20

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by Teo on Вто Фед 21, 2017 5:28 pm

9 најчудни специјалитети кои постојат ширум светот

Дали би пробале една од најотровните риби на светот, овчо сирење со ларви од инсекти или змиско вино? Секој народ има свои специјалитети, а денес ви прикажуваме дел од најнеобичните јадења кои постојат во светот.
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by Teo on Вто Фед 21, 2017 5:29 pm

1. Санаки, жив октопод (Кореја)

Октоподот се сече на парчиња додека сѐ уште е жив, се прелива со масло од сусам и веднаш се сервира. Можете да видите како сѐ уште мрда додека стои во вашата чинија. Јадењето жив октопод не само што е ментален предизвик затоа што ќе морате да се соочите со фактот дека вие јадете нешто што сѐ уште мрда, туку исто така и физички затоа што ќе морате малку да се борите со вашата храна за да го почувствувате нејзиниот вкус.
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 3 of 4 Previous  1, 2, 3, 4  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот