Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Смреката е лек за многу болести

Go down

Смреката е лек за многу болести Empty Смреката е лек за многу болести

Пишување by Гостин Пон Фед 08, 2016 6:18 pm

Лековитоста на смреката одамна е позната и таа многу повеќе се употребува во народната медицина отколку во класичната.
Целото растение од смреката е лековито, но најчесто се користат плодовите. Лековити се само зрелите плодови кои имаат виолетова боја и кои се двегодишни, а пак едногодишните зелени плодови не треба да се користат. Се берат од крајот на летото до почетокот на зимата, а се сушат на добро проветрени места и често се превртуваат.

Смреката е лек за многу болести Smrekata-e-lek-za-mnogu-bolesti

Берењето трае многу долго ако се берат со рака, па затоа се препорачува под дрвото да се стави простирка и тоа да се тресе.
После сушењето треба да се отстрани цела нечистотија, иглички, гранчиња и слично, како и зелените плодови.
Игличките и младите гранки се берат од април до крајот на јуни, се ситнат и се сушат на ист начин како плодовите.
Цветовите се ситни и се наоѓаат под листовите.
Народот смреката најмногу ја користи како лек, но и за произведување на ракија.


Смреката е еден од најпознатите и најупотребуваните лекови без кои не може да се замисли ни еден дом. Народот ја употребува за лечење на многу болести, за надворешна и за внатрешна употреба: како диуретик, против настинки, кашлици, водна болест, гонореја, астма, за стомак, потење и слично.

Надворешно се употребува во облик на шпиритус или како силна ракија која се употребува за облози и триење против настинки, ревматизам и слични болести.


Смрековачата е надалеку позната ароматична ракија. Се употребува како домашен лек и како дезинфекциско средство.
Во мали дози етеричното масло на смреката покрај другото го олеснува искашлувањето. Тоа служи и за инхалација при заболување на органите за дишење и како средство за дразнење на кожата.

Смреката има бактерицидно средство па затоа се користи за лечење на инфективни болести на белите дробови.
Ја регулира работата на бубрезите и го стимулира мокрењето.
Етеричното масло длабоко продира во кожата па затоа се користи за лечење на ревматски заболувања, особено на зглобовите.

Ја регулира работата на органите за варење и се користи за лечење на воспалителни процеси на желудникот и цревата.
Варилото од иглички и млади гранки ги отстранува отоците на нозете и ја подобрува циркулацијата.

Смреката треба внимателно да се користи, бидејќи нејзината претерана употреба може да доведе до оштетување на бубрезите.
Во продолжение информирајте се како се прават одредени лекови од смрека во комбинација со други тревки.


Чај против цревни грчеви

Добро измешајте еднакви количества смрека, пелин, ајдучка трева и цвет од камилица, па 2-3 лажици од оваа мешавина прелијте со 2-3 филџани зовриена вода. Состојките оставете ги поклопени 5-10 минути, потоа исцедете го чајот и пијте го незасладен.

Смрека против главоболка

Добро издробете ги плодовите од смреката, ставете ги на челото и главата добро заврзете ја со крпа. Поседете со облогата на челото половина час.


Смрека против болести на црниот дроб, желудникот, водни болести, за јакнење на имунитетот

На утро 1-2 часа пред појадок треба убаво да се изџвакаат и да се изедат 3-5 плодови од смрека.
Подгответе чај со прелевање на грст издробени плодови од смрека со 1 литар зовриена вода.
Од овој чај се пие 5 до 6 филџани дневно.

За подобар апетит и за подобро варење на храната

Подгответе компот од плодови од смрека со додаток на шеќер по вкус, па изедете ги плодовите, а течноста испијте ја. Ова правете го додека не се подобри апетитот.  


Смрека против шеќерна болест

Користете сок од смрека разреден или незасладен чај подготвен од плодови од смрека.
Добро измешајте по 10 грама плодови од смрека, ленено семе, вирка, ждраљ и лист од боровинки, па 3 лажици од смесата прелејте со 0,5 литри ладна вода. Оставете ги да отстојат преку ноќта и другиот ден загрејте ги и варете ги 5 минути откако ќе зоврие водата. Чајот оладете го, исцедете го и пијте го незасладен пред секој оброк по една чаша.

http://mojportal.mk/smrekata-e-lek-za-mnogu-bolesti

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смреката е лек за многу болести Empty Re: Смреката е лек за многу болести

Пишување by Гостин Пон Фед 08, 2016 6:22 pm

Daj od rakijata da ja probame. Uste podobro dostavi i na Osa u meanata pa moze nema da bankrotira. Very Happy

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот