Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ОЧИТЕ МОЖЕ ДА ВИ ГИ ОТКРИЈАТ ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОБЛЕМИ ВО ТЕЛОТО

Go down

ОЧИТЕ МОЖЕ ДА ВИ ГИ ОТКРИЈАТ ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОБЛЕМИ ВО ТЕЛОТО Empty ОЧИТЕ МОЖЕ ДА ВИ ГИ ОТКРИЈАТ ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОБЛЕМИ ВО ТЕЛОТО

Пишување by osa Вто Дек 15 2015, 22:56

Здравствени проблеми кои може да ги откриете преку очите


Само преку гледање на нечии очи, можеме да видиме артерии, вени и нерви, кои се рефлексија на она што се случува со нашето тело, смета очниот специјалист Раул Курана од северна Калифорнија.


Токму затоа, офталмолозите препорачуваат редовна контрола на очите, кои може да ни покажат низа здравствени проблеми. Во прилог ви прикажуваме неколку потенцијални проблеми кои може да ги препознаете преку очите:

Под стрес сте

Сте забележале ли дека навечер видот ви се поматува? И верувајте дека тоа не е само од долгото седење пред компјутер. Стресот е поврзан со течност под мрежницата на окото, која се поврзува со гледањето. Речиси 37% од луѓето кои страдаат од поматен вид се справуваат со одредени стресови во животот. Добрите вести се дека видот ќе ви се подобри за три до четири месеци.

Висок крвен притисок

Хипертензијата е позната и како „тивок убиец“ бидејќи може да доведе до срцеви болести или удар. Високиот крвен притисок нема некои очигледни симптоми, освен очите. Ако имате висок притисок, вашите крвни садови во мрежницата ќе бидат проширени, а со тоа се закануваат и проблеми со поголемите крвни садови поврзани со мозокот, бубрезите и срцето. Штом вашиот доктор го забележи ова, посетете кардиолог. 

Треба почесто да јадете моркови

Ако имате потешкотии при гледањето навечер, можеби треба да консумирате портокалов зеленчук и протеини. Проблемите при гледањето навечер се јавуваат кај луѓе кои имаат недостаток од витамин А, кој може да се најде во морковите, компирот, спанаќот и говедското месо.

Патите од воспаление

Се разбудивте со чешање и црвени очи иако спиете по 8 часа на ден и избегнувате алкохол? Најверојатно имате воспаление на очите или на некое друго место.

- Кога воспалението се прикажува преку очите, најчесто покажува на други проблеми, смета д-р Курана.

Проблеми со тироидната жлезда

Ако често се соочувате со „ококорени очи“, тогаш најверојатно вашата тироидна жлезда лачи хормони кои ги напаѓаат мускулите и ткивата на очите. Жените се особено изложени на овој ризик, дури 6 пати почесто од мажите.



IQ е импресивно...или пак не?!

Дали бевте одлични на училиште? Крвните садови во вашата мрежница можеби се виновни за тоа. Една студија откри дека изгледот на крвните садови може да ги одреди вашите когнитивни способности. Во истражувањето се набљудувале крвните садови на ретината на луѓе во 30-тите и се покажало дека луѓето со потенки садови биле подобри при вербалното разбирање и имале подобра меморијата, додека оние со пошироки имале пониски IQ резултати.

Имате дијабетес

Многумина патат од дијабетесот, но на многу мал процент им е дијагностициран. Едно истражување спроведено минатата година, покажа дека најдобро може да се дијагностицира дијабетесот преку детален очен преглед. Тоа е така, затоа што нивото на шеќерот може да се манифестира на неколку места во очите, при што ги ослабува крвните садови во мрежницата. 

Имате алергија

Вдишувањето на полен или влакна од миленичиња може да ги затне синусите и да предизвика реакција на воспалување на очите. Тоа може да се манифестира со црвени и солзливи очи или со темни кругови околу очите. Сепак, овој е еден од полесно решливите проблеми.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16510
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот