БЕБИЊА

Страна 1 of 3 1, 2, 3  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

БЕБИЊА

Пишување by Гостин on Вто Фед 09, 2016 4:47 pm

Подгответе се за првите бебешки чекорчиња

Моментот кога детето ќе се исправи и за прв пат ќе прооди е во суштина комбинација од повеќемесечни обиди и грешки, како и доказ дека бебето конечно ги усвоило најкомпликуваните движења кои човечкото тело е способно да ги изведе – исправено одење.

За бебето да оди, главата и телото треба да ја вкучат и ускладат работа на голем број на мускули, од стомакот и рацете до вратот и главата. Потребно е притоа да се одржува рамнотежа и способност и знаење како да се стои на една нога додека другата оди напред.



Почитувајте го темпото

Родителите не секогаш се свесни дека е потребно време за целиот тој процес да се случи и забораваат дека детето само го одредува своето темпо на проодување. Иако родителите сакаат нивните деца да проодат што побрзо, тоа не се случува секогаш кога тие сметаат дека е време. Овој притисок најчесто доаѓа од околината во која се случува врсниците на вашето бебе веќе одамна да имаат проодено, но треба да знаете дека моментот кога вашето бебе ќе прооди не е никаков знак за детската интелигенција ниту пак е во прашање вашата способност како родители.

Детето ќе прооди кога ќе биде подготвено за тоа. Најчесто ги прави првите чекори околу 12-от односно 14-от месец од животот на бебето. Меѓутоа, можно е вашето бебе да прооди и на 9 или дури на 18 месеци.

Поттикнување

Дури кога нервниот систем, коските, мускулите и зглобовите се доволно зрели, детето ќе се одлучи за првите чекори. Тоа понекогаш се случува како подигнување од повеќемесечното лазење, а пак некои деца знаат да ја скокнат фазата на лазење, па од седечка положба, веднаш преминуваат на одење.

Без разлика дали ќе го поттикнете 12-месечно бебе да престане да ползи и да почне да оди или ќе го спуштате 8-месечно дете од стоечка во положба за ползење бидејќи се плашите да ги пуштите децата толку рано да проодат, единствениот можен совет кој може да се даде на родителите е всушност многу едноставен. Создадете поттикнувака атмосфера за детето во која тоа ќе има сигурност и дома да се впушти и да ја покаже својата вештина на одење.

Подготвеност

Во тоа клучна е иницијативата на самото дете. Помеѓу осмиот и десетиот месец децата се толку желни за нови сознанија и вештини што ги прави способни да може да се придржуваат за мебелот кој им служи за подигнување во исправена положба. Тогаш не треба да го терате детето да оди без придржување, бидејќи ‘цврст придржувач’ е нормален дел од оваа фаза.

Стимулирањето е секако добродојдено.На пример, ставете ја омилената играчка на детето на столицата која е еден метар одалечена од детето или викнете го накај себе и при тоа изведувајте интересни звуци. Во оваа фаза внимавајте на детската сигурност. Бидете блиску до детето и тргнете ги тешките работи од столицата, масата или завесите низ кои детето би можело да се сопне.

http://bebeboom.mk/podgotvete-se-za-prvite-bebeshki-chekorchina/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: БЕБИЊА

Пишување by Гостин on Вто Фед 09, 2016 4:48 pm

Дознајте дали вашето дете е спремно за во градинка



Дали одењето во градинката е неопходна за секое дете?

Одењето во градинка е потребно за детето, веќе кога ќе наполни 4 години, кога малите почнуваат да се интересираат за дружење со други деца. При тоа, им се намалува интересирањето за возрасни, па затоа немојте да се чудите ако вашето дете веќе не е заинтересирано да биде само во ваше друштво или со баба и дедо. Најдобро би било, иако не сте вработени, детето да го запишете во градинка, евентуално на полудневен престој.

“Бабин сервис“ или градинка

Предноста која ја имате кога вашето дете е чувано од страна на баба и дедо е секако парите кои ќе ги заштедите. Зближувањето на детето со баба и дедо претставува уште една предност. Но, секоја мајка знае дека грижата за своето дете секојдневно од 8-10 саати, е навистина исцрпувачка. Тука постои уште еден проблем, а тоа е дека детето може да постане и размазено. Доколку баба и дедо постојано го осипуваат со подароци, при тоа ако се занемари дисциплината и правилата кои сте му ги поставиле, тогаш не се добри за оваа работа.

Дали вашето дете е спремно за во градинка?

Најчеста дилема кај родителите е всушност за правото време кога детето треба да тргне во градинка. Но на ова прашање, потешко е да се даде правиот одговор. Некое дете е подготвено за во градинка на 2 и пол годишна возраст, а некое не е подготвено на 5 години. Повеќето педагози, советуваат дека детето не треба да појде во градинка пред својата 3 година од животот бидејќи потешко би ја прифатило оваа промена. Како показатели дека вашето дете е подготвено за во градинка се доколку бара да прави нешто самостојно, доколку останува подолго време кај баба и дедо или роднини без да ги бара своите родители и доколку постојано поставува прашања, т.е љубопитно е и сака да си игра со други деца.

Дали вашето дете е спремно за разделување?

Поаѓањето во градинка е голем и важен настан за детето, бидејќи го прави првиот чекор за разделување од семејството. Некои деца ваквото разделување го доживуваат полесно, а други пак даваат отпор и стануваат очајни. Доколку детето и претходно се одвојувало од своите родители и поминувало подолго време кај баба и дедо, полесно ќе го прифати одењето во градинка. Но, доколку доживеало непријатно искуство во однос на одвојувањето од родителите, можно е поради тие трауми, потешко да го поднесе одењето во градинка.

Колку е важен колективот во градинка за вашето дете?

Колективот е особено важен за вашето дете. Што порано научи како да функционира во група, полесно ќе се вклопи во душтвото. Кога ќе појде во градинка, вашето дете ќе научи како да се однесува со своите врсници, при тоа ќе му се развие чувство на припадност, ќе научи како да го “чека својот ред“, да дели играчки… При тоа, спонатно ќе учи и од другите деца, ќе започне да ги проценува своите вредности и слабости и навремено ќе сфати дека не се сите деца исти. Ова е особено важно за запознавање на возрасните понатака во животот.

http://bebeboom.mk/doznajte-dali-vasheto-dete-e-spremno-za-vo-gradinka/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: БЕБИЊА

Пишување by Гостин on Вто Фед 09, 2016 11:11 pm

I sto ke poseat vo gradinkata? Budzetcinja?

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: БЕБИЊА

Пишување by Гостин on Нед Фед 14, 2016 12:27 pm

Aвторитетот на родителите



Детето во повеќето случаи ги следи неговите родители. Па тоа значи дека вие како родител мора да го имате и да го задржите својот авторитет.

Детето треба да го воспитувате пред се на начин да ја почитувате неговата личност. Не смеете да го навредувате, понижувате или да ги гушите неговите чувства, независноста и активностите. Но во исто време треба да ги поставите условите и обврските кои детето треба да ги исполни.

Бидете доследни во своите постапки, но исто така и трпеливи и тактични. Треба да знаете дека треба темелно да се грижите за детето. Детето ќе стекне доверба во вас, ако почувствува дека може да се потпре на вас во секое време.

Да поставите авторитет, не значи дека треба да му командувате на детето и од него да очекувате да ве слуша и да прави се што вие ќе му кажете. На овој начин многу брзо можете да го загубите авторитетот во очите на вашето дете. Детето не се воспитува на начин на кој вие само му командувате, а тоа ги извршува вашите команди. Детето само мора да свати што смее, а што не. Тоа може да го постигнете само со многу трпение и труд. Доколку му викате на вашето дете, му забранувате или уште полошо, го тепате, ќе постигнете само спротивен ефект. Тука родителите најмногу грешат. Во овие ситуации децата не ги разбираат нивните грешки и најчесто не се свесни за нив.

На своето дете треба да му го дадете неговото слободно време. Не мора секогаш да следите што прави, каде си игра и секоја мисла да му биде онаа што вие ќе ја кажете. На овој начин детето го губи неговото его и станува несамостојно и има чувство на помала вредност. На детето не му се допаѓа да биде без родител, но понекогаш тоа треба да биде само за да има доверба во себе. На овој начин тоа создава независност.

Мудро искористете го авторитетот кој сте го создале, но со многу љубов и грижа. Немојте да се изживувате над своето дете. Дозволете му понекогаш да направи некои одлуки за себе. Слушајте го вашето дете и помогнете му да ги постигне целите кои си ги поставило.

http://boza.mk/2016/avtoritetot-na-roditelite-2/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: БЕБИЊА

Пишување by Гостин on Саб Фед 27, 2016 4:30 pm

Зошто треба да се избегнува користењето на дубак



Првата година од животот на бебето е периодот на најинтензивен моторен развој што се одвива по определени природни закони. За секоја нова моторна активност која што бебето ја совладува постојат одредени временски периоди кога таа се усвојува. Ако се пропушти вистинскиот момент или ако се пристапи погрешно детето многу потешко ќе може да ја совлада новата моторна вештина.
Поставувањето на детето во исправена положба при ставањето во дубаче при што неговата тежина ја носи долниот дел од телото ( карлицата и нозете- кога детето се обидува да допре со ноџињата на подот и да се оттурне во дубакот ), според повеќето педијатри, е сосема погрешно бидејќи детето не е доволно зрело за таа моторна активност. Доколку бебето се става во дубаче во периодот од неговиот шести месец тоа ќе се обидува да се оттурне со нозете допирајќи се во најмала рака со врвовите на прстите од нозете на подот со испружени колена, а токму таа позиција може да има негативни последици по моторниот развој на детето.
Честото користење на дубакот и тоа во раната детска воздраст ( пред седмиот месец ) може да предизвика подоцнежна појава на деформитети на нозете и рбетниот столб. Бебешките стапала не се во целост развиени, меката рскавица допрва се дооформува и мускулите се зацврстуваат- затоа делувањата однадвор и поставувањето на бебето во позиција за која што не е подготвено да биде може да доведе до промени во извесни промени во мускулната и коскената структура.
Иако кај многу бебиња чии што родители се одлучиле да го употребуваат дубакот како помошно средство за поттикнување на одот не се забележани никакви негативни последици, сепак добро е да се знае дека сепак постои извесен ризик прераното поставување на бебето на нозе и форсирањето на одот можат да ги оштетат и искриват меките ткива во телото на бебето и да се постигне крајно спротивен и непосакуван ефект.

http://mama365.mk/zosto-treba-da-se-izbegnuva-koristenjeto-na-dubak/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: БЕБИЊА

Пишување by Гостин on Саб Фед 27, 2016 4:33 pm

Дубаче – само ако мора



Дубачињата изгледаат сосема неодоливо, шарени се, супер интересни за децата бидејќи во нив може да се движат се додека не проодат самостојно. Интересни им се и на мајките бидејќи детето е задоволно, а да не зборуваме за драгоцените мигови на самостојност. Идеално е и за мајката и за детето. Сепак на што треба да се припази ако се одлучите да користите дубак.

Бебето сака да го истражува светот околу себе и тоа обично околу 10-от месец почнува да се исправува придржувајќи се за столиците, масите, мебелот по дома. Овие први обиди за исправување и стоење на свои нозе поставува темел за идното одење и моторички развој. Родителите притоа сакаат да им овозможат поддршка, но сигурно се прашувате што значи вистинска поддршка. Можеби во оваа фаза добро би се вклопил дубак на четири тркалца? На таа мисла ќе дојде секој родител, но вреди да се знае кои опасности се скриени на ова помагало и на што треба да се внимава ако сепак одлучите да го користите.

Предности на дубакот

Во време кога бебето учи да оди, дубакот му дава одредена сигурност бидејќи со него може да ги направи првите чекорчиња, а да не падне.
Дубачето му овозможува на бебето брза достапност на поголем простор.
Има место на дубакот каде може да си ги вози своите омилени играчки со себе.
Има вградени играчки и музика која може да биде многу интересна на него.

Маaни на дубакот

Една од маните на дубаците е сигурно брзината која бебето во него може да ја постигне. Кога ќе се залета, детето може да се забрза и до 10 km/h и на тој начин може да се ‘забие’ во мебелот, да истрча низ скалите или да се судри и да се повреди.
Дубачето може да му штети на моторичкиот развој на детето. Имено, кога не е во дубакот, детето паѓа користејќи природни рефлекси кои не може да го користи додека е во дубак. Исто така со помош на стапалата се одбива на неприроден начин наместо да ги јакне стапалата оптеретувајќи ги со тежината на телото.
Во некои случаеви употребата да дубакот може да доведе и до проблеми со грбот, поместување на зглобовите на ногата, стапалата или куковите од основната положба или повреда на мускулите.
На што да припазите при употреба на дубак

Вие самите треба да одлучите дали дубакот е вистинско решение за вашето дете, но ако се одлучите за него сепак внимавајте на следново:

Не ставајте го детето повеќе од 15минути дневно во дубак.
Внимавајте кога е во него да ги користи и нозете, а не само да се вози.
Секогаш имајте го вашето дете на око додека е во дубак.
Важна е висината на дубакот односно можноста за подесување на висината која ќе одговара на потребите на вашето дете.
За одење во неа користете чевлички бидејќи на тој начин детето ќе добие потпора и стабилност додека се бутка.

Постои алтернатива на дубак!

Наместо дубак можете да набавите и количка за буткање, за која детето може и да се вози во нив. Тоа не му пречи на моторичкиот развој и детето со неа може да тренира правилно.

Важно е само да се внимава на детето додека ја користи бидејќи таквата количка на буткање може да прибегне додека бебето се обидува да се исправи, придржувајќи се на неа.

http://bebeboom.mk/dubache-samo-ako-mora/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: БЕБИЊА

Пишување by Гостин on Саб Фед 27, 2016 4:35 pm

Чекор по чекор - без дубак

Децата кои извесен период поминале во стојалки често паѓаат кога проодуваат, бидејќи не ја совладале рамнотежата, затоа што изостанале ситуациите во кои учат да го балансираат телото



Родителите често прават се' за нивното дете  да прооди. За да го постигнат тоа, купуваат разни справи како што се дубаците и стојалките. На производителите на детска опрема тоа им оди од  рака, па со добра реклама лесно ги убедуваат родителите дека таквите предмети им се неопходни.
Првата година од животот е период на најинтензивен моторен развој на детето и се одвива по одредени природни законитости. За секоја нова моторна активност постојат одредени чувствителни периоди кога таа се усвојува. Ако се пропушти вистинскиот момент, детето никогаш  не може тоа на тој начин да го научи.
Мозокот ги памети движењата кои се завршуваат успешно и по одреден број повторувања ги претвора во автоматизам. Ако не е така, секое  утро  кога  се будиме би морале од почеток да учиме како се мијат забите или како  се врзуваат врвките. Меѓутоа, мозокот не е во состојба да прави разлика помеѓу добри и лоши шеми. Затоа  е многу важно родителите во најчувствителниот и  најважен  период од моторниот развој на детето да направат што помалку штета за да му овозможат шанса максимално да ги развие своите природни потенцијали.

Акција во несакан правец

Со ставање на детето во дубак се нарушува нормалниот моторен развој и тоа  развива одредени лоши шеми на движење, кои подоцна не може да ги  промени. Некои лекари сметаат  дека околу половина час дневно поминат во дубак не може да му штети на детето. Меѓутоа, практиката покажува поинаку. Замислете како се чувствува детето кое за првпат се обидува  да  се задржи во исправена состојба ? Само што ќе научи некое искуство, вие  го ставате во дубак, макар и на кратко. Потоа го вадите токму кога сфатило како таа справа функционира и тоа трае неколку месеци.

Несмасност како последица на дубакот


Овие се очигледни  последици и проблеми со кои ќе се сретнат родителите на децата кои  користеле справи за помош при одење. Но нивната среќа  е многу поголема бидејќи кај децата поттикнуваат природен  нагон  за одење попречувајќи го природниот психомоторен развој. Американски истражувања покажаа дека децата кои користеле дубак со голем „послужавник“ на кој си играле со  играчки, подоцна почнале да седат, да одат, а имало и деца кои не го користеле.

Принудувањето го нарушува природниот тек


Поставувањето на детето во исправена состојба со ставање во дубак,  при што  тоа се потпира на нозете пред да биде доволно зрело за тоа,  може  да доведе до деформитет на нозете и рбетниот столб.
Стапалата на бебињата  не се целосно развиени со раѓањето. Меката р'рскавица, наместо коска и мускулите кои допрва се развиваат, со дејствувањето на надворешноста можат да се оштетат и да се искриват, што се случува со прераното поставување на нозе и со принудување да оди. Ако во стојалка ставите дете од шест месеци, тоа ќе стои потпирајќи се со врвовите  на прстите на подлогата со искривени колена, што има негативни последици за моторниот развој бидејќи здравото дете ги протега колената дури со седум месеци.

Со ползење до балансирање

Децата кои извесен период поминале во стојалки кога проодуваат често паѓаат, бидејќи не ја совладале рамнотежата затоа што изостанале ситуациите во кои  учат да го балансираат телото. Така, имаат тешкотии при станувањето, затоа што им е скратено тоа искуство. Ако  го набљудувате детето како од четириножна положба се крева во исправена, ќе видите со колку напори го прави тоа и колку обиди му се потребни за да се исправи. Кога  ќе успее, на неговото лице се појавува неверојатен израз на среќа. Сите деца кои не поминале низ фазата на ползење имаат проблеми во одењето при совладување на препреките, се наведнуваат на ѕидовите и на праговите и најчесто паѓаат на глава бидејќи  не научиле да се задржат на раце.

http://www.ringeraja.mk/statija/chekor-po-chekor---bez-dubak_1178.html?page=1

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: БЕБИЊА

Пишување by Гостин on Саб Фед 27, 2016 4:41 pm

Stavljanje deteta u dubak



Dok iščekuju porođaj roditelji jedino žele da sve dobro prođe i da dete bude živo i zdravo. Kada se to ostvari vrlo brzo od deteta očekuju da ono radi iste stvari kao i druga deca, a često da to bude bar malo pre ostalih, kako bi mogli da se time pohvale. Najočigledniji primer je situacija kada čine sve da njihovo dete što pre prohoda. Da bi to postigli kupuju i koriste razne sprave, dubak, skakalice, hodalice. Proizvođačima dečije opreme to ide na ruku pa uz dobru reklamu lako ubede roditelje da su im ove stvari neophodne.

Prva godina života je period najintezivnijeg motornog razvoja deteta i odvija se po određenim prirodnim zakonitostima. Za svaku novu motornu aktivnost postoje određeni senzitivni periodi kada se ona usvaja. Ako se propusti pravi trenutak, dete nikada to više neće moći na taj način da nauči.

Mozak pamti pokrete koji se završe uspešno i nakon određenog broja ponavljanja pretvara ih u automatizme. Da nije tako svakog jutra kad se probudimo morali bi smo iz početka da učimo kako se peru zubi ili vezuju pertle. Međutim, mozak nije u stanju da pravi razliku između dobrih i loših šema, zato je jako važno da u ovom najosetljivijem i najvažnijem periodu motornog razvoja napravimo što manju štetu, kako bismo detetu pružili šansu da do maksimuma razvije svoje prirodne potencijale. Kada se spolja umešamo i poremetimo normalan motorni razvoj, što se događa stavljanjem deteta u dubak, ono razvija određene loše šeme kretanja koje kasnije ne može da promeni.

Povremeno kratko korišćenje dupka samo zbunjuje bebu

Jedan broj lekara preporučuje boravak u dupku na neko ograničeno vreme, kažu da pola sata dnevno ne može da škodi. Zamislite situaciju u kojoj učite neku novu motornu veštinu, npr. da vozite auto i to radite na jednom konkretnom automobilu koji ima standardne komande. Svi koji su učili vožnju dobro znaju koliko im je u prvim pokušajima trebalo predznanja, koncentracije, pomoći druge osobe, a opet se vrlo često se dešavalo da auto ode u neželjenom pravcu. Pretpostavimo da ste u toku učenja morali povremeno makar i na kratko da vozite auto sa komandama koje su nestandardne kao što su automobili prilagođeni osobama sa posebnim potrebama. Da li biste bez problema i sa lakoćom vozili oba automobila?

Verovatno bi se događalo da bezuspešno pokušavate da zaustavite autu pritiskanjem noge na mesto gde treba da bude kočnica iako nje tamo nije bilo. Tako se oseća dete koje po prvi put uči da održava uspravan položaj i taman nešto iskustvom nauči a vi ga ubacite u dubak, a onda ga ponovo izvadite kada je shvatilo kako ta sprava funkcioniše, pa tako naizmenično nekoliko meseci. Možda ovaj primer nije najadekvatnije poređenje ali samo zato što je vašem detetu u toj situaciji mnogo teže nego vama u bilo kojoj sličnoj.

Deformiteti do kojih korišćenje dupka može dovesti


Postavljanje deteta u uspravan položaj stavljanjem u dubak pri čemu se ono oslanja na noge pre nego što je dovoljno zrelo za to, može da dovede do pojave deformiteta nogu i kičmenog stuba. Bebina stopala nisu u potpunosti razvijena na rođenju, mekana hrskavica umesto kostiju i mišići koji se tek formitaju, delovanjem spolja mogu da se oštete i iskrive što se dešava preranim postavljanjem na noge i forsiranjem hoda. Zbog nedovoljne čvrstine može doći do deformiteta stopala, kolena i kičmenog stuba.

Ako stavite u dubak bebu od 6 meseci ona će stajati oslanjajući se vrhovima prstiju o podlogu opruženih kolena, što će imati negativne posledice po motorni razvoj jer zdravo dete opruža kolena tek sa sedam meseci.

Dubak sputava pravilan psiho-motorni razvoj



Deca koja su provela neko vreme u hodalici, kada prohodaju često padaju jer nisu ovladali ravnotežom pošto su izostale situacije u kojima se dete uči da balansira telom. Takođe imaju poteškoće pri ustajanju jer su uskraćeni za ovo iskustvo. Ako posmatrate bebu kako se iz četvoronožnog položaja podiže u uspravan, videćete sa koliko napora ona to čini i koliko pokušaja joj je potrebno da bi se uspravila. Kada uspe na njenom licu je neverovatan osećaj sreće.

Sva deca koja nisu prošla kroz fazu puzanja imaju problem u hodu pri savladavanju prepreka, zapinju o ivičnjake, pragove i najčešće padaju na glavu jer nisu naučili da se dočekaju na ruke.

Ovo su očigledne posledice i problemi sa kojima će se sresti roditelji dece koja su koristila sprave za pomoć pri hodanju, ali njihova štetnost je daleko veća jer suzbijaju kod dece prirodan nagon za kretanjem što ometa pravilan psiho-motorni razvoj. Neka istraživanja u Americi su pokazala da su deca koja su koristila dubak sa velikim "poslužavnikom" na kome su se igrala igračkama, kasnije počela da brbljaju, sede, hodaju i bila su trapavija od dece koja ga nisu koristila.

Povrede u dupku



Većina roditelja kaže da koriste dubak jer je to bezbednije nego da dete stave na pod gde može da otpuzi gde ono hoće. Da dubak nije bezopasan govore istraživanja u mnogim zemljama. Podaci prikupljeni iz bolnica zemalja Evropske unije i SAD za poslednjih 20 godina pokazuju da svake godine hiljade dece završi u bolnici zbog raznih nesreća izazvanih korišćenjem dupka.

Studija u Australiji govori da se svako treće dete u hodalici povredi. Britanska organizacija za sprečavanje dečijih nesreća procenila je da je dubak "najopasniji" od svih proizvoda za decu. Pri padu niz stepenice sa dupkom najčešće dolazi do povreda glave.

Kako bi se povećala bezbednost pri korišćenju uvodi se Novi sigurnosni standard Evropske unije koji predviđa testove stabilnosti u toku proizvodnje dupka. Takođe postoji zahtev proizvođačima da projektuju nove hodalice koje bi bile sigurnije. Poverenica Evropske unije za zaštitu potrošača Magdalena Kuneva kaže da će ovaj standard zaštititi najmlađe, ali savetuje da roditelji budu u neposrednoj blizini deteta kada ga stave u dubak.

Kanada je za sada jedina zemlja gde je nakon što je utvrđeno koliko je korišćenje dupka opasno, zakonom zabranjena njegova proizvodnja, uvoz i reklamiranje.

Važno!

Prerano postavljanje deteta u uspravan položaj je beskorisno i može biti opasno. Korišćenjem sprava kao što su hodalice ili skakalice lišavamo dete neophodnih iskustava kroz koja treba da prođe u procesu prohodavanja. Dete mora da nauči da se podiže samo u uspravan položaj i da u njemu savlada održavanje ravnoteže.


http://www.centarsm.co.rs/saveti-stavljanje-deteta-u-dubak.html

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: БЕБИЊА

Пишување by Гостин on Саб Фед 27, 2016 6:25 pm

eve kako se ucat bebinja da odat.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: БЕБИЊА

Пишување by Гостин on Сре Мар 09, 2016 7:48 pm

Видео: Несекојдневен однос помеѓу хаска и мало бебенце



Многу добро е познато дека повеќето кучиња имаат посебен однос кон децата, а особено кон бебињата.
Нивниот инстинкт се чини е толку добар што тие точно знаат како да се однесуваат кон бебето во моментот.
Сепак, со право можеме да кажеме дека оваа мала хаска е олицетворение на нежноста и убавото однесување.
Погледнете го видеото и видете колку тие уживаат во нивната заедничка игра.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: БЕБИЊА

Пишување by Гостин on Пет Мар 11, 2016 6:34 pm

Читајте му на вашето бебе



Добро ни е познато дека читањето отвора сосема нов свет не само кај возрасните, туку и кај децата. Но, да не ги изоставиме и бебињата, тие исто така имаат огромна полза од читањето.

Бебињата го учат говорот и говорните способности додека ве слушаат како зборувате. Кога им читате учат дека индивидувалните гласови работат заедно за да формираат зборови и реченици, преку рецептивниот говор. Всушност студии сугерираат дека бебињата на кои редовно им се чита, почнувајки од шестиот месец имаат речиси два пати поразвиен рецептивен јазик од оние на кои не им било читано.

Како што веќе можеби знаете, мозокот на бебето расте од раѓање па се до некаде третата година. Кога му читате на бебето тоа не само што учи да зборува и го учи текот на јазикот, туку се подобрува и неговиот вокабулар.

Исто така имагинацијата е нешто што не треба да се занемари. Книгите содржат слики, приказни и зборови, кои ја развиваат креативноста и природната љубопитност кај децата. Ова води до подобрени мисловни способности, вклучувајки решавање на проблеми и донесување на одлуки.

Затоа родители, читајте им на вашите деца и помогнете им побрзо да се развијат во интелегентни индивидуи.

http://runway.mk/mama/326588/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: БЕБИЊА

Пишување by Гостин on Пон Мар 14, 2016 6:39 pm

So da mu citat more? Stripovi os komandant Mark i politikin zabavnik?

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: БЕБИЊА

Пишување by Гостин on Пон Мар 21, 2016 2:12 pm

ЗАЈКО НА СТРАЖА

Објавено на: 3/21/2012

Го пратиле Зајко
на стража по ред,
пиштол нов му дале
и фишеци пет.

На скришното место
под стариот бор
се заколнал чесно
со зајачки збор:

- Штом ќе видам куче
или ловец смел
в чело ќе му стрелнам
еден куршум врел!

Но во ноќта глува
слушнал: Ау! Ав!
Пиштолот го фрлил
и се скрил од страв.


(Јован Стрезовски „Детски крал“)

http://arhiva.majkaidete.mk/sodrzini_detail.asp?ID=87&gID=6

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: БЕБИЊА

Пишување by Гостин on Чет Апр 21, 2016 10:16 am

Страшно. Како ли се чувствувал малиот оставен така сам.

EvtinaStruja
‏@JustADweller
Еве што се случува кога имаш институции само на хартија! Немој некој да ги правдал!!!


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: БЕБИЊА

Пишување by Гостин on Саб Апр 23, 2016 9:38 am

Дали на бебињата им се потребни модни детали



За време на топлите сончеви денови, неколку додатоци во гардеробата се важни, не само како модните додатоци и туку и бидејќи штитат од УВ зраци и топлотен удар. Тука на прво место се очилата за сонце, но и шешири и шамии.
Шеширот или капчето треба да биде направен од природни материјали од светли пастелни бои и добро е да има широк обрач.
Очилата треба да штитат од УВА и УВБ зраци. За оптимална заштита побарајте стакла кои блокираат 99 и 100% од ултравиолетовите зраци или УВ 400 ознака.
Ако на нив нема соодветна ознака, побарајте други. Цената може значајно да влијае на тоа, како очилата штитат од УВ зраци.

http://mama365.mk/%D0%B4%D0%B0%D0%BB%D0%B8-%D0%BD%D0%B0-%D0%B1%D0%B5%D0%B1%D0%B8%D1%9A%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B8%D0%BC-%D1%81%D0%B5-%D0%BF%D0%BE%D1%82%D1%80%D0%B5%D0%B1%D0%BD%D0%B8-%D0%BC%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8-%D0%B4/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: БЕБИЊА

Пишување by Гостин on Пон Мај 02, 2016 6:15 pm

Приспивните песни ја намалуваат болката кај децата



Истражувањето кое е спроведено во една лондонска болница покажало дека пеењето приспивни песни не само што им помага на малите деца побрзо да заспијат, туку и значително ја намалува нивната болка.
Родителите треба да им пејат на децата кога ќе се повредат, бидејќи тивкото пеење ја намалува болката, тврдат британските научници.
Тие им пееле приспивни песни на децата помлади од три години, од кои некои чекале за трансплантација на срце, и го контролирале нивниот срцев ритам и перцепцијата на болката.
Нивните реакции потоа биле споредени со реакциите на две групи деца – правата, на која им се читале приказни и втората, која била оставена сама на себе.
Утврдено е дека кај децата на кои им се пеени приспивни песни е забележано намалување на болката и срцевиот ритам.
– Музичката терпија е далеку поевтина од лековите против болки, а исто така и поефикасна, изјави еден од авторите на студијата, професорот Дејвид Харгивс од Универзитетот Рехамптон.

http://mama365.mk/prispivnite-pesni-ja-namaluvaat-bolkata-kaj-decata/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: БЕБИЊА

Пишување by Гостин on Вто Мај 31, 2016 2:17 pm

Најслатките фотографии од бебиња

Сестрите Tracy Raver и Kelley Ryden ги имаат направено некои од најслатките фотографии од бебиња во своето студио во Небраска.

Една нивна фотосесијата обично трае околу 3-4 часа во специјално опремено студио со идеални услови за малите бебенца. Сите малечки што ќе ги видите се на возраст од само пет до десет дена. Тоа е возраст кога бебињата најмногу спијат и можат да бидат поставувани во најразлични позиции. Двете сестри соработуваат и со фотографот Stephanie Robin, која што воедно е и педијатар и им помага подобро да ги разберат зглобовите и рефлексите на бебињата.

Овие фотографии се дел од нивната книга Sleeping Beauties: Newborns in Dreamland (Заспани убавици: Новороденчиња во светот на соништата).

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: БЕБИЊА

Пишување by Гостин on Вто Мај 31, 2016 2:17 pm


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: БЕБИЊА

Пишување by Гостин on Вто Мај 31, 2016 2:17 pm


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: БЕБИЊА

Пишување by Гостин on Вто Мај 31, 2016 2:18 pm


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: БЕБИЊА

Пишување by Гостин on Вто Мај 31, 2016 2:18 pm


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: БЕБИЊА

Пишување by Гостин on Вто Мај 31, 2016 2:18 pm


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: БЕБИЊА

Пишување by Гостин on Вто Мај 31, 2016 2:18 pm


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: БЕБИЊА

Пишување by Гостин on Вто Мај 31, 2016 2:18 pm


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: БЕБИЊА

Пишување by Гостин on Вто Мај 31, 2016 2:19 pm


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: БЕБИЊА

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 3 1, 2, 3  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот