БЕБИЊА

Страна 2 of 3 Previous  1, 2, 3  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: БЕБИЊА

Пишување by Гостин on Вто Мај 31, 2016 2:19 pm


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: БЕБИЊА

Пишување by Гостин on Вто Мај 31, 2016 2:19 pm


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: БЕБИЊА

Пишување by Гостин on Вто Мај 31, 2016 2:20 pm

Колку сон му треба на вашето бебе?

Малите бебиња секој миг додека се разбудени го поминуваат во истражување на сè што ги опкружува. Како последица на тоа им е потребен многу одмор. Додека спијат нивните мали тела се одмараат, а нивниот мозок се обидува да најде смисла на сè она што го доживеале додека биле разбудени.



Секое бебе е различно и си има свои потреби. Некои имаат потреба да спијат повеќе од други, но најчесто за вашите најмили важат следните податоци.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: БЕБИЊА

Пишување by Гостин on Вто Мај 31, 2016 2:21 pm

НОВОРОДЕНЧИЊА

Бебињата се раѓаат без смисла за време и спијат кога се уморни, а се будат кога се гладни. Тие спијат околу 15 до 18 часа дневно, но во кратки периоди од 2-4 часа. Предвреме родените бебиња спијат повеќе, а бебињата кои имаат колики помалку.

Интервалите кога спијат бебињата, кои се хранат со мајчино млеко, се пократки (2-3 часа), затоа што бебињата побрзо го дигестираат ова млеко. Бебињата кои се хранат со адаптирано млеко, спијат во подолги интервали (3-4 часа).

Новороденчињата спијат и дење и ноќе. Не следат определен шаблон и се многу непредвидливи. Вие мора да се придржувате кон нивниот ритам и да правите тоа што му е удобно на вашето бебе.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: БЕБИЊА

Пишување by Гостин on Вто Мај 31, 2016 2:21 pm

1-4 МЕСЕЦИ

Во овој период вашето бебенце спие 14 ½ -15 ½ часа.

1-2 месец. Во овој период можете да забележите некаков шаблон кој го следи вашето бебе, кога станува збор за спиењето. Најдолгиот период во кој тоа спие е од 4-6 часа и најчесто се случува во текот на ноќта.

Вашето бебе најдолго може да остане будно 2 часа, затоа овозможете му услови да заспие ако измине тој период. Препознајте кога на вашето бебе му се спие. Ако забележите знаци како триење на очите и тргање на ушите, однесете го во креветчето на мирно место за да може да заспие. Сега веќе е чувствително на светлина или звуци, затоа оставајте го да спие во мирна и темна соба.

3-4 месец. Вашето бебенце спие повеќе во текот на ноќта (60%), отколку дење. Како што расте, сè повеќе е свесно за околината и треба да спие во потемна и помирна соба. Сега веќе се социјализира (се смее, гуга) и затоа може да сака да поминува повеќе време со вас. Но, не му го скратувајте сонот, бидејќи може да се преумори.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: БЕБИЊА

Пишување by Гостин on Вто Мај 31, 2016 2:22 pm

4-12 МЕСЕЦИ

Иако во идеален случај треба да спијат најмногу до 15 часа, најголем дел од бебињата, кои се на возраст до 11 месеци, спијат 12 ½ часа. Најважно во овој период е да се воспостават здрави навики за спиење.

Плачењето кога го ставате во креветчето или кога ќе се разбуди навечер само ќе се влоши, ако веднаш дотрчувате до него. Освен ако не е гладно или болно, не одете веднаш до него. Треба да бидете упорни, за да му создадете навика за спиење.

Кога е на возраст до 9 месеци, вашето бебе најверојатно ќе се буди во 5 часот наутро и веднаш ќе презаспие, или ќе стане во 7 и ќе го започне денот. Бебињата обично спијат 3 пати дневно, до 6 месечна возраст. После шестиот месец, бебето веќе спие само по два пати дневно и нема потреба да јаде навечер.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: БЕБИЊА

Пишување by Гостин on Вто Мај 31, 2016 2:22 pm

1-3 ГОДИНИ

Во овој период вашето малечко е многу активно и сè уште му е потребен многу одмор. Иако во идеален случај треба да спие најмногу до 14 часа дневно, вашето детенце спие околу 10 ½. Во текот на денот има потреба да спие само еднаш.

Многу важно е да ги одржувате воспоставените навики за спиење. Вашето најмило најверојатно си легнува од 19-21 часот и се биди кај 6-8 наутро.

http://www.femina.mk/%D1%81%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D1%98%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE/%D0%B1%D0%B5%D0%B1%D0%B5/%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%BA%D1%83-%D1%81%D0%BE%D0%BD-%D0%BC%D1%83-%D1%82%D1%80%D0%B5%D0%B1%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B2%D0%B0%D1%88%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D0%B1%D0%B5%D0%B1%D0%B5

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: БЕБИЊА

Пишување by Гостин on Сре Јун 08, 2016 1:14 am

18 моќни нешта кои треба да му ги кажувате на вашето дете

Децата имаат потреба од нашите зборови, независно дали преку нив ја искажуваме нашата љубов или поддршка или пак ги учиме како правилно да се однесуваат. Но, додека зборовите кои ги изговараме додека сме лути можат да остават трајни лузни, други имаат моќ да ја зголемат детската самодоверба и да создадат здрави навики кај нашите најмили.

Користете ги мудро зборовите! Еве кои нешта треба што почесто да му ги кажувате на вашето дете:

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: БЕБИЊА

Пишување by Гостин on Сре Јун 08, 2016 1:14 am

„Те сакам безусловно.“ Детските лудории се бескрајни – скршена играчка, паѓање од височина, извалкан мебел... Да, можеби понекогаш чувствувате дека стоите на работ на лудилото, но не дозволувајте вашето дете да мисли дека љубовта кон него ви се намалила само поради лоша постапка. Децата имаат потреба да знаат дека родителите не им поставуваат услови за да ги сакаат и дека нивната љубов постои и кога прават грешки.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: БЕБИЊА

Пишување by Гостин on Сре Јун 08, 2016 1:14 am

„Пријателите ќе доаѓаат и ќе си одат.“ Други деца ќе му го кршат срцето на вашето малечко. Тие ќе го разочаруваат, ќе му вртат грб и ќе го обесхрабруваат. И тоа е составен дел од детството и растењето и вие не можете да направите ништо за да го спречите. Но, можете да го научите вашето дете да не ги зема луѓето здраво за готово. Оние кои сега му се пријатели, не значи дека ќе бидат покрај него по десет години. Можеби нови лица ќе го заземат местото на неговите другарчиња и тоа е во ред.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: БЕБИЊА

Пишување by Гостин on Сре Јун 08, 2016 1:15 am

„Смеј се. Искрено, на цел глас.“ Многу родители ги караат своите деца кога се смеат гласно, бидејќи буката им пречи. Дозволете му на вашето дете да биде само дете, да му се радува искрено на животот, да пронаоѓа хумор и во добрите и во лошите настани и отворено да го покажува тоа. Нема ништо повредно од детската насмевка.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: БЕБИЊА

Пишување by Гостин on Сре Јун 08, 2016 1:15 am

„Среќата започнува однатре.“ „Не чекај некој друг да те усреќи.“

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: БЕБИЊА

Пишување by Гостин on Сре Јун 08, 2016 1:15 am

„Се гордеам со тебе. Работеше напорно за тоа.“ Не секое дете поседува вроден талент за пеење или генијалност за да биде врвен математичар, но секое дете може да работи напорно за да постигне нешто. Со овој пристап вие го истакнувате на пиедестал трудот, а не интелигенцијата или вродениот талент.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: БЕБИЊА

Пишување by Гостин on Сре Јун 08, 2016 1:16 am

„Обожавам да те гледам додека (неговата омилена активност).“ Кога при анкета спроведена во американски колеџ, спортисти биле запрашани што е она што нивните родители им рекле, а што направило да се чувствуваат одлично, најголем дел одговориле: „Обожавам да те гледам додека играш“. Доколку вашето најмило има омилена активност или се занимава со спорт, кажувајте му ги овие зборови додека го бодрите. Бидете негов најголем фан кога гледате дека прави нешто со страст.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: БЕБИЊА

Пишување by Гостин on Сре Јун 08, 2016 1:16 am

„Предметите се само предмети“. Голема е веројатноста во иднина вашето дете да сака да поседува вредни предмети, можеби ќе носи брендирана облека и ќе вози скап автомобил. Научете го да не дозволува материјалните нешта да го дефинираат како личност.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: БЕБИЊА

Пишување by Гостин on Сре Јун 08, 2016 1:16 am

„Благодарам“ и „Те молам“. Нашето однесување е наш избор, но децата избираат како ќе се однесуваат гледајќи ги своите родители. Бидете модел на личноста која сакате да ја видите во своето дете во иднина. Секојдневието е преполно со ситуации во кои можете да ги користите зборовите „Благодарам“ и „Те молам“, а кои се витални за добра интеракција меѓу вашето малечко и останатиот свет.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: БЕБИЊА

Пишување by Гостин on Сре Јун 08, 2016 1:16 am

„Како ти помина денот?“ Не дозволувајте вашето дете да живее во тишина. Интересирајте се за неговиот живот од мали нозе и прашувајте го што се случува во него. Ако не сака да одговори на прашањето како поминал неговиот ден, споделете што се случило во вашиот или поставете му конкретно прашање како „Со кои играчки игравте?“, „Што нацрта денес?“. Така ќе го поттикнете да сподели повеќе.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: БЕБИЊА

Пишување by Гостин on Сре Јун 08, 2016 1:17 am

„Никогаш не се откажувај. Верувам во тебе.“ Вашето дете има голем сон? Не го обесхрабрувајте, туку поттикнете го да го следи. Верувајте во него и научете го и тоа да верува во себе. Ако нешто тргне наопаку, охрабрете го да проба повторно и повторно, гледајќи ги нештата од друг агол. Бодрете го вашето најмило од првите редови и тоа ќе прерасне во самоуверена индивидуа која не бега од предизвиците, туку трча кон нив.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: БЕБИЊА

Пишување by Гостин on Сре Јун 08, 2016 1:17 am

„Те слушам.“ Ако секогаш се преправате дека го слушате вашето дете додека ви раскажува за случка која го усреќила, разочарала или поттикнала, следниот пат начулете ги ушите и навистина слушајте. Додека ви раскажува, поставувајте прашања како „Кој беше со тебе?“, „И што рече Марија?“... така ем ќе му покажете дека вистински слушате, ем ќе дознаете многу повеќе за неговиот живот надвор од домот.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: БЕБИЊА

Пишување by Гостин on Сре Јун 08, 2016 1:17 am

„Никогаш нема да бидеш сам.“ „Јас секогаш ќе бидам покрај тебе.“

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: БЕБИЊА

Пишување by Гостин on Сре Јун 08, 2016 1:18 am

„Во ред е да плачеш.“ Зборовите „Престани да плачеш“ се многу моќни, но само ако сакате да му пренесете на вашето дете порака дека не ги цените неговите чувства и дека тагата и стравот се нешто неприфатливо. Дозволете му отворено да ги покажува своите чувства. Сите луѓе плачат: од болка, од тага, од гордост, плачат кога се исплашени, лути или осамени. Доверете му ја вашата тајна – „Возрасните плачат. Јас плачам исто така“ и бидете негово рамо за плачење кога му е потребно.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: БЕБИЊА

Пишување by Гостин on Сре Јун 08, 2016 1:18 am

„Браво. Како се сети на тоа? Раскажи ми повеќе.“ Пофалбите можат да бидат многу голем мотиватор, но не ги кажувајте пречесто, бидејќи ќе ја изгубат силата.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: БЕБИЊА

Пишување by Гостин on Сре Јун 08, 2016 1:18 am

„Сите правиме грешки. Не е крај на светот.“ Вашето малечко истури нешто на подот или скрши чаша од вашиот омилен комплет? Не претерувајте со реакциите. Кажете „Знам дека ти е жал. Ти опростувам“. Дајте му до знаење дека е во ред да прави грешки, дека сите ги правиме и дека треба да учи од истите. А мама нема да биде бесна поради нив. Доколку е доволно големо, поттикнете го да најде решение.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: БЕБИЊА

Пишување by Гостин on Сре Јун 08, 2016 1:18 am

„Извини. Ти беше во право, а јас погрешив.“ За да го научите вашето дете како да презема одговорност за своите постапки, истото треба да го направите и вие самите. Кога ќе почувствувате дека сте погрешиле, признајте го својот „грев“, а потоа обидете се да се искупите за него. Децата се чувствуваат посамоуверени кога знаат дека и возрасните прават грешки.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: БЕБИЊА

Пишување by Гостин on Сре Јун 08, 2016 1:19 am

„Не може секому да се допаднеш. И тоа е нормално.“ Вашето дете е уникатно, различно и специјално, но некои луѓе нема да го ценат тоа. За разлика од нив, други ќе го обожаваат. Кажете му да не се обидува да задоволи секого и да се допадне секому.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: БЕБИЊА

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 2 of 3 Previous  1, 2, 3  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот