ОТРОВНИ БИЛКИ

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

ОТРОВНИ БИЛКИ

Пишување by Гостин on Чет Фед 25, 2016 8:28 pm

Лудо билје - Atropa belladonna

Целата билка е многу отровна и доколку се користи може да предизвика лудило или смрт.
За лек се користат коренот и лисјата, и тоа при терапија со спазма и колики во пределот на гастроинтестинален тракт, бубрези, жолчна кеса, паркинсонова болест и слично, во конвенционалната медицина.
Во народната медицина не смее да се употребува без контрола и надзор на лекар.




Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ОТРОВНИ БИЛКИ

Пишување by Гостин on Чет Фед 25, 2016 8:31 pm

Буника

Буника или црна буника (науч. Hyoscyamus niger) — токсично растение од фамилија зрнци (Solanaceae) со потекло од Евроазија, а денес распространето низ целиот свет.

Во минатото се користела заедно со други растенија како мандрагората, лудото билје и татулата as an анестетик, но и во „волшебни напитоци“ поради психоактивните особини. Дејството се одликува со халуцинирање и чувство на летање. Билката традиционално се користела ширум Европа, Азија и арапскиот свет. Римскиот природонаучник Плиниј Постариот говори за употребата на буниката во стара Грција, каде се нарекувала „Аполонова билка“. Растението го земале свештеничките на Аполон за да дојдат до пророштва.

Листовите и семето содржат хиосциамин, скополамин и други тропански алкалоиди. Кај луѓето предизвикува халуцинации, проширени зеници, раздразнетост и вцрвенување на кожата. Поретко забележани дејства се тахикардија, напади на грчење, повраќање, хипертензија, хиперпирексија и атаксија.




Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ОТРОВНИ БИЛКИ

Пишување by Гостин on Чет Фед 25, 2016 8:32 pm

Татула

Tatula (лат. Datura stramonium) е едногодишно растение од семејството помошници (Solanaceae), позната по својот широк спектар на ефекти врз човечкото тело. Таа содржи атропин, хиоацијамин и скополамин, кои дејствуваат како делиријанти или антихолинергици. Татулата во случај на предозирање, предизвикува смрт кај тие то ја користат.

Карактеристики на растението [уреди]
Нејзиното дрво е високо, има овални листови кои се темно зелени.  Цветовите се поединечни и имаат непријатен мирис. Расте на запоставени места, покрај патиштата и оградите околу населбите, но исто така и во градините, полиња, лозја ...

Употреба
Без оглед на тоа што целото растение е отровна листот на татулата се користи во препарати против астма.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ОТРОВНИ БИЛКИ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот