ТИКВА

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

ТИКВА

Пишување by Гостин on Сре Мар 02, 2016 10:42 pm

Вода и сонце за добри тикви

Тиквата е едногодишно зелјесто растение со ползаво ребресто и бодликаво стебло, кое честопати, достигнува должина од околу 10 метри. Листовите се огромни, со облик на срце, петтоделни и назабени на рабовите. Цветовите на тиквата се жолти, а машките се покрупни од женските. Плодот е огромен и неговата тежина достигнува од 10 до неверојатни 80 килограми кај одреден вид калемени тикви. Кај обичната тиква, бојата на плодот од надворешната страна е бело сивкаста, а откако ќе се рассече, од внатрешната страна е со портокалова боја, меснат и сочен. Во внатрешноста има шуплина во која се сместени поголем број семки. Тиквата цвета во јули и август, а зрее во септември и октомври.

Тиквата како култура по потекло е од тропските делови на Америка. Кај нас најчесто се одгледува како меѓу посев заедно со пченката, но често ја има по градините, дворовите и на краевите од нивите. Има многу сорти, со различен облик и нијанси на боја, кои меѓусебе се разликуваат по вкус и големина на плодот. Се користи за хранливата внатрешност, но и за мошне вкусното семе. Порано била незаменлив дел од народната кујна и се служела редовно како храна, но во последно време таа се послужува како десерт. Се уште постои традиција и се послужува за време на Бадниковата вечер, како дел од посната трпеза.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ТИКВА

Пишување by Гостин on Сре Мар 02, 2016 10:42 pm

Предуслови за одгледување на тиквата
Тиквата како култура има особено изразена потреба од топлина, а особено некои видови мускатни тикви. Младото стебло од тиква е многу чуствителна, дури и на слабите пролетни слани и ниски температури.

При ноќна температура пониска од 12 степени целзиусови не може да се формира плод. Оптималната температура на развоји плодоносење е 25 до 28 степени целзиусови. Освен ова, тиквата има потреба од обилно наводнување и директна сончева светлина. Таа најдобро успева на длабоки влажни и топли почви богати со хранливи материи. Особено е важно пред садење, површината добро да е наѓубрена со арско ѓубриво. Кај нас особено е ценета таканаречената „Бела тиква", но во последно време се позастапена е и сортата „Ракета". Од мускатните сорти на тиква, најдобри приноси се добиваат од мускатната сорта 51-17. Плодовите на тиквата зреат за околу 130 дена од никнувањето. Просечен принос на оптимално подготвена парцела во големина од100 метри квадратни е 350 до 400 килограми плод.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ТИКВА

Пишување by Гостин on Сре Мар 02, 2016 10:42 pm

Кога и каде се сејат тиквите?
Тиквите се сејат во втората половина на април во куќишта како и краставиците, дињите и лубениците. Ако се одгледуваат бели и мускатни сорти тикви, куќиштата се прават на растојание од 2,5 до 3 метра помеѓу редови и метар помеѓу куќичките во редот. Подоцна, заради полесно наводнување, се формираат браздички. Тиквата има сличен вегетативен период како и дињата и лубени-цата, заради што и начинот на нега е речиси идентичен. Растенијата треба да се прихрануваат, се разбира, откако површината најнапред ќе биде добро наѓубрена со арско ѓубриво со околу 3 килограми амониева шалитра, 4 до 5 килограми суперфосфат и 2 до 3 килограми калиумово ѓубриво на 100 метри квадратни. Во период на суша, белата и мускатна тиква треба да се полеваат два до три пати. Особено е важно полевањето во период кога се зафаќа плодот. Најчесто, како и краставиците и дињите, заболува од истиот вид болести, меѓу кои најчеста е антракнозата и пепелницата. За превентива се користат хемиски препарати и прскање.

http://ffrm.org.mk/~ffrmorgm/index.php?option=com_content&view=article&id=690:voda-i-sonce-za-dobri-tikvi&catid=52:poljodelstvo&Itemid=135

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ТИКВА

Пишување by Гостин on Пет Aвг 26, 2016 9:47 am

Семки од тиква: Сите здравствени предности на овие грицки

Иако често ги поврзуваме со грицки за забава во кино, семките од тиква имаат исклучителен нутритивен профил и би требале да бидат дел од нашата секојдневна исхрана.
Само шака од семки од тиква дневно ќе ве обогати со здрави масти и минерали кои ни се потребни.
Тие се извонреден извор на цинк, фосфор, манган, магнезиум и железо. Дури 20 отсто од овие семки ги чинат протеини.
Најголемата концентрација на цинк се наоѓа во тенкиот слој кој семката ја дели од луспата, па нутриционистите советуваат семките од тиква да се јадат цели – сосе луспа.

Дополнително, богати се со Е витамин во неколку различни форми. Витаминот Е во ваквите форми делува како силен антиоксиданс кој помага во борбата против слободните радикали кои се виновни за развој на повеќе болести.
Семките од тиква се одличен извор на масната киселина омега 3. Омега 3 е неопходна за многу телесни функции – вид, способност за помнење, координација, регулација на нивото на холестерол, подобрување на имунитетот и расположението.
Покрај омега 3, семките содржат и омега 6 масна киселина која се наоѓа и во бадемите и лешниците, а е одлична за подобрување на имунитетот.
Во 100 грама семки од тиква има дури 540 килокалории. Затоа конзумирајте ги овие здрави плодови секојдневно, но по една шака.

http://www.makmoda.com/semki-od-tikva-site-zdravstveni-prednosti-na-ovie-gricki/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ТИКВА

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот