Krstot vo Butel

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Krstot vo Butel

Пишување by Гостин on Саб Мар 05, 2016 6:50 pm

Shto se sluchuvashe site znaete...zatoa nema da se zadrzham na toa shto prethodeshe tuku na toa shto se sluchuva denes...Hajkata protiv MVR i ministerot Spasovski...




Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Krstot vo Butel

Пишување by Гостин on Саб Мар 05, 2016 6:50 pm

SMK na protest pred ministerstvoto bara ostavka od Spasovski...

СМК побара оставка од Оливер Спасовски

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Krstot vo Butel

Пишување by Гостин on Саб Мар 05, 2016 6:51 pm


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Krstot vo Butel

Пишување by Гостин on Саб Мар 05, 2016 6:54 pm

Opoziciskite mediumi ne mozhat da se slozhat okolu brojot na demonstrantite pred MVR...

Петров: Спасовски да ја тргне ДУИ од Бутел (ВИДЕО)

Илјадници граѓани предводени од претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров на протест пред МВР побараат оставка од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Протести пред МВР-граѓаните бараат одговорност од Спасовски

На ваков начин, со транспаренти, свирежи, а на моменти погрдни зборови стотици граѓани протестираа пред Министерството за внатрешни работи. „Бараме оставка од министерот Оливер Спасовски “


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Krstot vo Butel

Пишување by Гостин on Саб Мар 05, 2016 6:56 pm


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Krstot vo Butel

Пишување by Гостин on Саб Мар 05, 2016 7:02 pm

A sega da se vratime malku nazad...Prvo bi bilo pozhelno Jankulovska da objasni kako taa postapuvashe "vo soglasnost so ustavot i zakonite" koga DUI ja rusheshe crkvata na Kale...I dali e haotichno koga policijata apsi a zamenikot na Jankulovska, Dzevad Buchi gi osloboduva uapsenite...I koga zamenikot minister na MVR go priznava samo sudot na partiskiot lider...

Бучи одговара само пред Ахмети

Ќе поднесам оставка само ако тоа го бара лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Ова вчера го изјави Џевад Бучи, заменик-министер за внатрешни работи, кој два дена беше присутен на инцидентите на Скопско кале и е виден како ги вади лисиците од рацете на приведено лице.
Министерството за внатрешни работи нема да преземе политичка одговорност за заменик-министерот. До Собранието до вчера немаше барање да се разреши Џевад Бучи од функцијата.
- Ќе поднесам оставка само ако тоа лично го побара Ахмети. Пред него носам одговорност за мојата работа - изјави вчера Бучи.
Тој вели дека како заменик-министер имал ингеренции да ги извади лисиците од еден од учесниците. Бучи тврди дека во неделата вечер, кога на полноќ се рушеше музејот-црква, на Кале бил како граѓанин.
- Беше напнато и тензично. Ако сте заборавиле, јас сум заменик-министер и тоа мораше да се направи. Морав да ја смирам ситуацијата за да не ескалира - изјави Бучи.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска вели дека Бучи ослободувал по тактичка процена.
- Одговорноста и однесувањето на политичките функционери ги ценат соодветните органи што ги именувале и таму станува збор за политичка одговорност - изјави Јанкуловска.
СДСМ вчера побара од премиерот Груевски да ги разреши Јанкулоска, Бучи и директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман. Разрешување на Јанкулоска се бара зашто дозволила полицајците да изгледаат неорганизирано и хаотично, Бучи зашто ги злоупотребил институциите со тоа што учествувал во уривањето на објектот и симнувал лисици од приведените, а Кузман зашто тајно ја продолжил изградбата иако ветил дека ќе ја запре.
Во ВМРО-ДПМНЕ и во ДУИ молчат за тоа дали ќе бараат одговорност од функционерите вмешани во инцидентот на Кале. Партиски извори велат дека ако се бараат оставки, Бучи и Кузман ќе мораат да заминат во пакет. Во спротивно, ниту еден нема да биде разрешен.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Krstot vo Butel

Пишување by Гостин on Саб Мар 05, 2016 7:04 pm

Valentina Bozhinovska kje treba da objasni zoshto  Jankulovska ne morashe da ja chuva crkvata na Kale, a Oliver mora da go chuva krstot vo Butel...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Krstot vo Butel

Пишување by Гостин on Саб Мар 05, 2016 7:11 pm

A Tosho Prometej, kje treba da kazhe, i pokraj toa sto ne znae imal ili nemal potres na mozokot, zoshto togah ne barashe ostavka od Jankulovska...

Петров на Фејсбук напиша дека немал, а пред МВР дека имал потрес на мозокот?! Зошто се предомисли?!

Претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров, ненадејно ја смени изјавата во однос на неговиот напад минатата сабота по осветувањето на темелите за крстот во Бутел.

Тој минатата недела, на еден ден по нападот, од болничкиот кревет напиша обемен Фејсбук статус во кој ја објави својата верзија за нападот.

„Со прокрварен нос и отечен во лицето од ударите, побарав од шанкерот да повика полиција и брза помош, ми одговори сам да си побарам… Седнав на масата и се јавив за полиција и брза помош. Дојдоа веднаш и ме однесоа во Ургентниот центар. Имав болки во главата и градниот кош од ударите… Ми направија снимки, ренген, скенер, немам скршеници, немам потрес на мозокот. Да, имам болки, ама ќе поминат. Ме задржаа на опсервација со инфузии… Преживеав, ама загрижен сум дека нема само на ова да заврши“, напиша Петров на Фејсбук.

Сепак, денеска на протестот на СМК и ВМРО-ДПМНЕ пред МВР против министерот Оливер Спасовски, Петров со поинаква верзија.

– После физичкиот напад на 27 февруари во ресторанот „Казабланка“ од групата на Изет Меџити и Беќир Асани, останав жив. И покрај потресот на мозок, заради ударите со тупаници и клоци во глава, смогнав сили да дојдам денес за протестот со вас – рече Петров.

Се поставува прашањето дали Петров се збунил или пак лажел во една од двете изјави денеска пред МВР или минатата недела, на Фејсбук. После овие две сосема спротивни изјави, нејасно е дали Петров имал или не потрес на мозокот.

Вечерта по нападот Петров беше посетен и од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

Инаку, синоќа група граѓани Македонци се судрија со полицијата во обид да стигнат до кампот на ДУИ на местото каде се поставија темелите. Тројца полицајци беа повредени.

Граѓаните на социјалните мрежи во голем број коментираат дека „двоглавиот орел“ во Чаир и крстот во Бутел се само уште едно сценарио на владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за политички поени во пресрет на изборите, како и дека освен партиските членови, никој друг не наседнува и не учествува во креирањето тензии.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Krstot vo Butel

Пишување by defo on Саб Мар 05, 2016 7:20 pm

Тео, реков јас уште вчера, пишав на друга тема, нема потреба да се отвора тема за ова....треба едноставно да се игнорира, очај е ова. Ова ако се сеќаваш барем 15 пати сум го рекол, ДПМНЕ, врхушката на ДПМНЕ бара начин да се спаси од затвор, и притоа ќе ги користи сите методи, па дури и жртви.
Колку за Тодорче...која е таа организација СМК, н која тој е 20 години претседател, дали таа организација има поднесено и покажано финансиски извештај???? И зошто баш од цела Македонија одбра баш сега да гради споменик во Бутел???

defo

Број на мислења : 1924
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Krstot vo Butel

Пишување by Hamad bim Khalifa on Нед Мар 06, 2016 10:45 am

defo напиша:Тео, реков јас уште вчера, пишав на друга тема, нема потреба да се отвора тема за ова....треба едноставно да се игнорира, очај е ова. Ова ако се сеќаваш барем 15 пати сум го рекол, ДПМНЕ, врхушката на ДПМНЕ бара начин да се спаси од затвор, и притоа ќе ги користи сите методи, па дури и жртви.
Колку за Тодорче...која е таа организација СМК, н која тој е 20 години претседател, дали таа организација има поднесено и покажано финансиски извештај???? И зошто баш од цела Македонија одбра баш сега да гради споменик во Бутел???  

ХХХ...Енд оф стори!
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Krstot vo Butel

Пишување by трендафил on Пон Мар 07, 2016 10:18 am

Ако појдеме од фактот дека пред поставувањето на орелот на првиот кружен тек лидерите на ДУИ и ДОА беа на разговори во т.н. Амбасада на САД, веројатно е јасно кој е идеен татко на настаните. Како дел од обидите да се смени власта во Македонија. ДИректно кажано да се елиминира ВМРО. Не и ДУИ како дел од власта. Да не зборувам за најновата партија од власта - СДСМ. Чудно е што градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, организира протести во друга општина, Бутел. Крстот не е на гранична раскрсница на Бутел и Чаир. А орелот е поставен на раскрсница натакво место без да се бара одобрение од Бутел. Да потсетам и дека темелите на крстот беа осветени, па со самото тоа нивното рушење е скрнавење на свето место. Карактеристика за времето на османлиското ропство. Кога на темели на цркви се градени џамии, па излегува дека во Скопје (во градското подрачје но и општо во СКопското Поле) има остатоци од цркви од првите векови по Христа, но нема од средновековието до пред век и кусур. Такви цркви и манастири има само во планинските краишта во Македонија. Не знам ниту од каде некој го смета подигањето на крст за антиалбански чин, кога мнозинството Албанци во светот се христијани. За разлика од Косоварите кои се во мнозинство муслимани.
Ајде да одговорам и на прашањето на Дефо. ЗОшто крст на оваа раскрсница. Веројатно затоа што од тука се оди ккон најголемите христијански бробишта во Рапублика Македонија, кон гробиштата Бутел. Место кое Косоварите сакаат да го освојат. Веќе неколку месеци во општината Чаир и во дел од Бутел има плакати само на албански јазик со парола Бутел е наш и повикување на Албанците да се населуваат во тој дел од градот. Да купуваат имоти и по повискока цена, користејќи ги за тоа фондовите од Саудиска Арабија. Нели демократска земја во која не е потребно да се предизвика промена на власта или со други зборови кажано сојузник на САД. Исто како што во Македонија не е потребно да си замине од власта ДУИ, туку ВМРО-ДПМНЕ. Бидејќи ДУИ е демократска партија, нели, што на демократски начин, со војната во 2001 година, влезе на голема врата во политиката како сојузник на империјата во одумирање.
Светскиот македонски конгрес е невладина организација во која членуваат Македонци од земјата и дијаспората. Тие си го избираат Тодор Петров за лидер. Според Пржинскиот договор не е предвиден дополнителен, технички лидер на оваа органиозација.
Знам дека ДУИ е посакуван партнер на СДСМ, како единствена шанса да влезе во власта и по поразот на следните избори, доколку ВМРО не обезбеди повторно апсолутно мнозинство, па претпоставувам дека е тоа причината што не сакате да разберете дека се работи за акт на насилство врз симболот на христијанството - крстот. Добро е што поради бегалската криза „љубовта“ на европјаните кон муслиманите, па и Косоварите, не е на некое високо ниво, па ДУИ мораше да се повлече. Иначе веројатно бомбастично ќе делуваше веста по европските и светски медиуми дека муслимани во Македонија сквернавеле осветени темели од крст и го блокирале приодот кон гробиштата на задушница. Нејасно е и како тоа МВР дозволи да се затрпаат осветените темели на крстот, а успеа да ги спречи граѓаните од Бутел да ја ослободат териториријата што им ја окупираа градоначалникот и неговите следбеници од општина Чаир.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2769
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Krstot vo Butel

Пишување by defo on Пон Мар 07, 2016 11:48 pm

трендафил напиша:Нејасно е и како тоа МВР дозволи да се затрпаат осветените темели на крстот, а успеа да ги спречи граѓаните од Бутел да ја ослободат териториријата што им ја окупираа градоначалникот и неговите следбеници од општина Чаир.

Е заради ова во црвеното сум горд и среќен што не сум член на ДПМНЕ....и МВР бил во право што ги спречил, во државава за зачувивање на јавниот ред и мир задолжени се МВР. 05.03 МВР поднело кривични пријави против лицата кои ги уништувале темелите за крстот.  Со тоа МВР си ја заврши работат за овај настан. Едино што остана да поднесе кривични пријави против иницјаторите , за незаконска улична борба, за обид за нарушување на јавниот ред и мир.

defo

Број на мислења : 1924
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Krstot vo Butel

Пишување by трендафил on Вто Мар 08, 2016 10:27 am

Ако некој нападне твој имот и МВР тоа не го спречи, туку одпосле даде кривична пријава против сторителот, тогаш не би го фалел. МВР требаше да го спречи сквернавењето на ОСВЕТЕНИТЕ темели на крстот. Со чинот на осветување тоа место стана свето за сите православни. Па доколку МВР не е способно да ги сочува од опоганување треба ли да бараме помош од братските христијански народи. Не знам дали Оливер Спасовски е фан на Македонската Асоцијација на Атеисти како Катица Јанева, Владимир Милчин, Саше Ивановски Шамарлитико, Мирјана Најчевска и други, но тоа сепак не му дава право да заштитува едни верници, муслиманите, на сметка на други, православни и христијани воопшто. Пријавата против скврнувачите на светото место за православните имаат пријава само за нарушување на јавен ред и мир и оштетување на имот. Не и за верска омраза.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2769
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Krstot vo Butel

Пишување by Гостин on Вто Мар 08, 2016 10:31 am

Сакаш да кажеш дека на вас дпмне-овците и на вашите партнери учките најважно ви беше МВР да го започне етничкиот конфликт во ваша режија? Навистина сте во хаос и паника. Twisted Evil

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Krstot vo Butel

Пишување by трендафил on Вто Мар 08, 2016 11:06 am

Верскиот конфликт го започнаа Албанците од Чаир, не од Бутел, со тоа што опоганија едно свето место, однсно осветените темели на објектот. Не знам дали си атеист, па тешко ти е да разбереш дека се` што е осветено од страна на цркавата, за верниците е свето. Не гледаат на темелите на крстот во случајов само како на парче земја, железо и бетон. Како што го гледаат атеистите. Пред скврнавењето на темелите од крстот варварската група од општина Чаир направи уште една провокација. Постави нелегално на другиот кружен тек кој граничи со општина Бутел симбол на Република Албанија. Без консултации со градот Скопје и општина Бутел како косопственици на кружниот тек. Кружниот тек на кој треба да се изгради крстот е во ингеренции на општина Бутел. Не се работи за објект од етничко значење (како двоглавиот орел) туку за верски симбол, па не епотребен Бадинтер. За првиот симбол е потребен и Бадинтер и согласност на општина Бутел и градот Скопје, што варварите од мојата општина Чаир не го почитуваа.За жал злоупотребуваат што ја имаат поддршката од САД и ЕУ и нивните сојузници во Македонија (еден од нив е и СДСМ). Но таквите провокации не водат кон добро за сите. Тоа најдобро го знаат Украинците и Сиријците. Се надервам дека кај нас разумот ќе преовлада и дека сите ќе го прифат демократското право. А тоа е да одлучува мнозинството. Без мешање од страна.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2769
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Krstot vo Butel

Пишување by Гостин on Вто Мар 08, 2016 11:48 am

Bi ti veruval da ne beshe tolku bezsovesen i da ne uchestvuvashe vo ubistvoto na malata Tamara...A uchesnik si Trendafile...Dovolen dokaz e postot vo koj baranjeto za odgovornost na onie shto ja ubija tochno za dnevnopolitichki poeni go proglasuvash za obid za sobiranje na politichki poeni...Shodno na toa, bidejki kako shto se gleda vie ste spremni i na ubistva za dnevnopolitichka promocija na tvojot pastir, jasno e deka ova so krstot e dogovor so vashite brakja uchkite da zapochnete etnichki konflikt koj bi dovel do krvoprolevanje i ubistva na nevini lugje...Nikoj ne vi e vinoven shto ste dovolno glupi da pomislite deka ministerot za vnatreshni raboti kje nasedne na vashiot krvav plan i kje dozvoli opozicijata da bide obvineta za zapochnuvanje etnichka vojna...Krvta e na vashite race Trendafile...I samo vie i vashite brakja od uchk kje bidete vinovni za nasilstvata i krvoprolevanjata vkluchuvajki go i toa vo Kumanovo kade porachavte teroristichka akcija samo za da ostanete na vlast, i pred sudot, i pred narodot i pred boga...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Krstot vo Butel

Пишување by трендафил on Вто Мар 08, 2016 12:11 pm

Колку што гледам ДУИ и ДПА исто како и СДСМ се сојузници (или можеби слуги) на т.н. меѓународна заедница, па беа во групата што инсистираше на прекршување на Пржинскиот договор, односно за одлагање на изборите за 5ти јуни наместо да се одржат на 24 април. Сите знаеме и дека пред поставувањето на двоглавиот орел на кружниот тек изграден со пари на сите граѓани на СКопје, лидерите на албанските партии беа на разговори во американската амбасада кај вашиот пастир Бејли. Па јасно е дека коалицијата на ДУИ со ВМРО е само поради математиката. Доколку СДСМ и ДУИ можат да соберат мнозинство, не верувам дека ќе се почитува правилото на божем двојца победници и ако ВМРО има повеќе пратеници од СДСМ. Иако би сакал тоа еднаш да се случи. Затоа што после тоа ќе ги нема ни СДСМ ниту ДУИ некогаш ќе биде во власта. Па ќе се врати демократијата во Македонија и ќе се укине вазалскиот однос кон „меѓународната“. Од првите следни демократски избори или по револуција ако има обид за изборна измама.
Што се однесува до тврдењето дека во Куманово терористите биле платени од владата, да те прашам зошто тогаш секогаш кога се судат овие според тебе владини службеници има полициски специјалци во широк круг кон Гази Баба и Бит Пазар и летаат хеликоптери над градот. Се плашите ли дека ВМРО ќе организира насилна акција да ги ослободи. Или се работи за проценка дека по нив можат да дојдат нивните колеги убијци од Косово.
Што се однесува до Тамара, нема повеќе да допринесам за користење на нејзината смрт за дневнополитички цели. Кому не му е срам нека продолжи со своите деанија и нека ја спомнува на сите теми.
Тамара, почивај во мир.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2769
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Krstot vo Butel

Пишување by Гостин on Вто Мар 08, 2016 4:41 pm

трендафил напиша:
Што се однесува до тврдењето дека во Куманово терористите биле платени од владата, да те прашам зошто тогаш секогаш кога се судат овие според тебе владини службеници има полициски специјалци во широк круг кон Гази Баба и Бит Пазар и летаат хеликоптери над градот. Се плашите ли дека ВМРО ќе организира насилна акција да ги ослободи. Или се работи за проценка дека по нив можат да дојдат нивните колеги убијци од Косово.

Со оглед на тоа дека дојдоа на ваш повик зашто не би било можно да сега да ги повикате нивните колеги од Косово да ги ослободат па да го обвините СДСМ дека се неспособни? Или дека тие намерно ги ослобогиле?

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Krstot vo Butel

Пишување by defo on Вто Мар 08, 2016 7:57 pm

трендафил напиша:Ако некој нападне твој имот и МВР тоа не го спречи, туку одпосле даде кривична пријава против сторителот, тогаш не би го фалел. МВР требаше да го спречи сквернавењето на ОСВЕТЕНИТЕ темели на крстот. Со чинот на осветување тоа место стана свето за сите православни. Па доколку МВР не е способно да ги сочува од опоганување треба ли да бараме помош од братските христијански народи. Не знам дали Оливер Спасовски е фан на Македонската Асоцијација на Атеисти како Катица Јанева, Владимир Милчин, Саше Ивановски Шамарлитико, Мирјана Најчевска и други, но тоа сепак не му дава право да заштитува едни верници, муслиманите, на сметка на други, православни и христијани воопшто. Пријавата против скврнувачите на светото место за православните имаат пријава само за нарушување на јавен ред и мир и оштетување на имот. Не и за верска омраза.
Прво што очекуваш ти, да МВР реагира и да има недај боже жртви, па да настане поголема калакурница, ниту еден камен или железо, или педа место не е побитно од човеков ќивот, без разлика дале е Албанец, Турчин, Македонец, Вмровец, Сдсмовец, секој изгубен живот е изгубен живот и тоа да се спречи.
Она во црвено што го напиша тотално нема врска со реалноста, она може да го напише само благо ретардиран човек, пријателе те молам посети специјални установи за ментално здравје, загрижен сум за тебе.


luxor напиша:
Со оглед на тоа дека дојдоа на ваш повик зашто не би било можно да сега да ги повикате нивните колеги од Косово да ги ослободат па да го обвините СДСМ дека се неспособни? Или дека тие намерно ги ослобогиле?

Хм, браво, не ми текна на ова..мислев дека е само циркузијада, ама држи место муабетов.

defo

Број на мислења : 1924
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Krstot vo Butel

Пишување by трендафил on Сре Мар 09, 2016 11:07 am

МВР е институцијата што треба да се спротивстави на секој облик на дивјаштво. Не може сега една група насилници, како што е таа окулу градоначалникот на мојата општина Чаир да одлучува што ќе се прави во друга општина, во Бутел. Не гледам зошто би имало воопшто жртви, а и ако ги има зошто тие да не бидат на страната на насилниците. По вас партизаните не требало да се борат против бугарските, германските италијанските и албанскиет фашисти во НОБ за да нема жртви. Или комитите против османлиите. Ако насилниците се спречат и сосечат во корен, ќе обезбедиме посигурна иднина на нашите деца. Пацифизмот има свои граници. Ако СПасовски не е способен да ги спроведе законите, а прекршители на законот се Изет Меџити и ордата насилници окулу него, а не раководството на општина Бутел. Градењето крст и цркви било забрането во времето на Отоманската империја. Ни комунистите не забранувале нешто такво. Како што сега ДУИ поддржано од СДСМ, САД и ЕУ сака да направи во општина Бутел. Можеби ќе забраните и на гробиштата во Бутел да се ставаат крстови на гробовите. За да не им пречи тоа на вахабистите собрани окулу градоначалникот на мојата општина. И да се спречат жртви.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2769
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Krstot vo Butel

Пишување by Гостин on Сре Мар 09, 2016 11:10 am

МВР заврши работа Трендо. Не дозволи ескалација на судирите а против прекршителите на законот се поднесени кривични пријави. Спасовски одлично се справи со ситуацијата што не може да се каже за дпмне-овците и нивната брк министерка во ситуацијата на Калето каде заменик министер за внатрешни работи ги ослободуваше уапсените.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Krstot vo Butel

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот