АВОКАДО

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

АВОКАДО

Пишување by Гостин on Саб Мар 12, 2016 7:51 pm

АВОКАДО (PERSEA AMERICANA)



Татковината на авокадото е Америка. Расте како дрво со висина до 20м, но во нашите географски широчини не надминува височина 1м. Соодветно е за одгледување како собно растение.

Релативно лесно можете да си го одгледувате од семки. А овошје авокадо се наоѓа без проблем, особено во поголемите маркети. Авокадото бара светло и директна изложеност на сонце.

Авокадото може да се користи во свежа, солена, замрзната, за подготовка на разни салати, пијачки, кремови, сладолед. Тие исто така се од голем интерес за парфеми и прехранбената индустрија.

Можете да го одгледувате преку целата година во собата, но во летните месеци можете да го изнесете на балконот или во градината.Температурата во текот на летото треба да биде 20-25 степени, додека во зима е подобро да се држи на ладно место - околу 10-15 степени.

Ова растение сака многу вода - обилно наводнување и висока воздушна влажност. Водата за наводнување треба да е мека и филтрирана. Во текот на зимата бара помалку вода, и доволно е земјата само да не биде сува. Се ѓубри два пати месечно со ѓубриво за украсни растенија.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: АВОКАДО

Пишување by Гостин on Пон Мар 14, 2016 6:42 pm

Salata od advokado super odi so rakija. Twisted Evil

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот