Грујо ги плукна Обама и Меркел во лице

Страна 1 of 2 1, 2  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Грујо ги плукна Обама и Меркел во лице

Пишување by Гостин on Сре Апр 13, 2016 9:26 am

Со прогласувањето на пржинскиот договор за тоалетна хартија, Грујо конечно го покажа вистинското лице, и не и остави на меѓународната заедница никакво двоумење дека Македонија е заложник на група криминалци. САД и ЕУ и досега покажале дека можат да бидат толерантни, но според мое мислење овој пат мерката е премината. Посебно затоа што најверојатно во наредните денови СЈО ќе биде прогласено за неуставно од страна на уставните сваровски судии. Инаку џабе помилувањата од Хорхе. Би сакал да ги прочитам вашите размислувања на оваа тема. Дали Грујо и овој пат ќе помине неказнето, или треба да очекуваме посилни реакции од меѓународната заедница кои ќе доведат до враќање на преговарачка маса и исполнување на преземените обврски од Пржино?

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Грујо ги плукна Обама и Меркел во лице

Пишување by трендафил on Сре Апр 13, 2016 1:40 pm

Во секој случај македонскит народ е тој што на изборите на 5ти јуни ќе одлучи каква власт сака. Дали оваа, враќање на СДСМ, некој друг до тогаш избор на МЕркел и Обама или можеби некое сосема ново решение. Според резултатите од изборите ќе знаеме кава е демократската одлука на народот и дали сака или не безобразно мешање на странците во нашите домашни работи. Токму странците не држат како заложници, па и да сакаме не можеме да гласаме против партија за која сме сигурни дека нема да ни го смени името и идентитатот. Иначе ситуацијата сега е слична на таа од 2001 година. Кога имавме агресија од Косово каде што владееше НАТО. Само што сега улогата на УЧК ја има СДСМ, на Хашкиот трибунал што осуди Македонец, а не обвини ниту еден терорист СЈО на Катица.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2769
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Грујо ги плукна Обама и Меркел во лице

Пишување by Hamad bim Khalifa on Сре Апр 13, 2016 6:12 pm

Da mu se divis na upornosta na trendolakis!.......(ili glu....a?)
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Грујо ги плукна Обама и Меркел во лице

Пишување by Гостин on Сре Апр 13, 2016 7:10 pm

Mora kalifu, mora da bide...Ti si vinoven za toa...Od pamet go izvadi so opisite na nadarenosta na cimerite shto kje mu gi dodelat vo Idrizovo...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Грујо ги плукна Обама и Меркел во лице

Пишување by трендафил on Сре Апр 13, 2016 7:13 pm

Знам дека сите неофашисти ги сметаат тие што не се со нив за глупави. Пржинскиот договор е прогласен за тоалетна хартија од тие што извршија притисок изборите наместо на 24 април да се одложат за 5ти јуни. Будалаштината дека секој договор, на пример Времената спогодба со Грција или Рамковната спогодба важат само за Македонците, а не и за другата страна изгледа престанува. Што би рекле така е со сите договори за кои гарант се НАТО и ЕУ, па и со овој последниов. Исто е и со судењето. Секогаш треба да бидат судени само Македонци. Порано тоа го правеа странци, од Хашкиот трибунал, сега тоа требаше да го прават антиантичките  Македонци од СЈО.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2769
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Грујо ги плукна Обама и Меркел во лице

Пишување by Гостин on Сре Апр 13, 2016 7:17 pm

Pa koj te tera da bidesh chlen na neofashistichkata dpmne-uchk partija??? Drugarot Tito vo koj se kolneshe pred nezavisnosta barem beshe antifashist...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Грујо ги плукна Обама и Меркел во лице

Пишување by трендафил on Сре Апр 13, 2016 8:34 pm

Зошто не протестирате против одлуката на претседателот пред неговата резиденција на Водно. Дали од страв да не го вознемирите газда ви Бејли кој му е комшија?

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2769
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Грујо ги плукна Обама и Меркел во лице

Пишување by defo on Сре Апр 13, 2016 10:38 pm

Хаха, Грујо се покажа поцврст камен од што мислевме, искрено, Грујо си ја обработува агендата 200%. Не се дава, дури и по цена од она што се плашев да предизвика инциденти со жртви. ПР -от му е на најако ниво, пласиран преку Сител, Канал5, Вечер... Уште има доволно сила (бар надвор од Скопје), преку своите гавази да организира 20-30 автобуси, да покаже дека има подржувачи. Од сегашна гледна точка (ова е добро да се памти), Грујо ќе оди на 5 јуни на избори и ке остане уште 4 години власт. Последиците за нас, Македонија како држава понатаму ќе видиме какви се......а ќе се лоши во секој случај.

defo

Број на мислења : 1926
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Грујо ги плукна Обама и Меркел во лице

Пишување by osa on Сре Апр 13, 2016 10:54 pm

ова е лудило ...

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Грујо ги плукна Обама и Меркел во лице

Пишување by osa on Сре Апр 13, 2016 11:06 pm

dali gi gledavte izjavite na LEPOTANITE narecheni KONTRAPROTESTANTI ....eden idiot go prashuvaat zoshto e dojden a toj kreten odgovara : pa mora da sme tuka da go branime sobranieto ...go prashuva pak novinarot a od kogo ...kretenot odgopvara od SDSM ..oni sakaat da go napadnat sobranieto .....
e bre makedonche kako moze da si tolku glupavo ...

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Грујо ги плукна Обама и Меркел во лице

Пишување by трендафил on Сре Апр 13, 2016 11:20 pm

И ИСИЛ мислеше дека е непобедлив затоа што ја има поддршката од САД и ЕУ, па гледам му ја свиткаа опашката. Дури и САД се принудени да се борат против своето чедо. Ако мислите дека со неколку стотици насилници ќе направите државен удар Господ нека ви е на помош.
Ако ја демолиравте канцеларијата на Претседателот на Република Македонија и направивте обид за насилен влез во министерството за правда, како може човек да ви верува дека нема да извршите напад и врз Собранието, кога не сакате да излезете на избори, а сакате да бидете власт.



Еве еден уапсен идиот пред министерството за правда.



Овде го конете знамето на Република Македонија


_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2769
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Грујо ги плукна Обама и Меркел во лице

Пишување by defo on Сре Апр 13, 2016 11:21 pm

ОСА, што да гледаш, повторно исто сценаријо од лани, уфрлаат по наредба на командири од МВР, хулигани, навивачи со кривични пријави, добропознати на МВР да кршат и тепаат полицајци...за после да биде обвинет СДСМ и НВО активисти за тоа. Плус после тоа да имаат алиби за апсење на активисти или евентуално со паравоена структура да влезе во библиотека.

defo

Број на мислења : 1926
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Грујо ги плукна Обама и Меркел во лице

Пишување by osa on Сре Апр 13, 2016 11:25 pm

dali ovoj pat ke PROGLEDAAT strancite ...bitno e oni da gi vidat ovie odnesuvanja na vmro

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Грујо ги плукна Обама и Меркел во лице

Пишување by defo on Сре Апр 13, 2016 11:41 pm

Хм, немоќни се....дефенитивно, Грујо ги вози како сака.....Мора да менуваат стратегија, во спротивно ќе мора да кренат раце. Ако утре го потпише указот Трајко Вељаноски, приказната е завршена, СДСМ или ќе мора да се премисли да оди на избори, што е рамно на одење на јагне во кланица. Или уште еднаш ќе мора да се крши уставот и законите, и собранието да се де-распушти. Или не знам???? Види вакак кога ќе размислиш Хорхе безпрекорно се вклопи во сказната.

defo

Број на мислења : 1926
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Грујо ги плукна Обама и Меркел во лице

Пишување by defo on Чет Апр 14, 2016 8:10 am

Приведен и економскиот експерт Бранимир Јовановиќ

Што напишав погоре, прават УДБА-сценарија, преку свои пиончиња да предизвикаат немири, за да апсат и што треба и што не треба....само што овај пат не е Гоца Жбрк министер за внатрешни работи, па телефонски да дава наредби.

defo

Број на мислења : 1926
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Грујо ги плукна Обама и Меркел во лице

Пишување by трендафил on Чет Апр 14, 2016 9:30 pm

osa напиша:dali ovoj pat ke PROGLEDAAT strancite ...bitno e oni da gi vidat ovie odnesuvanja na vmro
СТранците гледаат. Еве една реакција.
Руска амбасада: Опозицијата е инструмент за распалување на внатрешно-политички конфликт


Констатираме дека македонската опозиција повторно стана инструмент за распалување на внатрешно политички конфликт, меѓу другото со надворешна поддршка, со цел да не дојде до одржување на предвремените избори на 5 јуни кои претставуваат единствен демократски и легитимен излез од долгата криза, вели во писменото соопштение руската амбасада во Скопје.
Сметаме дека е недозволиво да се разнишува кревката ситуација во Македонија поврзана со комплицирана етничка и верска структура на земјата, се додава во дописот. Активирање на „украинското сценарио“, надворешно инспирирање на незаконски дејствија и на државни удари може да доведе до сериозни потреси во Македонија, како и до дестабилизирање во целиот балкански регион предупредуваат од руската амбасада во Скопје.

24 вести
Да напишам и дека Заев е единствениот политичар во светот, другите ваљда за вас не се нормални, што украинското сценарио го смета за нешто добро.
Што се однесува до Бранимир Јовановиќ тој не е приведен како економски експерт туку како насилник.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2769
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Грујо ги плукна Обама и Меркел во лице

Пишување by трендафил on Чет Апр 14, 2016 9:41 pm

defo напиша:Хм, немоќни се....дефенитивно, Грујо ги вози како сака.....Мора да менуваат стратегија, во спротивно ќе мора да кренат раце. Ако утре го потпише указот Трајко Вељаноски, приказната е завршена, СДСМ или ќе мора да се премисли да оди на избори, што е рамно на одење на јагне во кланица. Или  уште еднаш ќе мора да се крши уставот и законите, и собранието да се де-распушти. Или не знам???? Види вакак кога ќе размислиш Хорхе безпрекорно се вклопи во сказната.
Дали за кланица ја сметаш ДИК во која од 9 члена двојца се од ВМРО и еден од ДУИ, а другите 6 се од опозицијата и од соросоидите, да не кажам експерти, а за касапи полицајците од кои првиот е Оливер Спасовски. Доколку сметаш дека народот ќе го заколе СДСМ затоа што му здодеа од повеќегодишното заложништво во кое не држи со помош на амбасадорите на САД, на ЕУ и некои земји од ЕУ на кои денеска Иванов им плесна во лице дека такво недипломатско однесување повеќе нема да се толерира. Македонија изгледа дека доби гаранции од Русија дека нема да дозволи државен удар во земјава. При што оваа голема сила не го условува пријателството со незачленување во НАТО и во ЕУ. Не им пречи да имаат пријатели во овие организации.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2769
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Грујо ги плукна Обама и Меркел во лице

Пишување by defo on Чет Апр 14, 2016 9:56 pm

Хм, нема ни украинско ни никакво сценаријо, има само борба за демократија, борба за подобро утро. И нема никава „револуција“, има сaмо борба за душата за иднината, за прогледување. A се друго е режија на ДПМНЕ за опстанок на власт.

трендафил напиша:
Што се однесува до Бранимир Јовановиќ тој не е приведен како економски експерт туку како насилник.
Абе и јас немам ништо против Груевски како премиер, како член на ДПМНЕ, имам против Груески како криминалец, кој треба час поскоро да се најде пред лицето на правдата.

defo

Број на мислења : 1926
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Грујо ги плукна Обама и Меркел во лице

Пишување by Гостин on Чет Апр 14, 2016 11:07 pm

Kako i sekogash Trendafile, se fakjate za slamka. Vo ovoj sluchaj taa se vika Rusija...Koja nitu kje vi pomogne, nitu pak ima nekakov interes oa vashata banda...No, koga sme vekje kaj strancite, eve malku porelevantni izvori...

„Зидвест пресе“: Со Македонија владее криминална банда

Ако Европа не сака „да излезе мајмун“, ќе мора веднаш да ѝ стави крај на гнилата магија на приклучувањето: посредувањето треба да се прекине, статусот на кандидат да се одземе, коментира весникот „Зидвест пресе“.

„Стандард“: ВМРО ДПМНЕ владее бесрамно и очигледно е во паника

ЕУ и САД вршат притисок врз претседателот Иванов за ревидирање на одлуката, но притисокот доаѓа доцна, оценува австриски „Стандард“. Весникот коментира: „ВМРО- ДПМНЕ владее бесрамно и очигледно е во паника“.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Грујо ги плукна Обама и Меркел во лице

Пишување by Гостин on Чет Апр 14, 2016 11:13 pm

A eve ti neshto i vo original Trendafile...

Mazedonien: Proteste gegen "Präsident Gummibaum"


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Грујо ги плукна Обама и Меркел во лице

Пишување by osa on Пет Апр 15, 2016 12:04 am

abe cel narod izleze po ulicite na Skopje ,ovoj "muva ne go lazi "...ne ebe ziva sila ni domashna ,ni stranska ....ova nekoj izrod....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Грујо ги плукна Обама и Меркел во лице

Пишување by osa on Пет Апр 15, 2016 12:08 am

he he he ne samo gujo ,i horhe gi plukna i toa javno na "emisija na MTV so 8 urednici na televizii .....ova koj ne go gledal ke zazali ...molam vednash koj e sposoben (jas priznavam ne sum)da najde na internet i celata emisija da ja postira na forumov .....nema da veruvate mnogu JAKO ...celata glupocha doaga do izraz ...eve slushnete i videte ...

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Грујо ги плукна Обама и Меркел во лице

Пишување by трендафил on Пет Апр 15, 2016 1:04 pm

За волја на вистината нешто и немаме многу корист од тоа што уште пред 8 години ги исполнивме условите за членство во НАТО, а уште пред 7 за почеток на преговорите со ЕУ. Останува фактот дека главен услов за членство и понатаму е да дозволиме кршење на нашите човекови права и да си го смениме името и идентитетот. Мнозинството Македонци не е спремно за тоа, па плашењето со одземање на кандидатскиот стаус за членство кое Македонија и Македонците нема да го добијат доколку не станат некој друг народ и некоја друга држава на истава територија е страшило за деца. Иначе вакви написи може да се очекуваат во гласила од САД, Велика Британија и Германија пред се. Се разбира и во македонските гласила финасирани од странски амбасади и божем невладини организации и покрај наводната неслобода на информирање. Аболицијата Иванов ја потпиша токму за да ги оневозможи овие странци и домашни предавници да се заебаваат со Македонија и македонскиот народ. Мислам со поголемиот дел кој има демократско право да одлучува. Дури и да грешиме, Кинезите, Американците, Русите, Германците и други немаат право да ни наметнуваат со сила своја одлука. Значи треба да има минимум услови за одржување на избори, а кај нас власта нема контрола ниту над ДИК, ниту над МВР како главен асистент за спречување изборни неправилности, па условите на опозицијата се максимални. Не и одговара само тоа што има низок рејтинг, кој со секој ден и опаѓа, па сака по секоја цена да остане во власта без избори што подолго. Во меѓувреме СЈО да се заебава со кого ќе посака по желба на Амбасадорот како главен на чадорот како што правеше Трибуналот во Хаг со воените злосторници од територијата на поранешна СФРЈ. Па Шешељ го држеа повеќе од една деценија во притвор, а сега го ослободија за да биде српскиот брат Љубе, односно да одземе гласови од Вучиќ, за да дојдат квислинзи на власт во божем демократски услови.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2769
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Грујо ги плукна Обама и Меркел во лице

Пишување by Гостин on Пет Апр 15, 2016 2:21 pm

Ne tresi zeleni Trendafile...Tochno SAD i EU se tie koi ve odrzhuvaa na vlast kreditirajki ve i davajki vi legitimitet...Sega, ako napisot vo " WALL STREET JOURNAL" e tochen, mnogu brgu kje pochnete da pagjate na kolena i da molite za milost...Pritoa nudejki gi na prodazhba ne samo imeto, tuku i jazikot, crkvata pa i samata drzhava...A toa i vi beshe celta...Unishtuvanje na drzhavata na makedonskiot narod za smetka na stranski sili...

„Вол стрит џурнал“: ЕУ и САД со најава за агресивни мерки кон Груевски



Висок дипломат од ЕУ вели дека западните земји ќе преземат агресивни чекори против лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, како и за други високи претставници од власта доколку амнестијата од претседателот Иванов остане на сила, пишува вчера „Вол стрит џирнал“, во текстот под наслов „Амнестијата од македонскиот претседател предизвика граѓански немири“,  

– Меѓу можните казнени мерки за кои се разгледуваат е забрана за патување во земјите од шенген зоната за македонски политичари, повлекување на помошта што Скопје ја добива за мигрантската криза и запирање на поддршката од земјите од ЕУ и НАТО за евроатлантските интеграции на земјата – наведува овој  дипломат.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Грујо ги плукна Обама и Меркел во лице

Пишување by defo on Пет Апр 15, 2016 10:13 pm

И пак ние како граѓани, ќе сме колатерална штета.......

defo

Број на мислења : 1926
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Грујо ги плукна Обама и Меркел во лице

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 2 1, 2  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот