Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

АКВАРИСТИКА

Go down

АКВАРИСТИКА Empty АКВАРИСТИКА

Пишување by Гостин Нед Апр 24 2016, 20:05

Акваристика- чудесен тивок свет

Аквариумот го поседува се она што човекот преживува низ целиот негов живот. Без оглед на возраста, работата, кариерата, дали нешто го прави среќен или тажен, радосен или преморен. Тоа е детска имагинација и потреба за препуштање во еден совршено усогласен свет.

Архетипски човечката потреба и силното чувство за припадност кон подводната хармонизирана заедница, ја прави акваристиката вистински времеплов која може да ја отвори портата на бесконечниот мир, совршениот природен поредок на работите, светот на посебните бои и неописива леснотија. Аквариумот ни овозможува да го видиме она што обично неможеме да го видиме, да го доживееме она што сме го заборавиле. Целиот подводен космос на бесконечно спокојство.

Кога веќе поседуваме аквариум, и се занимаваме со акваристика во нашата секојдневница имаме драгоцено време со нов квалитет, со кој малку работи во животот може да се споредат.

http://aquariummk.blogspot.mk/2013/12/blog-post.html

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

АКВАРИСТИКА Empty Re: АКВАРИСТИКА

Пишување by Гостин Нед Апр 24 2016, 20:06

Популарни аквариумски риби

Poecilia Reticulata

АКВАРИСТИКА 4696883

Потекло: Централна и дел од Јужна Америка до Бразил
Позната како: Guppy (Гупи)
Големина: Женки до 6cm, машки околу 4cm
Параметри на водата: 18-27 C, средно тврда, 7.0-8.0 Ph
Прехрана: Сува, жива и смрзната храна
Разлика меѓу половите и одгледување: Машките се помали од женките, имаат поубави и повеќе бои, поголеми грбни перки и многу поголеми задни перки и имаат гоноподиум кој е анална перка развиена во орган за оплодување на Женките. Женката која еднаш е оплодена може да раѓа повеќе пати т.е. ја чува млечта, што е еден вид на прилагодување во случај на лоши услови. Носењето на оплодените јајца трае околу 30 дена. Женката пред пород има голема, темна точка на задниот дел од стомакот. Во просек женката раѓа 10-15 млади зависно од нејзината големина и старост. Гупите се канибали како и сите останати живоротки, па затоа женката треба да ја ставиме во посебен аквариум со густо насадена трева за да можат малите да се сокријат или да ја ставиме во мрестилка. Малите риби  е добро одма да се хранат со жива храна или со иситнета сува храна, младите брзо растат во вода богата со кислород, па затоа добра густа насаденост на аквариумот или појачана аерација на водата е пожелна.

Коментар: Гупите најлесно се размножуваат од сите живоротки, тоа е една од основните причини зошто почетниците се одлучуваат баш за таа врста. Гупите се мирољубуву, не бараат некои посебни услови и се идеални за заеднички аквариуми. Заради лесното одгледување и можноста за одбирање варијации за одгледување, денес на пазарот имаме многу врсти гупи кои се разликуваат по обликот на перките и боите. Ако сте почетник и ако се одлучите за гупи они ќе ви помогнат засекогаш да го засакате ова хоби.

Напомена: Чувајте 2-3 женки на еден мажјак, за да го намалите стресот на женките од сталните прогонувања и желби за парење на мажјаците.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

АКВАРИСТИКА Empty Re: АКВАРИСТИКА

Пишување by Гостин Нед Апр 24 2016, 20:07

Xiphophorus Helleri

АКВАРИСТИКА 882459

Позната како: Ксифо, Сабјарка
Потекло: Средна Америка, Јужно Мексико до Гватемала
Големина: oд 12 до 13 cm
Животен век: 3+ години
Карактеристики: Мирољубива, активна, живее во јата
Параметри на водата: 7,3 pH, 10- 13 dH, 17- 25 o C
Прехрана: Сува храна, жива храна, смрзнати ларви од комарци, додаток билна храна на пр. спирулина лифчиња
Прекрасна, мирољубива риба со активен темперамент, една од најубавите живородни риби. Сака големи, аквариуми со многу растенија и многу простор за пливање, друштвена е и погодна за заеднички аквариуми. Разликата на половите е видлива како и кај сите останати живородки така и кај ксифото, мажјаците имаат анална перка развиена во гоноподиум и задната перка има продолжување во облик на меч. Женката ги носи младите 4-5 недели и може да породи од 25 до 100 млади, што зависи од големината и староста на женката.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

АКВАРИСТИКА Empty Re: АКВАРИСТИКА

Пишување by Гостин Нед Апр 24 2016, 20:07

Poecilia Velifera (Latipinna)

АКВАРИСТИКА 1909092

Живоротките се вивипарни риби од фамилијата Poeciliidae. Потеклото на оваа фамилија риби е Јужна и Средна Америка и води во САД. Се наоѓаат во слатки, ботанички, па дури и солени тропски води. Главна и напрепознатлива одлика на овие риби е внатрешното оплодување и вивипарност- способност женката да ја инкубира икрата во својот стомак.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

АКВАРИСТИКА Empty Re: АКВАРИСТИКА

Пишување by Гостин Нед Апр 24 2016, 20:08

Xiphophorus Maculatus

АКВАРИСТИКА 3749400

Позната како: Платица
Потекло: Средна Америка- Мексико, Гватемала Големина: до 6cm
PrehranaИсхрана: Жива и сува храна, смрзнати ларви и лифчиња
Карактеристи: Мирољубива, активна, лесна за одгледување и размножување
Параметри на водата:pH 7.0, темп. 22-26 , средно тврда

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

АКВАРИСТИКА Empty Re: АКВАРИСТИКА

Пишување by Гостин Нед Апр 24 2016, 20:08

Paracheirodon innesi

АКВАРИСТИКА 613664

Потекло: Јужна Америка, Амазон
Позната како: PПлава неонка, неонка
Големимина: 4 cm
Параметри на водата: Температура 21-24 C, киселост 6,6-7 pH, тврдост 8-10 dGH,
Прехрана: Сува и жива храна, лифчиња, гриндал црви
Разлика меѓу половите и одгледување: Кај неонките мажјакот е потенок и помал од женката. За размножување ни е доволен помал аквариум со мрежичка на дното низ која пропаѓаат икрите да не би биле изедени од стана на родителите, потребна е мека вода 2 до 4 dH , а киселост околу 5,5 – 6,5 додека температурата би требало да биде околу 21-23 степени. На една женка мораме да и пуштиме два мажјака, во спротивно положувањето на јајцата нема да успее. Родителите после мрестот ги преместуваме. Јајцата се осетливи на светлост па аквариумот треба да биде замрачен. Зависно од температурата на водата малите неонки излагаат во рок од еден до два и пол дена и почнуваат да се лепат по растенијата, стаклото и на дното. Малите неонки после една недела веќе можеме да почнеме да ги храниме со артемија.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

АКВАРИСТИКА Empty Re: АКВАРИСТИКА

Пишување by Гостин Нед Апр 24 2016, 20:09

Trichogaster Trichopterus

АКВАРИСТИКА 733389

Име: trichogaster – tricho = три, gaster = желудник; trichopterus – pteris = врста папрати
Синоними: Trotočkasta guramija, Plava guramija, Plavi trichogaster, Zlatna guramija, Zlatni trichogaster (Three spot Gourami, Blue Gourami)
Живеалиште: ЈИ Азија, Сијам, Малајски поток, Пинанг, Сингапур, Суматра, Банка, Јава, Бали, Мандура, Борнео
Големина: до 15 cm
Параметри на водата: темп.: 22-27 C; pH 5,5 – 8,5; мека- тврда
Најмала препорачана големина на аквариумот: 150 litara
Razred: Perciformers
Ред: Anabantoidei
Фамилија: Anabantidae
Род: Trichogaster
Прехрана: tubifex црви, водени бубачки, сува храна, смрзната храна

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

АКВАРИСТИКА Empty Re: АКВАРИСТИКА

Пишување by Гостин Нед Апр 24 2016, 20:09

Betta Splendens

АКВАРИСТИКА 2205455

Позната како: SСијамски борец, Бета борец, Betta
Потекло: Азија
Големина: 6cm
Храна: Сува храна, замрзната храна
Вода: 23°-27°C; 30 за мрест, dH 8,pH 7,0
Однесување: Мирољубива риба, за време на мрест малку територијална. Два машки примероци никако не се поднесуваат и не се чуваат заедно во ист аквариум, бидејќи може да се тепаат до смрт. Оваа преубава аквариумска риба, и преубавите бои кои сто ги има кај маскиот пол, е доста привлечна риба за акваристите. Денес постојат мн врсти настанати со селетивно размножување, со разни бои, должина и облик на перките и сите се поприлично различни од дивиот вид на B.splendensa. Сака густо насадени аквариуми со средно осветлувањем, со доста простор за пливање, слаба циркулација на водата и доста пловечки растенија. Разликата меѓу половите е едноставна- мажјакот има големи и раскошни перки, додека женката има кратки. Најдобро е со еден мажјак да се чуваат 2-3 женки. Не бараат некои посебни услови бидејќи се познати како лабиритни (можат да вдишат атмосферски кислород), можат да преживеат во води сиромашни со кислород. Дивите примероци на пр. живеат во оризови полиња, често во отисоците од копитата на водените биволи.

http://aquariummk.blogspot.mk/2013/12/blog-post_13.html

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

АКВАРИСТИКА Empty Re: АКВАРИСТИКА

Пишување by Гостин Пет Мај 06 2016, 20:32

A da cuvas nekoe krapce pa da go ispeceme?

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

АКВАРИСТИКА Empty Re: АКВАРИСТИКА

Пишување by nesapesic79 Пет Jул 22 2016, 17:54

ja smotrim filmovi e ta hobi

_________________
ja sakam filmovi

nesapesic79

Број на мислења : 1
Join date : 2016-07-22

http://www.filmovibezreklama.com/

Вратете се на почетокот Go down

АКВАРИСТИКА Empty Re: АКВАРИСТИКА

Пишување by Гостин Саб Окт 22 2016, 12:35

Болести кај рибите

Amonijak

Амонијакот е еден од најголемите убијци на рибите. Тоа се случува најчесто кога аквариумот е тазе стартуван. Меѓутоа, тој исто така може да се појави во стабилизирани аквариуми кога премногу нови риби ќе се додадат одеднаш, кога филтерот ќе има дефекти, или ако полезните бактериски колонии изумираат како резултат на употребата на лекови или ненадејна промена во условите.

Симптоми

Рибата диши забрзано на површината на водата
Пурпурна црвена или жабрите и се црвени
Губење на апетитот
Риба е на дното од аквариумот
Црвени пруги на перките или телото

Труење со амонијак може да се случи одеднаш или во текот на на неколку дена. Првично риба може да се види како се бори на површина за воздух. Жабрите ќе почнат да се претвораат во црвени или лилава боја, и може да се појави крварење. Рибата ќе го изгуби апетитот. Во некои случаи рибата може да се забележи на дното.
Ако продолжи труењето од амонијак, црвени ленти или крвавите дамки ќе се појавуваат на телото и перките. Внатрешната штета се случува во мозокот, органите и централниот нервен систем. Рибата почнува да крвари внатрешно и надворешно и на крај умира.

Третман

Да се намали pH-то под 7.0
25-50% промена на водата
Употреба на хемиски препарати за неутрализирање на амонијакот
Да се престане со хранење или намали на минимално

Ако нивото на амонијак е над 1 ppm како што мери секој стандарден тест, веднаш да се започне со третманот. Спуштање на pH на водата ќе обезбеди итна помош, како што и 50% промена на водата (не заборавајте да користите вода која е на иста температура како во аквариумот). Неколку промени на водата во краток временски период може да го намали на амонијакот под 1 ppm.
Ако рибата е во тешка состојба, треба да се употреби хемиски препарат за да се неутрализира амонијак. Хранењето треба да се ограничи така што дополнителниот отпад е намален. Во случај на многу високо ниво на амонијак, хранењето треба да се запре за неколку дена. Да не се ставаат нови риби додека нивото на амонијак не се сведе на 0!
Амонијакот поради токсичноста е поврзан со pH вредноста. Амонијакот станува токсичен, ако се крене нивото на pH над 7,0. Бидејќи има толку многу променливи, што нема начин за да се види. Меѓутоа, постојат општи упатства да се следи.
На ниво од 1 ppm или 1 mg / l, рибата е под стрес, дури и ако тие не се во акутна катастрофа. Ниски нивоа, може да бидат фатални за рибата ако е постојано изложена на нив. Од таа причина морално е да се продолжат секојдневните тестирања додека не се сведе на 0. Кога амонијакот е зголемен за еден долг период, не е чудно да се загубат и сите риби понатака иако е сведено на 0.

Превенција

Отстранување на неизедената храна
Редовна промена на водата
Редовно тестирање на водата (за да се фати проблемот од почеток)

При стартување на нов аквариум, се додаваат само неколку риби (кои не се многу осетливи) и не треба да се додаваат повеќе додека аквариумот не исциклира целосно. Од кога ќе исциклира се додаваат постепено по неколку нови за да не дојде до пренаселување.
Ставајте храна во мали количества, и отстранувајте го вишокот на храна од кога ќе поминат 5 минути од ставањето. Чистете го аквариумот еднаш неделно, отстранувајте мртви растенија или други остатоци. Делумна промена на водата секоја втора недела, во малите пренаселени аквариуми. Редовно тестирајте ја водата од амонијак и нитрити за да не биде касно.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

АКВАРИСТИКА Empty Re: АКВАРИСТИКА

Пишување by Гостин Саб Окт 22 2016, 12:36

Fosfati

Фосфатите (Po4) се присутни во секој аквариум, иако многу сопственици на аквариуми не се свесни за тоа. Ако аквариумот неправилно се одржува, нивото на фосфатите ќе се зголеми и ќе придонесе раст на алги.

Ефект врз Риба

За среќа фосфати не им штетат на рибите директно, дури и при високи нивоа. Сепак, алгата ќе “цута” чиј краен резултат резултат може да биде штетен и за жителите. На пример, позеленување на водата, нема да дозволи растворување на кислородот при што може да им наштети на рибите.

Од каде ни доаѓаат фосфатите?

Фосфати природно се појавуваат. Покрај тоа што внатрешно се произведуваат, фосфатите можат да влезат и од надворешни извори. Од храна, хемикалии, водата сама по себе може да содржи значајни количества на фосфат.

Извори на фосфати:

Недоизедената храна
Распаднати растенија
Изумрени алги
Изметот на рибите
Мртви риби
Нестабилна pH
Самата вода

Посакуваното Ниво

- Фосфати се присутни во две форми: органски и неоргански. Во тестовите што се продаваат по аквашоповите, можете да набавите тест само за неоргански фосфат, па имајте на ум дека вие мерите само дел од сефкупниот фосфат во вашиот аквариум.

Резултатите од тестовите за фосфат
1,0 ppm (или 1,0 mg / L), ова се поволни услови за старт на раст на алги, од 2 до 3 ppm, алгите веројатно се веќе појавени,
Идеално ниво е 0,05 pmm, или помалку.

Намалување на фосфати

- Најдобар начин за намалување на фосфатот е кога тие не се на високо ниво. Меѓутоа, ако веќе нивото е високо, веднаш треба да се превземат чекори за да се намали, а тоа се следниве:

Промена на водата – Голема промена на водата ќе помогне за брзо разредување на фосфатите, но ако основните извори сеуште се таму, тоа ќе биде само привремено намалување. За целосно да се намали, треба да се вршат почести промени на водата и секако да се тестира.

Постојат апсобери на фосфати, кој се многу корисни, тие можат да се додадат во секој филтер така што веднаш ќе почнат да го отстрануваат вишокот на фосфати.

Чистење на аквариумот – чистење на стаклото од внатрешната страна, редовно сифонирање на дното. И редовно чистење на филтерот.

Држете ги фосфатите на ниско ниво

- Откакако ќе го симнете нивото на фосфати, направете тоа да остане така. Еве некои начини за да се избегне покачувањето на фосфатите.

Ставајте помалку храна – Најголемиот извор на фосфати е сувата храна. Додавајте храна во помали количини, не претерувајте, ако храната не ја изедат за повеќе од 5 минути отстранете ја. Храната што ќе ја изедат за 1 минута е сосема доволна за нивниот раст и развој.
Промена на храната - Фосфатите се користат како конзерванс во некои храни. Сите брендови не се создадени еднакво, затоа направете го вашиот избор за истражување на оние марки кои имаат пониски нивоа на фосфат.

Извор вода – Тестирајте го вашиот извор на вода. Не е невообичаено за водата од чешма да содржи 1 ppm фосфати. Доколку нивото е високо, Барајте алтернативен извор на вода (Reverse Osmosis апарат).
Редовна промена на водата - Редовните промени на водата ќе помогнат нивото на фосфати да исчезне. Менување на десет до петнаесет % неделно, со употреба на вода со низок фосфат е сосема доволно.

Одржување на аквариумот - Одржување на аквариумот ќе помогне да се избегнат фосфатите. Сифонирајте го дното, за да се отстрани недоизедената храна, изметот на рибите, откачените листови итн.

Чистење на филтерот - Чистете го еднаш во две недели механичкиот дел од филтерот, исплакнете го со вода од аквариумот, редовното чистење на филтерот ќе ги намали изворите на фосфати.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

АКВАРИСТИКА Empty Re: АКВАРИСТИКА

Пишување by Гостин Саб Окт 22 2016, 12:37

Nitrati

Значењето на нитрати во аквариум е помалку разбрано од луѓето што чуваат аквариуми за разлика од ефектот на нитрити и амонијак. Иако не се директни нитратите сепак доведува до смрт во начинот на амонијак и нитрити, со текот на времето високи нивоа на нитрати имаат негативен ефект врз риби, растенија и воопшто на целата животна целина во аквариумот.

Ефект врз Риба

Рибите ќе го почутсвуваат влијанието на нитратите кога нивото ќе достигне до 100 ppm, особено ако нивото остане таму. Како резултат на стресот рибата е се повеќе подложна на болести и инхибира нивната способност да се репродуцира.
Високото ниво на нитрати е штетно и за младите риби, ќе влијае на нивниот раст. Исто така, условите, кои предизвикуваат големо ниво на нитрати често предизвикува амалување на кислородот што уште повеќе ја доведува рибата до стрес.

Нитрати и алги

Високото ниво на нитрати се значаен соработник на несаканите алги. Ниско ниво на нитрати како 10 ppm ќе го спречи растот на алгите. Алгите цветаат во ново формираните аквариуми благодарение на нитратите.
Иако растенијата користат нитрати, ако се зголеми нивото на нитрати побрзо отколку што им е потребно на растенијата, на растенијата може да обраснат алги, што во крајна линија води кон смрт.

Од каде доаѓаат нитратите?

Нитратите се производ на распданите растенија (листови скапани), неисчистени филтри, загадување преку храната, сето тоа помага при зголемувањето на нивото на нитрати.

Посакуваното ниво на нитрати.

Во природата нитратите и понатаму се многу ниски, генерално под 5 ppm. Во слатководните аквариуми нитрати треба да се бидат под 25 ppm. Ако сте за одгледување риби, или се борите со алгите треба да го одржувате нивото под 10 ppm.

Како до Намалување на нитратите?

За разлика од нитрити и амонијак, нитратите се намалуваат во средина богата со кислород. Постојат специјални филтри кои ги отстрануваат нитратите, овие уреди се обично поскапи во споредба со другите филтер матријали. Меѓутоа, постојат чекори за да го задржите нитратите на ниско ниво.
Чистете го аквариумот – отпадот кој произведува нитрати. (распаднати растенија, скапани листови, остатоци од храна)
Не претерувајте со ставањето храна во аквариумот – Ова е значаен причинител на вишокот непожелни нитрати и други отпадоци, како фосфати.

Редовна промена на водата – Со одстоена обична вода. Ако нивото на нитрати во обичната вода е големо се препорачува да се користи RO / DI вода.
Чувајте живи растенија - живите растенија користат нитрати, и ќе помогнат да се намали нивото на нитратите.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

АКВАРИСТИКА Empty Re: АКВАРИСТИКА

Пишување by Гостин Саб Окт 22 2016, 12:37

Nitriti

Нитритите се позади петиците на амонијакот, како главен убиец на рибите во аквариумот. За да се спречи загадувањето од нитрити, треба да се тестира/проверува водата, кога се додаваат риби во тазе формиран аквариум, кога филтерот не ја чисти водата како што треба и кога рибите не се лечат со лековите. Симптоми

Рибата диши брзо на површината на водата
Оди каде што е дотокот од филтерот
Брзо движење на жабрите
Рибата добива кафеав тенКрвта се претвора во кафеава поради зголемување на methemoglobin. Сепак, methemoglobin предизвикува сериозен проблем, многу поголем од промена на бојата на крвта. Тоа упатува дека крвта не во можност да пренесува кислород, а рибите буквално може да го задуши иако има премногу кислород во водата.
Различни видови на риби толерираат различни нивоа на нитритни. Кај некои риби може да има малку симптоми додека некои може да умрат ненадејно, без видливи знаци на болест. Вообичаени симптоми се: да се бори на површината на водата, плива во близина на дотокот од филтерот, брзи движење, и промена во бојата/тенот од нормална во темно кафеава.
Дури ако се изложени на ниски нивоа на нитрити за долги периоди може да претрпат штета на нивниот имунолошки систем и да се подложни на болести. Зголеменото ниво на methemoglobin во крвта на рибите го оштетува црниот дроб, жабрите и крвните зрнца притоа кај оние кој веќе се оштетени ќе се лекуваат на празно бидејки ќе умрат од недостаток на кислород, во крвта.

Третман

Големи промени на водата
Додајте сол, хлор по можност
Намалете го хранењето
Зголемување на кислородот

Додавање на половина грам сол на 4л вода ќе ја спречи изградбата на methemoglobin во крвта на рибите. Хлорот се преферира повеќе, бидејки во секој аквариум солта не е добра да се става (поради растенија и риби што не поднесуваат сол). Аерацијата треба да се зголеми за да се обезбеди обилна сатурација на кислород во водата. Хранењето треба да се намали и да не се додаваат нови риби се додека нивото на нитрити и амонијак се доведе на 0.

Превенција

Отстранување на не изедената храна
Редовна промена на водата
Редовно тестирање на водата (за да се фати проблемот од почеток)

При стартување на нов резервоар, се додаваат само неколку риби (кои не се многу осетливи) и не треба да се додаваат повеќе додека аквариумот не исциклира целосно. Од кога ќе исциклира се додаваат постепено по неколку нови за да не дојде до пренаселување.
Ставајте храна во мали количества, и отстранувајте го вишокот на храна од кога ќе поминат 5 минути од ставањето.Чистете го аквариумот еднаш неделно, да ги отстранувате мртвите растенија или други остатоци. Делумна промена на водата секоја втора недела, во малите пренаселени аквариуми. Редовно тестирајте ја водата од амонијак и нитрити за да не биде касно.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

АКВАРИСТИКА Empty Re: АКВАРИСТИКА

Пишување by Гостин Саб Окт 22 2016, 12:38

Brown blood disease

Brown blood disease се појавува кај рибите кога водата содржи големи концентрации на нитрит (NO2) кој е смртоносен за рибите. Brown blood disease се појавува кај рибите кога водата содржи големи концентрации на нитрит (NO2) кој е смртоносен за рибите.

Во здраво формиран и правилно одржуван аквариум со добра филтрација ретко се случува да има нитрит во водата.Нитритот произлегува од амонијакот(NH3 и NH4+) и во нормални услови преку полезните бактерии брзо е конвертиран во релативно нетоксичниот нитрат.

Големи концентрации на нитрит се акумулираат во водата поради тоа што има премногу отпадни материи со кои полезните бактерии неможат да се справат.Ова често се случува кога имаме new tank syndrome,т.е неискицлиран аквариум,или пак неефикасна филтрација. На полезните бактерии им треба одредено време за да се репродуцираат во доволен број,за да ги елеминираат токсичните материи и концентрацијата на амонијак и нитрит биде 0 mg/l.

Пренаселеност на аквариумот и прехранување исто така може да доведат до појава на нитрит.
Нов филтер или нов филтер медиум доведува до појава на нитрит. Миење на био филтерот со вода од чешма би била уште една причина.Третирање на аквариумот со медикаменти кои можат да ги уништат полезните бактерии.

Како превентивни мерки тука би се навеле: постепено населување на нов аквариум со риби,миење на филтер медиумите со вода од аквариум,не од чешма, заменување на истите дел по дел,а не одеднаш,редови промени на вода и одстранување на отпадните материи од аквариум(неизедена храна, измет, растенија во распаѓање и сл.),третирање на болни риби во карантин доколку употребуваме медикаменти кои влијаат штетно на био филтерот.

Нитритот е токсичен за рибите.Тој навлегува во крвта на рибата преку шкргите.Нитритот во комбинација со хемоглобинот формира метхемоглобин,кој за разлика од хемоглобинот не е способен да транспортира кислород низ крвниот систем на рибата.Крвта добива кафена боја и неможе да пренесува кислород и покрај тоа што во водата има доволни концентрации на растворен кислород.Нитритот предизвикува труење на крвта,и штетно влијае и на црниот дроб,шкргите,кожата и крвните клетки.

Рибите страдаат.Се обидуваат од површината на водата да земат кислород.Дишат забрзано и ги отвараат шкргите побрзо од вообичаеното.Шкргите добиваат кафена боја. Имунолошкиот систем на рибите слабее и тие се подлежни на секундарни паразитски и бактериски болести и набрзо умираат.

Што да превземеме?

Најсигурниот начин да утврдиме дали има нитрит во водата е преку соодветен Нитрит (NO2) тест. Концентрацијата над 0.1 mg/l се смета за непожелна,иако некои риби толерираат и поголеми концентрации на нитрит,но сепак и само 0,1 mg/l може да предизвика стрес и подоцна потенцијални проблеми.Во здравоформиран аквариум нитритот треба секогаш да биде 0 mg/l.
Ако има присуство на нитрит, треба да се смени 50% од водата со што би се намалила концентрацијата на нитрит.Препорачливо е додавање на воздух преку воздушна пумпа или хидроген пероксид.

Солта (NaCL;натриум хлорид) го намалува дејството на нитритот спречувајки ја појавата на метхемоглобинемиа.Потребно е да се додаде релативно мало количество на сол,во сооднос 10:1( 10 mg/l сол на 1mg/l нитрит).
Всушност,она што помага во борбата против нитритот и метхемоглобинемија е хлоридниот јон содржан во NaCL, кој го неутрализира дејството на нитритните јони и ја намалува количината на нитрит кој преку шкргите навлегува во организмот на рибата. Со тоа нивото на метхемоглобин во крвта драстично се намалува.

Колку сол е потребно да се додаде се утврдува според формула. Претходно,потребно е да се знае концентрацијата на нитрит и хлорид во водата,односно да се измери преку соодветни тестови.

Формула
(10 x концентрацијата на нитрит) – концентрација на хлорид = ppm хлорид кој треба да се додаде во водата

Пример: 3 ppm нитрит, 15 ppm хлорид

(10 x 3 ppm нитрит) – 15 ppm хлорид = 30 – 15 = 15 ppm хлорид кој треба да се додаде во водата

Ако резултатот е 0 или негативен, тоа значи дека има доволно хлорид во водата и не треба да се додава дополнително.Но,треба да се открие изворот на нитрит и да се елеминира истиот.

Клучот за успех е да се спречи појавата на нитрит.Со обезбедување на ефикасна филтрација,редовни промени на вода и правилно одржување на аквариумот нема да се јавуваат проблеми со нитритот.

http://akvaristika.weebly.com/bolesti-kaj-ribite.html

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

АКВАРИСТИКА Empty Re: АКВАРИСТИКА

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот