ЈАГНЕШКО

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

ЈАГНЕШКО

Пишување by Гостин on Вто Мај 03, 2016 3:52 pm

Јагнешко печено со зеленчук и сливи

Состојки:
1 кг јагнешко, сечено на големи парчиња
3 моркова, исечени на тркалца
3 компири, се сечат на големи коцки
3-4 сливи, модри и суви
2 страка целер
1 лажичка сол
1 лажичка црн пипер
2 страка мајчина душица
1 коцка телешка супа



Подготовка:
Исечете ги сите производи. Месото зачинете го со сол и црн пипер. Пржете го во тава за неколку минути додека не потемне. Во длабок сад поместете го месото и кон него додајте и исечени зеленчук и сливи. Промешајте сè и налејте ја претходно растворената според упатствата супа. Додадете мајчина душица и варете на тивок шпорет под капак до мирување.

http://grid.mk/read/news/512412936/11395903/recept-jagneshko-pecheno-so-zelenchuk-i-slivi

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ЈАГНЕШКО

Пишување by Гостин on Вто Мај 03, 2016 3:53 pm

Велигденско јагнешко со кромид и компири

Состојки:
2-2.5 кг јагнешко
4-5 врски млад кромид
100 г масло
сол
1 врска магдонос
300 мл бело вино
црн пипер
нане, целер
2 кг свежи компири
1 ч. вода



Подготовка:
Јагнешкото се чисти и посолува. Се прават исеченици, во кои се ставаат парчиња путер.
Останатото масло се става под и околу месото. Се полева со белото вино и вода.
Додадете ги компирите, свежиот кроми и магдонос и сè се промешува добро.
Додадете со црн пипер, нане и ли целер на вкус. Покријте со фолија и се пече околу 2-2.5 часа.

http://grid.mk/read/news/512412936/11395903/recept-jagneshko-pecheno-so-zelenchuk-i-slivi

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ЈАГНЕШКО

Пишување by Гостин on Пет Мај 06, 2016 8:33 pm

be ubavo e i peceno i vareno i przaeno. Samo da go ima.;

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ЈАГНЕШКО

Пишување by osa on Чет Мај 12, 2016 11:10 pm

Јагнешка чорба


Месото и зеленчукот се сечат на коцки . во садот во кој ке се вари чорбата се запржува светла запршка . Во запршката исечкани се додаваат кромидот,месото и зеленчукот .Се додаваат зачинките ,се налева малку вода и се остава да се души. потоа се додава црвен пипер,се додава вода и се вари додека не омекне месото. пред да се служи ,во чорбата се додава жолчката изматена во павлака. По желба чорбата се закиселува и се додава копра.



Прочитај повеќе: https://moirecepti.mk/post/%D1%98%D0%B0%D0%B3%D0%BD%D0%B5%D1%88%D0%BA%D0%B0-%D1%87%D0%BE%D1%80%D0%B1%D0%B0

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11953
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЈАГНЕШКО

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот