DALI MAKEDONSKITE POLITICHARI SE SOOCHUVAAT SO "BULDOZHER" DIPLOMATIJA

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

DALI MAKEDONSKITE POLITICHARI SE SOOCHUVAAT SO "BULDOZHER" DIPLOMATIJA

Пишување by Гостин on Сре Мај 04, 2016 7:42 pm

Spored najnovite informacii, vo tek e diplomatska ofanziva za nadminuvanje na krizata shto ja predizvika dpmne, so abolicijata , neprochistuvanjeto na izbirachkiot spisok, opstrukciite za regulanje i sloboda na mediumite kako i neodvojuvanjeto na partijata od drzhavata...

Дипломатска офанзива во клучната недела

Шефот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, амбасадорот Аиво Орав со претставник од амбасадата на САД, вчера во Скопје одржале поединечни средби со раководствата на партиите - потписнички на Договорот од Пржино.
На вчерашните средби било разговарано за актуелните состојби во земјата и за ставовите на партиите за надминување на правната и политичката криза. Секоја од партиите ги презентирала своите позиции во однос на обезбедувањето нужни (пред)услови кои би воделе кон зедничко решение за излез од сегашната состојба и за враќање на меѓупартискиот дијалог.


Како што неофицијално дознаваме, следниот чекор за кој се размислува, е Собранието да донесе одлука со која претседателската аболиција ќе стане неважечка. Со тоа партиите би потврдиле дали државните интереси навистина ги ставаат пред партиските и пред личните интереси на некои нивни претставници, или писмата што ги пратиле до Иванов се само декларативна маска за криење на други цели и мотиви. Подготвеноста за свикување собраниска седница, за чие одржување нема никакви законски пречки бидејќи мандатот на пратениците трае се до изборот на нов собраниски состав, ќе се смета за последен тест - дали и кај кои политички субјекти постои политичка волја за излез од кризата, а кај кои - не!

До овој момент, за најголем удар на Договорот од Пржино се смета одлуката за аболиција, но голема загриженост за функционирањето на институциите предизвикува и поништувањето од Владата на одлуките на министерот за внатрешни работи, како и налозите до вработените во државната и јавна администрација за учество во контрапротести. Тоа, според дипломатски извори, го отсликуваа неодвојувањето на партијата од државата, но и директната и конкретна инволвираност во зголемувањето на „културата на поделби“. Натамошната владејачка контрола врз медиумите, како и недовербата во прочистувањето на Избирачкиот список, се исто така дел од причините кои предизвикуваат сомнежи во можноста да се се одржат кредибилни избори на 5-ти јуни. Како илустрација за тоа се посочува и фактот што ДИК дури вчера одлучи да ги задолжи Управата за водење матична евиденција и МВР да утврдат колку лица од Албанија имаат склучено брак во Македонија и по која основа се стекнале со државјанство.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: DALI MAKEDONSKITE POLITICHARI SE SOOCHUVAAT SO "BULDOZHER" DIPLOMATIJA

Пишување by Гостин on Сре Мај 04, 2016 7:46 pm

Pokraj ova, i Germanija se vkluchuva direktno vo reshavanje na krizata so imenuvanje na specijalen pratenik, koj tesno kje sorabotuva so EK i SAD za nadminuvanje na krizata...

Загриженоста на Берлин резултира во директен ангажман во Македонија

Портпаролот на германското Министерство за надворешни работи, Мартин Шефер вели дека одлуката била поттикната од загриженоста во Берлин за состојбата.
„Внатрешнополитичката состојба во Македонија се уште и предизвикува голема загриженост на германската влада. Излез од многу тешката и длабока внатрешнополитичка криза досега не е на повидок“, вели Шефер.
„Од тие причини, министерот за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер одлучи да именува специјален пратеник за состојбата во Македонија“.
Штајнмајер го замолил амбасадорот Јоханес Хајндл, кој во моментов ја предводи дипломатската мисија во Виена, Австрија, да ја преземе оваа функција.
Шефер не открива кога Хајндл може да се очекува во Македонија, но најавува тесна соработка со партнерите кои се веќе во земјата.
„Амбасадорот Хајндл веднаш ќе започне тесно да соработува со Европската Комисија, со САД и со други партнери, и ќе дава поддршка во нивното посредување за надминување на внатрешнополитичката криза“.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: DALI MAKEDONSKITE POLITICHARI SE SOOCHUVAAT SO "BULDOZHER" DIPLOMATIJA

Пишување by трендафил on Чет Мај 05, 2016 1:53 pm

Иванов не е дел од договорот од Пржино. Иако колку што слушам има понудено поништување на аболицијата што би влегло во сила на денот на изборите. Затоа што тој аболицијата и ја има донесено за да се спречи изживување на С(дсм)ЈО врз политичките противници на оваа партија во време на предизборието. Да напоменам и дека според договорот од Пржино изборите веќе требаше да бидат завршени на 24 април. Иванов нема вина за нивното одлагање, туку ДИК и МВР кои на време не ги исполнија своите обврски. Претседателот не е виновен ни за тоа што СДСМ нема верба ни во членовите на ДИК што ги избра самата. Патем, ниту една земја во светот го нема проверено избирачкиот список толку темелно колку што тоа непотребно го направи Македонија. Само затоа што некој во својот болен ум си утувил дека со 280 илјади гласа бил победник на претходните избори и му е украдена победата

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2769
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: DALI MAKEDONSKITE POLITICHARI SE SOOCHUVAAT SO "BULDOZHER" DIPLOMATIJA

Пишување by Гостин on Чет Мај 05, 2016 3:37 pm

Fikusot koj vo slobodno vreme pomegju dve transakcii so kravati se pretstavuva kako pretsedatel na dpmne-ovcite bidejki vashite brakja uchkite ne go priznavaat a toj ne saka da bide pretsedatel na site gragjani (ili Grujo ne mu dava?) e del od problemot a ne od reshenieto...Zatoa zasluzheno kje go zazeme svoeto mesto vo redovite na familijata vo Idrizovo...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: DALI MAKEDONSKITE POLITICHARI SE SOOCHUVAAT SO "BULDOZHER" DIPLOMATIJA

Пишување by Гостин on Чет Мај 05, 2016 4:33 pm

Се засилува притисокот. Според претседавачот на Советот на ЕУ, услови за фер и демократски избори нема.

Кундерс: Да се повлече аболицијата, условите за избори не се исполнети



Холандскиот министер за надворешни работи Берт Кундерс, како претседавач со Советот на ЕУ упати писмо до лидерите на четирите партии потписнички на Договорот во Пржино, во кое бара нивен ангажман за итно решавање на политичката криза во земјата.

– Како претседавач на Советот на ЕУ и долгогодишен поддржувач на вашата земја ви пишувам на сите потписници на Договорот од Пржино да ја изразам мојата сериозна загриженост за настанатата политичка криза. Меѓународната заедница останува целосно посветена да им помага на партиите. Но, целосно безусловно имплементирање на Договорот кој го потпишавте сите, како и итните реформски приоритети се клучни за евроатлатската иднина на вашата земја. Кога се работи за ова нема алтернатива. Затоа клучно за стабилноста на вашата земја и просперитетот на вашите граѓани да најдете начин за излез од кризата.



Длабоко ја поддржувам изјавата на комесарот Хан дека пропаѓањето на Договорот од Пржино ќе донесе сериозни последици вклучувајќи го и интегративниот процес во ЕУ. Одговорност е на сите политички партии веднаш да се справат со кризата. Во однос на ова, сакам да ви поптенцирам два елементи на кои веднаш мора да работите, се вели во писмото.

Кундерс истакнува пред се, дека минималните услови за кредибилни избори потенцирани од ЕУ и САД не се исполнети, како прочистуивање на изборачкиот список, медиумските реформи, одделување на партијата од државата и прекин на заплашувањето на гласачите.

– Слободни, фер и инклузивни избори се клучни за Договорот од Пржино и непроценливи за демократската иднина на вашата земја. Затоа, овие критериуми треба да бидат исполнети без понатамошно одлагање. Второ, одлуката на Претседателот да ги аболицира обвинетите или оние кои се под истрага, а поврзано со индициите од прислушувањето, особено оние политичари кои во моментов се под истрага на Специјалното јавно обвинителство, мора да биде повлечена. Клучно за Договорот од Пржино и за решавање на политичката криза е да му се дозволи на СЈО непречено да ја заврши својата работа. Меѓународната заедница останува целосно посветена да има асистира на партиите но клулот з арешавање на кризата е во политичките лидери кои го потпишаа Договорот од Пржино, истакнува Кундерс во писмото со потписниците на Договорот од Пржино.

http://novatv.mk/kunders-da-se-povleche-abolitsijata-uslovite-za-izbori-ne-se-ispolneti/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: DALI MAKEDONSKITE POLITICHARI SE SOOCHUVAAT SO "BULDOZHER" DIPLOMATIJA

Пишување by Гостин on Пет Мај 06, 2016 12:23 pm

Pochnuvaat da se gledaat rezultatite od buldozherite vklucheni vo pregovorite...Pritisokot e jasno usmeren kon vladeachkite partii...Posebno e intereno shto posle SJO na red doagja i Specijalen Sud...

ВМРО-ДПМНЕ останува сама, изборите - пред одложување!

Ноќеска на полноќ истече рокот во кој партиите до Општинските изборни комисии (ОИК) требаше да достават предлози за членови во Избирачките одбори. Од 81 ОИК, 10 веќе ја информирале ДИК дека до нив не стигнале предлози ниту од ДПА, ниту од ДУИ. Иако од 71 ОИК претпладнево се чекаат информации, се претпоставува дека трендот ќе биде ист. Од партиската четворка, само ВМРО-ДПМНЕ во текот на вчерашниот ден доставила предлози. До истекот на крајниот рок не стигнале предлози од опозицискиот СДСМ, што беше и очекувано, со оглед дека партијата уште пред еден месец соопшти оти нема да учествува на избори за кои не се обезбедени услови кои ќе гарантираат нивна кредибилност.

ДПА до денес официјално не се изјасни околу (не)учеството на избори, но со повеќе постапки ја навести таквата одлука. Новина е што владејачката ДУИ не доставила предлози за Избирачките одбори, ако се има предвид дека оваа партија заедно со ВМРО-ДПМНЕ веќе делегираше членови за Избирачките одбори во дипломатско - конзуларните претставништва, за што крајниот рок беше 27-ми април.

Ако некои партии не достават листи за Избирачки одбори, тогаш членовите се пополнуваат од редовите на администрацијата. Но, таа постапка сега паѓа во втор план, откако три од четирите најголеми партии-потписнички на Договорот од Пржино, со овој потег навестија дека нема да учествуваат на избори на 5 -ти јуни. Со тоа, и крајниот рок за доставување листи на пратеници (11-ти мај) практично станува беззначаен и ќе фигурира единствено во роковникот на ДИК, но не и во плановите на СДСМ, ДПА и ДУИ.

На ред - седница на Собранието

Холандија како земја претседавач со ЕУ, вчера упати писмо до партиските лидери- потписници на Договорот од Пржино, потишано од шефот на холандската дипломатија, Берт Кундерс, во кое се вели дека во Македонија не се исполнети условите за избори: „Минимумот критериуми за кредибилни избори не е исполнет, а тоа се прочистениот избирачки список, медиумските реформи и одвојувањето на партијата од државата“. Исто така, во писмото е потенцирано е дека на СЈО треба да му се овозможи докрај да ги изврши своите обврски, без попречувања, но и веднаш да се повлече претседателската одлука за аболиција.

Поради бројните опструкции врз СЈО, на билатералните преговарачки средби во изминативе денови се реафирмирала потребата од формирање посебно судско одделение кое ќе постапува по неговите предмети. Таа тема се очекува да биде ставена на дневен ред, откако ќе се направат главните чекори кои треба да овозможат враќање на дијалогот и заедничка средба на лидерската четворка. Тоа значи дека во наредните денови треба да се закаже седница на Собранието, на која ќе се изгласа поништување на одлуката за избори на 5-ти јуни, а на која дел од партиите очекуваат да биде поништена и претседателската одлука за аболиција.

Иако тоа од Иванов го побара и ВМРО-ДПМНЕ со официјално писмо, според преговарачки извори, оваа партија неукинувањето на аболицијата го третира како врвен услов за какви било други отстапки, односно, бара и други начини и гаранции како нејзини членови и функционери да бидат амнестирани од кривична одговорност. За ваквото барање ДПМНЕ наводно имала затсценска поддршка од ДУИ, со што двете партии рефлектираат двојни стандарди по прашањето за владеењето на правото.

Замаскиран очај во ДПМНЕ

Извори во ВМРО-ДПМНЕ, кои не се засегнати со постапките на СЈО, велат дека и покрај обидите на раководството се да изгледа нормално, дека имиџот и рејтингот на партијата не се загрозени, дека не треба да се потклекува и да се покажува малодушност, реалната слика е сосема поинаква.

„Членството е во очај. Но, тоа јавно не смеат да го покажат. На средби со лица од Извршниот комитет или од Владата, го говорат тоа што функционерите сакаат да го слушнат, затоа што им е речено е дека сега треба да се форсира победнички дух, непопустливост, да не се покажува ни трошка слабост, и дека партијата гледа кој како се однесува во овие тешки моменти. И сега сите глумат. Но, реално, состојбата е очајна. Огромен дел се разочарани од начинот на кој врвот се богател во име на народот и од неговите пари. Ретко кој е подготвен понатаму да ја брани политиката на оваа партија, освен оние кои мора да се штитат заедно, заради криминалот. Луѓето се кријат на разни можни начини за да избегнат да одат по налог на контрапротести или на јалови партиски средби. Го нема оној страв од лидерот и од најтесниот круг околу него, како претходно. Таа приказна умре. Расте презирот“, велат партиски извори.

Според нив, ситуацијата не е поразлична и во „централата“, каде засега доминира стравот дека некој може да го напушти „кругот“. Во игра биле дискретни, но темелни контроли на лојалноста и однесувањето на членови на највисоките партиски тела и на пратениците. Се надгледувал степенот на изразен личен ангажман, нивната загриженост за состојбите, степенот на отпор кон притисоци, фреквенцијата на телефонски јавувања во партијата или кај шефот, нивното движење и контакти. Но, и покрај тоа што централата сметала дека ја контролира состојбата, имало индиции дека дел од надгледуваните „го преиспитале својот став и не биле подготвени и натаму да бранат нешто што не може да се брани, а тоа планирале да го соопштат таму каде што треба, пред оние од кого се избрани.“

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: DALI MAKEDONSKITE POLITICHARI SE SOOCHUVAAT SO "BULDOZHER" DIPLOMATIJA

Пишување by трендафил on Пон Мај 09, 2016 9:50 am

luxor напиша:Се засилува притисокот. Според претседавачот на Советот на ЕУ, услови за фер и демократски избори нема.

Кундерс: Да се повлече аболицијата, условите за избори не се исполнети



Холандскиот министер за надворешни работи Берт Кундерс, како претседавач со Советот на ЕУ упати писмо до лидерите на четирите партии потписнички на Договорот во Пржино, во кое бара нивен ангажман за итно решавање на политичката криза во земјата.

– Како претседавач на Советот на ЕУ и долгогодишен поддржувач на вашата земја ви пишувам на сите потписници на Договорот од  Пржино да ја изразам мојата сериозна загриженост за настанатата политичка криза. Меѓународната заедница останува целосно посветена да им помага на партиите. Но, целосно безусловно имплементирање на Договорот кој го потпишавте сите, како и итните реформски приоритети се клучни за евроатлатската иднина на вашата земја. Кога се работи за ова нема алтернатива. Затоа клучно за стабилноста на вашата земја и просперитетот на вашите граѓани да најдете начин за излез од кризата.



Длабоко ја поддржувам изјавата на комесарот Хан дека пропаѓањето на Договорот од Пржино ќе донесе сериозни последици вклучувајќи го и интегративниот процес во ЕУ. Одговорност е на сите политички партии веднаш да се справат со кризата. Во однос на ова, сакам да ви поптенцирам два елементи на кои веднаш мора да работите, се вели во писмото.

Кундерс истакнува пред се, дека минималните услови за кредибилни избори потенцирани од ЕУ и САД не се исполнети, како прочистуивање на изборачкиот список, медиумските реформи, одделување на партијата од државата и прекин на заплашувањето на гласачите.

– Слободни, фер и инклузивни избори се клучни за Договорот од Пржино и непроценливи за демократската иднина на вашата земја. Затоа, овие критериуми треба да бидат исполнети без понатамошно одлагање. Второ, одлуката на Претседателот да ги аболицира обвинетите или оние кои се под истрага, а поврзано со индициите од прислушувањето, особено оние политичари кои во моментов се под истрага на Специјалното јавно обвинителство, мора да биде повлечена. Клучно за Договорот од Пржино и за решавање на политичката криза е да му се дозволи на СЈО непречено да ја заврши својата работа.  Меѓународната заедница останува целосно посветена да има асистира на партиите но клулот з арешавање на кризата е во политичките лидери кои го потпишаа Договорот од Пржино, истакнува Кундерс во писмото со потписниците на Договорот од Пржино.

http://novatv.mk/kunders-da-se-povleche-abolitsijata-uslovite-za-izbori-ne-se-ispolneti/
Не знам за какво прочистување на избирачкиот список блада холандскиот министер за надворешни работи кога тој е проверен и е утврдено дека на него имаше само 2 ( еве ќе напишам и на холандски со зборови TWEE) случаја на двојно запишување, но по административна грешка, а не со намера за изборни манипулации. Пред пет дена Дневник има упатено прашање во врска со оваа глупост, но и по пет дена нема добиено одговор. Сите заедно треба да се здружиме и да бараме извинување на вакви идиотски изјави со кои некој се обидува да ја понижи со лаги и клевети нашата земја.
Што се однесува до аболицијата, не знам што им пореметила во плановите на тие што сакаат да наметнат своја вазалска власт во Македонија, но тоа е неприкосновено право на нашиот Претседател. Дури и ако погреши. До сега ниту Холандија, ниту Брисел и Вашингтон не бараа поништување на аболиција и амнестија, без разлика дали се работи за поединечна, како таа на Заев или Доста Димовска или за групна кога се работи за терористите од УЧК. Напротив беа поздравувани. Не знам каква врска има аболицијата со изборите. Всушност таа е добра шанса за опозицијата. Може да излезе на избори со ветување дека по победата на изборите ќе ја поништи аболицијата и ќе изгласа импичмент на Претседателот Иванов. Па демократски, народот ќе одбере што понатаму. Нема тоа да го наметнуваат странци.
Ајде и тука да ви напишам дека немојте многу да се радувате кога ве бранат Холанѓани. Тие ги бранеа и Муслиманите во Сребреница, Бог да ги прости.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2769
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: DALI MAKEDONSKITE POLITICHARI SE SOOCHUVAAT SO "BULDOZHER" DIPLOMATIJA

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот