Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

СДСМ го призна избирачкиот список

2 posters

Go down

СДСМ го призна избирачкиот список Empty СДСМ го призна избирачкиот список

Пишување by трендафил Пет Мај 13 2016, 22:34

СДСМ го призна избирачкиот список Izbiracki_SDSM

ДИК испрати писмо до Претседателот на Собранието за отстапување на бројот на гласачи во некои изборни единици поголемо од законски дозволената рамка. Бројките се врз основа на прочистениот список, кој ДИК го прифаќа како точен. Инрересно е што, како што се гледа на фотографијата, на известувањето стојат потписите на сите членови на изборната комисија, што значи дека сите го прифаќаат списокот како чист.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11172
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

СДСМ го призна избирачкиот список Empty Re: СДСМ го призна избирачкиот список

Пишување by defo Пет Мај 13 2016, 22:44

Во три изборни единици има отстапување од законски дозволениот број на  гласачи по изборна единица. Ова го покажал јавниот увид во избирачкиот список, и за овој проблем Државната изборна комисија преку писмо ќе го извести претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.

Не му сугерираат ништо, освен што го повикуваат да постапи според законот. Со тоа, сепак, му даваат можност, да го свика веќе распуштеното Собрание за да може да се измени Изборниот законик, со што, пак,  изборите закажани за  5-ти јуни, ќе мора да се одложат.

Во третата изборна единица има  5,77 проценти помалку гласачи од потребното. Во четвртата се 5,12 проценти помалку, додека шестата изборна единица има 6,50 проценти повеќе гласачи од дозволеното, што значи дека е неопходно нивно прекројување.

Извештајот, освен до Вељановски, ќе биде доставен и до Министерството за правда и до владата. Членот на ДИК од СДСМ, Игор Милев, рече дека, после ова, свикувањето на Собранието е законска обврска на Вељановски, но не е сигурен дека претседателот на Собранието ќе ја испочитува, затоа што, вакво известување му испраќале и до сега, но тој не реагирал.

Доколку сепак, изборите се одржат, дијаспората нема да гласа, затоа што не се пријавиле доволно гласачи. Пријавените 5.343 гласачи, не го исполнуваат условот за одржување на избори во дипломатско конзуларните претставништва.

За Комисијата остана дилемата, дали тие лица сепак ќе можат да гласаат, доколку избори се одржат, а тие во тој период се затекнат во Македонија. Законот околу ова прашање е нејасен и за него дополнително ќе се дискутира.  

Телма вика друго, Трендо а и ДИК.......од кај ја донесе ти твојава константација јас не знам....ДИК фрли ракавица за одложување на изборите-Вељановски на потег
defo
defo

Број на мислења : 3476
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

СДСМ го призна избирачкиот список Empty Re: СДСМ го призна избирачкиот список

Пишување by defo Саб Мај 14 2016, 17:30

СДСМ го „призна“, ама ДИК не.....вика ќе бара одложување на изборите

_________________
Интернетот, социјалните мрежи демократијата ја претворија во желба за анархија и хаос.
defo
defo

Број на мислења : 3476
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

СДСМ го призна избирачкиот список Empty Re: СДСМ го призна избирачкиот список

Пишување by трендафил Саб Мај 14 2016, 21:04

defo напиша:СДСМ го „призна“, ама ДИК не.....вика ќе бара одложување на изборите
Причините поради кои ДИК сака да побара одложување на изборите се од сосема друга природа. Избирачкиот список е чист, а со исклучок на два случаи во кои се работи за очигледна административна грешка, односно еден на 900 илјади чист беше и на минатите избори. Што би рекле СДСМ од денот на изборите ЛАЖЕ за наводни фантомски гласачи. Сега се работи за наводен небалансираност по изборни единици, односно дека наводно во изборната единица 6 имало најповеќе гласачи. Но во неколку изборни циклуса по ред во оваа изборна единица се станува пратеник со најмалку освоени гласови, затоа што стотина илјади гласачи, во најголем дел Македонци од албанската етничка заедница се во странство, но согласно законот се наоѓаат на списокот. Проверката на избирачкиот список како спореден производ изнесе на виделина дека бројот на македонските Албанци е значително намален. Па се доведува во опасност двојазичноста на државно ниво според Рамковната спогодба. Ова е веројатно и причината што чадорот сака јазична федерализација, односно албанскиот да се прогласи за официјален државен јазик на целата територија на Република Македонија без спомнување на проценти.
Иначе ДИК има испратено до Собранието известување. Исто известување, со минимална разлика во бројките, е испратено и во декември минатата година, но никој до сега не реагираше на него, затоа што тоа и не е законска обврска. Но давеникот нели и за сламка се фаќа. Па така САД, ЕУ, СДСМ, ДУИ, ДПА, Сорос и други, општо кажано тие што сакаат да воведат диктатура во Македонија, односно власт без избори се трудат да пронајдат начин како да се изиграат Уставот, законите и Пржинскиот договор. Се работи за групацијата која многу не се држи до правото, посебно кога се работи за пресудата на судот во Хаг што Македонија ја доби против Грција.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11172
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

СДСМ го призна избирачкиот список Empty Re: СДСМ го призна избирачкиот список

Пишување by Гостин Пон Мај 16 2016, 02:55

Трендо, ајде доста со зелените. Членовите на ДИК од СДСМ го потпишаа известувањето до Трајкота само за да ви помогнат да излижете таму кај што плукатвте, т.е. да ги одложите изборите, кои по кој знае кој пат ги бетониравте и го излажавте членството.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

СДСМ го призна избирачкиот список Empty Re: СДСМ го призна избирачкиот список

Пишување by defo Пон Мај 16 2016, 08:20

Дневник 2005 година, 6-7 месеци пред избори...Трендо коментар???? Кој тоа ве донесе вас на Власт 2006 а???? Кој беше тогаш чадорот??????
СДСМ го призна избирачкиот список 10422231_469433809914049_3287309167204971888_n

_________________
Интернетот, социјалните мрежи демократијата ја претворија во желба за анархија и хаос.
defo
defo

Број на мислења : 3476
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

СДСМ го призна избирачкиот список Empty Re: СДСМ го призна избирачкиот список

Пишување by трендафил Пон Мај 16 2016, 10:48

Тоа барање не ВМРО тогаш не беше усвоено. Ни за прочистување со странски експерти ниту да гласа дијаспората. Прв пат за овие избори во прочистувањето учествуваше и странски експерт за информатика. Се покажа дека избирачкиот список бил чист, односно дека домашните експерти го прочистиле исклучително добро и дека на последните избори пред две години имало само два случаја на т.н. фантомски гласачи, односно дека Заев излажа дека со фантомски гласачи победила актуелната и идна власт. Втора голема лага беше дека власта вршела масовно прислушкување. Излезе дека власта е жртва на прислушкување, дека тие разговори подоцна беа монтирани и емитувани од страна на политичка партија. Не од некој наводен свиркач. За фантомите имавме обид со фалсификат да се докаже дека власта фалсификувала лични карти. Иако секој нормален би се прашал зошто некој би фалсификувал лични карти во некој стан ако ги има под управа машините за производство на оригинали. А ДИК добива список од МВР, па доколку податоците врз кои е издадена ги нема во списокот на МВР ги нема ни во избирачкиот список. Се покажа дека во Македонија има одреден број малоумници што веруваат во вакви приказни, но сигурно е дека нивниот број не е толкав за да може со нивни гласови да се добијат избори.
За жал странците во Македонија секогашп се однесувале антимакедонски. Во спорот со Грција ја поддржуваат оваа земја и со прст немаат мрднато да се спроведе пресудата на судот во Хаг. Во сите спорови со Албанците исто така се секогаш на нивна страна. Во 2001 године во сред војна не ставија под ембарго за оружје, потоа со протисок ја потпишавме Рамковната спогодба, па и таа беше прекршена како сега со Пртжинскиот договор и изборите на 24 април, па имавме територијално решение за етнички прашања, односно територијална поделба на општините по желбите на АЛбанците. Тогаш имавме и прв бјокт на гласање, кога СДСМ и партиите на АЛбанците не излегоа на гласање на референдумот за да нема доволна излезност. За среќа кога истата групација повторно бојкотира гласање, на парламентарните избори нема вакви ограничувања. Проблем ќе бидат претседателските избори, кога со бојкот ќе направите обид наместо на непосредни избори претседател да се избира во Собранието при што малцинствата би имале право на вето, односно би се гласало со т.н. Бадинтерово мнозинство.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11172
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

СДСМ го призна избирачкиот список Empty Re: СДСМ го призна избирачкиот список

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот