ЦРНА ХРОНИКА

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

ЦРНА ХРОНИКА

Пишување by osa on Сре Мај 11, 2016 11:17 am

Оваа тема ја отворив за да може да постираме секојдневни случки од црниот биланс ...

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЦРНА ХРОНИКА

Пишување by osa on Сре Мај 11, 2016 11:20 am

еве ја првата вест со која ќе ја "отворам темата"

ТРАГИЧЕН ЕПИЛОГ НА САБОТНАТА ТЕПАЧКА ВО МИЧУРИН

триесетгодишен скопјанец им подлегна на повредите здобиени во ноќниот клуб „Мистик“

Триесетгодишното момче од Скопје, кое во саботата наутро беше претепано во ноќен клуб во населбата Мичурин, утрово им подлегна на повредите. Тажната вест стигна од Клиниката за неврохирургија, каде Славе Бирачевски бил на интензивно лекување. Повредите биле фатални, лекарите не успеале да се изборат за неговиот живот, потврдија од Министерството за внатрешни работи.

Трагичниот епилог ги шокираше сите, кои беа делумно запознаени со инцидентот во поранешната кафеана „Деспина“, односно сегашниот ноќен клуб „Мистик“. Според првичните сознанија на полицијата, објавени во неделниот билтен, во саботата околу 11.45 часот добиле пријава дека во Ургентниот центар за укажување помош е донесено 30-годишно момче, кое се изјаснило дека било повредено во тепачка во клубот.

„Од страна на доктор биле констатирани тешки телесни повреди: скршеница на горната и долната вилица). СВР Скопје превзема мерки за расчистување на настанот“, наведоа од полицијата.

Извори од МВР велат дека инцидентот воопшто не бил пријавен кај нив, односно за неа дознале дури откако од Клиничкиот центар, како што наведува протоколот, ги известиле оти кај нив се лекува повреден во тепачка. Започната е истрага, се утврдува кој и зошто го претепал младиот Бирачевски.

Ноќниот клуб „Мистик“ во близина на Железничката станица во Скопје има работно место од 23 до 4 часот (во работните денови), односно до 5 часот за време на викендите. Од тие причини, вчера за време на нашата пладневна посета немаше никој. Соседите во околните згради велат дека не слушнале за саботниот инцидент.

„Не слушнавме дека има полиција, можеби така ќе дознаевме оти нешто се случило. Утредента прочитавме по медиумите дека имало тепачка, но тоа не е ништо ново. Навечер не можеме да спиеме оти забавата трае цела ноќ и така речиси секој ден во годинава“, негодуваат станарите.

И во минатото, додека угостителскиот објект се викаше „Деспина“, пред и во него имаше серија инцидент. Најпознатиот за јавноста се случи пред крајот на 2007 година кога беше убиен 26-годишен припадник на полициските „тигри“, а приведен беше член на Единицата за брзо распоредување. Причина за крвавиот инцидент меѓу двете групи полицајци, наводно, била расправија поради банална причина. Во 2012 година, во кафеаната беше пукано од возило во движење, при што настрадаа ѕидовите од објектот. Две години подоцна, 34-годишен скопјанец се здоби со три убодни рани во стомакот откако се степа со обезбедувањето. (Г.А.)

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЦРНА ХРОНИКА

Пишување by defo on Саб Мај 14, 2016 4:20 pm

Нешто, што треба да се помне се и сообраќајните несреќи во Македонија кои секојдневно се случуваат.
Еве пример вести од денес сабота 14.05.2016
Четиринаесетгодишна малолетничка од Гостивар се здобила со скршеница на десната потколеница и други повреди во сообраќајната несреќа, што ноќеска околу 2 часот и 30 минути се случила на крстосницата од улицата „Браќа Ѓиноски“ и кеј „Вардар“ во Гостивар.

Како што информира денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, сообраќајката се случила меѓу моторцикл, управуван од 16-годишен малолетник од Гостивар, на кој како совозач била гостиварката и автомобил „Форд Ескор“, што го управувал Р.С.(23), исто така од Гостиавр.

Притоа гостиварката се здобила со тешки телесни повреди, скршеница на десната потколеница и други повреди и со такси возило била префрлена во гостиварската болница, од каде по укажаната лекарска помош, поради карактерот на повредите била упатена на скопските клиники.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото од несреќата извршила екипа од полициската станица Гостивар и работи на утврдување на причините и се друго поврзано со сообраќајката.

– Според првичните податоци од увидот, причина за несреќата е алкохолизираност на возачот на моторциклот и негова неприлагодена брзина на условите на патот, рече Јосифовски.
Секојдневно имаме по 10-15 сообраќајни несреќи, од кој 8-12 на територија на град Скопје, со 2-5 повредени. Има високи казни што е за пофалба, но нема очигледно кој да го спроведе законот.

defo

Број на мислења : 1924
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЦРНА ХРОНИКА

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот