ЈАГОДИ

Страна 2 of 2 Previous  1, 2

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: ЈАГОДИ

Пишување by Гостин on Вто Мај 31, 2016 12:02 pm

Француски тост со јагоди и Нутела

Состојки:

6 парчиња бел леб за тост
1/2 шолја ситно сечкани јагоди
½ шолја Нутела
¼ шолја шеќер во прав
Малку путер
1 јајце
2 лажички млеко
Подготовка:

Измешајте го јајцето со млекото. Парчињата леб добро стиснете ги со сукало и исечете им ја корката. Намачкајте со Нутела, ставете јагоди и замотајте ги како палачинки. Зацврстете со чепкалки. Извалкајте ги во јајцето со млеко и пржете неколку минути додека не поруменат, а Нутелата не почне да се топи. Сервирајте со неколку свежи јагоди и проросете со шеќер во прав.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ЈАГОДИ

Пишување by Гостин on Вто Мај 31, 2016 12:02 pm

Алкохолен коктел од џин и јаготки

Состојки за 1 чаша:

½ лажичка шеќер
¼ лајм
3 свежи јагоди, 2 исчистени и ситно исечкани, 1 за украс
50ml џин
Кисела вода со вкус по желба
Свежо нане
Подготовка:

Во висока чаша измешајте ги 2-те ситно сечкани јагоди со шеќерот и врз нив исцедете го лајмот. Почекајте неколку минути да се растопи шеќерот, измешајте, па истурете го џинот. На крајот додајте ја киселата вода и декорирајте со преостанатата јаготка и свежото нане.



http://www.crnobelo.com/hrana/recepti/40841-5-recepti-so-jagotki-od-koi-ke-izlizete-prsti

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ЈАГОДИ

Пишување by Гостин on Вто Мај 31, 2016 1:44 pm

Брз рецепт за чоколадни јагоди

Се прават лесно и брзо, а вкусот на секоја јагода е фантастичен. Не заборавајте дека сезоната на јагоди завршува за неколку дена, така што побрзо направете ги и изненадете ги вашите сакани.

Еве како да го направиме ова вкусно изненадување:

Убаво измијте ги јагодите, но оставете им ја зелената дршка за декорација.

Растопете на шпорет едно црно чоколадо со малку путер. Секоја јагода ставете ја во смесата со црно чоколадо. Потоа, наредете ги јагодите на мрсна хартија додека да се стврдне чоколадото.

Растопете на шпорет едно бело чоколадо, исто така со малку путер. Направете шари на јагодите со веќе стврднато црно чоколадо.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ЈАГОДИ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 2 of 2 Previous  1, 2

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот