ДОМАТИ

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

ДОМАТИ

Пишување by Гостин on Саб Мај 28, 2016 8:37 pm

Одгледување на рани сорти на домати

За производителите, финансиски многу е важно раното стасување во поглед на раниот принос. Изборот на хибрид кој со своите квалитети може да го задоволи пазарот е една од најтешките и најодговорни задачи и на неа производителот треба да посвети големо внимание, со цел да одбере добар семенски материјал. За да го направиме тоа на квалитетен, одговорен и правилен начин, потребно е поставување опити, при што се следи: квалитетот на плодот, приносот, раното стасување, отпорноста, едноставноста на одгледување итн. Затоа треба да се изврши мерење на приносот на одреден временски период. Тоа многу лесно би го направиле со добра евиденција. Се мерат деновите на вегетација, т.е. од денот на посадувањето до почетокот на бербата, како и од почетокот на бербата се мери приносот по берба. Дваесет и пет дена од почетокот на бербата е ран принос. Ова ја дава вистинската слика за сортата на доматот. Мерењата не се важни само за раното стасување, туку и за тоа колкав принос се добива од таа сорта во килограми.
За добро производство, секако, важна е добрата при- мена на агротехнички мерки, квалитетниот тресет, како и квалитетните ѓубрива.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ДОМАТИ

Пишување by Гостин on Саб Мај 28, 2016 8:37 pm

Сеење на расад

Сеењето на семето се одвива така што секоја семка е посебно во контејнери, претходно исполнети со тресет со 0-10 мм гранулација. Пожелно е да се користи 100-процентен бел тресет, а може и во топла леа како густ расад. За периодот од садење до никнување потребно е да се одржува температура од 25°С, како во ноќта, така и преку ден. Од појавата на првите листови се до пикирањето, потребно е да се одржува температура од 20°С преку ден и 16°С за време на ноќта. По пикирањето, во текот на развојот на расадот се одржува дневната температура на 16°С, ноќната ако се пресадува на стално место без дополнително осветлување 14°С, доколку се пресадува на место со осветлување, тогаш расадот се одржува на температура од 18°С дење со 16°С ноќе. Подолу, во та- белата се спомнува осветлување, а не загревање вториот период на расадот, кога е поразвиен/по- голем, температурата треба да биде регулирана на 15°С дење, 13°С ноќе, доколку е облачно. Кога е сончево, дневната температура е 18°С, а ноќната 15°С. Светлината која е неопходна во текот на одгледувањето расад не треба да биде помала од 4 милиони лукса, а оптималните услови за одгледување се околу 10 милиони лукса.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ДОМАТИ

Пишување by Гостин on Саб Мај 28, 2016 8:38 pm

Температура на воздухот при подигнување и одгледување

Во одгледувањето на раните сорти влијаат температурните разлики,светлосните денови,правилната квалитетна исхрана,како и добрата хибридна сорта. Оптималниот режим на исхрана кај раностасните сорти може да се одреди со претходна анализа на почвата. Како правило внесувањето на ѓубривата (хранливите материи) се врши на тој начин што 70 проценти од целовкупните потреби се внесува како основно и 30 проценти како дополнителна исхрана со водорастворливи и фолијарни ѓубрива. Ние препорачуваме да се користат ѓубрива со контролирано ослободување на материите како Адготаѕ1ег, водорастворливи ѓубрива и фолијарно се отпорни на секакви распукувања. Зреењето е екстремно рано. Добриот принос е очекуван и при екстремни услови.

http://agroalternativa.info/odgleduvane-na-rani-sorti-na-domati/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ДОМАТИ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот