Канабис

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Канабис

Пишување by Гостин on Сре Јун 01, 2016 8:23 pm

Од следната недела маслото од канабис во аптеките

Од следната недела маслото од канабис ќе биде достапно во аптеките. Пациентите кои до сега често илегално го купуваа, сега ќе можат да обезбедат професионално преработен препарат, за медицински цели. Од Агенцијата за лекови, велат дека со измените на законите за употреба на канабисот за медицински цели, на пазарот прво ќе се појави маслото со состав од растението Канабис Сатива.

„производите кои имаат пониско ниво на психотропната супстанца, ќе можат да се купат без рецепт.  Кон крајот на јуни, на пазар ќе има таблети со повисока доза на психотропната супстанција, кои граѓаните ќе можат да ги купат само со рецепт од специјалист“ вели директорката на агенцијата, Марија Дарковска.

„Фондот за здравство нема да го покрие маслото од канабис, бидејќи се уште не е потврдено кои болести ги лекува“,  додаде директорката на агенцијата за лекови Марија Дарковска.

За сега „Реплек“ е единствената фармацевтска компанија која е лиценцирана за преработка на екстракти од канабис, кои ќе се увезуваат. Има голем интерес од домашните и странските компании за добивање на лиценца за производство на канабис.

http://tv21.tv/mk/?p=86572

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот