ХИБИСКУС

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

ХИБИСКУС

Пишување by Гостин on Пон Јун 06, 2016 10:20 am

ХИБИСКУС (HIBISCUS)



Хибискусot (Hibiscus) е род со познати над 200 вида, дел од семејство Слезови (Malvaceae). Најраспространетите видови од овој род се кинеската и суданската роза.

Повеќето растенија потекнуваат од Азија, но некои растат и во Африка како диво растение.

Во Индија белиот хибискус се користи како лековито растение, а во Централноафриканските земји за производство на сокови.

Сириската роза e национално цвеќе на Јужна Кореја, а кинеската роза - на Малезија. Кинеската роза цвета речиси преку целата година и достигнува до 1 - 2 метри височина во домашни услови. Живее повеќе од 20 години. Цвета речиси преку целата година и достигнува до 1 - 2 метри во домашни услови. Живее повеќе од 20 години. Хибискусот е одличен пример за собно растение. Неговите цветови во принцип траат само еден ден - два, но со добро одлгедување можат да цветаат од пролет до есен.

Хибискусот има голем број на сорти, кои цветаат во бело, жолта, портокалова, розова или црвена боја. Егзотичните бои на хибискус се нарекуваат "цветови на љубовта" и тие се симбол на Хаити, а во Индија ги користат во свадбените церемонии. Уште на почетокот на XVIII век хибискусот бил пренесен од Кина каде красат многу ботанички градини во Европа. Има тврдења за кои се вели дека хибискусот се среќавал уште во XVI век во Италија. За нејзино одгледување е потребно да не биде директно изложена на сонце и на ветер. Цвета во текот на летото со преубави бои. Почвата каде е засадено ова растение треба да биде отцедлива, со добра дренажа. Расте добро дури и во градски услови. Најчесто одгледувани се:

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ХИБИСКУС

Пишување by Гостин on Пон Јун 06, 2016 10:21 am

- хибискус сириски (H. syriacus) е листопадно дрво, што често расте во форма на грмушка. Го викаат уште и дрво ружа, честа во нашите паркови и дворови. Го сметаат за национално цвеќе на Јужна Кореја. Тоа може да живее до 100 години. Се користи за уредување на паркови, алеи, ѕидови, огради. Расте бавно, цвета по 3-4-годишна возраст. Издржува кратковремени намалувања на температурата до минус 22 степени. Лесно поднесува пресадување, а се размножува со резници, семиња. Ова растение е доста издржливо и не се плаши од болести и инсекти. Поради бесмртниот корен што го има на Јужнокорејците им претставува симбол за бесмртната природа на Кореја, инспирација, решителноста и упорноста на корејскиот народ. Затоа го сметаат за цвет на Јужна Кореја.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ХИБИСКУС

Пишување by Гостин on Пон Јун 06, 2016 10:22 am

- хибискус сабдарифа (H. sabdariffa) (слика 2) е уште познат со трговските имиња: коноп Розела, Сиамска јута, јута од Јава. Тоа е истата онаа судански роза, од која се прави чајот каркаде. Листовите, стеблата и чашките на растенијата имаат црвеникава боја. Свежите листови се користат во салати, а семето се печење и се користи во супа и слатки. Откако прецвета чашката започнува да расте и да се зголемува 5-6 пати и да станува сочна и месест. Може да се собираат чашките заедно со зрелите плодови. Свежите се користат за желе, се подготвуваат од нив сосови, компост, се користат за боење на проѕирните овошни конзерви, како на пример од ананасот.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ХИБИСКУС

Пишување by Гостин on Пон Јун 06, 2016 10:22 am

- хибискус коноп - (Hibiscus cannabinus) е вид хибискус, кој потекнува веројатно од јужна Азија, иако вистинската неговата татковина е непозната. Познат е под многу имиња како што се коноп од Гамбија (Gambo hemp), сиамска јута, kеnaf, јута од Бимли (Bimlipatam jute), коноп од Амбари и др. Ова е едногодишно или двегодишно тревесто растение што расте на висина од 1,5 до 3,5 метри, а стеблото му е 1-2 см во дијаметар, и не е секогаш разгранет. Историјата на неговото одгледување е многу долга, поради растителните влакна, кои се добиваат од сувите стебла и успешно се добиваат коноп, јажиња, хартија. Од овој вид коноп се прават и вреќи за кафе. Од семето му се извлекуваат технички масла. Најмногу се одгледува во Индија, Кина, Бразил, САД, Узбекистан.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ХИБИСКУС

Пишување by Гостин on Пон Јун 06, 2016 10:22 am

- Хибискус кинески - (H. rosa-sinensis) (слика 3) расте во Источна Азија и на островите во Тихиот Океан. Тоа е добро познатата и сакана собна кинеска роза. Се смета за национален цвет на Малезија. Неговите пет листови ги симболизираат петте заповеди на исламот. Ова е голема грмушка со раскошна круна и е многу погодна за обликување на пространи простории, зимски градини, канцеларии. И кај нас кинеската роза е едно од омилените и дистрибуирани собни растенија. Може да достигне висина дури до 2-3 метри. Цвета во текот на летото во текот на неколку месеци. Најмногу обилно и долготрајно цвета и се развива, доколку и се обезбеди силна светлина, топлина, умерена воздушна влажност и постојано влажна почва. Не поднесува сепак директна сончева светлина.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ХИБИСКУС

Пишување by Гостин on Пон Јун 06, 2016 10:23 am

Хибискусот издржува и на сенка, но при недоволна светлина цвета малку и се развива полошо. Оптималната температура за зимскиот период е околу 15 ° С. Во текот на зимата просечната температура треба да биде минимум 13 степени. Не треба да биде изложено на директна сончева светлина. Почвата треба да биде влажна цело време. Во текот на зимата наводнувањето може да се намали. Често бара да и се прскаат листовите. Пресадувањето може да се врши во рана пролет, секоја година. Хибискус дава прекрасна атмосфера и на градината. Задолжително вметнете саксијата дома, пред да паднат првите мразеви

Се размножува во месец мај, преку резници на температура 20-25 степени. Може да се ѓубри на две недели во текот на летото со минерални и органски ѓубрива. Ви зимскиот период ако е на ладно не се ѓубри, но ако е на топло еднаш во месецот. Евентуални штетници се лисните вошки и грини. Доколку забележите опаѓање на листовите најчеста причина е студот, премногу сувата земја во текот на летото.

http://mojataubavagradina.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=493:hibiscus-caj-lekoviti-rastenija-sobni-gradina-cveta-cvetovi-malezija-kina-indiski-korea&catid=97&Itemid=501

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ХИБИСКУС

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот