Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Најавена купо-продажба на Макпетрол

Go down

Најавена купо-продажба на Макпетрол Empty Најавена купо-продажба на Макпетрол

Пишување by defo Пет Јун 10 2016, 21:30

Според она што деновиве се врти по медиумите во Македонија, постои можност за купо продажба на Макпетрол. Потенцијалниот купувач преку Лондон доаѓа од Кипар. Што самото по себа отвара многу прашања.
Британецот Васили Евдокимов е директор на компанијата Балкан Петролеум Холдинг, заинтересирана за преземање на нафтениот гигант Макпетрол. Фирмата е основана на 28 мај 2016 година, покажуваат документите до кои дојде Фактор и кои ексклузивно Ви ги објавуваме
Најавена купо-продажба на Макпетрол Balkan-petroleum1
Најавена купо-продажба на Макпетрол Balkan-petroleum11
На интернет може да се види дека името на Евдокимов се споменува како поранешен директор на повеќе оф шор фирми, а тој е дел и од Панама Пејперс. Британски државјанин е, роден 1957 година.
Е сега тука познавачите на приликите во економскиот свет, имаат објаснување за целокупнииот процес на преземње на фирми кое може да биде пријателско или непријателско:
Што е пријателско, а што непријателско преземање?

Кога меѓу понудувачот и менаџментот на компанијата постои коректна комуникација и менаџментот смета дека прифаќањето на понудата е подобра опција за акционерите отколку одбивањето на истата, станува збор за пријателско преземање.

Во тој случај менаџментот му овозможува на понудувачот целосно да го скенира неговото работење односно да изготви детален “due diligence”.

Во случај на непријателско преземање менаџментот на компанијата смета дека понудата за преземање е неповолна за компанијата, меѓутоа и покрај таквото мислење на менаџментот понудувачот ја дава понудата.

Непријателско преземање е и кога понудувачот воопшто не водел никакви преговори со менаџментот на компанијата што ја презема. Во случај на непријателско преземање понудувачот влегува во поголем ризик, бидејќи има пристап само до јавно објавените информации.

Покрај тоа, и банките потешко одобруваат кредити и гаранции во случаи на непријателски преземања.

Пријателските преземања во најголем број случаи имаат позитивен исход односно постапката за преземање успешно завршува, додека непријателските преземања се понеизвесни и тие честопати завршуваат како неуспешни.

Преземањата на акционерските друштва се законски регулирани.

Основните принципи на кои се темелат регулативите од областа на корпоративните преземања се: заштита на правата на акционерите, особено на малцинските акционери, недискриминација во постапката на преземање и обезбедување фер правила за сите учесници во постапките на преземање, информирање на вработените во друштвото коешто е цел на преземањето, допуштањето на конкурентски понуди од страна на други 4 понудувачи, кои ги обврзуваат истите правила како и првичниот понудувач, со право на првиот понудувач да ја повлече својата понуда.

Постапката на преземање на акционерските друштва во Република Македонија е регулирана со посебен закон, со Законот за преземање на акционерските друштва (Службен весник на РМ бр.04/2002, бр.37/2002 и бр.6/2007).

Од друга страна па понудената сума од 50 милиони преставува, спрема познавачие на овај бизнис жива смешка......за фирма која има над 100 бензински пумпи, 100 возила со лиценци за превоз на запливи материи, скалдишта, управува со националниот гасовод, плус им споредни но силни бизниси, лиценциран увозник на DELL(ИТ сфера, најпознат производител на ИТ опрема за деловно работење) и HONDA(овластен увозник и сервисер) , автомобилски и моторциклистичка галантерија, масла, резервни делови и слично. Плус стручниот кадар кој ја гради целата компанија.
Така да се отворени многу прашања околу ова преземање??? Дали во позадина повторно не е некоја игра со која актуелната власт ссака да допре и до овој бизнис. Всушност овој бизнис е столбот на секое општество, кој ја контролира нафтата и газот во една држава, тој преставував држава во држава. Дали постои опасност од тектонски промени во овој бизнис, кој би предизвикал свои рефлекси и во целата економска и политичка состојба. И зошто пред се целата операција започнува да се изведува во своевидна ситуација на политичка криза???
Кој стои зад наводната кипарска фирма што сака да го купи „Макпетрол“. Ова засега останува тајна. Сепак тоа не им пречи на вработените акционери сериозно да размислуваат за продажба на нивните акции.
Според дел од нив, кои сакаат да останат анонимни, се прави пакет акции кој би му бил понуден на јавна продажба, по цена од 25 908 денари.
Вработените акционери се запознаени со понудата и кај повеќето постои дилема, дали да се продаде? Дали е вистинско време? Што ќе правам со работното место?
Дали продажбата на акциите, ќе се случи? Цената не е само симболична. По долг пост на берзата, станува збор за прилично фина сума, која не е за потценување. Тоа ја раздвижи подзаспаната берза.

Или па е само своевидна патка, проба, пуштање пробен балон, за некоја друга изведба....останува времето да покаже.
Кој стои зад наводната кипарска фирма што сака да го купи „Макпетрол“. Ова засега останува тајна. Сепак тоа не им пречи на вработените акционери сериозно да размислуваат за продажба на нивните акции.
Според дел од нив, кои сакаат да останат анонимни, се прави пакет акции кој би му бил понуден на јавна продажба, по цена од 25 908 денари.
Вработените акционери се запознаени со понудата и кај повеќето постои дилема, дали да се продаде? Дали е вистинско време? Што ќе правам со работното место?
Дали продажбата на акциите, ќе се случи? Цената не е само симболична. По долг пост на берзата, станува збор за прилично фина сума, која не е за потценување. Тоа ја раздвижи подзаспаната берза.

Но бар според мене треба активно да се посматра ситуацијата со Макпетрол, за да не падне повторно Македонија во шема каква што е со телекомуникацискиот сектор.





defo
defo

Број на мислења : 3486
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Најавена купо-продажба на Макпетрол Empty Re: Најавена купо-продажба на Макпетрол

Пишување by defo Саб Jул 23 2016, 00:26

И понатаму не стивнуваат превирањата околу наводното, можно преземање на Макпетрол. Неделникот Фокус побара повеќе одговори од  Балкан Петролеум.
Наспроти 15-те милиони загуба на Макпетрол и 6-годишното работење без дивиденда за акционерите, во некои од медиумите се вадеа информации што се целосни невистини, а за кои поткрепа имаме и од документацијата што е доставена до Комисијата за хартии од вредност и која по добивање на дозволата ќе стане јавно достапна преку Проспектот.


Од една страна е Балкан петролеум, со низа обвинување кон актуелното раководство на Макпетрол, а од друга страна излегуваат многу кондратикторни информации за Балкан Петролеум,  нејзините основачи, време на основање и слично. И секако најсомнително е инертноста на Комисијата за хартиии од вредност.

Случајот за превземањето на Макпетрол може да покаже дека Македонија е Елдорадо во Европа
defo
defo

Број на мислења : 3486
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Најавена купо-продажба на Макпетрол Empty Re: Најавена купо-продажба на Макпетрол

Пишување by Гостин Саб Jул 23 2016, 11:02

Makpetrol e gumenata patka Defo...Ili potochno dimnata zavesa...Vistinskata cel e TV Telma...Nema da bide nikakvo iznenaduvanje ako eden den se doznae deka Balkan Petroleum e rusko-dpmneovska mafijashka firma...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Најавена купо-продажба на Макпетрол Empty Re: Најавена купо-продажба на Макпетрол

Пишување by defo Нед Jул 24 2016, 16:37

Teo напиша:Nema da bide nikakvo iznenaduvanje ako eden den se doznae deka Balkan Petroleum e rusko-dpmneovska mafijashka firma...

Не би ме чудело воопшто, да е некаква ДПМНЕ-оска шема во позадина....
defo
defo

Број на мислења : 3486
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Најавена купо-продажба на Макпетрол Empty Re: Најавена купо-продажба на Макпетрол

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот