Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

КАЈСИJА

Go down

КАЈСИJА Empty КАЈСИJА

Пишување by Kalinda Пон Jул 11 2016, 15:59

Да видиме зошто
се препорачува
да се јаде кајсија !?
Kalinda
Kalinda

Број на мислења : 494
Join date : 2015-02-28

Вратете се на почетокот Go down

КАЈСИJА Empty Re: КАЈСИJА

Пишување by Kalinda Пон Jул 11 2016, 16:03

Кајсија (или обична кајсија, науч. Prunus armeniaca) — најодгледуваниот вид традиционално овошје во нашиве простори. По Втората светска војна производството на кајсии во Македонија изнесувало околу 2.700 тони. Во последната декада од социјалистичкиот период (1980–1990) површините под плантажни насади достигнаа до 900 хектари, а производството до 12.000 тони. Со приватизацијата и влошувањето на состојбата во општествениот сектор, насадите се напуштени, а производството нагло опадна. Последниве години статистиката регистрира 140.000 родни стебла кајсии, со производство меѓу 2.000 и 4.000 тони.
Кајсијата е мало дрво, високо 8-12 метри, со стебло до 40 см во дијаметар и густа широка крошна. Листовите му се овални, 5-9 см долги и 4-8 см широки, со заоблена основа, истакнати на врвот и ситно назабени по страните. Цветовите се 2-4,5 см во дијаметар, со пет бели до розеникави латици. Цветаат одделно или во парови, во рана пролет, пред лисјата. Плодот е налик на ситна праска, 1,5-2,5 см во дијаметар (па и поголем кај некои одгледувачи), со жолто-портокалова боја, црвеникав на страните што се најмногу изложени на сонце; површината му е мазна со ситни, кадифени влакненца. Има 1 семка затворена во тврда лушпа.
Kalinda
Kalinda

Број на мислења : 494
Join date : 2015-02-28

Вратете се на почетокот Go down

КАЈСИJА Empty Re: КАЈСИJА

Пишување by Kalinda Пон Jул 11 2016, 16:07

Историја на одгледувањето

Кајсии кои се сушат на земја, Турција.
Кајсии, свежи
Хранлива вредност по 100 г.
Енергетска вредност 201 кЏ (48.040.152.963.671 ккал)
Јаглехидрати 11 g
- Шеќери 9 g
- Влакна 2 g
Масти 0.4 g
Белковини 1.4 g
Витамин А (еквив.) 96 μг (12%)
- бета-каротен 1094 μг (10%)
Витамин Ц 10 мг (12%)
Железо 0.4 мг (3%)
Постотоците се според препораките за возрасни во САД
Извор: База за хранливост — USDA
Кајсии, сушени
Хранлива вредност по 100 г.
Енергетска вредност 1.009 кЏ (241.15.678.776.291 ккал)
Јаглехидрати 63 g
- Шеќери 53 g
- Влакна 7 g
Масти 0.5 g
Белковини 3.4 g
Витамин А (еквив.) 180 μг (23%)
- бета-каротен 2163 μг (20%)
Витамин Ц 1 мг (1%)
Железо 2.7 мг (21%)
Постотоците се според препораките за возрасни во САД
Извор: База за хранливост — USDA
Кајсиите биле познати во Ерменија уште во античките времиња и таму се одгледуваат толку долго што често се верува дека оттаму и потекнуваат. Таа претпоставка произлегува од научното име Prunus armeniaca ((македонски) Ерменска слива). Па така, Де Поердерле, пишувајќи за дрвото во 18 век, тврдел дека "Cet arbre tire son nom de l'Arménie, province d'Asie, d'où il est originaire et d'où il fut porté en Europe ..." ("ова дрво свото име го добило по Ерменија, провинција во Азија, од каде и потекнува, и од каде било донесено во Европа ..."). При археолошките ископувања во Гарни во Ерменија биле најдени семки на локалитет од енеолитичкиот период.[6] Сепак, Вавиловиот центар за потекло го лоцира потеклото на одгледувањето кајсии во Кина, а други извори велат дека кајсијата најпрво била одгледувана во Индија, околу 3000 г. п.н.е.[
Kalinda
Kalinda

Број на мислења : 494
Join date : 2015-02-28

Вратете се на почетокот Go down

КАЈСИJА Empty Re: КАЈСИJА

Пишување by Kalinda Пон Jул 11 2016, 16:10

Се смета дека први во Европа ја донеле Александар Македонски,[7] и римскиот генерал Луциј (106–57 г. п.н.е.) заедно со црешата и праската. Повеќе извори даваат различни податоци за потеклото на видовите. Ботаничарот Лоудон (1838) верувал дека кајсијата отпрвин се простирала не само во Ерменија туку и на Кавказ, на Хималаите, во Кина, и во Јапонија.[8]

Кајсиите се одгледувале и во Персија уште за време на античките времиња, а сушените кајсии биле важен производ за нивната трговија. Дури и во современ Иран, кајсијата зазема значајно место меѓу овошките и општо е позната под името Zard-ālū (персиски: زردآلو).

Египќаните обично ги сушеле кајсиите, им додавале шеќер, а потоа да ги користеле за пијалок наречен "Амар ал-Дин".

Денес сортите на кајсии се раширени во сите делови на земјината топка чија клима одговара за нивно одгледување.

Одгледување:ако кајсија по потекло е од регионите со континентална клима и студени зими, тоа може да вирее и на средоземна клима. Сувата клима во овие подрачја е поволна за зреењето на овошките. Дрвото е малку поотпорно на студ од праска, издржувајќи зимски температури и до -30 °C а ако е здраво, дури и пониски. Ограничувачки фактор за одгледување на кајсијата е пролетниот мраз: Тие имаат тенденција да цветаат многу рано, што значи пролетниот мраз може да го убие цветот. Исто така, дрвјата се осетливи на температурни промени во текот на зимската сезона. Во нивната родна Кина, зимите можат да бидат многу студени, но со помалку температурни разлики отколку што тоа е случај во Европа а особено во Северна Америка. Хибридизација со Prunus sibirica (сибирска кајсија; отпорна и до −50 °C но со не толку вкусен плод) нуди можности за одгледување на повеќе растенија отпорни на студот.
Kalinda
Kalinda

Број на мислења : 494
Join date : 2015-02-28

Вратете се на почетокот Go down

КАЈСИJА Empty Re: КАЈСИJА

Пишување by Kalinda Пон Jул 11 2016, 16:13

„Семки од кајсии“.

Семките од кајсија кои растат во Централна Азија и околу Медитеранот се толку благи што можат да бидат замена за бадемите. Италијанскиот ликер амарето и амарети бисквитите се зачинети со екстракт од семки од кајсии место со бадеми. маслото добиено од кајсии се користи и како масло за готвење. Семките содржат од 2,05% и 2,40% хидроцијанидна киселина, но нормалната конзумација е недоволна да предизвика некои посериозни здравствени нарушувања.
Kalinda
Kalinda

Број на мислења : 494
Join date : 2015-02-28

Вратете се на почетокот Go down

КАЈСИJА Empty Re: КАЈСИJА

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот