ZORAN ZAEV

Страна 14 of 15 Previous  1 ... 8 ... 13, 14, 15  Next

Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by Teo on Вто Окт 02, 2018 2:15 pm

Dosta e da bide nominiran...Toa e podaleku otkolku patot na tvojot pastir koj vodi samo do Idrizovo...
avatar
Teo

Број на мислења : 3762
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил on Вто Окт 02, 2018 7:25 pm

Заев вети оставка ако референдумот не биде успешен, па не гледам дека го направи тоа. Ако се воведе нобелова награда за лажење, јас ќе го номинирам лично.

_________________
Негација на негативното.
Смрт на фашизмот - слобода на народот.

трендафил

Број на мислења : 3451
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by luxor on Вто Окт 02, 2018 8:05 pm

Референдумот беше успешен, за консултативен не треба цензус доста манипулираш. Со оглед на тоа што над 600К гласачи беа ЗА и само 37К против јасно се гледа волјата на народот. И кога сега ќе ми реплицираш со глупости дека бојкотирачите биле повеќе сети се дека на предвремените гласовите што сега ги присвојувате ќе ги нема никаде. Тогаш бојкотирајте па после фалете се дека ве поддржуваат милион и пол народ.
avatar
luxor

Број на мислења : 3817
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил on Вто Окт 02, 2018 8:35 pm

https://drive.google.com/open?id=1lAGxUaJI5epNrQJjM_57UHyRjR56-Aqj

Во извештајот на ДИК што се наоѓа на горниот линк јасно пишува дека одлуката не е усвоена бидејќи не гласале повеќе од половина граѓани запишани во избирачкиот список. Друга работа е што една група странци во заштита на сопствените кариери сакаат продолжение и покрај тоа што загубија. Заев сака и да си ја продолжи слободата. Се согласувам дека лошо се изразив кога напишав дека референдумот е неуспешен. Секој референдум е успешен затоа што ја изразува волјата на граѓаните. Неуспешен е за тој што го има побарано кога тоа нема да биде усвоено, во случајов за владата и владеечкото мнозинство. Во нашиов референдум губитници се и странците кои во никој случај не би смеело да бидат засегната страна во ваков настан. Но од банда која не го почитува правото, на пример пресудата на судот во ХАГ што ја добивме против Грција, не можеме да очекуваме дека ќе ги почитуваат и резултатите од референдумот. Борбата за Македонија продолжува.

_________________
Негација на негативното.
Смрт на фашизмот - слобода на народот.

трендафил

Број на мислења : 3451
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by luxor on Вто Окт 02, 2018 9:08 pm

Ајде бе не забегувај, народот предвремените избори ќе реши дали е успешен или не.
avatar
luxor

Број на мислења : 3817
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил on Сре Окт 03, 2018 8:56 am

За успешноста решаваат резултатите, а по нив референдумот не е успешен. Тоа е завршена работа. Сега мораме да дискутираме што да се прави понатаму. Јасно е дека странците се изненадени од резултатите од референдумот и дека поради тоа ќе пропаднат многу кариери, па сега за сопствен спас истите ќе се обидат на различни начини да поправат нешто во своја полза. Поразените се секогаш опасни. Познато е дека војските во повлекување рушат се зад себе. Во светските медиуми веќе почнува да се пробива вистината за Македонија и неуспешниот референдум.

_________________
Негација на негативното.
Смрт на фашизмот - слобода на народот.

трендафил

Број на мислења : 3451
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by luxor on Сре Окт 03, 2018 9:23 am

Повеќе од успешен е референдумот. Остај ти вашите глупости да си впишувате на конто гласови кои не се ваши. Од друга страна пак и не ви е лоша математиката. Бојкотирајте ги изборите и оп еве ви милион и двеста илјади гласови.
avatar
luxor

Број на мислења : 3817
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by SHARENI on Сре Окт 03, 2018 11:17 am

Bravo Zaev i od Atanas Vangelov.

Браво, Заев!
3.10.18 10:41
Прочитано : 0

Тоа беше мојот безгласен извик, во себеси, кога ја прочитав веста (се надевам веродостојна) дека одите на брзи избори. Без оглед на тоа како сака, колку сака и дали воопшто сака опозицијата на Мицковски. Тој Мицко и таа опозиција имаа можност да кажат што сакаат и како сакаат на оној референдум кој штотуку заврши. Си поиграа или, уште подобро, ја изиграа таа можност, и тоа е силниот, непобитен доказ дека ќе изиграат сè што можат и не можат.

А зошто ќе изиграат сè што можат и не можат?

Вам ви е веќе совршено јасно, како што и мене ми јасно, како што им е јасно на сите во сегашна Македонија (а најјсно на Мицковски и неговите органи во ВМРО-ДПМНЕ!) дека пастир Никола Груевски не е веќе шеф на таа партија, дека не е ни премиер, дека сега трча по судови за тоа што го правел во тек на десет години на власт. Да, не е на власт, ама бара и дава сè за власт во рацете на груевизмот кој не умира, кој само се – видоизменува.

Еден таков, видоизменет груевизам, зборува низ устата на Мицковски, на онаа од неговите портпароли, на безгласните и едногласни партиски органи, на неговите двогласни пратеници: еден внатрешен и нечуен – против груевизмот, и друг надворешен, громогласен, кој го брани тој груевизам „со сите демократски средства.“ Тој очигледно жив и жилав груевизам има пред себеси две цели. Една непосредна или примарна, и една посредна или секундарна цел.

Првата, примарна цел е да се врати на власт, брзо или во догледно време, без оглед на цената што треба да се плати. А цената е: стоп за Македонија во НАТО и ЕУ, стоп во духот на изјавата на Димитриј Песков, портпарол на руската влада. Тој ни порача од Москва дека оние над 600 000 гласови „за“ НАТО и ЕУ се – ништо. Таа силна порака од Москва е степски ветар во грбот на Иванов кој, каква случајност, зборува во ООН со устата на Димитриј! Ветер во грбот и на Мицковски, сенка верна до гроба на пастир Груеску кој, за атар на Меркел, се реши на „тивок бојкот“ во надеж дека тоа ќе му помине.

Втората, секундарна цел е да се укине Специјалното обвинителство на Катица Јанева ако таа не сака да ги повлече своите обвиненија против Груеску и Фамилијата. Да се смени, потоа, јавниот обвинител ако, случајно, не сака да ги повлече обвиненијата против 27-те кои, на оној „крвав четврток“, упаднаа во Парламентот само затоа што „си ја сакаат таковината“ повеќе себеси. Или, ако за тоа нема „добар политички амбиент“, да се смени брзо Кривичниот законик. Така сите, потоа, ќе ги огрее “ново сонце на слободата.“

Значи, вам ви е совршено јасно, господине Заев, дека туку не станува збор за некои благородни чувства, за патриотски изливи од национално достоинство и гордост, за крик во очај на наши предци: „подобро ужасен крај отколку ужас без крај!“ Вам ви е совршено јасно дека тука станува збор за спас на кожинка. Тој спас на кожинка е во рацете на груевизмот, затоа што стопанот (Николае), како и стопаните на кожинката со ликови од Фамилијата, со ликови од оној „крвав четврток“ се – под удар на Специјалното на Јанева, односно на Јавното што не е (о каква несреќа!) веќе во рацете на легендата Зврле.

А кога кожинката е во прашање, тогаш човек е готов на сè. Готов да му ја продаде својата душа на ѓаволот како оној јунак на Балзак од “Шагринска кожа“ кој, во канџите на очај, му ја продава таа своја проклета душа за десет години не само убав и пристоен, туку раскошен живот на – аристократ. Добро, сето тоа е – литература. Можеби поинаку е во животот, со оние луѓе од крв месо кои ни од далеку не се како луѓето од мастило и хартија.

Има и такви луѓе, од крв и месо, кои поминале скотски живот во страшна мизерија, ужаси и пониженија. Како, на пример, Евгенија Гинзбург и Александар Солженицин. Тие велат дека човек кој се бори за гол опстанок, кој живее под страшна закана за тој опстанок, кој е фрлен во нечовечки околности, неминовно станува не-човек и скот. Тој не-човек и скот е готов на гадости од најдолен вид кога е во прашање неговиот гол живот или – кожинката.

Јасно, има некоја разлика меѓу „гол живот“ и “кожинка.“

Ниту на пастир Николае, ниту на другите од Фамилијата, а ниту на оние 27 на кои им се суди за упад во Парламентот им се заканува некоја опасност по нивниот „гол живот“ како на Гинсбург и на Солженицин. Ним им се заканува само опасност од неколкумесечна до неколкугодишна робија. Под услов, се разбира, да финишираат нивните судски постапки во тек.

Ама и тоа може да заврши со хепиенд. Може, ако груевизмот под форма на Мицковски и неговите органи во ВМРО-ДПМНЕ си ја заврши својата работа како што треба. Ако најде начин да се врати на власт и ако, потоа, го стори тоа што треба со Специјалното и Јавно обвинителство, како и со Кривичниот законик кој ни не е некое Свето Писмо за да не може да се менува.

Сето тоа имав намера да ви го напишам, јавно, господине Заев, ама ме испревари веста дека вие сте се решиле за брзи избори без оглед на тоа што сака, колку сака и како сака груевизмот на Мицковски. Иако ме испревари, сепак го напишав. Го напишав, затоа што чув и нечуен глас од вашата одлука: „Доста беше, ако е за аир, со тој жив и жилав груевизам на Мицковски!“

Атанас Вангелов

http://www.libertas.mk/bravo-zaev-2/
avatar
SHARENI

Број на мислења : 274
Join date : 2016-11-20

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил on Сре Окт 03, 2018 2:23 pm

Во свеста на еден заевист изгледа Гоце Делчев или Кузман Јосифовски-Питу биле груевисти и се бореле за Македонија за да го спасат поранешниот премиер да не оди во затвор затоа што го купи Мерцедесот во кој се возеа врвни личности од НАТО и ЕУ во обид да не замајат за да се самоукинеме како народ.

А Заев на референдумот гласаше со карта на цела Македонија во позадина.

https://off.net.mk/lokalno/razno/sega-pak-kje-go-rebrat-grcite

_________________
Негација на негативното.
Смрт на фашизмот - слобода на народот.

трендафил

Број на мислења : 3451
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by Teo on Сре Окт 03, 2018 6:05 pm

Bravo za Zaev...Tochno toa pravi, gi obedinuva site tri dela vo EU...Zatoa namesto da kriete zad borcite za sloboda ubavo priznajte si deka ste kochnichari na makedonskoto obedinuvanje...
avatar
Teo

Број на мислења : 3762
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил on Сре Окт 03, 2018 6:29 pm

Не знам за какво обединување пишуваш кога според договорите на Заев во Грција нема Македонци. Исто и во Бугарија.

_________________
Негација на негативното.
Смрт на фашизмот - слобода на народот.

трендафил

Број на мислења : 3451
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by Teo on Сре Окт 03, 2018 6:57 pm

Znaesh ti dobro, vo EU site makedonci kje zhiveat kako vo edna drzhava, so isti zakoni i bez granici...Toa se vika obedinuvanje...I tochno taka ne samo shto kje se zapazat tuku i kje se unapredat pravata na makedoncite vo sosednite zemji...
avatar
Teo

Број на мислења : 3762
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил on Саб Окт 06, 2018 8:56 am

Ајде повторно да ти напишам дека според Преспанскиот договор нема Македонци  во Грција, односно дека таму Македонци се Грците што живеат во Јужна Македонија. Со договорот со Бугарија нема Македонци ниту во Бугарија. Македонија нема право да се грижи за македонското малцинство во овие земји. Не знам врз основа на што мислиш дека некој што сака да ги унапреди правата на некого бара да се потпише договор дека друг не смее да делува на такво унапредување. Така ли ти кажал Заев.
Малку и окулу наводната нобелова награда за Заев. Изгледа дека некој начул дека Нобеловата награда за мир ќе ја добие некој е.ан, што на крај се покажа за точно. Нобеловата награда ја доби сексуална робинка на ИСИЛ, сојузничка војска на НАТО според некои гледишта, сега борец против сексуалната злоупотреба во војните, што би рекле жртва на сексуално насилство. А Заев доброволно му го баци на Столтенберг. Пенкалото пред сите.

_________________
Негација на негативното.
Смрт на фашизмот - слобода на народот.

трендафил

Број на мислења : 3451
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by Teo on Саб Окт 06, 2018 9:09 am

Odlichno, si pochnal totalno da gi gubish nervite...Shto e jasen znak deka si potpolno svesen za krajot na tvoeto kriminalno stado dpne...

http://melnica.forummk.com/t1816-topic#64607
avatar
Teo

Број на мислења : 3762
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил on Саб Окт 06, 2018 9:24 am

Секој што се бори против обидите за укинување на македонскиот народ и формирање на нов народ со истото име е од моето стадо. По успехот на бојкотот на референдумот немам зошто да ги губам нервите. И покрај тоа што една добиена битка не значи добиена војна.
Нели му го баци Заев на Столтенберг откако му даде писулче дека ако се укинеме како народ ќе влеземе во НАТО?

_________________
Негација на негативното.
Смрт на фашизмот - слобода на народот.

трендафил

Број на мислења : 3451
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by Teo on Саб Окт 06, 2018 9:47 am

Moram da zabelezham deka vie dpne-ofcite ste teshko seksualno isfrustrirani...Ochigledno seansite na Halkidiki ostavile dlabok trag vrz vashata psiha...
avatar
Teo

Број на мислења : 3762
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил on Саб Окт 06, 2018 10:58 am

Треба ли да ти дадам видео дека Заев му го баци на Столтенберг. А зошто? Што имаше ново во тоа писулче што беше потпишано со пенкалото. Ние од 2008 година кога сакаме можеме да станеме членка на НАТО ако се самоукинеме како народ, односно ако ги исполниме ментално болните барања на Грција и НАТО.

_________________
Негација на негативното.
Смрт на фашизмот - слобода на народот.

трендафил

Број на мислења : 3451
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by luxor on Саб Окт 06, 2018 11:33 am

трендафил напиша:Треба ли да ти дадам видео дека Заев му го баци на Столтенберг.

И после не бил сексуално исфрустриран. Кој за што дпмне-офците за куриња.
avatar
luxor

Број на мислења : 3817
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил on Саб Окт 06, 2018 7:17 pm

Не сум јас виновен што Заев од мерак му го баци на Столтенберг иако на писулчето што го потпиша генсекот на НАТО немаше ништо ново во однос на одлуката на НАТО од 2008 година кога оваа организација се стави во улога на уценувач на Македонија за промена на нашето име и идентитет. И без писулчето потпишано со пенкалото што го баци Заев во секој момент кога ќе се укинеме како народ и че го смениме името на државата стануваме членка на НАТО. Значи Заев го баци пенкалото од мерак, а не поради тоа што добивме нешто преку него. Мнозинството Македонци сметаат дека тоа е превисока цена. По најновите брутални притисоци на меѓународната банда (заедница) ќе биде интересно да видиме анкета за поддршката на НАТО во Македонија.

_________________
Негација на негативното.
Смрт на фашизмот - слобода на народот.

трендафил

Број на мислења : 3451
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by luxor on Саб Окт 06, 2018 7:27 pm

luxor напиша:
трендафил напиша:Треба ли да ти дадам видео дека Заев му го баци на Столтенберг.

И после не бил сексуално исфрустриран. Кој за што дпмне-офците за куриња.

трендафил напиша:Не сум јас виновен што Заев од мерак му го баци на Столтенберг

Халкидики во срцата, Халкидики во мислите на дпмне-офците. Страшна работа е потсвеста.  
avatar
luxor

Број на мислења : 3817
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил on Саб Окт 06, 2018 8:59 pm

Зоран Заев беше тој што повикуваше на виткање кичма, односно напупување на Грците. Такво нешто прифатија мнозинството Албанци и окулу 1/5 Македонци, според резултатите на референдумот и изјавата на вашиот заменик лидер Бујар Османи во присуство на заменик лидерката Радмила Шеќеринска која не стави забелешка .

_________________
Негација на негативното.
Смрт на фашизмот - слобода на народот.

трендафил

Број на мислења : 3451
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by Teo on Саб Окт 06, 2018 9:12 pm

Prikazni za mali deca...Dodusha ne sporam deka mozhebi slushate glasovi koi vi se chini deka doagjaat od site milion i dveste neizlezeni na referendumot shto vi shepotat deka nivnite glasovi slobodno mozhete da gi stavite na vashe konto...Taka vpishete si gi i na predvremenite koga kje imate trieset pratenici...Kje bide toa mnogu uteshitelno za vas...
avatar
Teo

Број на мислења : 3762
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил on Нед Окт 07, 2018 12:59 pm

Генијална мисла од Фејсбук



ДечкотоОдЦентар



@DeckotoC
14h
14 hours ago


More
Грците во антиката користеле Тројански коњ,
а денес користат Муртинско магаре.

_________________
Негација на негативното.
Смрт на фашизмот - слобода на народот.

трендафил

Број на мислења : 3451
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by luxor on Нед Окт 07, 2018 4:28 pm

Освен навреди и омраза нешто друго знаете ли? Тој истот дечко од центар што сега мисли дека само пто не сте се вратиле на власт за два месеци после победата на СДСМ на предвремените ќе биде прв што ќе чека во редот за членска од СДСМ.
avatar
luxor

Број на мислења : 3817
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by Teo on Нед Окт 07, 2018 5:02 pm

Od sigurni izvori, rusite bi pravele od nas moneta za potkusuruvanje a dpne-ofcite se nivnite trojanski magarinja...

РУСИЈА САКА ДА НАПРАВИ НОВА РЕПУБЛИКА СРПСКА ОД МАКЕДОНИЈА, ВЕЛИ АМЕРИКАНСКИОТ АНАЛИТИЧАР ЈАНУШ БУГАЈСКИ

Скопје е новото руско упориште на Балканот и Кремљ се надева дека Македонија ќе стане новата Република Српска, смета американскиот аналитичар Јануш Бугајски.

„Ако се блокира патот на Македонија во западните институции, во целиот регион ќе пораснат националните тензии. Кремљ ќе вложи дополнителна енергија за да ги наруши кревките демократски постигнувања на Западен Балкан, правејќи ги НАТО и Европската Унија уште понедостижни“, вели Бугајски во интервјуто за црногорскиот весник „Побједа“.

Бугајски, кој е добар познавач на состојбите на Балканот, откако работел за низа американски организации и владини агенции, додава дека договорот со Грција за промена на името е под закана поради слабата излезност на референдумот, а со тоа и процесот на евроатлантските интеграции на земјата.

„Ако договорот не ја добие потребната поддршка, земјата ќе биде изложена на етничка радикализација, регионална нестабилност и на руско мешање. Единствениот спас за премиерот Заев би биле предвремени избори во ноември, што исто така би бил ризичен потег, бидејќи националистите се охрабрени од неуспешниот референдум“.

Иако претседателите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, ги договорија измените на границата, Бугајски смета дека некои лидери на Албанците од Македонија и Косово гледаат шанса за дополнителни хомогенизација и територијални промени.

„Национализмот и сепаратизмот ќе ја направат земјата подложна на руско влијание. Москва во Македонија гледа упориште за својата борба против ЕУ и НАТО и се надева дека од Македонија ќе може да направи нова Република Српска“, вели Бугајски.

https://sdk.mk/index.php/svet/rusija-saka-da-napravi-nova-republika-srpska-od-makedonija-veli-amerikanskiot-analitichar-janush-bugajski/
avatar
Teo

Број на мислења : 3762
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 14 of 15 Previous  1 ... 8 ... 13, 14, 15  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот