ZORAN ZAEV

Страна 4 of 12 Previous  1, 2, 3, 4, 5 ... 10, 11, 12  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by Гостин on Чет Фед 23, 2017 1:44 pm

Албанскиот jазик не ме интересира.Кога кЪсмет и БЪлгариjа ке се пишуват како и пред сърбоманската книжевна реформа на комунjарот Коневски?

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by Гостин on Чет Фед 23, 2017 1:51 pm

Кога ке се изфрли ова идиотска српска буква j и ке се замени с й?

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил on Чет Фед 23, 2017 2:07 pm

Реформите што ги спроведе Блаже Конески тешко може да се сменат откако генерации на Македонци ги применуваат, Имаше такви идеи на почетокот на самостојноста, но веќе никој не ги спомнува во Македонија.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2704
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by Гостин on Чет Фед 23, 2017 2:12 pm

Ха ова е аргумент нели а пред конески па не е имало генерации или како шо рече пастирот "така не учеле". Ама тоа не му смета да прими античката алтернативна хипотеза па уште еднаш да го смени идентитетот?

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by Гостин on Чет Фед 23, 2017 2:19 pm

Ама комунJарите реват дека ги направил антички а кога направиJа од бугарите етнички македонци ова не може нели оти "било применувано од генерации". Сосема друго прашанJе е како е применувано со братската помош на КОС и УДБА.. Или шо напред ке се оди со антички Jугословени србомани. Па се види до каде се стигна - до тоа дека дури србите ке влезат во ЕУ србоманите ке земат српски пасоши другите дотогаш ке се земале бугарски и античките ке останат само во диJаспората за да можат да се фалат не дека се од некакво забутано село туку со чукундедо александар Велики.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил on Чет Фед 23, 2017 2:20 pm

Да се вратам на темата. Зоран Заев од Сараево најавува дека за десетина дена ќе имаме нова влада на чело со него. За прв пат во историјата како премиер ќе имаме амнестиран криминалец.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2704
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by Гостин on Чет Фед 23, 2017 2:24 pm

Бе аjде не треси зелени Лазар колишевски не е криминалец туку масовен убиец па сибеше премиерSmile

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by luxor on Чет Фед 23, 2017 4:35 pm

трендафил напиша:
Teo напиша:Koja dvojazichnost...taa shto tvojot pastir i uchkata ja smislija zaedno i ja pominaa na vlada???

Платформата на ДУИ во документ предложен од Владата во 2015
Двојазичноста беше во рамките на Рамковната спогодба, која сега со опаѓањето на бројот на албанската етничка заедница во Македонија станува неупотреблива. Претпоставките на нашите западни пријатели дека до 2020 година Македонците ќе станат малцинство во Македонија се покажаа како промашени, па сега има обид да се инсталира албанскиот јазик без да се врзува за проценти од населението. Нешто што прв го пласира Зоран Заев и што е прифатливо за гласачите на партиите на Албанците и не знам дали да ја издвојам СДСМ (LSDM) или и нејзе да ја сметам за албанска или проалбанска. Употребата на Албанскиот јазик до сега, а и целата Рамковна спогодба ја наметнаа со сила водечките земји од НАТО и ЕУ.

И оваа платформа не излегува надвор од уставот и рамковниот договор без оглед што шителите и куририте наголемо лажат.
avatar
luxor

Број на мислења : 3189
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил on Чет Фед 23, 2017 8:20 pm

За разлика од тебе не сум ја видел оваа платформа, па да можам да ја коментирам. Можам да кажам дека Зоран Заев, амнестираниот криминалец од Муртино лажеше дека според Уставот има два службени јазика. Има само еден службен, а може да се употребува, под одредени услови, било кој јазик, Но во единиците на локалната самоуправа. Не на државно ниво. За Заев е многу важен член 10 од Уставот кој вели; „ Во Република Македонија не може да се изрече смртна казна по ниту еден основ. “ Тоа му дава шанси да живее иако не го заслужил тоа.
Кога го споменав Заев, не ми јасно која будала го избра за најдобар градоначалник за Југоисточна Европа, кога во минатата година тој скоро и да не беше во Струмица. Мора да е некој од мафијата на Џорџ Сорос.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2704
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by OPOZICIONER on Чет Фед 23, 2017 8:21 pm

deste godini ste na vlast. sto ne napravivte popis?
avatar
OPOZICIONER

Број на мислења : 224
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил on Чет Фед 23, 2017 8:37 pm

Јас не сум дел од власта ниту член на ниту една партија па погрешно ми се обраќаш. Но ќе одговорам дека веројатно изборот бил наместо фалсификуван попис каков што СДСМ направи под притисок на бандата Клинтонови и бандата на Сорос да нема попис воопшто.
Не зборував за времето кога СДСМ беше единствена партија, па убијци како Тито или Колишевски беа на власт, туку за времето од самостојноста на Македонија. Кога на парламентарни избори СДСМ победи само еднаш, во 2002 година, а до сега е десет години на власт, со веројатни 4 нови години. Не верувам дека СДСМ ќе организира некогаш предвремени избори. Уште помалку дека ќе победи на следните избори. После кои нема да има партија на Албанците во власта, а СДСМ (LSDM) е една од нив.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2704
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by Гостин on Чет Фед 23, 2017 8:39 pm

Тебе Трендафиле не те разбирам.Вие последно ДПМНЕ партизани ли бевте или во контрачетите? Не може ем колишевски да е убиец ем да го славиш Cool

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by Teo on Пет Мар 10, 2017 8:49 pm

Интегрален текст од денешната промоција на владината Програма на СДСМ (ВИДЕО)

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска на прес коференција ја објави како што рече Програма на Владата 2017-2020. Во целост ви ја пренесуваме програмата на СДСМ:



Суштината на Програмата се основните потреби на граѓаните на Република Македонија.

Парламентарното мнозинство силно посветено на зацврстување на унитарноста, суверенитетот и стабилноста на Република Македонија, ја декларира својата силна политичка волја за формирање на реформска Влада која ќе се фокусира на заедничките стратешки приоритети на Република Македонија, членство во НАТО и Европската унија и ќе обезбеди брзо и одржливо надминување на политичката криза преку обезбедување реална поделба на власта, функционирање на правната држава и градење на силни и професионални институции.

Никој нема право да ги блокира демократските процеси зад коишто застанаа мнозинството граѓани со пенкало и глас и избраа промени.

На граѓаните на Македонија им се неопходни повисоки плати и нови работни места, социјална сигурност, независни институции што ќе гарантираат правда за сите и ефикасни мерки против корупцијата, но и квалитетен здравствен и образовен систем.

За тоа мнозинството граѓани ја дадоа довербата на изборите, тоа е во интерес на сите граѓани во државата и тука сум да ве уверам дека цврсто стојам зад овие наши заеднички определби.

Се сретнав со многу луѓе, од целата држава, од секој дел на Македонија, тоа се очекувања на сите граѓани.

Како одговорен политичар, кој ја доби честа и одговорноста од вас граѓаните за состав на новата Влада, денеска сум тука да покажам дека ќе бидам премиер на сите граѓани на Република Македонија. Тоа значи дека секој од вас е подеднакво важен, така како што ветивме, независно од политичката определба, независно од каква било друга определба.

Го слушнав гласот на граѓаните од улиците. Ја разбирам загриженоста предизвикана од пропагандата на досегашната власт, којашто грчевито се бори да ја продлабочи политичката криза, затоа што во тоа гледа спас за себе од одговорноста што ќе следува за направените криминали и за криминално стекнатите лични богатства.
Само несериозни политичари можат да ги плашат своите граѓани со сценарија коишто немаат допир со државните и националните интереси на Република Македонија. Да зборуваат за унитарност, а да работат на поделби и омраза - на граѓанин против граѓанин, брат против брат, мајка против ќерка, татко против син.

Оваа опасна игра на Никола Груевски и неколкумина од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, на којашто и дава простор да се развива Ѓорге Иванов како претседател на државата, не смее понатаму да ве вознемирува со лажните информации, во лажните вести, преку медиумската пропаганда.

Во духот на принципите за транспарентно и отчетно работење, по коишто ќе работи новата Влада предводена од СДСМ, ќе соопштам `се што содржи Програмата на новата Влада на Република Македонија. И потоа ќе одговорам на сите прашања на присутните новинари, граѓани, и на сите актуелни прашања што предизвикаа оправдана загриженост кај дел од граѓаните, поради бројните конструкции и невистини што излегоа во јавноста со единствена цел, да се предизвикаат немири и да се спречи мирен трансфер на власта.

Програмата на новата Влада на Република Македонија ги содржи принципите на предизборната програма на СДСМ насловена „План за живот во Македонија“ како и на предизборните програми на партиите кои освоија пратеници во Собранието и кои се дел од новото парламентарно мнозинство.

Во составувањето на Програмата на новата Влада, се водевме исклучиво од принципите прифатливи за сите граѓани на Република Македонија. Не само за граѓаните кои се спротиставија на режимот и не гласаа за него, туку и за секој поединец кој сака да живее добро во оваа наша земја.

Нашите стратешки цели се:

-Подобар живот за сите граѓани
-Развој на економијата
-Враќање на демократијата, владеењето на правото и на правдата,
-Ефикасни институции
-Интеграција во Европската Унија и во НАТО
-Подобрување на меѓународниот углед и позиција на Република Македонија.


Од тука, денеска ви ветувам:

1.Република Македонија ќе биде држава за сите граѓани.

Владата мора да се грижи за достоинствен живот на сите граѓани. Нема повеќе поделби помеѓу блиски и не блиски до власта. Цврсто сме определени да градиме едно, обединето општество коешто ќе обезбеди внатрешна стабилност на државата преку блиски односи меѓу граѓаните од сите етнички заедници, а не тензии и непријателство што сега се поттикнуваат помеѓу граѓаните од различна етничка, верска и политичка припадност. Ќе овозможиме секој граѓанин да дејствува слободно, со целосно почитување на личните слободи и права, а не под притисок, закани или уцени.

2.Република Македонија ќе се развива кон членство во Европската унија и во НАТО.
Ова е стратешки интерес на Република Македонија, поради што преземаме обврска за целосно имплементирање на Итните реформски приоритети што произлегоа од Извештајот на Прибе и се дел од Договорот од Пржино. Ќе обезбедиме суштински подобрувања во општеството со цел почеток на преговори со Европската унија во најкраток можен рок. Тоа ќе биде добро и за дражава, но ќе овозможи пред се квалитетен живот на граѓаните во Република Македонија.

3.Подобар животен стандард на граѓаните.

Се обврзуваме на повисоки приходи во секое семејство. Ќе ги насочиме парите кон граѓаните. Уште во првите 6 месеци ќе преземеме мерки за повисоки плати на граѓаните, за зголемување на минималната плата, за директна поддршка на домашните претпријатија, за намалување на трошоците на живот.

4.Праведен даночен и социјален систем.

Ќе има фер даночен систем со којшто оние кои имаат помалку ќе плаќаат помали давачки кон државата. Доста од нееднаквост меѓу граѓаните, лажни инвестиции, бизнис профити, провизии - да прекине богатењето на функционери на грбот на граѓаните.

5.Развој на домашните претпријатија.

Ќе го поддржиме развојот на домашните претпријатија, ќе го поттикнеме извозот на производи од домашни компании, ќе ги поттикнеме сопствениците на домашните претпријатија да ги прошируваат своите производствени капацитети. Со тоа ќе овозможиме отворање нови, реални работни места и повисоки плати.

6.Одговорна Влада и контрола над власта.

Ќе овозможиме институциите да работат независно и професионално. А што се однесува до намената на буџетските пари, граѓаните ќе имаат точни и навремени информации.

7.Ќе бидеме отворена и транспарентна Влада.

Ќе се консултираме со граѓанските и еснафските организации во носењето важни одлуки од интерес на граѓаните и ќе бидеме Влада којашто ќе го следи и почитува мислењето на пратениците во Собранието на Р.Македонија, од коешто е избрана.

8.Ќе обезбедиме рамномерен регионален развој.

Ова е голема потреба на граѓаните од сите делови на Република Македонија кои се уште се мачат без основните услови за живот, што е недозволиво. Ќе ги зголемиме двојно парите за рамномерен регионален развој на сите осум плански региони уште во првата година од мандатот и ќе го продолжиме тој тренд на зголемување на средствата за потребите на граѓаните. Распределбата на парите до општините ќе биде транспарентна, правична и објективна.
9.Се обрзуваме на Независен и ефикасен правосуден систем.

Владата ќе обезбеди еднаков пристап до правдата на сите граѓани, што подразбира независно, чесно и професионално судство и јавно обвинителство. Партиите ќе стојат настрана од судовите, а секој судија и јавен обвинител ќе биде подложен на преиспитување на неговата работа, согласно европските стандарди. Ќе се формира специјално одделение во Основниот суд 1 во чијашто надлежност ќе бидат предметите што ги покренува Специјалното јавно обвинителство.

10.Подготвени сме на Одлучна и неселективна борба против корупцијата преку сузбивање на организираниот криминал.
Новата Влада ќе направи се што е во нејзина надлежност да овозможи институционално и целосно заокружување на случаите што ги води Специјалното јавно обвинителство, наместо политички да се пресметува со независните институции. Новата Влада ќе преземе обврска дека овие процеси ќе завршат со враќање на парите кај граѓаните, наместо досегашниот постојан грабеж на граѓаните.
11.Контрола над следењето на комуникациите.

Ние сметаме дека следењето на комуникациите во кривични истраги и за безбедносни намени треба да бидат одделни функции. Исто така разузнавачките служби кои имаат надлежност во следењето на комуникациите треба да имаат јасен мандат даден со закон, каде што се дефинирани и ограничени нивните задачи за целта на националната безбедност и јавните интереси. Се обврзуваме да обезбедиме вистинска собраниска контрола над безбедносните служби. Никогаш повеќе на граѓаните на Македонија да не им се повтори скандал со масовно прислушување на граѓаните, од страна на Владата што ја избрале, како овој што ја предизвика најголемата политичката криза од независна Македонија.

12.Независни медиуми

Ќе обезбедиме медиумски реформи предвидени во Итните приоритети од ЕУ и ќе го земеме превид Предлогот за итни демократски реформи (т.н. Blueprint) создаден од граѓанските организации, за да осигураме професионални медиуми и точни и целосни информации за граѓаните без притисоци и корупција. Ќе се реформира МРТВ и ќе работи независно од политички или други влијанија.

•Граѓаните треба да знаат дека ефикасни и функционални институции се една од главните цели на новата Влада. На граѓаните на Република Македонија им треба служба, сервис и поддршка од државата за да живеат квалитетно. Сите вработени во државната администрација ќе работат слободно, без партиски притисоци, а сите граѓани ќе добиваат еднакво квалитетна услуга, без привилегии за едни, а деградирање на други. Новата Влада нема да ги дели своите граѓани на подобни и неподобни, зашто потребата од чист воздух, проодни патишта, затоплени училишта и студентски домови, функционални државни болници е еднаква за сите.

Новата Влада на граѓаните на Македонија посветено ќе работи на остварување на една од темелните вредности на уставниот поредок - соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници, во органите на државната власт и другите јавни институции на сите нивоа.
Итно ќе го решиме проблемот со државните службеници кои долго време примаат плата, а не се распоредени на работни места. Постои оправдано незадоволство и од нивна страна, но и од страна на јавноста дека примаат плата без работни обврски. Новата Влада веднаш ќе ги објави податоците за бројката на нераспоредени државни службеници и ќе усвои план за нивно итно распоредување на работни места и професионални ангажмани.

•Како што ветивме, новата Влада ќе се посвети на целосно расветлување на Кумановските настани од мај 2015 година и на откривање на иницијаторите и позадината на целиот случај. Ќе побараме и меѓународна поддршка во истрагата заради обезбедување на сите релевантни информации, но и за обезбедување на потполна доверба на граѓаните во резултатите од истрагата. Надлежното министерство ќе даде целосна логистичка поддршка на обвинителските и судските органи во отварањето и водењето постапки за предметите “Сопот“, “Бродец“, смртта на Мартин Нешковски, на Никола Младенов и случајот “Монструм“.


•Предвидуваме Закон за унапредување на јазиците.

Ние сметаме дека треба на сите граѓани да овозможиме полесно да функционираат во секојдневниот живот и во комуникацијата со институциите. Нашиот став е дека тоа мора да биде исклучиво според Уставот и тоа е прифатливо и за партиите со кои обезбедивме 67 потписи за да го добиеме мандатот за формирање Влада. Тоа е дел од нашиот концепт едно општетство за сите, во којшто силно веруваме, и за кој дадоа поддршка и мнозинството граѓани на изборите. Уверени сме дека тоа е решението за добар живот за сите граѓани на Македонија. Новата Влада ќе води политика со којашто Македонија ќе се гради како граѓанска држава на сите кои живеат во неа: Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други заедници.
Затоа, ќе поддржиме јазична политика во согласност со потребите и интересите на граѓаните, различните етнички заедници и целата држава.
Новата Влада ќе предложи законски решенија за употреба на јазиците, со коишто ќе се прошири употребата на службениот јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните т.е Албанскиот јазик, во рамки утврдени со Амандманот V на Уставот на Република Македонија. Законот ќе ја прошири употребата на јазикот во институциите и ќе овозможи на граѓаните Албанци да комуницираат со државните институции на својот мајчин јазик.
Законот целосно ќе ја гарантира соодветната употреба на Македонскиот јазик и на другите јазици кои се во службена употреба во одредени единици на локална самоуправа - турски, ромски, српски, влашки и бошњачки. Некои општини во Македонија се и тројазични и четиријазични, така што таму каде што таа заедница е над 20 проценти од вкупниот број граѓани, Турци, Роми, Срби... и на нив ќе им биде овозможена употреба на нивниот јазик.
Со тоа овозможуваме сите граѓани полесно и поефикасно да ги остварат своите уставни права.
Ако некој граѓанин има право да зборува на својот мајчин јазик, со тоа не губат друѓите граѓани. Но добива Република Македонија, како граѓанска и демократска држава.

Лага е дека сите граѓани, ученици, вработени... ќе мора да учат некој јазик, Албански, Турски или кој било друг, а оние кои нема да го знаат ќе плаќаат казни. Лага е. Казнени одредби во Законот за употреба на јазиците постојат и сега, како што постојат во сите други закони. Тие се однесуваат на институцииите коишто не го почитуваат и спроведуваат законот и коишто нема да обезбедат примена на Уставот и законите. Како во целиот демократски свет, ќе има казни за институциите што нема да ги почитуваат Уставот и законот. Тоа значи дека институциите имаат обврска да обезбедат употреба на службениот Македонски јазик и неговото кирилско писмо. Тоа значи дека институциите имаат обврска да обезбедат комуникација со граѓаните Албанци на нивниот мајчин јазик, таму каде што граѓанинот Албанец ќе има потреба од тоа. Тоа значи дека институциите и на локално ниво имаат обврска да обезбедат употреба на јазикот на Турците, Србите, Ромите... каде според законот имаат право на тоа.

Најавувам дека паралалено со унапредувањето на правата во врска со користењето на јазиците на сите етнички заедници во Македонија, ќе воведеме серија активности за унапредување на граматиката, речникот и промоцијата на македонскиот јазик.
Македонскиот јазик ќе го штитиме и ќе го унапредуваме.
Ќе се заложиме за она, за што ВМРО-ДПМНЕ не мрдна со прст за 11 години владеење - на толку потрошени пари за медиумски кампањи. Не посветија ниту една кампања на Македонскиот јазик!

Цврсто сме убедени дека за сите овие приоритети и заложби се согласни не само оние граѓани кои одлучно, масовно и мнозински гласаа за промени и за концептот на Едно општество за сите, туку сите граѓани на Република Македонија.
Само овој концепт, ја зајакнува унитарноста на Македонија. Се што сега прави нашиот политички противник, води кон поделби во државата и изолација на Република Македонија. Тоа одговара само на политичарите кои ја загубија власта, а знаат дека промените носат правна држава и кривична одговорност за направените криминали и злодела врз граѓаните.
Живот, слобода, правда и заедништво се вредностите што се општо прифатени од секого. Ова се принципите околу кои не смее да има и нема преговори и калкулации. Граѓаните не смеат да бидат изиграни и изневерени од ниту една политичка партија и јас во име на Социјалдемократскиот сојуз се обврзувам на тоа.

Ќе има целосна промена во начинот на водење политика во Македонија. Ќе ги обезбедиме промените што носат живот за сите во Македонија и овозможуваат политичка, социјална и економска стабилност за мирен и безбеден живот во нашата земја.

Македонија е созреана за нов начин на водење политика и држава.
Дојдено е времето политичарите да се плашат од граѓаните, да полагаат отчет и да понесат одговорност ако се неуспешни. Партиите мора да се менуваат, да се демократизираат, да се отвораат за граѓаните. Во партиите мора да се слуша гласот на работниците, на земјоделците, на младите, на жените, на пензионерите...

Тоа го правиме. Време е за силно граѓанско општество и демократија, каде што граѓаните го имаат главниот збор, а не политичарите.

Затоа, како нова Влада, наместо конфронтација со граѓанскиот сектор и со медиумите, ние ќе овозможиме тие да вршат набљудување и контрола на власта. Наместо конфронтација со меѓународната заедница, ќе градиме интензивни партнерства со демократскиот свет. Наместо узурпација на државните институции, ќе создадеме услови тие да работат слободно и според закон. Наместо досегашниот притисок, граѓаните ќе ги уживаат сите слободи и права.
Овој концепт го препорачувам на сите политички партии.

Сите ние, заедно, имаме капацитет да ја направиме посакуваната промена. Потребно е учество на секого во овие важни демократски процеси за нас како граѓани и за нашата држава.

Ве повикувам вас граѓаните да се вклучите во реформите, затоа што вие граѓаните сте гласот на демократијата.

Бидете активни и гласни. Граѓаните имаат право да се интересираат за политика и да се занимаваат со политика. Граѓаните имаат право да учествуваат во креирањето на политиките на централно и локално ниво и да бидат консултирани при носењето на одлуките. За да се учествува политички во едно демократско општество, не мора да се членува во политичка партија.

Ќе имате слободна можност да прашувате и да преиспитувате, трагајќи по вистината. Вистината не е во ветувањата, вистината е во фактите, во логиката, во аргументите.

Низ овие процеси на демократизација на нашето општество, заедно ќе учиме да препознаеме лажни од вистинити вести, заедно ќе учиме да препознаеме кога другиот, различниот од нас е во право и заедно ќе бидеме доблесни да го потврдиме тоа.

Ќе го правиме тоа низ дебата, постојана и интензивна, насекаде, не само во нашите кругови низ социјалните мрежи, туку и во медиумите, во Собранието, низ институциите.

Политиката за нас е натпревар на идеи, а идеите треба да се одбранат и одобрат пред да бидат реализирани. Бидејќи сите граѓани, и оние кои размислуваат поинаку, знаеме дека еднакво силно се грижат за добар живот на своите семејства, и нивните деца еднакво силно сакаат да останат да живеат овде, во Македонија. Тоа е нашата заедничка цел. Се што правиме е за младите, кои се нашата иднина, да останат да живеат во Македонија!

Само активни граѓани можат да придонесат за ефикасна, отчетна и граѓанска влада, каква што ветуваме дека ќе биде новата Влада и ве поттикнувам да бидете дел од сите овие процеси што се пред нас. За да изградиме зрело општество во кое што секој ќе го гледа своето место, бидејки секој свое место и има.

Завршува времето на реваншизам. Ние знаме дека за режимот се виновни Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Не се виновни граѓаните кои го дале гласот за таа опција. Многу од нив беа притиснати, уценети, излажани. Подаваме рака кон секого! Слободниот живот мора да го почувствуваат сите граѓани.

Македонија ќе биде држава за сите граѓани. Сите многу брзо ќе почувствуваат што значи да се живее во слободна и демократска Македонија. Нема веќе да има подобни и неподобни, нема веќе над-Македонци, над-Албанци, над-луѓе.

Сите сме еднакви и сите ќе уживаме еднакви права во оваа наша заедничка држава, Република Македонија.

Отворени сме за соработка, заедно да ги поставиме приоритетите и да ги најдеме најдобрите заеднички решенија за сите прашања од интерес и потреба на граѓаните.

Само заедно можеме да ја однесеме Македонија напред.

Доста е омраза, конфликти, поделби, изолации.

Македонија не смее повеќе да ризикува со криминалци на власт кои ги коцкаат спокојот на граѓаните и стабилноста и безбедноста на државата за свои лични интереси, како што тоа го прави раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Со овие луѓе е завршено во политиката, зашто ги изневерија очекувањата на граѓаните и зашто се обидоа да стават рака врз севкупната слобода во Македонија и врз сечиј живот.

Затоа, во Македонија не е возможна реформска Влада со Никола Груевски и со раководството на ВМРО-ДПМНЕ

Ги повикувам партиите со коишто го формиравме парламентарното мнозинство да ја поддржат Програмата на новата реформска Влада и да бидат дел од таа Влада.

Ја повикувам идната опозиција да ја искоментира Програмата на новата Влада на граѓаните на Македонија и да ја поддржи. Ќе ја почитуваме опозицијата. Никогаш нема да работиме на нејзино уништување, како што тоа го правеше оваа власт, затоа што таа има важна улога во демократските процеси.

Ги повикувам граѓаните да се вратат од улиците во своите домови и да бидат спокојни. Го почитуваме и ќе го почитуваме правото на протест загарантирано со Устав и закон. И вашиот глас е слушнат. Ви ја соопштив прецизно Програмата на новата Влада којашто се темели исклучиво на Уставот, којашто е посветена исклучиво на потребите на граѓаните и којашто ги обезбедува унитарноста на Македонија и перспективите на нашата држава. Таа програма е готова, денеска ќе биде јавно објавена и достапна за сите.

Го повикувам Ѓорге Иванов, и покрај тоа што нема уставна ингерернција, да констатира дека постои Програма на новата Влада којашто е интерес на сите граѓани на Македонија, го гарантира и штити унитарниот карактер на државата и ја носи земјата кон развој!
Итно се потребни добар живот, развој и еднаквост, одлучна борба со криминалот и корупцијата и ефикасни институции. Потребно е Македонија да излезе од политичката криза, да престане да биде заробена држава и секој граѓанин да биде слободен и да има шанса за добра иднина.

Потребен е живот за сите во Македонија.

Знам и разбирам како се живее, зашто јас доаѓам од реалниот сектор. Секој ден сум со граѓани кои ќе направат се што е во нивна можност за своето семејство, за своите деца, родители. Секој ден сум со приватници кои ќе направат се за да ја подобрат својата фирма и да овозможат повеќе вработувања. Но, јас сум секој ден и со работници кои бараат правда и подобри услови на работното место.

Знам и убеден сум дека има многу енергија во граѓаните на Македонија. Има креативност, посветеност и патриотизам. Има Македонија на кого да се потпре, тоа се нејзините граѓани.
Демократијата не значи национализам, не значи инает. Демократијата е тешка, бара компромиси од секого. Доволно ни беа хистерии, лаги, конструкции. Потребно е сите да се вложиме во демократските процеси што заедно ги почнавме.

Ве уверувам, Македонија ќе биде место каде добро се живее.
Време е за заедништво, ве повикувам сите кои им мислите добро на своите деца, мислите добро на себе и на својата земја - приклучете се во развој на демократска современа Република Македонија!
avatar
Teo

Број на мислења : 3188
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил on Саб Мар 11, 2017 6:52 pm

Под независни вие подразбирате медиуми од платниот список на Џорџ Сорос, односно медиуми што пропагираат дека треба да се самоукинеме како народ. Зошто зад Заев не стојат и коалиционите партнери доколку се работи за владина програма, а не за измама наменета за Македонците. На Албанците и онака им испраќате пораки преку џамии и чајџилници и тие пораки се пореални од тие што јавно ги објавувате. Кој му верува на Заев освен соросоидите и твитерџиите?

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2704
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by OPOZICIONER on Саб Мар 11, 2017 8:30 pm

ne be ke p[odrazbirame apasi kako latas i milenko plateni od nasi pari da odrabotuvaat za kradcite
avatar
OPOZICIONER

Број на мислења : 224
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by Dino on Саб Мар 11, 2017 8:32 pm

Neee, baba mu Mirka mu e reper za nezavisen novinar.

Dino

Број на мислења : 119
Join date : 2016-11-30

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил on Саб Мар 11, 2017 8:52 pm

Ако странци и странски влади плаќаат македонски новинари за да пропагираат нивни интереси, обврска на македонската влада е да го заштити медиумскиот простор. За тоа постоеја два начина, едниот да се воведе забрана Сорос и странски амбасади да купуваат новинари, вториот да се субвенционираат промакедонски новинари. Кои пред се не пропагираат промена на името и на протежираат политичари што се за виткање на кичмата. Без разлика дали виткањето е пред уцените од НАТО и ЕУ за промена на нашиот идентитет и името на нашата држава или сега платформата на Еди Рама со иста крајна цел. Не го слушнав ставот на Заев или на некој од вас за тврдењето на вашиот коалиционен партнер Зијадин Сеља дека дедо ми не бил Македонец иако знам дека бил иако е роден во 1872 година, пред повеќе од 100 години. Кога стрранци купуваа новинари тогаш имавме слободно новинарство, нели? А први почнаа странците. Зошто непријателите на Македонија го поддржуваат СДСМ е друга приказна.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2704
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by Dino on Саб Мар 11, 2017 9:07 pm

Sela sto jade burek e edno a vie sto so kradeni pari kupuvate novinari e druga rabota.

Dino

Број на мислења : 119
Join date : 2016-11-30

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил on Саб Мар 11, 2017 9:51 pm

Не знам за каква кражба зборуваш. Да не излезе работата како со обвинувањето за фалсификувани пасоши? Во секој случај секој што не е осуден и не е амнестиран е невин. Ајде кога ја почнавте кризата и да ви поверува човек, но откако имате свое обвинителство и откако скоро цела година ја имавте под контрола полицијата безобразно е да обвинувате паушално.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2704
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by OPOZICIONER on Саб Мар 11, 2017 10:07 pm

pa od sekade kradete ne znae covek od kade da pocne
avatar
OPOZICIONER

Број на мислења : 224
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by luxor on Пон Мар 13, 2017 7:44 pm

Заев за Политика: Иванов и Груевски отвораат пат за безбедносна криза, мора да ги спречам





Интервју на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за српскиот весник „Политика“:



Зошто претседателот Ѓорге Иванов не ви даде мандат за формирање на влада, кога имате парламентарно мнозинство? Што Ви рече, кога бевте кај него?

- Ние излеговме со Програма на новата Влада за унитарна Македонија, со евро-атлантска перспектива, кадешто суштината е добар живот за сите граѓани. Имам и 67 пратенички потписи. Очекувам Ѓорге Иванов да престане да го крши Уставот и да го даде мандатот за состав на новата Влада во Македонија. На Иванов не му требаше обезбедено парламентарно мнознство кога му го додели прво мандатот на Никола Груевски и не му пречеше што Груевски и ВМРО-ДПМНЕ преговараат за т.н. платформа на албанските партии. Но кога треба мене да ми го даде мандатот, прави преседани, поттикнат од Груевски. Зошто? Само да помогне на Груевски и на неговите соработници да ја продлабочат политичката криза, зашто тие знаат дека промените носат и одговорност за направените криминали и криминално стекнатите богатства изминатите 10 години. Тоа не е добро. Ги вознемируваат граѓаните преку медиумската пропаганда, кои недоволно информирани излегуваат на улиците, голем дел и под притисоци. Лично Груевски преку интервју поттикна насилство и омраза. Тоа не води никаде. И граѓаните на Македонија се изјаснија дека сакаат квалитетен живот во едно општество за сите. Не сакаат повеќе поделби и изолација на државата. Демократските процеси во Македонија се почнати. Следен чекор во тие процеси е формирање нова Влада на Р.Македонија. Ги расчистив сите прашања од кои раководството на ВМРО-ДПМНЕ правеше конструкции, излегов со владина програма и повеќе нема никакви оправдувања Иванов да не ми го даде мандатот.

Што Ви кажа на таквото образложение високиот претставник на ЕУ, Федерика Могерини, која имаше овластување од генералниот секретар на НАТО Столтенберг, и сите од меѓународната заедница со кои разговаравте?

- И за домашната и за меѓународната јавност е јасно дека мнозинството граѓани на Македонија гласаа за промени и нормално, после кредибилните избори очекувањата се да се формира новата Влада, согласно мнозинската волја. Следите и вие, сите пораки се дека на Македонија не и треба блокирање на демократските процеси туку е неопходно што побрзо да се формира новата Влада затоа што од оваа ситуација трпат и граѓаните и државата. Дополнително поттикнувањето насилство ја доведува во ризик безбедноста на граѓаните. Иванов нема право тоа да им го прави на граѓаните на Р.Македонија, какви мотиви и да има за тоа.

Официјална Москва побара од странскиот фактор да не се меша во внатрешните работи, дали се согласувате со ставот на Русија?

-Имаме добра соработка со сите пријатели на Македонија од меѓународната заедница. Но секоја од партиите во Македонија, одлуките ги носи низ своите органи и тела. Ние гледаме добронамерно на секоја сугестија што може да помогне во демократските процеси. Пријателите се за тоа, а стратешки интерес на Македонија е членство во ЕУ и во НАТО. Секако имаме како држава и добра економска соработка со Русија. И тоа го почитуваме. Мојот впечаток е дека Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да вмешаат странски фактори, во обидите себе си да се спаси. Тоа не е решение. Неопходнен е брз и мирен трансфер на власта, тоа е одлука на мнозинството граѓани во Македонија, изразена на избори!

Дали на Вас или на Вашите коалициски партнери, гарантите на Пржинскиот договор, ЕУ, Федерика Могерини, Јоханес Хан, Џес Бејли од САД или други лица од дипломатскиот кор, Ве советуваа да ја презентирате програмата пред да Ви биде доделен мандатот?

- Македонија е созреана за нов начин на водење на политиките. Национализмот, поделбите, исклучувањето на мислењето на другите, никаде не води. Демократијата е тешка работа. Бара компромиси од сите. Го презедов овој чекор за да покажам дека јас, како иден премиер, сум подготвен низ разбирање и дијалог да ги решавам проблемите, а не да создавам други кризи. И да се грижам за сите граѓани, и за тие што го дадоа гласот за мене, и за тие што ги повикав да се вратат од улиците дома, бидејки го слушнав нивниот глас.

Дали мислите дека со процедуралната постапка на објавување на владината програма ги прекршивте сите традиционални и вообичаени принципи на парламентарната демократија, со тоа што пред да го добиете мандатот, јавно од седиштето на вашата партија ја претставивте владината програма, пред да станете мандатар... Историјата на парламентаризмот нема забележана ваков чин. Зошто се одлучивте за создавање нова пракса?

- Да го добиев мандатот за формирање Влада низ досегашната политичка пракса во Македонија, ќе имав можност тоа да го сторам во Собранието на Р.Македонија. Но Иванов и оваа несериозна власт во заминување водена од Груевски ги прекршија сите принципи на парламентарната демократија, го лажат народот и отвораат пат за безбедносна криза. Тоа како одговорен политичар, со поддршка да бидам иден премиер имам обврска да го спречам. Ќе продолжиме да влечеме мудри чекори, нема да го дозволиме сценариото што го посакуваат, ескалација.

Откако ја претставивте програмата, повторно побаравте шефот на државата да ви го даде мандатот. Дали сте биле кај него?

- Не. Иванов сега ја има Програмата, сега е јавно објавена, а дополнително ќе му биде однесена, за да нема дилеми дали ја видел или не.

На вашата програма веднаш реагираше и претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антониио Милошески, од седиштето на партијата, на опозициски начин, така што изгледа како Собранието да функционира вонинституционално, ве обвинуваат дека сте криминалец, но во интерес на државата би Ви дале поддршка со 51 мандат да биде премиер, како го оценувате ова?

- На Македонија и е потребна реформска Влада којашто ќе ги извади граѓаните од сиромаштијата во којашто ги внесе досегашната власт и ќе и овозможи на државата да оди напред. Раководството на ВМРО-ДПМНЕ кое мислеше само на своите криминални интереси не може да биде дел од решението на проблемите што тие ги создадоа. Инаку, 10 години, до денес, сите институции се во нивни раце. Мислите ли дека ќе ме оставеа на слобода ако имаше буква точна од обвинувањата?! За сите е јасно дека тоа нема врска со реалноста, лажат.

Обично пред пратениците во Собранието заедно со програмата им се претставуваат и министрите, а Вие тоа не го направивте. Можете ли да не запознаете барем со поделбата на ресорите и колку министерства ќе има владата?

- Да сочекаме да го добијам мандатот. Може само да ви кажам дека ние сме цврсто определени тоа да бидат квалитетни кадри што ќе можат да ја понесат сериозноста на реформите што и се потребни на Македонија и ќе обезбедат квалитетен живот за раѓаните.

Ако Ви биде доделен мандатот, дали уште еднаш ќе ја претставите истата програма во парламентот?

- Ја претставив Програмата на новата реформска Влада, јавно објавив што содржи и стојам зад неа целосно.

Претседателот, по консултации за доделување на мандатот бараше доказ за парламентарното мнозинство и дека во владината програма постојат гаранции за зачувување на унитарноста на државата. Првиот услов го исполнивте. Дали сте сигурни дека со владината програма го убедивте претседателот Иванов во однос на зачувување на унитарноста?

-СДСМ е државотворна партија. Ако некој во историјата на Македонија мислел на државата и влечел потези дури и на своја штета, тоа е Социјалдемократскиот сојуз. Тоа што Груевски преку медиумската пропаганда и преку Иванов се обидува да создава непостоечка реалност е друга работа. Ние и пред изборите излеговме со нашата програма План за живот и внатре еден од петте столба беше едно општество за сите. Тој концепт на заедништво и победи во Македонија. И сега во владината програма јасно се обврзуваме на тоа. Секој кој не сака да го види тоа, значи дека не и мисли добро на Македонија и ќе мора да ги понесе последиците за својата неодговорност.

Дали СДСМ и албанските партии меѓусебно се обврза дека нема да бараат промена на Уставот која ќе утврди ново државно уредување и во писмена форма?

- Постои еден конкретен писмен документ пред јавноста зад кој застанува новата Влада и јас како иден премиер - Програма на новата Влада на Република Македонија, во којшто децидно стои дека новото парламентарно мнозинство е силно посветено на зацврстување на унитарноста, суверенитетот и стабилноста на Република Македонија. Тоа е единствениот валиден домумент за граѓаните и за државата.

Како ќе ги спроведете основните интегративни програмски цели на владината програма, како што се влез во ЕУ и приклучување во НАТО кога меѓународната заедница, предводена од Грција бара промена на името на земјата, во НАТО имате гарантиран безусловен прием ако го промените името. Ако тоа го направите автоматски мора да се смени и основниот акт според кој земјата функционира?

- Нашиот став е јасен како партија, нема промена на уставното име на Република Македонија. Остануваме заштитници на нашиот национален идентитет и нашата национална посебност. Точно е, за да може да обезбедиме интеграција на Македонија во Европската унија и во НАТО, тоа што е од стратешко значење на државата и за граѓаните на Македонија, ќе треба да најдеме решение за овој наметнат спор. Јас сум човек и политичар кој верува дека за се постои решение, ако се сака. Ќе носиме одлуки за ова, како и за секое друго важно прашање од национален интерес, по пат на дебата во којашто ќе биде вклучена и идната опозиција. И на крајот, ќе бидат консултирани граѓаните за конечната одлука. Националните интереси на Македонија нема да бидат доведени во прашање.

Вашите политички коалициски партнери бараат албанскиот јазик да има статус на рамноправен државен јазик заедно со македонскиот, а натписите на банкнотите, униформите, химната, грбот и знамето да се променат. Како ова го надминавте со албанските партии, преку пријателите од ЕУ и САД, или самите, и што значи тоа дека сте прифатиле да се дебатира за овие прашања кои се обележја на една земја и се од витално значење за државата?

-Цврсто веруваме во нашиот концепт за Македонија како едно општество на еднакви граѓани. Прашањето за јазиците на заедниците го гледаме низ обезбедување на практичните потреби на граѓаните, не низ етничка призма. И така е решено. Секаде каде што има можност, исклучиво согласно Уставот, граѓаните од етничките заедници да го користат својот мајчин јазик на државно и на локално ниво, тоа го овозможивме. Од тоа не губат граѓаните Македонци, ниту пак се загрозува статусот на Македонскиот јазик како службен јазик. Напротив, со новиот закон што ќе биде донесен, гарантираме употреба на Македонскиот јазик секаде низ државата, тоа што сега во некои средини, поради неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ изостанува. Што се однесува со банкнотите и униформите, не сме против дебата за ниедно прашање, но според уставните и правните ексерти тоа е спротивно на Уставот. Прашавте и за химната, грбот, знамето - јас лиично сум против и нема никаква причина тие да е менуваат. Реков, нема да спречуваме дебата. Но овие прашања, како што гледате, не се во Програмата на новата Влада.

Во време на многу сложена безбедносна состојба во земјите од Западен Балкан, каде што се очекува Македонија да биде дел од факторот на стабилност, според пишувањата на домашните и странски медиуми, Вие ќе ја преземете одговорноста како иден премиер на Македонија да осудите геноцид врз Албанците. На што би се базирала таквата резолуција, која нема научен пристап? Дали би се засновала на политички желби со што би се заостриле односите со соседите, меѓу кои е и Србија, дали тоа е целта?

-Тотална лага е дека ние би се впуштиле во какво било осудување други народи. Таквите лаги се дело на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ кои, како што ги вознемируваат граѓаните на Македонија, така се подготвени да наштетат и добрососедските односи на Македонија, за свои лични и теснопартиски интереси. Гледате некаде во Програмата на новата Влада геноцид и осудување народи? Нема такво нешто. Тоа е прашање за дебата за историчарите. И никогаш како политичари, јас или од СДСМ, не би отишле против кој и да е сосед на Македонија. Мој став е дека на овие простори низ вековите страдале многу народи од разни завојувачи, а пред се Македонскиот народ, во овие 10 години страдаат граѓани на Македонија од режимот на Никола Гриевски. И тоа веќе никогаш нема и не смее да се повтори. Мислам дека ова прашање, што предизвика реакции во Србија поради медиумската пропаганда на Груевски, веќе го расчистив и за јавноста во Србија, нашиот добар пријател и сосед и подготвен сум уште посилно од досега да ја градиме соработката со Република Србија во духот на добрососедство, на сите полиња. Ние сме традиционално, културно, географски поврзани, `не поврзуваат заедничко минато и заедничка иднина кон Европската Унија и тие односи само на овие принципи ќе се развиваат.

Како ги оценувате односите со Србија, и дали ваквите потези, како и признавањето на Косово и гласањето Косово да биде примено во УНЕСКО, придонесуваат за добрососедски и пријателски односи со Србија?

- Токму Никола Груевски и неговата Влада ги нарушија добросоедските односи со Република Србија што реков подготвени сме да ги градиме на принципиелна основа.

Ако не го добиете мандатот, дали ќе иницирате продолжување на конститутивната седница на Собранието на која треба да се избере претседател на парламентот, дали за претседател на Собранието, кадровското решение ќе биде од редот на албанските парламентарни партии?

- Иванов според Уставот е должен да ми го даде мандатот за формирање Влада. Со објавувањето на Програмата на новата Влада, иако Иванов нема право да го бара тоа, разбиено е оправдувањето за наводен страв од можни последици по унитарноста. Ќе ги отстраниме сите пречки за што побрзо да се случат демократските промени во Македонија. Што се однесува до кадровското решение за претседател на Парламентот, следуваат клучни реформски процеси, важно е да биде човек кој ќе може да обезбеди ефикасна работа на Собранието согласно Уставот и законите.

По изборите, наместо просперитет на народот – на државата и се случи народ на улиците. Зошто?

- И за тоа апелирам, да престане злоупотребата на граѓаните. За нив излегов во петокот кога ја објавив Програмата на новата Влада. Тоа се наши граѓани, ги разбирам. Сите подеднакво не боли за нашата држава Република Македонија. Навистина е несериозно за лични цели, за заштита на сопствената одговорност поради криминалите што ги правеле Груевски и соработниците да држат во заложништво цела држава. Демократски процеси во Македонија се незапирливи. Граѓаните да бидат спокојни. Мора да има мирен трансфер на власта.

Луѓето кои протестираат веќе 12 дена, ви замеруваат за прифаќањето на албанската платформа. Дали за истата таа платформа ДУИ дискутирала со партијата ВМРО-ДПМНЕ или не? Кога ја објавувавте владината програма, им се обративте и на граѓаните кои протестираат и се залагаат за заедничка Македонија.

-Па еве погледнете само што изјави поптрепседател на ДУИ пред два дена. Цитирам: “А што правеа ВМРО-ДПМНЕ 20 дена со нас? Преговараа за Платформата и времето тоа ќе го покаже како точно. Преговараа и за униформите и за парите да бидат двојазични“. Нема што повеќе од ова да се додаде.

Се добива впечаток дека две македонски партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, два камења од иста планина кои меѓусебно се „удираат“ и секој момент се очекува оган. Зошто толку многу антагонизам во еден христијански народ?

- Има голема разлика меѓи СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ гради мостови. ВМРО-ДПМНЕ ги руши. СДСМ гради патрерски однос со граѓаните, раководството на ВМРО-ДПМНЕ ги дели. Ние го слушаме гласот на граѓанскиот сектор, тие го уништуваат. Ние работиме на интеграција на Македонија, тие на изолација. На Македонија и е потребна силна опозиција. Јас сум подготвен, како во целиот демократски свет да ја почитувам опозицијата. Она што е неизбежно и знам дека во ВМРО-ДПМНЕ постои свесност за тоа, е дека откако ќе се случат промените во државата, оваа партија ќе треба да најде сили да справи со криминалното раководство од кое што и тие трпат штети.

Како дојдовте до прислушкуваните материјали, ако не е тајна? Дали имате уште „бомби“, и зошто тие не ги објавувате, да речеме, за Смилковското езеро, дали невини луѓе лежат во затвор, кој е вмешан, дали некој не Ви дозволува да ги објавите?

- Независната институција, Специјално јавно обвинителство веќе потврди она што го кажавме, дека домашни тајни служби скандалозно и масовно ги прислушувале граѓаните на Р.Македонија. Материјалите ги добивме од чесни професионалци кои не можеле повее да гледаат што се случува и да молчат. Јас сите материјали што ги имав, ги предадов на СЈО. Сега е на независните институции да ги расветлат сите случаи и одговорните да се најдат пред лицето на правдата.

Колку време ќе Ви биде потребно да ја донесете државата во ред како иден премиер? Како ќе ги вратите украдените пари од државата, за што зборувавте во изборната кампања, каде се наоѓаат?

-Затоа треба што поскоро да се формира новата реформска Влада. Над 5 милијарди евра, според достапни проценки Груевски и неговата фамилија изнеле од државата. Ќе мора да ги вратат. Ќе има конфискување на криминално стекнат имот според европски пракси. Ќе донесеме закон за заштита на сведоци со што ќе овозможиме да се докажат направените криминали и други злодела. И како нова Влада, сите пари од Буџетот ќе ги насочиме кон граѓаните. Имаме преецизни мерки за намалување на давачките за живот, а покачувања на платите. Ќе го кренеме животниот стандард. Ќе воведеме фер даноци и сиромашните ќе плаќаат помалку, а богатите повеќе. Ова го очекуваат сите граѓани, независно од етничка, политичка или друга припадност. Ќе има живот за сите граѓани во Македонија. Градиме едно општество за сите.

Кога очекувате да се формира владата? Што е приоритет во првите сто дена?

- Очекувам во најскоро време да се формира новата Влада. На граѓаните на Македонија им се неопходни повисоки плати и нови работни места, социјална сигурност, независни институции што ќе гарантираат правда за сите и ефикасни мерки против корупцијата, но и квалитетен здравствен и образовен систем и првите мерки што ќе ги спроведеме се во оваа насока. Ќе има живот за сите граѓани на Македонија, Градиме едно обединето општество за сите.

http://plusinfo.mk/vest/107584/zaev-za-politika-ivanov-i-gruevski-otvoraat-pat-za-bezbednosna-kriza-mora-da-gi-sprecam
avatar
luxor

Број на мислења : 3189
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил on Пон Мар 13, 2017 8:16 pm

Заев е познат по тоа што на различни места дава различни изјави. Пред Албанците ја прифаќа тиранската платформа, пред Македонците ја отфрла. Јас не знам дека воопшто е направен геноцид врз Албанците, но ако за такво нешто Заев сака да ги обвини Македонците треба под итноо да биде испратен во Бардовци, Демир Хисар или на некоја друга клиника.
Не знам од каде страв кај Заев од избори ако навистина мисли дека народот го сака. Да потсетам дека ако албанските партии имаат мнозинство во Собранието треба да изберат претседател на Собранието кој веќе требаше да распише локални избори. На локалните избори, или било кои други, ќе видите дека Сорос и врхушката на ЕУ не се народот на Македонија.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2704
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by Teo on Пон Мар 13, 2017 9:19 pm

Greshish Trendafile, da ne kazham lazhesh...Zaev ne e kako tvojot pastir...

avatar
Teo

Број на мислења : 3188
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by трендафил on Сре Мар 15, 2017 3:25 pm

И тука се исполнети 42% од ветувањето. Наместо 100 облакодерите имаат по 42 спрата. За разлика од ветувањето дека ќе се вработи по еден од секое семејство.



Што правел тоа амнестираниот криминалец Зеав со улиците во Струмица. Изгледа ги делел на делови за да не мора да распише тендер туку да ја додели работата на партиска фирма.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2704
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by osa on Сре Мар 15, 2017 6:17 pm

трендафил напиша:И тука се исполнети 42% од ветувањето. Наместо 100 облакодерите имаат по 42 спрата. За разлика од ветувањето дека ќе се вработи по еден од секое семејство.



Што правел тоа амнестираниот криминалец Зеав со улиците во Струмица. Изгледа ги делел на делови за да не  мора да распише тендер туку да ја додели работата на партиска фирма.


aloooo trendafile si gi izmeshal lonchinjata Branko vetuvashe po eden da vraboti .....sega premier ke ti bide Zaev koj se shto veti i ispolni .....ama vie ostanavte lazovi

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11957
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZORAN ZAEV

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 4 of 12 Previous  1, 2, 3, 4, 5 ... 10, 11, 12  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот