ОПАСНИ

Страна 1 of 2 1, 2  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

ОПАСНИ

Пишување by Гостин on Пет Aвг 12, 2016 8:11 pm

25 најопасни животни на светот

25. „Deathstalker“
Оваа високо отровна скорпија која живее првенствено во Северна Африка и на Блискиот Исток е одговорна за повеќе од 75% од смртните случаи поврзани со скорпија секоја година. Иако здравите возрасни обично чувствуваат само неподнослива болка, кај децата се јавува треска, кома, конвулзии и парализа пред нивните бели дробови да се наполнат и „удават“ во сопствената течност.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ОПАСНИ

Пишување by Гостин on Пет Aвг 12, 2016 8:12 pm

24. Африканизирана медна пчела

Овие пчели се резултат на експеримент од 1957 година, кој за жал излезе од контрола. Многу поагресивни од нивните европски роднини, овие генетски мешани „пчели-убијци” оттогаш се шират низ Америка. Брзо се шират во некои региони поради нивната тенденција немилосрдно да ги бркаат своите жртви на голема далечина.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ОПАСНИ

Пишување by Гостин on Пет Aвг 12, 2016 8:12 pm

23. Носорог

Смртните случаи од носорог во некои делови од светот не се невообичајна појава. Тешко е да побегнете, освен ако не сте побрзи од 40км на час. Всушност, само погледнете го и се ќе ви стане јасно.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ОПАСНИ

Пишување by Гостин on Пет Aвг 12, 2016 8:13 pm

22. Конусен морски полжав

Една капка отров од овој влекач е доволна за да стави крај на 20 човечки животи. Понекогаш се нарекува како “полжав цигара”, што значи дека доколку сте контаминирани, имате време да испушите една цигара пред да престанете да дишете. Нема против отров.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ОПАСНИ

Пишување by Гостин on Пет Aвг 12, 2016 8:14 pm

21. Камена риба

Легнат камуфлиран на океанското дно, овој грд мал масовен убиец мирно чека и со молскавична брзина го напаѓа својот плен (помалку од 0,015 секунди). Позната е и како „најотровната риба на светот“. Нejзините боцки во најдобар случај ќе ве чинат нога, а во најлош, живот.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ОПАСНИ

Пишување by Гостин on Пет Aвг 12, 2016 8:14 pm

20. Големата бела ајкула

Овие легендарни предатори имаат страшна техника и тајминг за дегустација. Тие ги тестираат бродовите, штиците, луѓето, нешто што лебди. Спротивно на популарното верување, сепак, тие навистина не јадат луѓе. Луѓето се премногу коскени и после првичниот залак, тие обично ве оставаат да искрварите во вода.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ОПАСНИ

Пишување by Гостин on Пет Aвг 12, 2016 8:14 pm

19. Црна мамба

Едно од најозогласените суштества на светот, често нарекувано „проклетството на смртта“. Во Африка, оваа змија е извор на бројни митови и легенди, позната по тоа дека е многу агресивна, брза и напаѓа без провокација.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ОПАСНИ

Пишување by Гостин on Пет Aвг 12, 2016 8:15 pm

18. Кејп Бафало

И покрај обидите, никогаш не е успешно припитомено. Ова многу непредвидливо суштество не е љубител на луѓе. Низ Африка е познато како “widowmaker” или „црна смрт” и е одговорно за повеќе смртни случаи секоја година од кое било друго големо животно на континентот


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ОПАСНИ

Пишување by Гостин on Пет Aвг 12, 2016 8:15 pm

17. Отровна стрела- жаба

Овие мали шарени водоземци имаат доволно отров да убијат 20.000 глувци или да го сопрат срцето на големо животно. И да бидат работите уште полоши, отровот , всушност, се наоѓа на површината на кожата. Не ја допирајте.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ОПАСНИ

Пишување by Гостин on Пет Aвг 12, 2016 8:16 pm

16. Поларна мечка

За разлика од повеќето други животни на оваа листа, најголемиот месојад на светот не се плаши од вас. Тие не се вродени предатори и јадат се што е дури малку месно, вклучувајќи и други поларни мечки. Иако тие генерално не убиваат луѓе, тоа е веројатно затоа ги немаат многу во близина.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ОПАСНИ

Пишување by Гостин on Пет Aвг 12, 2016 8:16 pm

15. „Box“ медуза

Секоја година убива повеќе луѓе од ајкулите, крокодилите и камените риби заедно. Ја носи титулата „најотровното животно во светот”. Нејзиниот отров е толку силен и во некои случаи смртта настапува за минута.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ОПАСНИ

Пишување by Гостин on Пет Aвг 12, 2016 8:17 pm

14. Африкански лав

Иако луѓето генерално не се на нивната плен-листа, некои лавови знаат да изненадат и активно да бараат човечки жртви. Еден познат случај е од 1898 година, кога се убиени 28 железнички работници во Кенија во период од 9 месеци.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ОПАСНИ

Пишување by Гостин on Пет Aвг 12, 2016 8:18 pm

13. Бумсланг

Иако овие змии се релативно срамежливи и генерално не напаѓаат луѓе, кога го прават тоа, работите може да станат буквално хаотични. Нивниот отров е хемотоксин кој оневозможува згрутчување на крвта. Со други зборови, жртвите умираат полека, како да крварат од секоја пора.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ОПАСНИ

Пишување by Гостин on Пет Aвг 12, 2016 8:18 pm

12. „Надуена“ риба

Се смета за еден од најпознатите отровни ‘рбетници во светот. Интересно е што оваа риба е деликатес во Јапонија. Сепак, доколку не успеете да ја зготвите правилно, нејзиниот отров ќе ја парализира вашата дијафрагма и ќе го сопре дишењето.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ОПАСНИ

Пишување by Гостин on Пет Aвг 12, 2016 8:19 pm

11. Хиена

Во текот на денот овие предатори избегнуваат луѓе, по зајдисонце парадигмата се менува. Иако хиените се познати како ловци на луѓе, однесувањето има тенденција да се зголеми за време на војна и болести поради нивниот силен афинитет за човечки лешеви.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ОПАСНИ

Пишување by Гостин on Пет Aвг 12, 2016 8:19 pm

10. Комодо змеј

Слично како поларните мечки, комодо змејовите не се пребирливи и јадат буквално се. Тие се неверојатни ловци кои бесшумно доаѓаат и ја напаѓаат жртвата. Има малку забележани човечки жртви, поради ограничената интеракција, како и фактот дека тие јадат само еднаш месечно.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ОПАСНИ

Пишување by Гостин on Пет Aвг 12, 2016 8:20 pm

9. Це Це Мува

Овие крвопии се примарниот носител на африканската спиечка болест и затоа се индиректно одговорни за смртта на една четвртина од еден милион луѓе секоја година.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ОПАСНИ

Пишување by Гостин on Пет Aвг 12, 2016 8:20 pm

8. Леопард

Кога повеќето животни се повредени тие бегаат и се кријат. Не и леопардите. Кога овие опасни суштества се ранети, тие стануваат поопасни. Не само тоа, тие се неверојатно силни. Тие сакаат да го сокријат својот плен надвор од дофат. Буквално, влечат мртви антилопи на дрвја.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ОПАСНИ

Пишување by Гостин on Пет Aвг 12, 2016 8:21 pm

7. Карпет Випер

Одговорна за поголемиот дел смртни случаи поврзани со змија во светот, оваа змија користи хемотоксин, слично како бумслангот. За жал, поголемиот дел од каснувањата се случуваат во области кои немаат модерни медицински установи, па жртвите полека крварат до смрт во текот на неколку недели.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ОПАСНИ

Пишување by Гостин on Пет Aвг 12, 2016 8:21 pm

6. Бразилски талкачки пајак

Според Гинисовата книга на рекорди ова е најотровниот пајак на светот. Дополнително е опасен поради тенденцијата за талкање (така и го добива името). Тие често се наоѓаат скриени во куќи и автомобили во густо населените области, особено во текот на денот. Лоша комбинација.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ОПАСНИ

Пишување by Гостин on Пет Aвг 12, 2016 8:22 pm

5. Син прстенест октопод

Иако има големина на топче за голф, не дозволувајте да ве залаже. Содржи количина на отров доволна да убие 26 возрасни лица. Доволни се неколку минути комплетно да се парализирате и да престанете да дишете. И како што можете да претпоставите, противотров нема.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ОПАСНИ

Пишување by Гостин on Пет Aвг 12, 2016 8:22 pm

4. Нилски коњ

Иако се претежно тревојади, тие се исто така многу агресивни и се сметаат за едни од најопасните животни во Африка. Познати се дека напаѓаат без провокација.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ОПАСНИ

Пишување by Гостин on Пет Aвг 12, 2016 8:22 pm

3.Морски крокодил

Седнати на врвот на синџирот на исхрана, морските крокодили јадат буквално се, од биволи до ајкули. Со цел да го убие својот плен користи техника „Death Roll”, каде што немилосрдно ја врти жртвата одново и одново во вода се додека не се удави и распадне.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ОПАСНИ

Пишување by Гостин on Пет Aвг 12, 2016 8:23 pm

2. Африкански Слон

Најголемите животни на светот, слоновите може да бидат жестоко агресивни и се познати дека можат да газат дури и носорог или два, до смрт. Во нивните напади на бес, имаат капацитет да уништат цело село.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ОПАСНИ

Пишување by Гостин on Пет Aвг 12, 2016 8:24 pm

1. Комарец

Од слон дојдовме до комарецот. Најмал и најубиствен. Се проценува дека комарците пренесуваат болести на речиси 700 милиони луѓе годишно, што резултира со 2 до 3 милиони смртни случаи секоја година


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ОПАСНИ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 2 1, 2  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот