ВРЕМЕ

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

ВРЕМЕ

Пишување by osa on Пет Aвг 19, 2016 9:57 am

еве какво време не очекува денес

Време: Претпладне облачно, попладне нестабилно со дожд и грмежи

Времето претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно, а во попладневните часови ќе биде наместа нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната од 26 до 33 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, претпладне променливо облачно, а од пладне нестабилно со повремен пороен дожд со грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 30 Целзиусови степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

За време на викендот времето ќе биде стабилно и топло, но во планинските предели е можна изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ВРЕМЕ

Пишување by reiter on Пет Aвг 19, 2016 7:51 pm

немој оса со временска прогноза,џабе ни е УХМР.Не се тАчни.
http://www.meteo.gov.mk/

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: ВРЕМЕ

Пишување by osa on Саб Aвг 20, 2016 12:10 am

aha ne se tachni ..eve sega vrneshe i pukashe vo Skopje

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ВРЕМЕ

Пишување by osa on Нед Aвг 21, 2016 12:36 am

Стружанецот кој го предвиде скопското невреме, повторно предупредува

Младиот стружанец Славчо Попоски кому метерологијата му е хоби и кој го предвиде големото невреме во скопско и предупреди, повторно на својот Фејсбук профил објави предупредување.

ПОЧИТУВАНИ: ВЕ ЗАМОЛУВАМ ДА ЈА СПОДЕЛИТЕ ОВАА МНОГУ ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА И ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ДА НЕ БИДЕ ПОСЛЕ НЕ СМЕ ЗНАЕЛЕ И НЕ ИЗНЕНАДИ! ВИ БЛАГОДАРАМ!

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ПОРОЈНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД , ГРМЕЖИ , ГОЛЕМ ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ И ЛОКАЛНО НЕВРЕМЕ! ДОАЃА ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО!

За време на овој викенд како и во понеделник во предпладневните часови ќе имаме претежно стабилно , суво и многу топло време. Сепак не се исклучува можноста за развој на нестабилност на некои места во текот на овој викенд.

Почнувајќи од понеделник попладне територијата на Македонија ќе подпадне под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од северозапад. Поради тоа на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд , грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд , силен ветер , силни електрични празнења и град.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на силни електрични празнења ве предупредуваме на крајна предпазливост и да избегнувате предстој на отворен простор и под осамени дрвја.

Понеделник доцна попладне и навечер поради продор на
студена воздушна маса од север ќе започне да дува ЗАСИЛЕН ветер од северен правец кој ќе предизвика ГОЛЕМ пад на температурите (за повеќе од 10 степени).

Свежото време со повремени поројни врнежи од дожд и локални грмежи ќе се задржи во поголемиот дел од следната недела.
Температурите кои се очекуваат ќе бидат далеку под просекот за овој дел од годината и истите ќе бидат пониски од вообичаените дури и за 10 степени.

Очекувајте нова и обновена прогноза!

Со почит: Славчо Попоски!

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ВРЕМЕ

Пишување by Kalinda on Нед Aвг 21, 2016 12:33 pm

Веке може да се одмориме
од лошото време .
Во следната недела
времето ке биде
сончево и топло .
avatar
Kalinda

Број на мислења : 436
Join date : 2015-02-28

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ВРЕМЕ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот