Дудинка – заборавениот, најмоќен лек на природата !

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Дудинка – заборавениот, најмоќен лек на природата !

Пишување by Гостин on Чет Јан 22, 2015 9:43 pm

Nemoj sega vednas da vi pagaat na um asocijacii kao, dpmneovcite zalapuvaat na lagite na shitel kako klen na dudinka.Se raboti za lekovitite svojstva na dudinkata...



Сите знаеме дека дудинката знае да го обои јазикот и забите, но и добро да не заслади. Како деца го обожававме ова овошје, но изгледа дека го подзаборавивме овој вкус и сиот благотворен ефект на овие плодови.

Дудинка е помалку заборавено, но вкусно овошје, кое расте поединечно, посадено или самонико. Во нашите краишта може да се сретне црна, црвена или бела сорта, додека во светот постојат околу 100 сорти.

Од сите сорти најароматична е црната дудинка. Овој плод расте на истоименото листопадно стебло од фамилијата Морус, чии листови се познати како храна на свилените буби.

Вергилиј за дудинката напишал дека е најпаметна билка, бидејќи последна расцветува чекајќи го топлото време. А, и нашите баби веројатно биле во право за тоа кои природни лекови се најдобри за сите видови болести.

Дудинката, исто така се одгледува и заради добивање свила од свилените бубачки.

Дудинките содржат слободни органски киселини (лимонска и јаболкова), витамин Ц, Б, K, A, и E, железо, калиум, манган и магнезиум, пектини и други корисни материи.

Содржат и голема количина од антиоксидантот антоцијанин. Експертите тврдат дека дудинката заслужува да биде наречена суперхрана, бидејќи го спречува процесот на стареење на организмот и помага при многу болести. Во лечењето се користат плодовите, листовите и кората.

ЦРНА ДУДИНКА

Лековитите својства на црната дудинка се навистина многубројни. Црната дудинка во народната медицина се користи за лекување на инфекции на уринарниот тракт, болести на усната празнина и грлото, епилепсија, депресија, несоница, вртоглавица, како и каснувања од инсекти и змии. Свежите недозреани дудинки се применуваат против диареа, а зрелите како благ лаксатив.

Нивниот сок е добар и за полесно искашлување, потење и мокрење, како и за испирање на грлото и устата. Листот на црната дудинка е познат народен лек за регулирање на шеќерот во крвта и често се користи во чајните мешавини за дијабетес.

БЕЛА ДУДИНКА



Белата дудинка има широка примена во козметиката. Се наоѓа во составот на многу козметички производи за избелување на кожата, отстранување на дамките и пегите, бидејќи содржи инхибитори кои ја намалуваат синтезата на меланинот.Исто така, се употребува во составот на препаратите против стареењето на кожата, за третман на кожата околу очите, за тонирање и чистење на лицето. Во лечењето се користи слично како и црната дудинка. Забележано е дека делува и кај артритисот, болестите на очите, слабост на организмот, како и за опуштање на нервниот систем.

Според Џонатсан Хартвел, автор на книгата “Растенија против ракот”, сокот од бела дудинка може да помогне во случајот на рак на грлото. Ако имате прилика, јадете ги обата вида на дудинка, бидејќи од нив ќе имате многу благодети.

КОРАТА НА ДУДИНКИТЕ

Уште од дамнешни времиња горчливата кора на дудинката се користи како лек против цревните паразити. Кората ги лечи болестите на дебелото црево, желудникот, диспепсијата и помага при труењето со храна, алкохол и печурки. Правот добиен од кората на дудинката се користи надворешно како мелем за побрзо заздравување на раните, а лушпата од кората се користи против високиот крвен притисок.

ШТО СÉ МОЖЕ ДА СЕ НАПРАВИ ОД ДУДИНКИ?

Плодовите на дудинката и кората се собираат од јуни до август, а лисјата во пролет. Дрвото не го напаѓаат било какви штетници ниту болести, па затоа се работи за еколошки плодови. Бобинките може да се јадат свежи или суви. Во кулинарството дудинките се користат како и секое друго овошје – од нив може да се направи сок, џем, сладолед, сос, да се користи за подготовка на десерти и колачи.

ЧАЈ ОД ЛИСТОТ НА ЦРНИТЕ ДУДИНКИ ЗА ДИЈАБЕТИС

Прелијте 50 грама листови од дудинка во извриена вода и оставете да стои десет часа. Процедете и испијте во текот на денот.

СИРУП ПРОТИВ ТЕМПЕРАТУРА, ВОСПАЛЕНИЕ И ЗАПЕК

Еден килограм црна дудинка ставете во пола литар вода и додадете две лажици јаболков оцет. Оставете да отстои 24 часа. Следниот ден, промешајте ја оваа смеса со еден килограм кафеав шеќер или друг природен засладувач по ваша желба (Stevia, мед или јаворов сируп) и варете до посакуваната густина. Истурете во стерилизирани шишиња и пијте неколку пати на ден разредено со вода.

Секако, не претерувајте со консумирање на овошјето дудинка, бидејќи прекумерната количина може да предизвика халуцинации и дигестивни тегоби.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Дудинка – заборавениот, најмоќен лек на природата !

Пишување by tmoro on Чет Јан 22, 2015 10:08 pm

Нели се викат Муренка ?

tmoro

Број на мислења : 545
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Дудинка – заборавениот, најмоќен лек на природата !

Пишување by reiter on Чет Јан 22, 2015 10:10 pm

ние ги викаме црнички..

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: Дудинка – заборавениот, најмоќен лек на природата !

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот