Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

MALINA

Go down

MALINA Empty MALINA

Пишување by Гостин Вто Aвг 23 2016, 00:51

Малина и расад на малини во Македонија

Малината е фино овошје со инзвореден вкус и арома, со висока хранлива, диетална и лековита вредност. Непостои човек за кој малината не е корисно овошје. Плодовите од малини се инзвонредна сировина за преработка. Малината е овошје со голем асортиман на преработки, а замрзнатите плодови можат да се употребуваат во текот на целата година. Во последно време плодовите од малина се повеќе се бараат за консумација во свежа состојба во текот на подолг период од годината. Малината после јагодата има најголемо стопанско значење во групата на јагодесто овошје. Светското производство во последните неколку години изнесува околу 350 илјади тона со тенденција за понатамошен пораст. Малината има повеќе предности во однос на другите овошни растенија. Лесно се размножува. Рано започнува со плодоносење - прородува во втората година а полно плодоносење го достига веќе во третата година, на тој начин брзо ги враќа вложените инвестиции. Малината се прилагодува на различни климатски и почвени услови и може да се одгледува и на надморска висина од 1000 до 1200 м.

За неа може да се рече дека е овошје на планинските реони, каде што другите земјоделски култури потешко или никако неможат да успеваат. Малината е отпорна на зимски мразеви, а особено на доцните пролетни мразеви бидејќи доцна цвета. Плодовите созреваат во јуни кога на пазарот сеуште нема доволно свежо овошје. За берба апсорбира многу работна рака што претставува можност за работно ангажирање на населението. Производството на малина е доста сигурно бидејќи квалитетните свежи или замрзнати плодови или пак нивни преработки лесно може да се реализираат. Малината е идеална овошна култура за ситните земјени имоти кои преовладуваат во нашата земја. Благодарение на сите овие позитивни особини малината се групира во најрентабилни култури во целокупното растително производство. Поради ова тенденцијата за одгледување на малини во светот е во пораст. Во целиот Свет производителите на малината гледаат како на потенцијално вносен производ особено на плодови во смрзната состојба.

Во однос на еколошките услови малината е доста специфична култура и поради тоа пред да се одлучи да се подигне насад потребо е да се анализираат еколошките услови кои во голема мера го детерминираат успехот на насадите. Најдобри локации за насади од малина се во зоната на буката, на ритско планинските предели и на надморска висина од 300 до 1000м.

За успешно одгледување на насадите од исклучително значење се почвените услови на локацијата. Оваа култура најдобри резултати дава на длабоки, растресити, пропустливи, слабо кисели почви со pH 5.5 до 6.5, и почвите со содржина на хумус од 3 до 5%. Малините особено лошо реагираат на плитки, лесни, суви, варовити, каменливи, многу кисели, алкални, тешки и мочурливи почви.

Малините најдобри резултати даваат во реони со умерено-континентална клима, во умерено влажни и умерено топли подрачја без големи осцилации на температурата. Од климатските елементи од посебно значење се светлина, топлина, врнежи и ветар. Малините не поднесуваат засенчени места, но неподнесуваат ниту места изложени на многу сонце. Во текот на зимата изданоците од малина измрзнуваат на температура испод -18°C, а особено ако вакви ниски температури се јавуваат на голомразица. Малините не поднесуваат сушни услови. Тие добро успеваат во реони со годишни врнежи од 700 до 1000 мм, од кои половина да се во период на вегетација. Доколку нема доволно врнежи во насадите треба да се обезбеди наводнување. Малините исто така не поднесуваат многу ветровити локации.

Во светот постојат повеќе од 1200 сорти малини. Постојат сорти со црвено, жолто и црно обоени плодови. Исто така постојат сорти кои раѓаат еднаш во годината (еднородни сорти) и сорти кои раѓаат двапати годишно (двородни сорти). Во производството најмногу се одгледуваат сорти со црвено обоени плодови. Поважни еднородни сорти со црвено обоени плодови се: виламет, микер, градина малинк експлоид, скина и други. Од двородните сорти поголемо значење имаат сортите: heritage, september, autumn bliss, љуљин и други.

Виламет

MALINA Malina1%20x200

Потекнува од Соединетите Американски Држави. Во производство е од 1943 година. Со зреење започнува средно рано, во средината на јуни, бербата трае нешто повеќе од еден месец. Растението создава голем број вертикални изданоци. Трнчињата по изданоците се многубројни и црвено обоени. Умерено е осетлива кон најважната болест на малината - дидимела. Одлични резултати дава на брановити терени, на надморска висина од 300 до 800 м. Виламет е самооплодна сорта. Плодот е крупен до 4 гр, застапено купаст, цврст, темно црвен, слатко накисел, многу вкусен и ароматичен и многу квалитетен. Плодот е погоден за употреба во свежа состојба, замрзнување и преработка.

Микер

MALINA Malina2%20x200

Потекнува од Соединетите Американски Држави. Во производство е од 1967 година. Ова е најважна сорта во производство во Соединетите Американски Држави и Канада. Созрева средно доцна, започнува да зрее во третата декада на месец јуни, една недела по виламет. Растението е бујно, со поголем број на изданоци од виламет. Доста е осетлива на дидимела, а отпорна е на ботритис. Микер е самооплодна сорта. Плодот е покрупен од виламет, со привлечен изглед, зарабено купаст, цврст, мазен, светло црвен, сладок, до слатко накисел, ароматичен и квалитетен вкус. Лесно се бере рачно и механизирано. Плодот е погоден за свежа употреба, замрзнување и преработка.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

MALINA Empty Re: MALINA

Пишување by Гостин Чет Aвг 25 2016, 21:25

pisi be nesto za kapina ubava pesnicka ima moze da ja peeme u meana.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот