Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

SVETICA

Go down

SVETICA Empty SVETICA

Пишување by Гостин Саб Сеп 03 2016, 18:03

Skopjankata Gondza Bojadziu, popoznata kako Majka Tereza kje bide proglasena za svetica...

Папата Франциско утре ќе ја прогласи Мајка Тереза за светица

SVETICA Majka-tereza-59823(2)

Претседателот Ѓорге Иванов, утре – 4 септември 2016 година, недела, ќе ја предводи македонската државна и црковна делегација, која ќе присуствува на церемонијата на канонизација на Мајка Тереза.

Македонската државна и црковна делегација на плоштадот „Св. Петар“ во Ватикан ќе присуствува на церемонија на која поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциско, ќе ја прогласи Мајка Тереза за Светица.

Како земји на нејзиното раѓање, потекло и мисија, Република Македонија, заедно со Република Албанија и Република Индија ќе имаат посебно место на оваа свеченост.

На 4 септември 2016 година, недела вечерта, македонскиот претседател ќе присуствува и на свеченото отворање на изложбата на фотографии и текстови поврзани со животот и делото на Мајка Тереза „Madre Teresa – Santa di Skopje, Santa del mondo“ во црквата „Св. Станислав“.

Мајка Тереза беше добитник на Нобелова награда за мир, а нејзиниот чудотворен карактер беше признаен од Римокатоличката црква.

Церемонијата на беатификација на Мајка Тереза, која беше чекор кон нејзино прогласување за Светица беше одржана на плоштадот „Св. Петар“ во 2003-та година, на која присуствуваа над 300 илјади верници. Со свечената служба раководеше тогашниот поглавар на Римокатоличката црква, Папата Јован Павле Втори, додека на церемонијата присуствуваше и македонска делегација, предводена од претседателот Борис Трајковски.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

SVETICA Empty Re: SVETICA

Пишување by Гостин Саб Сеп 03 2016, 18:05

Kolku e toa zasluzheno mozhete da poglednete na blogot na Ajvan Doktor®/Ајван Доктор® od kogo go prezemam ovoj napis...

THURSDAY, AUGUST 11, 2016
ПЕКОЛНИОТ АНГЕЛ И НЕГОВИТЕ СПОМЕНИЦИ

SVETICA Majka-tereza-subroj-02

Се зборува дека деновиве се интензивирала градбата на споменикот „Мајка Тереза“, кој за разлика од претходните два на само околу стотина метри одалеченост (едниот пред „Домот Мајка Тереза, другиот под арката од „домот“) овој пат ќе има и фонтана, а велат ќе бил со висина од 16 метри. За пропагандистички потреби во штабот на „Дие Партај“ извадија нов израз во употреба кој го повторуваат како папагали и тоа не само во провладините медиуми, туку и во проопозициските — „скулптурална композиција“.
Некако убаво им звучи, примамливо им е, свежо, а и посодржајно ќе ги замени бројните патриотски коњи за да може дополнително да се потроши уште некое милионче повеќе (во евра, секако не во денари).

Според она што досега е познато во јавноста и според сликата на макетата од споменикот објавена на порталот „Либертас“ за оние кои се разбираат бар малку од уметност очигледно е дека овој споменик ќе стане врв на кичерајот.

Официјалните лица не ни го откриваат целосниот изглед на лудилово. Според тендерската документација споменикот ќе имал „две независни композиции“, или поточно „две површини за градење: портал украсен со богата релјефна пластика во бел мермер на која се поставени бронзени скулптури и неколку скулптурални композиции од бел мермер позиционирани на карпест дел обложен со травертин збогатен со водни слапови, кои даваат ефект на водопади“. Вауууу...! Леле...! Објектот ќе имал фонтана, тераса, неколку скулптури кои ќе ја претставуваат Мајка Тереза (значи ќе имаме уште неколку Мајки Терези, не една), ангели, часни сестри, венци, пехари, таравертин кој ќе глуми карпа, мермер, бронза, боени делови, болно дете со родители, „милосрдна“ сестра со инвалид, милосрдна сестра со инвалид што седи, милосрдна сестра со болен што лежи, милосрдна сестра со болен што седи на карпа (и веројатно ужива во фонтаната)...

И тоа не е сè! Како на ТВ-шоп — „скулптуралнава“ декомпозиција ќе имала и „ангел со крилја висок 3 метри, четири ангели што седат со висина од 3 метри, уште четири помали ангели со висина од 2 метри, непознат број на декоративни скулптури, еден декоративен пехар и уште неколку столбови за кои не дознав дали ќе се декоративни... Цената на чинење, ситница — само 5,5 милиони евра, но сметајте дека тоа е само појдовна сума. Набргу ќе следуваат анекси кои ќе ја доградат висината на цената.

Автори на декомпониранава „скулптурална композиција“ ќе биле братучетката на Гвујонаш-голем-маж и најплатениот вајар во светот Валентина Стевановска (а кој друг ако не таа) и Кирил Мукаетов од кавадаречкото семејство кое си го присвои „Алкалоид“.

Не ми е познато дали „скултуралнава“ декомпозиција од два дела, со травертин што ќе личи на карпа и со мермер и со бронза што ќе личат на споменици ќе има и некоја милосрдна сестра со болен што стои, или уште некој болен со патерици и уште некој седнат во инвалидска количка со мотор, но евидентно е дека спомеников ќе биде круна на новокомпонираниот турбо-фолклорен проект кој од Скопје и неговото централно подрачје го претвори во најголемиот селски панаѓур на светот.

Новокомпонираниве декомпонирачки композитори на „скулптуралнава“ декомпозиција заборавиле да стават уште некое кандилце со неколку свеќички, два-три попа (католички, по дифолт), неколку монаси со капуљачи (да им прават друштво на сестрите, онака од милосрдие), 5-6 места за табли со „мудростите“ на Мајка Тереза како оние исполепени на сите новобарокни згради во центарот, едно ѓаволче кое се бори со ангелчиња, дел од Пеколот, парче од Рајот, ѕвонци и прапорци… Ги заборавиле и Рудолф Црвеното Носе со дружината од ирваси како влечат кочија во која седи Дедо Мраз. Заборавиле скулптура на Дева Марија во пештерата како се пораѓа со Исус, една со Дева Марија надвор од пештерата, дванаесетте апостоли, неколку јагниња, два милиона овчички, огнот од пештерата, дел од голготата, тамарините, сцена од распетието, од помазанието, од воскресението, сцена со оној Горнион и со овој Долниов, а секако во целата гунгула најмногу недостасуваат Мики, Пајо, Бајо, Гајо, Рајо и Влајо, Снежана со џуџињата, Шиљо и сакатиот Даба…

Слабо им е нешто спомеников! Ништо од него штом нема некоја грандиозна „скулптурална композиција“ со библиска Македонија во средината, која ќе биде претставена со библија во раката како центар на Светот околу кој сè се врти и сè се менува!

Во меѓувреме погледајте го филмот за Пеколниот Ангел!

http://ajvandoktor.blogspot.mk/2016/08/blog-post.html

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

SVETICA Empty Re: SVETICA

Пишување by Гостин Саб Сеп 03 2016, 18:06

Navistina, pogledajte go filmot...


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

SVETICA Empty Re: SVETICA

Пишување by Гостин Нед Сеп 04 2016, 13:38

Мајка Тереза прогласена за светица

Канонизирајќи ја за време на јубилејната Година на милоста, папата ја направи Мајка тереза икона на својот понтификат.

SVETICA %d0%bc%d0%b0%d1%98%d0%ba%d0%b01

Мајка Тереза е прогласена за светица од папата Франциско на утринската миса на плоштадот „Св. Петар“ во Ватикан на која присуствуваа повеќе од 100.000 верници и гости од целиот свет.

Низ плоштадот „Св. Петар“ се разнесе громогласен аплауз дури и пред папата Франциско да ги каже последните зборови од канонизацијата на Мајка Тереза, наведувајќи ги чудата кои и се припишуваат на калуѓерката.

Канонизирајќи ја за време на јубилејната Година на милоста, папата ја направи Мајка тереза икона на својот понтификат.

Мајка Тереза е родена во центарот на Скопје. Нејзината родна куќа е разурната во земјотресот во 1963 година. На ова место денес има спомен плоча. Околу 100 илјади верници и гости од целиот свет ја следеа мисата. Посетата не успеа да ја достигне бројноста од 2003 година, кога Мајка Тереза беше прогласена за блажена, најмногу поради засилените безбедносни мерки во Ватикан каде се стравуваше од терористички напади.

http://plusinfo.mk/vest/84807/majka-tereza-proglasena-za-svetica

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

SVETICA Empty Re: SVETICA

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот