Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

СОБНИ РАСТЕНИЈА

2 posters

Go down

СОБНИ РАСТЕНИЈА Empty СОБНИ РАСТЕНИЈА

Пишување by Гостин Вто Aвг 30 2016, 17:17

Растенија за во саксија кои би можеле да го прочистат вашиот дом – научниците откриваат кои видови дејствуваат како филтри за прочистување на воздухот

Тие го разубавуваат нашите домови и ги разведруваат нашите канцеларии. Но, домашните растенија исто така го прочистуваат воздухот кој го дишеме. Едно истражување докажало дека растенијата во саксија ги апсорбираат опасните хемикалии, правејќи го почист воздухот кој го дишеме. Едно од таквите природни освежувачи на воздухот е Guzmania lingulata или „црвената ѕвезда“, колоритен тропски вид бромелија која со месеци цвета внатре во вашиот дом. Друго такво растение е Dracaena fragrans коешто има долги, разнобојни листови кои се особено добри во впивањето на ацетонот, хемикалијата која се користи за отстранување на лак за нокти.

СОБНИ РАСТЕНИЈА Rs01

Ова истражување било поттикнато од растечката загриженост за штетата предизвикана од загадувањето на воздухот внатре во домовите од разни токсини, меѓу кои т.н. испарливи органски состојки, кои се испуштаат од најразлични нешта од секојдневието, почнувајќи од бои и принтери па сѐ до хемикалии за чистење.

СОБНИ РАСТЕНИЈА Rs02

Кралскиот медицински колеџ на В. Британија проценува дека внатрешното загадување секоја година придонесува за 99 000 смртни случаи. Плус тоа, многу луѓе веруваат дека страдаат од „синдромот на болната зграда“, при кој застоениот, загаден воздух се смета за предизвикувач на разни нарушувања, од главоболки па сѐ до кожни алергии и чувство на замор.

Истражувачи од државниот универзитет на Њујорк велат: „Зградите, без разлика дали се работи за стари или за нови, можат да имаат високо ниво на испарливи органски состојки во нив, понекогаш до таа мера што можете да ги помирисате.“

СОБНИ РАСТЕНИЈА Rs03

Истражувачите ставиле пет различни растенија во саксија во вакуумски затворена комора со испарливи органски состојки и набљудувале како се менувало нивото на штетните хемикалии со текот на времето. Во текот на тестирањето биле употребени и обични домашни растенија и резултатите покажале дека сите пет го отстранувале ацетонот, но растенијата од родот драцена се покажале како најефикасни прочистувачи на штетните токсини, остранувајќи цели 94 отсто од хемикалијата. Најдобар прочистувач е спомнатата бромелија „црвена ѕвезда“.

http://www.motika.com.mk/rastenija-za-vo-saksija-koi-bi-mozhele-da-go-prochistat-vashiot-dom-nauchnicite-otkrivaat-koi-vidovi-dejstvuvaat-kako-filtri-za-prochistuvanje-na-vozduhot/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

СОБНИ РАСТЕНИЈА Empty Re: СОБНИ РАСТЕНИЈА

Пишување by Гостин Вто Aвг 30 2016, 21:18

a be vinmova loza moze li u soba da se cuva ui saksija.so se ne procistuva da znaes.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

СОБНИ РАСТЕНИЈА Empty Re: СОБНИ РАСТЕНИЈА

Пишување by Luxor Нед Дек 18 2016, 19:17

Совети за одгледување собни растенија – Дифенбахија

Дифенбахиите се декоративни билки, кои се погодни за еднолични топли простории. Ако сакаме буен раст, треба да им посветиме повеќе внимание отколку на другите зелени растенија. Дифенбахиите потекнуваат од густите, зелени шуми на Средна и Јужна Америка. Растат високо и имаат големи раскошни листови. Во соба расте до 1 метар и развива јако стебло. Цветовите се појавуваат повремено, но се неугледни и немаат декоративен карактер како листовите и стеблото.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6591
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

СОБНИ РАСТЕНИЈА Empty Re: СОБНИ РАСТЕНИЈА

Пишување by Luxor Нед Дек 18 2016, 19:17

СОБНИ РАСТЕНИЈА 30uxxxy
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6591
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

СОБНИ РАСТЕНИЈА Empty Re: СОБНИ РАСТЕНИЈА

Пишување by Luxor Нед Дек 18 2016, 19:20

Џ. Ф. Дифенбах (1796-1867) бил виенски ботаничар кој го донел ова растение во Европа, па по него и го добило името. Дифенбахијата сака топлина, осетлива е на провев и студенило, како и на сув воздух. За успешен раст во соба, потребно е земјата да биде влажна, поставеноста да биде на светло место, но не директно на сонце, и редовно дохранување. Се пресадува на секои две години за да се контролира растот.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6591
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

СОБНИ РАСТЕНИЈА Empty Re: СОБНИ РАСТЕНИЈА

Пишување by Luxor Нед Дек 18 2016, 19:22

СОБНИ РАСТЕНИЈА Hortikultura.mk_difenbahija_3
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6591
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

СОБНИ РАСТЕНИЈА Empty Re: СОБНИ РАСТЕНИЈА

Пишување by Luxor Нед Дек 18 2016, 19:22

Една важна работа која треба да ја имате на ум е дека сокот од листовите на ова растение е отровен. Локалните племиња од Бразил го мачкале врвот на стрелата со сок од Дифенбахија при одењето во лов. Досега во Европа не е познат случај на труење од неговиот сок, но, без разлика, бидете внимателни. Како и да е, ова е раскошно растение, кое, без сомнение, со неговите шарени листови ќе ја убие монотоноста во вашата соба.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6591
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

СОБНИ РАСТЕНИЈА Empty Re: СОБНИ РАСТЕНИЈА

Пишување by Luxor Нед Дек 18 2016, 19:24

СОБНИ РАСТЕНИЈА -51149
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6591
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

СОБНИ РАСТЕНИЈА Empty Re: СОБНИ РАСТЕНИЈА

Пишување by Luxor Нед Дек 18 2016, 19:25

Поставете ја Дифенбахијата на светло место, но не директно на Сонце. Сака температури 18-25 степени Целзиусови.

Најубаво успева ако се постави на светол прозорец и поради потребата од топлина, централното греење не му пречи.

Во зиме поставете го на најсветлото место кое го имате дома. Во просториите со централно греење влажноста одржете ја со прскање на листовите.

Најпогодна земја за негов раст е мешавина од плодна земја со тресет и песок.

Во лето треба редовно да го наводнувате, посебно во вегетацискиот период, а во зиме трудете се да одржите постојана влажност на земјата.

Размножувањето може да биде со сечење на дел од стебленцето и поставување во чаша вода на 25 степени. По некое време тоа пушта мали коренчиња. Кога тие ќе бидат доволно големи и на број, пресадете го во саксија.

http://www.kafepauza.mk/zivot/soveti-za-odgleduvanje-sobni-rastenija-difenbahija/
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6591
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

СОБНИ РАСТЕНИЈА Empty Re: СОБНИ РАСТЕНИЈА

Пишување by Delta Чет Дек 22 2016, 16:00

e koa vikam ja voinova loza u saksija vie nejkete.pa trovete se so ite africkite kitki.;/';,
Delta
Delta

Број на мислења : 606
Join date : 2016-11-30

Вратете се на почетокот Go down

СОБНИ РАСТЕНИЈА Empty Re: СОБНИ РАСТЕНИЈА

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот