Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Вино

Go down

Вино Empty Вино

Пишување by Фири Чет Јан 22 2015, 17:42

Елексирот на здравето. Jaс предпочитам (ми се допагjат) Каберне и Мерло.

_________________
Андреј напиша: до почетокот на 19 век .... Бугарите си биле само турско племе ... Ништо повече ... ..
Фири
Фири

Број на мислења : 1003
Join date : 2015-01-14

Вратете се на почетокот Go down

Вино Empty Re: Вино

Пишување by Гостин Чет Јан 22 2015, 17:48

А бе Фири, си се фатил за виното, па си заборавил здравје...

Вино и здравје

Сè поголем е бројот на медицински истражувања и научни трудови во кои со научни факти е докажано поволното влијание што виното го има за здравјето. Светски познати научно-истражувачки и медицински установи едногласно се согласуваат дека виното содржи состојки кои ја унапредуваат благосостојбата на организмот. Но, тие исто така се согласуваат дека, за да се почувствуваат благотворните дејства на виното, мора да биде исполнет еден важен предуслов: уживање во виното во умерени количини.

Поволното влијание на виното врз здравјето на неговите консументи се должи на присуството на различни состојки во виното, меѓу кои се антоцијаните, танините, полифенолите. Меѓу позитивните дејства на овие состојки врз здравјето на организмот се вклучуваат:

Намалување на ризикот од појава на кардиоваскуларни и одредени малигни заболувања
Забавување на прогресијата на невролошки дегенеративни процеси како Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест
Подобрување на функцијата на белите дробови
Подобрување на мозочната активност и помнењето
Зголемување на имунитетот
Подобрување на метаболизмот и циркулацијата
Намалување на таложењето на мастите
Заштита од алергии и инфекции
Забавување на процесот на стареење
Ресвератрол е состојка во црвеното вино која е најзаслужна за спречување на оштетувањата на крвните садови, за намалување на штетниот холестерол и за спречување на згрутчувањето на крвта, намалувајќи го ризикот од срцеви заболувања. Илустрација на ваквото влијание на црвеното вино е „францускиот парадокс“. Исхраната на Французите вклучува внесување масни сирења, месо, јајца и други намирници кои изобилуваат со масти и холестерол и кои придонесуваат за зголемување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Сепак, стапката на срцеви заболувања е на многу ниско ниво во Франција, а овој факт се припишува на консумацијата на чаша црвено вино со секој главен оброк. Ресвератролот има и антиоксидантно дејство, со што штити од појавата на малигни заболувања и го забавува процесот на стареење.

Кафтарната киселина е моќен антиоксиданс присутен во белото вино. Оваа состојка ги врзува слободните радикали во организмот кои настануваат при природното користење на кислородот во клетките и кои можат да нанесат штета на телесните клетки. Како антиоксиданс, кафтарната киселина го спречува оштетувањето на клетките и со тоа и појавата на одредени болести, како: срцеви заболувања, малигни заболувања, диjабетес и макуларна дегенерација. Кафтарната киселина спречува инфекции и го зајакнува имунолошкиот систем.

Присуство на благотворните состојки во виното на „Тиквеш“

За да ги зачува благотворните состојки присутни во грозјето и да ги пренесе во виното, Винарската визба „Тиквеш“ применува модерна технологија, добри енолошки практики и посветува големо внимание во одгледувањето и изборот на грозје за производство на вино.

Од особено значење е примената на хиперредукција во производството на вино. Станува збор за намалување на можноста на допир на грозјето и виното со кислород, кој врши оксидација на благотворните состојки. Примената на комплетно затворен систем во сите фази на производството го спречува навлегувањето на кислородот, при што се зголемува присуството на важните состојки и во белото и во црвеното вино. Со примена на хиперредукција, се намалува потребата од користење сулфити, кои се најголеми виновници за појавата на главоболка кај луѓето чувствителни на овие супстанции.

Зголемувањето на присуството на благотворните состојки се врши и со мацерацијата, односно ферментацијата на гроздовиот сок заедно со лушпата во која, пак, се содржани најголемиот дел од благотворните состојки. На тој начин се овозможува екстракција на најголем дел од нив и во виното. Примената на микровинификација при производството на одредени типови вино, придонесува да бидат избрани само најквалитетните зрна грозје за натамошна преработка и со тоа и да се добие најквалитетно вино кое изобилува со состојки кои поволно влијаат на организмот.

Спроведеното истражување во соработка со Земјоделскиот институт во Словенија, докажа дека Темјаниката на „Тиквеш“ содржи поголема концентрација на благотворни киселини во споредба со другите бели сорти. Истото важи и за присуството на ресвератрол во Вранецот на „Тиквеш“. Овие карактеристики на вината произлегуваат токму од примената на современите техники за производство и внимателниот избор на грозје.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Вино Empty Re: Вино

Пишување by Фири Чет Јан 22 2015, 20:56

Море последниот пат така си бев унапредуваал благосостојбата на организмот оти улицата ми беше тесна. Повеке од 2 литри на вечер (пред тоа 300 милилири ракиja) да се не пиеSmile Се шегувам една две чаши  навистина е добро ама вака не може да се усети вистинската сила на винотоSmile Инаку многу ретко пиjaм повеке од една , две чаши ама на неколку години се случува понекогаш да ми се стеснат улицитеSmile

_________________
Андреј напиша: до почетокот на 19 век .... Бугарите си биле само турско племе ... Ништо повече ... ..
Фири
Фири

Број на мислења : 1003
Join date : 2015-01-14

Вратете се на почетокот Go down

Вино Empty Re: Вино

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот