Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT

4 posters

Страна 2 of 2 Previous  1, 2

Go down

IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT - Page 2 Empty Re: IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT

Пишување by defo Пет Сеп 09, 2016 11:00 pm

nikos напиша:Ама од каде сега ова? Па нели Заев заедно со другите претседатели на партии потпиша дека условите за фер и демократски избори се исполнети? Не може ако сега анкетите тргнат во надолна линија за СДСМ да се повикуваат на неисполнети услови.


Ајде не се прај на тошо, може..и врапците знаат како може и кој може да организира не фер избори.... bounce bounce bounce
defo
defo

Број на мислења : 3468
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT - Page 2 Empty Re: IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT

Пишување by Гостин Саб Сеп 10, 2016 12:49 pm

Ова е спремање на алиби или можеби Заев е будала па не знае дека избирачкиот список е исчистен а медиумите се ставени под контрола и во сите министерства се лугето на СДСМ како министри или дополнителни министри? Вака погледнато можноста за организирање нефер избори е исклучена и ако такво нешто се случи ке оди на душа на тие што ги зафатиле тие министерските и дополнително министерските столчиња, како и уредничките, и изборно комисииските па и тие цензорските во таа новата комисија или што и да беше за контрола на медиумите од власта.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT - Page 2 Empty Re: IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT

Пишување by defo Саб Сеп 10, 2016 12:57 pm

не е само избирачкиот список во прашање, во прашање се и вработувањата, делењето пари, уцените, заканите....се треба да се превенира..што и всушност е задачата на Оливер Спасов. Е тука на сцена настапуваат минирањата од страна на Чавков и ко.........

_________________
Интернетот, социјалните мрежи демократијата ја претворија во желба за анархија и хаос.
defo
defo

Број на мислења : 3468
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT - Page 2 Empty Re: IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT

Пишување by Гостин Саб Сеп 10, 2016 1:11 pm

Од ова сега произлегува дека припадниците на полициските сили ке се определат партиски и непрофесионално ке дозволуваат уцени, закани и слично а Чавков сето тоа ке успее да го сокрие иако има намалени ингеренции а министерот Спасов може да го смени најголемиот дел од началниците? Не дека нема по некој корумпиран полицаец но најголемото мнозинство се чесни луге што професионално си ја работат работата.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT - Page 2 Empty Re: IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT

Пишување by osa Саб Сеп 10, 2016 11:10 pm

defo напиша:не е само избирачкиот список во прашање, во прашање се и вработувањата, делењето пари, уцените, заканите....се треба да се превенира..што и всушност е задачата на Оливер Спасов. Е тука на сцена настапуваат минирањата од страна на Чавков и ко.........

bravo defo ...tokmu taka ,ne e samo izbirachkiot spisok .....mnogu ima ZA RABOTA ,NE MI SE VERUVA DEKA SDSM ke uspee se toa da go dovede VO RED .....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT - Page 2 Empty Re: IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT

Пишување by Гостин Вто Сеп 13, 2016 10:27 am

Mozhebi mestovo na ova shto sega kje go postiram e vo temata kolumni, no sepak ima premnogu silna vraska so izboprite i zatoa ja stavam ovde...

Третиот политички блок илузија на суетни политичари!

Коста Стоименовски ● во 09:22 12 септември 2016

Весникот Слободен печат од 11 август 2015 година објави мој напис под наслов „Тоталитарниот режим може да се урне само со широк опозициски фронт, а не со делење и множење на опозицијата“. Во написов се осврнав на искуството на некои земји кои успеале да ги урнат тоталитарните режми. Во Србија тоа беше направено со обединуавњето на опозицијата во коалицијата Отпор, во Хрватска со Кукурику коалицијата, во Уругвај со обединувањето во Широк опозициски фронт. Убеден сум дека обединувањето на опозицијата во широк опозициски фронт е единствена опција за уривање на тоталитарниот режим и во нашата држава. Впрочем тоа го покажува и искуството со изборите во 2011 год. кога опозициските партии освоија повеќе гласови од коалицијата на ДПМНЕ, но, поради разединетоста и нереалните амбиции на суетните лидери на некои (по)мали опозициски партии, опозицијата не успеа да ја освои власта.

Во последно време се заговара потребата за создавање на Трет политички блок со цел режимот да се нападне од два фронта, од лево и од десно. Убеден сум дека оваа опција не е добра, особено и поради тоа што се уште не се знае кој ќе ја сочинува и кој ќе ја предводи коалицијата на десницата. Имам претчувство дека формирањето на Третиот блок ќе доведе до натамошно раздробување на опозицијата со формирање на нови опозициски партии и/ли коалиции! Неодамна формираната партија Левица не се согласува СДСМ да биде лидер на левицата, така што не треба да се исклучи можноста и таа да се обиде да создаде свој блок!? Реално може да се очекува дека примерот на опозициската десница и на левицата ќе го следат и суетните политичари на други опозициски партии!? Сето тоа би водело кон раздробување и разединување на опозицијата што ќе оди во корист на тоталитарниот режим!

Од идеолошка гледна точка, Третиот блок е хибридно решение и тешко може да се профилира и да дејствува како десница! Иницијаторите за создавање на Третиот блок изјавуваат дека имаат заедничка цел со главната опозициска партија, уривање на тоталитарниот режим, но, не сакаат обединување на опозицијата! Впечаток е дека лидерите на некои партии кои би требало да го сочинуваат Третиот блок имаат единствена цел по секоја цена да учествуваат во идната влада, без оглед на тоа кој ќе ја формира! Мошне значајно е кој ќе го предводи Третиот блок!

Тешката политичка криза во нашата земја може да се надмине само со уривањето на тоталитарниот режим, а тоа може да се постигне само со обединувањето на опозицијата во најширок фронт, а не со повеќе фронтови! Мошне индикативно, но и сомнително е тоа што главен заговорник за формирање на Третиот блок во Македонија се јавува донеодамнешниот коалициски партнер на донеодамнешниот премиер! Морам да кажам дека однесувањето на иницијаторот за создавање на Третиот блок создава сомнежи во неговите намери!

Апелирам до лидерите на сите опозициски партии добро да размислат пред да донесат одлука за самостоен настап на изборите или за формирање на каков било опозициски блок надвор од блокот што го предводи З. Заев. Со својата храброст да ги објави „бомбите“, З. Заев го разобличи криминалното владеење и корупцијата на актуелната власт и создаде атмосфера за заживување на правната држава и за враќање на Македонија на евро-атлантскиот колосек! Лидерите на партиите што ќе влезат во Широкиот опозициски фронт би можеле да потпишат документ во кој ќе се предвиди, по нормализацијата на состојбите во државата, распишување на предвремени избори во наредните две години!

Со враќањето на државата во нормална состојба во која ќе владее правото ќе се создадат услови за неизбежни престројувања на политичката сцена во државата, со што ќе се создадат услови за реализација на желбите и амбициите на лидерите на постојните и/ли на новите политички партии! Во време на тешка политичка, економска, социјална и морална криза, приоритетна цел на сите опозициски сили во државата треба да биде уривањето на тоталитарниот режим! Опозициските партии кои би влегле во Широкиот фронт, но, исто така, и „Шарените“ не би требало своето учество во Фронтот да го условуваат со нивното ставање на изборните листи! Познавајќи го менталитетот на Македонците убеден сум дека тоа ќе доведе до кавги и поделби во редовите на „Шарените“ (зошто тој, а не јас?). Нема сомнение дека „Шарените“ дадоа голем придонес во отрезнувањето на голем дел од хипнотизираното и заспано општество, но, тешко можат да се задоволат желбите на сите учесници во Шарената револуција!

„Шарените“ би требало да останат чувари на демократијата, слободите и правата и по изборите, без оглед на тоа кој ќе ја предводи владата по изборите! Треба да се има предвид дека администрацијата што ќе уследи по победата на опозицијата на изборите создава услови за ангажирање на голем број активисти како од опозициските партии, така и од Шарената револуција! Затоа, победата на изборите би требала да биде поттик за максимално ангажирање на сите актери во широкиот опозициски фронт!

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT - Page 2 Empty Re: IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT

Пишување by трендафил Пон Сеп 19, 2016 8:21 pm

Ако има диктатура во Македонија ја спроведуваат силеџиите што се претставуваат како амбасадори. Тие што одлучуваат далки и кога ќе има избори во Македонбија, наместо тоа да го прави Собранието. а прв меѓу силеџиите е Бејли. Силеџии кои на сите можни начини се обидуваат да го донесат на власт самопрогласениот за црпнат од Муртино. Оригинален е обидот сега да се натераат Албанците да гласаат за петоколонашите. Со ветувањето за двојазичност но само за албанското малцинство и таму кај што нема ниту еден Албанец.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11146
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT - Page 2 Empty Re: IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT

Пишување by Гостин Вто Сеп 20, 2016 10:37 am

А тоа што со насилство и шамари се тераат избраните градоначалници да работат по желбите на пастирот не е диктатура. Тоа божја волја е нели Трендо. Исто како и крадењето на изборите, местењето судски процеси со долгогодишни притвори и казни за политичките неистомисленици, па и пљачкањето на народните пари.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT - Page 2 Empty Re: IZBORI-PO KOJZNAE KOJ PAT

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 2 of 2 Previous  1, 2

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот