Гулаш
Страна 1 of 1
Гулаш
АРОМАТИЧЕН ТЕЛЕШКИ ГУЛАШ
Потребно:
* 250 г кромид
* 800 г телешко месо исечено на коцкички
* 2 лажици масло
* сол
* бибер
* 1 лажичка мелен црвен пипер
* 2 лажици пире од домати
* 200 мл црно вино
* 2 лажици нишесте
* 1 гранче рузмарин
* 250 г мешани печурки (по избор)
* ситно сечкан магдонос
Приготвување: кромидот излупете го, исчистете го и исечете го на мали коцкички. Месото измијте го, избришете го и добро пропржете го на врело масло. Пред крај на пржењето, во месото додадете го сечканиот кромид и сето тоа пржете го уште малку. Потоа, месото зачинете го со сол, бибер и мелениот црвен пипер. Поклопете го тенџерето и динстајте го на тивок оган 10-тина минути. Во месото додадете ги пирето од домати, виното, нишестето и измиеното гранче рузмарин. Печурките исчистете ги, исечете ги на помали парчиња и додадете ги во јадењето пред крај на варењето. Сето тоа динстајте го уште малку, извадете го гранчето рузмарин и зачинете го сосот. Пред да го сервирате гулашот, посипете го со магдоносот.
http://www.vest.mk/?ItemID=896AD5A082934F41912D490E0CB04309
Гостин- Гостин
Re: Гулаш
ГУЛАШ
состојки:
600 г месо за гулаш
3 главици кромид, 3 чешниња лук
1 лажица црвен пипер ,1 лажичка лут пипер
2 лаврови листа, масло по вкус
црн пипер, сув зачин, 100 мл сок од домати
подготовка:
Кромидот се сече ситно и се пржи во малку масло, па додадете месо, исечено на коцки. Се динстува покриено на тивок оган. Кога ќе омекне месото, се додаваат сол, црн пипер и зачини, и динстувајте додека месото не се зготви. Додадете ги сосот од домати, исечениот лук, една лажица црвен пипер, лут пипер, лук, лавров лист, и варете уште малку за да го добиете вкусот на гулашот. Гулашот е повкусен ако е варен подолго. Се служи со рестуван компир или со пире.

Гулаш со риба
500 г филети ослиќ
2 главици кромид
1 луто пиперче
2 дл сок од домати
1 дл бело вино
1 лажичка црвен пипер
2 ловорови листа
4 лажици масло
200 г тестенини
сил, бибер, суви зачини
Приготвување:
Кромидот исечкајте го ситно и пропржете го на малку зејтин. Додадете го и исечканото луто пиперче. Додадете вода и продолжете со динстање. Додадете сок од домати, зачинете и додадете ги црвениот пипер, ловоровиот лист и белото вино. Динстајте дваесетина минути на тивок оган и на крајот додадете ги филетите риба исечени на парчиња и варете околу 30-40 минути. Додека се вари повремено мешајте. Послужете со тестенини кои претходно сте ги свариле.
http://www.ubavinaizdravje.mk/%D0%B3%D0%B0%D1%81%D1%82%D1%80%D0%BE/%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8-%D1%98%D0%B0%D0%B4%D0%B5%D1%9A%D0%B0/%D0%B3%D1%83%D0%BB%D0%B0%D1%88-%D1%81%D0%BE-%D1%80%D0%B8%D0%B1%D0%B0

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|