Мала животна приказна

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Мала животна приказна

Пишување by Гостин on Пет Сеп 30, 2016 6:07 pm

Цако: Јас и мојата девојка ги уриваме стереотипите за љубовта

Предизвик ми е да се вработам, да ги побијам стереотипите кои владеат за нас лицата со попреченост, вели Александар Матовски-Цако со Даунов синдром.



Месецот октомври е посветен на лицата со Даунов синдром. Од овие причини, Александар Матовски-Цако, лице со Даунов синдром реши да ја сподели својата животна приказна, која ја објавуваме во целост:

„Октомври е месец на лицата со попреченост, посветен на лицата со Даунов синдром. По тој повод ќе ја раскажам мојата приказна. Јас сум Aлександар Матовски – Цако, роден 1991 година, во Скопје, со Даунов синдром.

Ние сме три деца, а јас сум средното дете. Ние сме среќни заедно. Нашите родители никогаш не правеле разлика помеѓу нас. Прифатен сум и јас и моето семејство од околината, нашите роднини, комшии и пријатели. Имам девојка, со која одиме во кино и на други манифестации. Самостојно се движам низ градот, одам на напревари со пријателите, на кафе, на базен, по нашите планини. Можам да кажам дека животот ми е исполнет и дека сум среќен.

Моето образование течеше по вообичаен ред. Најнапред одев во редовна детска градинка, а потоа во редовно основно и средно училиште. Имав среќна околност што кога се запишував во прво одделение, започна процесот на инклузијата во РМ. Ова значеше дека рамноправно можев да го следам образовниот процес со другите деца со типичен развој. Сега сум студент на Педагошкиот факултет во Скопје, на групата предучилишно воспитание.

Јас имам повеќе активности. Имам издадено две збирки поезија „Бисери“ и „Шарен свет“. Во поново време пишувам и колумни за списанието Лице в лице. Имам сопствена, авторска емисија, наречена „Јас сум Цако“ во онлајн радиото на Младински образовен форум. Во емисијата, со моите гости обработуваме теми поврзани со лицата со посебни потреби, за нивните проблеми и дилеми, како и се што ги опкружува. Гости ми се не само стручни лица, туку и самите лица со посебни потреби, за да покажат што умеат и знаат, како и нивните родители.

Во текот на мојот живот постојано се занимавам со спорт. Повеќе години тренирав карате и имам кафен појас. Со мојот карате клуб учествував на многу семинари и наптревари. Еден период се занимавав и со боди-билдинг, а сега одам на танц заедно со другите лица со Даунов синдром. Особено беше интересно одбележувањето на 21 март, меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром, кога мојот клуб организираше инклузивен танцов фестивал, на кој учествуваме ние лицата со Даунов синдром, како и танчарите со типичен развој. Беше преубаво!

Јас сум активист и борец за човекови права. Член сум на повеќе невладини организации, преку кои учестував на повеќе работилници, конференции, предавања и семинари. Исто така, самостојно сум организирал неколку работилници и предавања и еден настан за мојата емисија.

Имам и меѓународно искуство. Бев два месеца на Европски волонтерски сервис во Холандија. Учествував на конференција во Турција, организирана од UNICEF.

Како шлаг на тортата е моето учество годинава на конференција по повод 21 март, Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром. Конференцијата беше организирана од Светската Даун организација, во седиштето на Обединетите нации, каде бев заедно со мојата сестра. Таа ми помогна во тоа да ја раскажам својата приказна на светот.

Мојата приказна е позитивна, но како секој човек и јас имам предизвици и проблеми. Предизвик ми е да се вработам, да ги побијам стереотипите кои владеат за нас лицата со попреченост, особено во однос на љубовта помеѓу лицата со попреченост. Јас и мојата девојка ги рушиме овие стереотипи и се надевам дека еден ден ќе засноваме брак и дека ќе формираме и сопствено семејство.

Мојот предизвик да се вработам е еден од моите главни проблеми. Нашите закони не ги опфаќаат граничните случаи, во кои припаѓам и јас. На телевизија се емитуваат реклами за вработувања и за самовработувања на лицата со посебни потреби, но тука не се вклучуваат лицата со граничен случај. За овие лица нема финансиска поддршка, не важат даночни олеснувања и со еден збор немаат никакви бенефиции како лицата со посебни потреби. Така, јас морам да бидам рамноправен со лицата со типичен развој, што за жал не е баш возможно. Јас би сакал да е така, но не е. Јас, колку и да имам успех и успешна приказна, сепак сум со Даунов синдром и имам извесни ограничувања. Токму затоа и ми е потребна поддршка од државата, а таа ја немам. И, затоа, овој мој проблем е и мој најголем предизвик. Сакам да успеам да овозможам и лицата со попреченост кои успеале да станат граничен случај, да добијат одредени поволни услови за вработување. Со тоа тие ќе бидат самостојни и никому нема да се на товар.

Скопје, септември 2016 Александар Матовски – Цако
_________________________________________________________________________
Овој дел од текстот е напишан од страна на Марија Матовска, сестра на Aлександар Матовски – Цако.

*Дауновиот синдром е хромозомска аномалија, која се одликува со присуство на екстра генетички материјал во 21 хромозом. Ефектот на одвишокот на генетички материјал влијае различно кај различни луѓе и тоа зависи од големината на генетичкиот одвишок, како и од генетичката историја. Дауновиот синдром може да се појави кај сите луѓе, а некои слични манифестации се забележани и кај одредени видови на животни, како што се шимпанзата и глувците. Типичен човечки кариотип е претставен како 46,XX или XY. Тоа значи дека секој човек има 46 хромозоми. Женските имаат XX, додека мажите имаат XY. Општеството се залага за лицата со Даунов синдром од гледна точка на различни фактори, како дополнителна образовна и родителска поддршка за подобрување на родителството, знаењата и вештините. Во многу развиени замји, од почетокот на 20-от век многу луѓе со Даунов синдром биле сместени во институции или колонии или пак сосема исклучени од општеството. Сепак, од почетокот на 1960-тите родителите и нивните организации, едукаторите и професионалците носеле луѓе со која било форма на ментална или физичка попреченост во општеството колку што е можно повеќе.

*Во Македонија процесот на инклузија е започнат во 90-тите години. Терминот инклузивна едукација се однесува на филозофијата што промовира образование за сите ученици во редовните училишта. Инклузивното образование претставува флексибилна и индивидуализирана поддршка на децата и младите луѓе со специјални образовни потреби во рамките на редовното училиште. Инклузивното образование како интегрална компонента на целокупниот образовен систем што овозможува соодветно образование за сите, ги распознава и почитува различните потреби и способности вклучувајќи ги различните стратегии на учење.

Флексибилноста на системот се рефлектира врз методите и материјалите што се користат за да им се овозможи на децата со посебни потреби најефикасен пристап до редовните наставни програми. Секое дете има посебни карактеристики, интереси, способности и потреби за образование, па така и лицата со потреби за специјално образование треба да имаат пристап до редовните училишта, кои треба да се приспособат за да им излезат во пресрет на специјалните потреби на децата. Во тој контекст редовните училишта сега имаат поголема улога во процесот на обезбедување на образование за деца со специјални образовни потреби, а редовниот образовен систем станува пофлексибилен и поадаптивен. Пред повеќе од десет години и во Република Македонија се стартуваше со процесот на инклузија. Како пилот училишта беа опфатени неколку основни училишта во кои се започна со примена на теоретските постулати на процесот на инклузијата во работата со децата со посебни образовни потреби. За жал, процесот на инклузија не стана законски задолжителен процес, туку делуваше повеќе или помалку стихијно и се базираше само на совесноста и добрата волја на применувачите. На таков начин, се задржа само во рамките на проект со ограничено времетраење. Овој процес не се примени ни во средното образование, што од самиот почеток навести дисконтинуитет во образованието на лицата со посебни потреби. Имено, децата од основните училишта кои беа опфатени со ваквата инклузија, кои по инерција или по препорака на Заводот за ментално здравје своето образование го продолжуваа во редовни средни училишта, каде инклузивниот процес не беше застапен, одеднаш остануваа препуштени сами на себе во најчувствителниот период од нивниот живот – пубертетот. Со други зборови, процесот на инклузија не беше поткрепен со потребните предуслови. Не само што истиот се ограничи само на основните училишта, и тоа само на дел од нив, туку изостана и обуката на средината во која овој процес беше применет. На тој начин, овој процес се претвори во процес сам за себе, и на извесен начин како да изостанаа придобивките кои тој требаше да ги донесе.

*Во Република Македонија не постои сеопфатна статистика за бројот на лица со Даун Синдром.

Овој текст е објавен во рамките на проектот „Поддршка на граѓанското општество кон политиките за социјална кохезија и различностите“ поддржан од страна на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени во овој материјал не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската амбасада во Скопје.

http://plusinfo.mk/vest/87858/cako-jas-i-mojata-devojka-gi-urivame-stereotipite-za-ljubovta

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Мала животна приказна

Пишување by Гостин on Чет Окт 06, 2016 5:54 pm

Еве уште една која ги опфаќа животите на многумина.

Илјадници тужби од БЕГ, граѓаните немоќни во судовите


Граѓаните сметаат дека се неправедно тужени, но правдата не можат да ја докажат на суд

Се проценува дека повеќе од 4.000 граѓани се соочуваат со извршни судски решенија, бидејќи, иако не користат парно греење треба да плаќаат за цевките што минуваат низ нивните станови.

Точниот број на исклучени корисници не е познат, затоа што ниту од стара „Топлификација“, ниту од сегашниот снабдувач со топлинска енергија „Балкан енерџи груп“ (БЕГ) не даваат податоци. Според слободни пресметки на исклучените граѓани, од топлификациската мрежа до 2012 година се исклучиле половина од корисниците, односно околу 20.000 граѓани. Дел од нив, околу 8 000, под притисок на извршители и тужби повторно се вратиле во системот, додека 12.000 останале исклучени. Од нив, околу 4.000 не сакаат да плаќаат за т.н. додаток за ангажирана моќност, односно за поминувањето на цевките од топлификациската мрежа низ нивните станови.

Поради тоа компанијата БЕГ одлучува да ги тужи. Бројот на тужби постојано се зголемува, бидејќи граѓаните кои не сакаат да платат за додатокот, добиваат нова тужба на секои шест месеци. Оттука, според проценката на здружението коешто ги штити интересите на овие граѓани, „Но пасаран“, вкупниот број на тужби по оваа основа е над 30.000.

Исклучените граѓани сметаат дека постапката што се води против нив е противзаконска. Нивниот револт доаѓа од висината на надоместокот за „ангажирана моќност“ кој за стан од 50 квадратни метри, изнесува 600 денари. Тој, пак, што плаќа за затоплување за таа квадратура добива сметка од 2.000 денари.

Дел од овие граѓани навремено поднесуваат приговор до судот каде што очекуваат резрешница по судски пат. Поголемиот дел, сепак, поради страв од дополнителни трошоци, веднаш ги плаќаат извршните решенија.

Според податоците на Основниот суд Скопје 2, само во 2015 година вкупно 521 семејство од Скопје добило тужба со предлог за издавање платен налог. Тужбите понатаму се процесираат во судовите каде што на рочиштата се докажува дали корисникот треба да ја плати побаруваната сума.

Во второстепениот Апелациски суд, пак, за побарувања на БЕГ се водат предмети за вкупно 360 граѓани.

Овие незадоволни граѓани веќе три години, секоја сабота, протестираат на скопскиот плоштад „Пела“, затоа што, иако одамна се исклучени од системот за парно греење, редовно им стасуваат сметки за плаќање на додатокот за „ангажирана моќност“. Некои од нив дури немаат ниту цевки во становите.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Мала животна приказна

Пишување by Гостин on Чет Окт 06, 2016 5:55 pm

Сопки со Правилникот на регулаторите


Од здружението кое се бори за правата на исклучените граѓани од топлификациската мрежа, „Но пасаран“, тврдат дека БЕГ на повеќе начини го прекршила Законот

Покрај заштита од дискриминација и неправда, овие граѓани бараат и промена на Правилникот за дистрибуција на топлинска енергија на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) каде што е предвидено плаќањето на спорниот надоместок. Граѓаните сметаат дека овој подзаконски акт не е во согласност со ниту една правна норма.

Од РКЕ, пак, потенцираат дека станува збор за обврска која произлегува од колективното домување и од урбанистичките планови на градските средини со коишто се предвидуваат начините на загревање во објектите и врз чија основа потоа се димензионираат грејната и електричната инсталација.

„Со појавата на поединечно исклучување на станбени единици во колективните објекти се нарушува термоенергетскиот биланс на објектите, се намалува ефикасноста на искористување на топлинската енергија и се нарушува енергетскиот систем во целина. Со плаќањето од страна на исклучените потрошувачи делумно се амортизира трошокот за греење на приклучените и се спречува спирала на исклучување на објектите, бидејќи колку повеќе се исклучуваат толку повеќе расте трошокот на приклучените, доколку сами го покриваат трошокот на зградата за греење“, одговараат од РКЕ на прашањата на БИРН за издржаноста на овие правила.

Покрај заштита од дискриминација и неправда, граѓаните бараат и промена на Правилникот за дистрибуција на топлинска енергија на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) каде што е предвидено плаќањето на спорниот надоместок
Со ваквите правила и објаснувања не се согласува Народниот правобранител, кој за тоа ја информирал и РKE.

Народниот правобранител посочува дека тоа што луѓето живеат во зграда не може да биде основа за наплата на делот наречен „ангажирана моќност“. „Наплатата на топлинската енергија не е јавна давачка со што и немаат обврска да ја плаќаат, освен ако сакаат да се греат на овој начин.“

Момчило Ивановски, исклучен граѓанин кој има добиено неколку тужби тврди дека БЕГ нема лиценца за наплата на услугата за парно греење.

– Едно прашање до судиите. Дали не сфатија дека од извршителите направија милијардери? Сакам да поставам многу едноставни прашања, затоа што со комплицирани ќе ги збунам. Кој закон го прекршивме кога го раскинавме договорот со „Топлификација“? Законот го дозволуваше тоа. Со кој закон БЕГ ги презема нашите лични податоци од „Топлификација“ и зошто таа им ги дала? Ова е целосно противзаконско водење на постапка – вели Ивановски.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Мала животна приказна

Пишување by Гостин on Чет Окт 06, 2016 5:55 pm

Личните податоци на ‘ачик‘

Од здружението кое се бори за правата на исклучените граѓани од топлификациската мрежа, „Но пасаран“, тврдат дека БЕГ на повеќе начини го прекршила Законот.

Прво, БЕГ нема склучено никакви договори со граѓаните за да им испорачува фактури. Второ, БЕГ нема склучено договори со куќните совети (Здруженијата на сопственици на станови и Управителите на зградите) за приклучување кон нивната инсталација во зградите. Трето, БЕГ не смеела да ги набави личните податоци на околу 40.000 граѓани, исклучени и вклучени.

marijan-nenovМаријан Ненов од „Но пасаран“
За да ги преземе личните податоци на постојните и некогашните корисници од компанијата која пред БЕГ ја извршуваше оваа дејност – „Топлификација“, БЕГ мора да има писмена согласност од секој корисник. Преземањето на личните податоци без ваква согласност не го оправдува ни интерниот договор на БЕГ со „Топлификација“ за преземање на податоците кој, патем, го склучиле три месеци откако си ги размениле податоците на корисниците.

Како што објаснува Маријан Ненов од „Но пасаран“, во Законот за заштита на личните податоци стои дека ниту една фирма или институција не смее да ѝ ги даде на друга податоците за сопствениците на станови, доколку нема писмена согласност од корисниците.

Од Дирекцијата за заштита на лични податоци (ДЗЛП) за БИРН тврдат дека според Законот за енергетика корисниците на системот се должни да им обезбедат контакт-податоци (име и презиме/назив на корисникот, адреса/седиште, матичен/даночен број, број на документ за идентификација, телефон, факс, е-пошта) на соодветните оператори на системот кој го користат, како и на снабдувачите со енергија, односно природен гас и на трговците заради вршење енергетски дејности и обезбедување јавна услуга.

И покрај неколкумесечното инсистирање, од БЕГ не сакаа да одговорат на ниту едно прашање поврзано со проблемот на исклучените граѓани.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Мала животна приказна

Пишување by Гостин on Чет Окт 06, 2016 5:56 pm

Нотарски измами

Живко Аврамовски, исто така исклучен граѓанин, вели дека е исклучен од правото на достоинствен живот.

– Ако налогот за извршување стигне до граѓанинот тогаш тој со приговор може да го одбие и процесот се префрла на Основниот суд 2. Но многу често овие нотари, десетина на број, знаат да го пуштат налогот преку фирма-доставувач која не врши правилно доставување и налогот веднаш се извршува преку извршители, без можност за каква и да е реакција од граѓанинот. Извршителот го спровел извршувањето преку блокирање на сметката на граѓанинот, си наплатил и за своите услуги, а за сето тоа нема правна основа – вели Аврамовски.

Постапката за тужење на граѓаните, објаснува Ненов од „Но пасаран“, почнува со ангажирање адвокатско друштво кое за околу 4.000 денари подготвува предлог за извршување, врз основа на веродостојна исправа, и ја испраќа до еден од 13-те нотари кои работат со БЕГ.

Од Нотарската комора на Македонија тврдат дека не располагаат со податоци за тоа кои нотари работат на случаите со БЕГ.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Мала животна приказна

Пишување by Гостин on Чет Окт 06, 2016 5:56 pm

Оригинална идеја на Топлификација

Оригиналната идеја – исклучените граѓани да плаќаат е на скопска „Топлификација“ уште од 1982 година, во екот на изградбата на скопската населба Аеродром, каде што имаше голем број невселени станови кои не беа приклучени на топлификациската мрежа.

Сè поголем број граѓани не сакаа да се приклучат на топлификациската мрежа, а дел од приклучените поднесуваа барања за исклучување, по што компанијата, инаку монопол, побара од Советот на Град Скопје граѓаните кои се исклучија од топлификациската мрежа да плаќаат по 50 проценти од сметката за парно греење, но доколку не живеат во тој стан. Ако живеат мора да плаќаат или да поднесат барање до тогашна „Топлификација“ дека имаат друг начин на затоплување.

Од Хелсиншкиот комитет за човекови права сметаат дека она што БЕГ им го прави на исклучените граѓани е класичен државен рекет.

– Нема што многу да се стори за овие граѓани во овој момент. Поднесовме иницијатива до Уставниот суд која падна. Треба да се смени законот за да може да се промени работата. Јасно ни е дека сè е противзаконски. При носењето на тарифните системи за електрична енергија се посочени алинеи од законот кои воопшто не постојат. Се јавува сомнеж дали биле испочитувани сите законски одредби кои се однесуваат на заштита од монополи и правата на потрошувачите кои Законот за енергетика ги пропишува како обврски на Комисијата. Во случајов не се работи за технички туку за суштествени грешки кои ги доведуваат во прашање јасноста, прецизноста и предвидливоста на законите и подзаконските акти, а со тоа и нивната важност во правниот систем – вели Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Мала животна приказна

Пишување by Гостин on Чет Окт 06, 2016 5:57 pm

Судска голгота

Адвокатката Гордана Каркалашева која ги застапува незадоволните граѓани вели дека покрај овие проблеми граѓаните се соочуваат и со блокади низ судовите.

– Засега има само една потврдена пресуда од Апелацискиот суд во корист на овие граѓани. Тоа е случај кога странките се вселени во нова зграда во која немало инсталирано парно кога се вселувале, а потоа кога зградата е приклучена тие не сакале да бидат дел од топлификациската мрежа. Мислам дека сите што имаат ваков случај ќе ги добиеме на суд.

И покрај тоа што Каркалашева има добиено повеќе од 40 првостепени пресуди во корист на исклучените граѓани, предметите се враќаат од Апелација.

Од Апелацискиот суд во Скопје ги отфрлаат обвинувањата.

„Судиите во својата работа постапуваат и одлучуваат во рамките на Уставот и законските прописи во Република Македонија и во согласност со Кодексот на судска етика, одлучувајќи по предмети независно и непристрасно во рамките на доставениот доказен материјал“, стои во одговорот од овој суд на барањето на БИРН за коментар за ваквите обвинувања.

Слободанка Димитровска, невработена, вели дека првото рочиште за неа било шок. Таа барала одложување поради што била жестоко нападната од адвокатката на БЕГ која ѝ тврдела дека била должна да се подготви за судењето.

– Иако знаат дека она што го застапуваат е лажно, сепак работат против Уставот и спротивно на дури седум закони и меѓународно ратификувани договори за заштита на човековите права. А мене ми вели дека требало да се подготвам – вели Димитровска.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Мала животна приказна

Пишување by Гостин on Чет Окт 06, 2016 5:57 pm

Почетоците на БЕГ

БЕГ АД е формирано од две фирми, секоја со влог од по 25.000 евра. Едната е „Кордикор“ со седиште на Кипар, а втората е „Битер Холдинг“ регистрирана на островот Џерси (дестинација помеѓу Англија и Франција). Тие се фирми на ТГК 2, во кои управувачки пакет има фирмата „Синтез“ на рускиот тајкун Леонид Лебедев. Лебедев моментно е надвор од Русија, каде што е обвинет за финансиски криминал. Тој има и кипарско државјанство и медиумите шпекулираат дека се наоѓа некаде помеѓу Кипар и САД.

БЕГ АД е регистрирана во јуни 2012 година, додека Балкан Енерџи ДООЕЛ (ќерка фирма на БЕГ АД, основана со влог од 5.000 евра) е регистрирана на 27 ноември 2012 година, а лиценците за работа ги добива само еден месец подоцна, на 30 декември 2012 година. Истиот ден одлуката е објавена и во „Службен весник на РМ“. Претходно, од бизнисот со снабдување со топлинска енергија се откажува компанијата „Топлификација“, тврдејќи дека работат со загуба. Балкан Енерџи ДООЕЛ почнува со испорака на топлинска енергија на 1 јануари 2013 година.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Мала животна приказна

Пишување by Гостин on Чет Окт 06, 2016 5:59 pm

Приходи на БЕГ (во милиони евра)



Во првата, 2013 година, остварува приходи од 32,6 милиони евра и добивка од еден милион евра. Следната, 2014 година, има намалени приходи од 28,7 милиони евра, но зголемена добивка од 1,1 милион евра. Во 2015 година, пак, приходите ѝ растат на 29,6 милиони евра, но добивката драстично ѝ се намалува на само 306 илјади евра.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Мала животна приказна

Пишување by Гостин on Чет Окт 06, 2016 5:59 pm

Добивка на БЕГ (во милиони евра)



Според податоците на БЕГ со кои калкулираат и медиумите, компанијата денес има 57.131 потрошувач, од кои приклучени на мрежата се 43.566, а исклучени се 13.265 потрошувачи.

Од здружението „Но пасаран“, пак, тврдат дека БЕГ манипулира со овие бројки и дека нема повеќе од 30.000 корисници.

http://prizma.mk/iljadnitsi-tuzhbi-od-beg-graganite-nemokni-vo-sudovite/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Мала животна приказна

Пишување by luxor on Чет Окт 06, 2016 6:32 pm

Apasi kaj i da se svrtis, samo grabaat od narodot a toj si molci namesto mame da im e...
avatar
luxor

Број на мислења : 3189
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Мала животна приказна

Пишување by Гостин on Чет Окт 06, 2016 6:53 pm

Тежок е животот во Македонија под власта на фамилијата.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Мала животна приказна

Пишување by luxor on Чет Окт 06, 2016 6:58 pm

Ke se opravi koga ke gi mavneme vemerovcinjata i ke go frlime klucot od zandanata u Vardar.
avatar
luxor

Број на мислења : 3189
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Мала животна приказна

Пишување by Гостин on Пет Окт 07, 2016 7:00 pm

Ако можам да забележам ситуацијата е таква уште од времето на бнившата држава и ако СДС навистина сакале да направат нешто за граѓаните тоа можеле досега повекепати да го сторат.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Мала животна приказна

Пишување by Гостин on Саб Окт 08, 2016 12:59 pm

Исдто како и пастирот кој за десет години владеење можеше да го реши пропблемот. Се разбира ако не беше зафатен со крадењето народни пари.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Мала животна приказна

Пишување by Гостин on Саб Окт 08, 2016 3:47 pm

Ама јас и не реков дека ВМРО не можеле да го решат тоа но праведно е тие што го предизвикале и да го решет проблемот а не како врел костен да го префрлаат на другите.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Мала животна приказна

Пишување by Гостин on Саб Окт 08, 2016 5:49 pm

A vashiot pastir za shto go glasavte??? Za da krade i da ja unishti Makedonija???

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Мала животна приказна

Пишување by Гостин on Саб Окт 15, 2016 5:22 pm

Боки 13 им покажа на политичарите како треба да се грижат за лугето.

Политичарите ветуваат, друг остварува: Боки 13-ка го згрижи малиот Лука!



Бојан Јовановски, познат како Боки 13-ка, го направи тоа што политичарите најчесто го ветуваат, но ретко го остваруваат, или пак им се потребни месеци и години за да направат некој чекор. Откако ја слушнал приказната за семејството Симонови од Свети Николе, родители на десеттина дена старото бебе Лука, кои што живееле во мизерни услови, и со социјална помош од околу 1.200 денари не можеле дури да купат млеко и пелени за бебето, тој веднаш решил да реагира. Денес, Боки го пресели семејството во нов и удобен стан, а родителите не можеа да веруваат на неговата хуманост и добрина, па со солзи радосници тргнаа во нов живот.

-Нема што да се збори, ниту да се чека кога се вакви случаеви во прашање. Веднаш се ангажирав и успеав да обезбедам стан во Штип за ова семејство. Лука сега ќе живее со своите родители во комплетно опремен стан од околу 80 квадрати. Киријата и сите сметки за нивниот дом се покриени во рок од една година. Да се надеваме дека нивната скромна куќа до тогаш ќе биде санирана и во неа ќе има услови за нормален живот, како што им ветија општинските власти во Свети Николе. Ова бебе и сите деца на светот заслужуваат топол дом, кров над глава, храна, облека, играчки, безгрижно детство – ни изјави Боки, кој што е соработник во проекти на ЕУ во изминатиот период.

Тој додава дека срцето му е исполнето затоа што им помогнал на овие луѓе кои што заслужувале среќа и радост, а не грижи и солзи уште со самото раѓање на нивното бебе.

-Може да се градат споменици, а не и кров над глава за нашето најголемо богатство – децата. Како да го сфатиме и оправдаме тоа? Нема што повеќе да кажам, делата зборат, и моите и оние на политичарите – изјави за Фокус Боки, кого пошироката јавност го смета за контроверзен и неретко се прават шеги на сметка на неговиот моден стајлинг.

http://fokus.mk/politicharite-vetuvaat-drug-ostvaruva-boki-13-ka-go-zgrizhi-maliot-luka/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Мала животна приказна

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот