Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Лековити билки

2 posters

Go down

Лековити билки  Empty Лековити билки

Пишување by Гостин Пет Јан 23 2015, 12:08


Ајдучка трева
Achilea millefolium L.
Фам. Asteraceae (Compositae)
Други народни имиња:Столисник, Тајане, Кравел, Месечник, Рамнец

Лековити билки  Slajd_6

Ајдучката трева е отпорна и приспособлива, многугодишна зелјеста, исправена билка. Има мноштво на тенки листови. Целата билка има многу пријатен мирис. Цветови се ситни, бели, собрани во еден цвет кој се наоѓа на врвот на стеблото.

Распространетост
Ајдучката трева е распространета по цела Европа. Расте на суви и на умерено влажни терени, ливади, пасишта, крај шуми и патишта, на надморска височина до 1.800 метри. Добро ги поднесува и ниските и високите температури.

Собирање и сушење
Врвните делови на билката во должина од 20 – 30 см се сечат кога билката цвета, во јуни – јули по убаво и суво време. И цветовите се собираат во тоа време. И горните делови и цветовите се сушат на провевни места, во лад, послани во тенок слој. Во сушилница се сушат на температура од 35 – 40°С. И двете дроги имаат слаб, специфичен мирис и горчлив вкус.

Употреба
Ајдучката трева уште одамна се користела во народната медицина, а е омилено лековито средство и во современата медицина. Се користи и за надворешна и за внатрешна употреба. Најчесто се употребува кај желудочно -цревните заболувања. Поради танините кои стегаат и етерското масло, кое влијае антисептично и антивоспалително, ајдучката трева се препорачува против дијареа, колит, воспалени хемороиди и други цревни заболувања. Од истите причини се употребува против воспалени слузници на усната шуплина и грлото, во лекувањето на раните и гнојните процеси, во прекинувањето на крварењето.
Етерското масло од ајдучката трева е ефикасно против гасови во цревата и против болки и грчеви во стомакот. Горчливиот ахилеин, заедно со танините и витаминот К, ја прават билката погодна за сопирање на внатрешни и надворешни крвавења. Ајдучката трева ја зајакнува мускулатурата на матката и ја нормализира обилната менструација. Забележана е голема ефикасност при лечење на болна менструација. Третманот треба да се почне една седмица пред менструација со правење топли бањи од ајдучка трева и длабоко плакнење на вагината со чај од ајдучка трева. Истовремено се препорачува и пиење екстракти од ајдучка трева. Се препорачува и во климактериум бидејќи ги ублажува тегобите, продолжените крвавења и помага за намалување на потењето.
Екстрактите од ајдучка трева се делотворни и при цисти и воспаление на јајчниците, миоми на матка и ендометриоза.
Поради диуретичното дејство (поттикнување на мокрењето) и богатството во минерали (пред се калиум), ајдучката трева се применува за лекување на бубрежните заболувања.
Како добар диуретик, таа го елиминира вишокот течности во организмот, поради што е корисна и при срцеви тегоби, особено против проблеми со циркулацијата (зголемен крвен притисок, ангина пекторис, срцеви отоци).
Се употребува и при грозница.Во народната медицина се користи за зараснување на раните и за намалување на болката. Ајдучката трева се користи во составот на горчливите чаеви, во чаевите за прочистување на организмот, чаеви за зголемено излачување на
жолчна киселина, чаеви за нормализирање на метаболизмот и за чаеви за смирување. Може да се користи и за испирање на рани, за купки и облози.
При користењето на ајдучката трева треба да се знае дека кај осетливите лица може да предизвика алерегија. Затоа лицата со чувствителна кожа треба да користат само млади, штотуку процветани билки, а чајот да го пијат во помали количини.
Начин на приготвување и употреба
Чај: Една супена лажица суви цветови или надземен дел од билката се попарува со 300 мл жешка вода и се остава садот да стои покриен 20 – 30 минути. Се процедува и се пие по 100 мл, три пати на ден половина час пред јадење.

Боровинка
Vaccinium myrtillus L.
Фам. Ericaceae
Други народни имиња: Боровница, Бурум, Диво грозје


Лековити билки  75

Боровинката е разгранета грмушка, висока до 40 см. Лисјата и се јајчести, наизменични и тенки. Цветовите се розово – бели, ѕвонесто цевчести и висечки. Цвета во мај и јуни. Плодот е тркалеста, сочна бобинка, со темновиолетова боја и со венче (прстен) на врвот. Содржи повеќе семки и има кисело – сладок и скомињав вкус. Зрее во август.

Распространетост
Боровинката ја сочинува ниската, приземна флора на голем број планини. Расте на пасишта и ретки шуми. Едни од тие ретки шуми во Македонија се и шумите во Малешевијата во близина на Пехчево.
Собирање и сушење
Лисјата се собираа во пролет кога билката цвета, по убаво и суво време. Се сушат послани во тенок слој на провевни места, во сенка или на рамови за сушење.
Плодовите се собираат на лето, во втората половина на јули до септември, кога имаат темновиолетова боја и се сосема зрели. Се собираат со посебни гребленца, се чистат и се сушат на сонце, послани во тенок слој или во сушилница на температура од 55 – 60 °С. Сувите плодови се малку набрани, со киселосладок и скомињав вкус, а мирис немаат.
Употреба
Сок од пресни плодови или чај од исушени во фитотерапијата се употребува против цревни заболувања како и против дијареја и хемороиди. Незасладен, сокот делува на воспаление на слузницата на устата и грлото и се употребува во состојба на воспалено непце. Може да се пие или да се прави гаргара. Докажано е дејство на крвните садови преку намалување на нивната пропустливост спречувајќи на тој начин нивно пукање.
Од плодовите покрај сок и чај, се изработуваат и други здрави, хранливи и лековити слатки продукти, како мармалад, џем и компот. Наменети се за луѓе кои видот го оптоваруваат со пишување, читање и друга интелектуална работа.Сувите листови на боровинката влијаат адстрингентно и диуретично, но поважна е нивната употреба како лек против шеќерната болест.

Начин на приготвување и употреба
Чај против шеќерна болест: Една чајна лажица иситнети суви лисја вријат 5 минути со 200 мл вода. Садот се остава покриен 15 минути. Се пијат две чаши на ден, наутро и навечер пред јадење.
Чај од плодови: 1-2 чајни лажици исушени плодови вријат 5 минути во 200 мл вода и садот стои покриен 15 – 20 минути. Се процедува и на ден се пијат по 2-3 чаши. Лисјата од боровинката се додаваат во чаеви против шеќерна болест и во чаеви за олеснување на мокрењето. А плодовите во чајни мешавини против дијареја и против заболување на вените и капиларите

Здравец
Geranium macrrorrhizum L.
Фам. Geraniaceae
Друго народно име: Здравило

Лековити билки  21

Здравецот е повеќегодишна, мирисна, планинска билка. Стеблото е право и влакнесто, високо 15 – 40 см, покриено со жлездести влакна. Цветовите се црвеникаво виолетови , обраснати со жлездесто влакна и сместени на врвот на гранките. Цвета од мај до август.

Распространетост
Во Малешевијата се среќава на ридско – планински влажни тревни места, како и на каменести почви на надморска височина над 2000 метри.

Собирање и сушење
Надземниот дел на билката со лисјата и цветовите се собираат во мај и јуни кога билката цвета. Собраниот материјал се суши по природен пат, послан во тенок слој на провевни места, во сенка. Ризомот се копа на пролет или на есен, се чисти од стебленцата земјата, се сече на пократки парчиња и се суши на сонце. Дрогите имаат ароматичен и горчлив вкус.

Употреба
Видовите здравец се употребуваат како средства за намалување на крвен притисок како и за стегање при дијареја. Внатрешно се
Здравецот е повеќегодишна, мирисна, планинска билка. Стеблото е право и влакнесто, високо 15 – 40 см, покриено со жлездести влакна. Цветовите се црвеникаво виолетови , обраснати со жлездесто влакна и сместени на врвот на гранките. Цвета од мај до август.

употребува против воспаление на желудник, уста и црева, а надворешно за лекување на разни рани и хемороиди.
Начин за приготвување и употреба
Две кафени лажици иситнета дрога се прелеваат со две чаши ладна вода и се остава да стои преку ноќ. Потоа се процедува и процедената течност, се пие во три – четири дози малку по малку, во тек на целиот ден.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Лековити билки  Empty Re: Лековити билки

Пишување by Гостин Пон Фед 16 2015, 15:51

Црвена Кантарига (Кичица) - Латински назив,
Erythrae centaurumErythrae centaurium - Centaurium umbellatum - (Centaurii herba)
Има слаб мирис и горчлив вкус.

Лековити билки  Centaurium%20umbellatum_small

Состав - содржи горки хетерозиди, генициопикрозид, еритауорозид, еритроцентаурозид и генцијанин, малку етерско масло, стероли и минерални соли.
поважни својства:
Аперитивно, дигестивно, роборантно и фебрифугно.
Црвениот кантарион е грочлива билка популарна во народната медицина. Како и другите горлчиви билки има изразено аперитивно, дигестивно и роборантно својство, бидејќи горчливите гликозиди предизвикуваат зголемено лачење на желудечните, цревните и жолчните сокови со што се подобрува апетитот , варењето и ресорпцијата на храната (роборантно) а ги подобрувата и функцијата на жолчката и црниот дроб.
Црвениот кантарион како и линцурата ја подобрува крвната слика и ја зголемува одбрамбената сила на организзмот.
Се користи против гасови и подуеност, проблеми со дигестивниот систем, против грозница, слабокрвност, и тн. Името и доаѓа од римско време и значи centum -стотина aurum - злато, трева која вреди сто златника.

Кора од врба

Младата врбова кора од поодамна е позната како одлично средство за снижување на температурата. Аспиринот е настанат така што на синтетички начин е добиено она својство кое што го има кората на младата врба. Чајот се подготвува така што исушената млада врбова кора се вари десетина минути и чајот треба се пие што потопол. Се користи во сите случаеви кога е зголемена температурата како и кај инфективните болести проследени со висока температура.

Чајот од врбова кора помага за исфрлање на штетните токсини од организмот, помага болниот да се препоти и организмот да закрепне.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Лековити билки  Empty Re: Лековити билки

Пишување by Гостин Пон Фед 16 2015, 15:54

Коприва
Urtica dioica L.
Фам. Urticaceae

Лековити билки  Urtica_dioica_2

Други народни имиња: Жулка, Папарига Распространетост
Urtica dioica , kopriva, коприва
Копривата е доста распространета. Расте на влажни места, на ѓубришта, со еден збор насекаде, како на ниски така и на високи места.
Собирање и сушење  Младите, здрави и сочни лисја се собираат од април до август.
Веднаш по собирањето се сушат, во лад, послани во тенок слој.

Во сушилница се сушат на температура од 40 °С.
Коренот се откопува во есен, се отстранува стеблото, се мие со вода и се суши на сонце или во млака рерна. Исушените листови имаат специфичен мирис и слабо остар вкус. Исушениот корен е бледозеленикав, без мирис и вкус.

Копривата е многугодишна зелјеста билка, со право стебло
високо 50 – 150 см. Долните листови се најкрупни, а при врвот најмали. Цветовите се ситни, зеленикави. Цвета од април до септември. Целата билка е обрасната со остри, цврсти влакна и поради тоа таа боцка.

Употреба

Во народната медицина, копривата е една од поценетите билки, а се употребува и како храна. Во современата фитотерапија копривата се употребува како средство за сопирање на крварење од внатрешни органи, особено од уринарниот тракт, матката и од хемороидите. Листовите во вид на чај и сок влијаат диуретично.
Копривата дејствува и антиревматично и аналгетично заради што се препорачува и на болни од ревматизам и ревматичен
артритис. Чај или сок од коприва ја подобрува крвната слика и го намалува шеќерот. Копривата влијае и благо лаксативно, а благотворно при тешкотии во жолчката и црниот дроб.
Копривата е здрава и корисна диетална храна. Таа не содржи материи што ослободуваат калории туку витамини, минерални материи и ензими, супстанци неопходни за правилно функционирање на органите во човековиот организам. Копривата го јакне организмот и го дезинтоксицира “ ја чисти крвта”.
Особено е препорачливо, на пролет од лисјата да се приготвуваат супи, чорби и пити, најчесто да се мешаат со
листови од спанаќ или друг зеленчук.

Начин на приготвување и употреба

Чај: 10 грама иситнети суви листови се прелеваат со 200 мл вода и вријат 5 минути. Потоа садот треба да биде покриен еден час,
се процедува и се пијат 2-3 чаши на ден.
Тинктура: 20 грама иситнети суви листови се прелеваат со 100 мл со 100 мл јака ракија и шишето стои затворено 7 дена, со често протресување. Се филтрира и се пијат по 2 чајни лажици на ден,
во засладена вода или овошен сок.

Магарешки трн,

Лековити билки  Marianum%20Silibum_small

Латински назив - Marianum silibum - Marianum silibum - Магарешки трн,Marianum Silibum ефикасно ги чисти и црнодробните замастувања и ги регенерира црнодробните и други клетки во организмот, се користи за камења во жолчка, после тешки заболувања за заздравување, при астма, за шеќерна болест, хемороиди, и хепатити, особено позитивно делува во регенерирање на нови клетки при особено тешки заболувања. Се пие исто како кафе и само со 7-14 дена има огромни ефекти во решавање на определени заболувања и проблеми. Главни лековити состојки се тирамин и хистамин покрај овие содржи и 0,1 етерични масла, малку танини, флавоноиди 24-26 %, масла 17%, белковини 21%,

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Лековити билки  Empty Re: Лековити билки

Пишување by Боко Пон Фед 16 2015, 18:21

Луксор а това растение тука ли спаѓа
http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%85%D1%83%D0%B0%D0%BD%D0%B0
Ој та му најди крајо

Боко

Број на мислења : 66
Join date : 2015-01-27

Вратете се на почетокот Go down

Лековити билки  Empty Re: Лековити билки

Пишување by Гостин Пон Фед 16 2015, 18:30

Не може да му се оспори медицинското делување. Добар дел од државите, меѓу кои и некои од ЕУ, веќе ја легализираа медицинхската марихуана. Мислам дека може да се стави овде, со напомена дека смее да се користи само во земјите каде е легализирана и под мењдицински надзор.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Лековити билки  Empty Re: Лековити билки

Пишување by Гостин Вто Фед 17 2015, 11:27

Кантарион, Кантарионово масло, Чај од кантарион
Кантарион - Латински назив Hiperycum Perforatum


Лековити билки  Hypericum%20Perforatum_small
Кантарионот се цени многу меѓу народот и се употребува за надворешни рани, против исекотини, опекотини, хемороиди за зарастување на рани, како антисептик а однатре против болести на слезинка, желудник, проливи и сл. дејствата се многубројни поради сложениот хемиски состав. Народот го користи како народен лек и го припрема на начин што се става во ладно цедено маслиново масло кое стои на сонце 30-40 ден јако да поцрвени и после тоа се употребува.
На француски начин или према француските фармакопеи се припрема 100 гр. Цвет се става во тегла се прелива со еден литар од најдоброто масло и се држи на водена пара 2 часа се цеди да биде бистро, или пак може кантарионово масло со бело вино пола масло пола бело вино се држи на водена пара додека виното испари, и двете масла се користат з надворешни рани.
Тинктура и екстракт се припремаат према фармакопеите а се користат за цревни паразити, особено етарското масло кое има изразено антибактериско дејство.

Рузмарин


Освен што се користи како зачин при готвењето, рузмаринот ги одржува крвните садови проширени и на тој начин ефикасно ја сузбива главоболката поттикната од нивното стеснување, истакнуваат научниците. Па за тоа се препорачува една лажица сушен рузмарин во чаша топла вода.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Лековити билки  Empty Re: Лековити билки

Пишување by Гостин Сре Фед 18 2015, 10:54

Мајчина Душица (thymus serpyllum)

Лековити билки  %D0%BC%D0%B0%D1%98%D1%87%D0%B8%D0%BD%D0%B0%20%D0%B4%D1%83%D1%88%D0%B8%D1%86%D0%B0


- е омилен лек не само во народната медицина туку и во научната медицина. Кај нас со векови се употребува, особито во планинските делови, како лек за лечење на органи за варење, поретко и органи за дишење. во некои медитерански области мајчината душица, е и зачин, особено во посиромашните делови на светот, претежно кај морнаирте, кои сакаат да го прикријат јакиот мирис на риба која често ја користат во исхраната. Мајчината душичка влегува во состав на многу производи од лековити растенија, кои се изработуваат во аптеки било во фармацевтската индустрија. Со посебна постапка се есктрахира екстракт кој дава многу позитивни ефекти пthymus serpyllum  Мајчина Душица (thymus serpyllum) ри кашлица. Тие лекови се познати под разни патентирани називи: пертусин, тимотусан, контратусин и сл. наједноставен пример на употреба на мајчината душичка е во облик на чај кој може во секое домаќинство да се направи. Меѓутоа треба да се нагласи дека најчесто се греши со тоа што мајчината душичка се вари подолго време. Од причини што ваквиот начин на припрема д��ведува да сите активни компоненти од чајот се губат. Се препорачува при припремата да се внимава на ова и припремата да биде на начин што ќе се попари со врела вода се поклопува и се остава да отстои 2 часа. Се греши во употребата и со количината. Се земаат многу мали количини од ова растение и така добиениот чај и да нема некои ефекти. треба да се користи цела супена лажица иситнето и се попарува со 200 грама (1 чаша) врела вода. Ова лековити растение има ефекти против проливи, затоа што има голема количина на танини (околу 5 %). Мајчината душичка влијае како пријатен и безопасен конзерванс, од причини што со своите активни мирисни етерични масла влијае и како конзерванс. Се користи и против цревни паразити, особено против детски глисти. Антисептичните својства произлегуваат од дејството на тимол и карвакрола, ги користат овие својства и научната и традиционалната медицина. чим се појават заразни болести се пие чај од мајчина душичка. Мајчината душичка не е отровна. Нити пак ствара зависност и со подолга употреба. за време на заразни болести наместо вода се пије чај од мајчина душичка во низа на недитерански земји. Мајчина душичка се користи и против непријатен мирис од уста во комбинација со питомо нане.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Лековити билки  Empty Re: Лековити билки

Пишување by Гостин Чет Фед 19 2015, 19:28

Maslacak, Gluvarce, - Taraxacum officinale


расте како коров секаде, и најмногу ја има по влажни ливади. Има и држави каде што се одгледува. Расти 15 до 30 цм. на врвот има златно жолта глава со соцветија. Се размножува со семе кое ветарот го носи како падобрани (глуварче). сите делови се со горчлив вкус, и имаат доста млечен сок.
Берба, некаде се бара само корен, некаде само растение, а во други целото растение.
Состав: Тараксацин и тараксацерин се две горчливи во вода растворливи хетерозидне супстанци, кои ги има најповеќе во млечниот сок. Во коренот има и ензими, холин, етарско масло, смоли, масни киселини, многу инулин, во есен и до 40 % и шеќери до 18 %. Во несапозидниот дел има и фитостерол, од кои се изолирани и алкохоли тараксатерол и бета амирин, . Во листот има инозит, слуз, шеќери, смоли на тараксацин, во пролет собран листот е најлековит.
Употреба: го подобрува апетитот, и добро делува на варенјето. Во англосаксонските земји, е омилен благ лаксанс, против атонични диспепсии и диуретик. Се дава во облик на чај или екстракт. Се користи и како салата како витаминска храна, во народната медицина се употребува за чистење на крвта, како диуретик против болки на жолчка и јетра. Се Користи за камен во жолчка и отежнато мокрење. Се комбинира најчесто со водопија, нане, и свила од пченка.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Лековити билки  Empty Re: Лековити билки

Пишување by Гостин Саб Фед 21 2015, 16:44

Rosa Canina - Sipurak, Шипинка,

Лековити билки  Rosa-canina
други диви врсти (Rosa Rugosa, R.Mollis, R. arvensis, R. cinnamomea, R. acicularis) се берат и плодови на питома ружа.
Распространетост - високо трновита, висока околу 2 м. ја има скоро сегде, најповеќе на места низ шума или како ограда покрај патишта, и по меѓи, во цела Европа, Северна Африка и северна и западна Азија,  се користи како втиамиснки напиток, се користи за проливи кај деца, како благ адстрингенс на оболени црева, семето се употребува и како диуретик. Како диретик се користи во комбинација со клекинки, зечји трн, свила од пченка и коски од вишни,
Се бере тврд и недозреан плод со светло црвена портокалова боја. Се бери на почеток на есен или на крај на лето, што зависи од областа надморската висина и годината.
Состав: Голема количина на витамин Ц, до 1.700 мг. многу витамини П 12-18 мг. каротен (провитамин А), околу 0,02 мг. Витамин Б2, ПП, и околу 40 биолошки единици витамин К. Има исто флавоноиди, околу 2, 5 % танини околу 3 % лимонска и јаболкова киселина, околу 10 %, пектини до 15 % нешто шеќери, малку етерични масла, од што и произлегува убавиот мирс на чајот, во листот има околу 4 % витамин Ц.
Употреба: се користи како втиамиснки напиток, се користи за проливи кај деца, како благ адстрингенс на оболени црева, семето се употребува и како диуретик. Како диретик се користи во комбинација со клекинки, зечји трн, свила од пченка и коски од вишни, оваа смеса со по 20 гр. вкупно три супени лажици се кува 5 мин. во пола литар вода по 3 сати се цеди и се пие како диуретични чај.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Лековити билки  Empty Re: Лековити билки

Пишување by Гостин Вто Фед 24 2015, 00:15

КАПИНА

Лековити билки  Rubus_fruticosus-fruit


Капината е мошне разгранета грмушка со долги стебла кои можат да бидат исправени или налегнати, покриени со боцки. Билката е висока 1-2,5 метри. Цветовите се бели и цвета од мај до август. Плодот е капина со црвено - црна и сино – црна боја.
Расте на ридски и планински места до 1600 метри, крај патишта и реки на необработени почви крај потоци и како жива ограда.
Собирање и сушење
Се собираат врвните здрави листови, кога билката цвета, во јуни – јули, по убаво и суво време. Се сушат послани во тенок слој на провевни места, во лад или на рамови за сушење. Плодовите се собираат во август – септември. Доколку се користат како суви, се сушат на сонце 2-3 дена, потоа на провевни места, во лад. Исушените плодови не треба да се лепат меѓу себе.
Употреба
Во народната медицина и фитотерапијата чај од суви листови се употребува против дијареи, колити, воспаленија на јазикот, непцата и грлото како и против воспалени хемороиди за промивање или за компреси. Плодовите се здрава и вкусна храна бидејќи содржат органски киселини, витамин Ц, минерални материи и други за организмот важни соединенија. Од нив се приготвува вино кое им се дава на анемични и слаби лица. Од пресните плодови се приготвуваат разни слатки продукти: слатко, мармалад, џем, сок и друго кои се здрава храна и лек за сите возрасти.
Начин на приготвување и употреба
Чај: 1 чајна лажица иситнети исушени листови се прелеваат со чаша вода и вријат 5 минути. Потоа се трга настрана и садот стои покриен 20 минути. Се пијат 2-3 чаши на ден.
Чај за надворешна употреба: две супени лажици иситнети, исушени листови се прелеваат со 500 мл вода и вријат 10 минути. Садот стои покриен 30 минути. Се процедува и се употребува за гаргара или за компреси (хемороиди).

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Лековити билки  Empty Re: Лековити билки

Пишување by Гостин Нед Мар 01 2015, 17:54

Смрека
Juniperus communis L.
Фам. Cupresaceae

Лековити билки  Smreka

Други народни имиња: Ојна, Уина
Распространетост
Смреката расте на ридски и планински места во Малешевијата, на надморска височина до 1800 метри. Бара суви и каменести места, каде што расте поединечно или во групи.
Собирање и сушење
Плодовите се собираат кога се зрели, кога се темносини и имаат восочен налеп. Собраните плодови се чистат од незрелите и се сушат послани во тенок слој.
Употреба
Во народната медицина, плодовите се употребуваат како уроантисептично и диуретично средство. Етерското масло дејствува антисептично и против воспалително заради што се дава при заболувања на дишните органи. Инхалирање на водена
Смреката е зимзелена грмушка или разгрането дрво, високо до три метра. Во почетокот плодот е зелен, а втората година, кога ќе созрее, станува темносин, дури црн.
пареа со етерско масло добро влијае и при заболувања на горните дишни патишта.
Начин на приготвување и употреба
Чај: една чајна лажица крупно здробени исушени плодови се попаруваат со една чаша жешка вода и садот стои покриен 20 минути. Се процедува и се пијат 2 – 3 мали вински чаши на ден

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Лековити билки  Empty Re: Лековити билки

Пишување by Гостин Сре Мар 11 2015, 14:12

Gentiana Lutea L. (ДИВ ЧЕМЕР, ЛИНЦУРА)

Распространетост: распространета е на Балканот, во Јужна Европа, Мала Азија и др. Расте на планински пасишта , ливади а се среќава и на карбонатни и силикатни почви изложени на сонце. Во РМ ја има на Шара, Јакупица, Даутица, Јабланица, Пелистер и др.

Лековити билки  Gentiana_lut

Се користи исушен корен (Gentiana Radix)
Се копа во есен и од него се отстранува стеблото. Горниот дел на ризомот со вегететативни пупки треба да се врати назад во земјата, за од него во наредна година да се развие нова билка. Коренот се суши на два начини: веднаш на температура од 55-60 степени за фармацевтска употреба добива светложолта боја. и на сонце собран во купови при што ферментира има попријатен мирис и помалку горчлив вкус со кафеаво-црвеникава боја. на овој начин приготвен се кориссти за приготвување горчливо аперитивни пијалоци.
состав: содржи горчлив гликозид, генциопикрин (генциопикризид) и соединение амарогениц со висок индекс на горчливост. овие соединенија се монотерпенски лактони и се причини за горчливоста и фармаколошкото дејство. содржи и алкалоид генцијани (0,06%), жолта кристална супстанца гентизин, дериват на ксантонот, шеќери (олигосахариди) пектини и малку масло.
Поважни дејства:
Аперитивно, дигестивно, роборантно и фебрифугно.
УПОТРЕБА:
коренот се употребува во народната медицина скоро на сите народи како ценет лек за подобрување на апетитот и за закрепнување на организмот. Горчливиот вкус кој потекнува од генцијопикринот и амарогенцинот, ги дразнат рецепторите за вкус во устата и рефлексно предизвикуваат екскреција на соковите во желудникот, цревата и жолчката. На тој начин се подобрува апетитот , варењето и ресорпцијата на храната а со тоа организмот закрепнува.
експериментално и клинички е докажано дека го зголемува бројот на црвените и белите крвни зрнца со што се зголемува фагоцитозата.
до пред појавата на хининот коренот од линцура бил популарен лек против маларија и висока температура.
Се употребува за чир на дванаесетпалачно црево, за чир на желудник за гастритис, за апетит, јакнење на имунолошкиот систем на организмот, против висока температура и треска, како и при потешки заболувања за јакнење на организмот.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Лековити билки  Empty Re: Лековити билки

Пишување by Гостин Нед Мар 15 2015, 09:39

Pokraj se drugo, i zadolzhitelen dodatok pri pravenjeto na prochuenata strumichka mastika...

Анасон (Pimpinella anisum L) Apiaceae Umbelliferae

едногодишна зелјеста билка висока 30-70 цм.

Лековити билки  AnasonЛековити билки  Anason-seme

Распотранетост во РМ (Гевгелија, Валандово, Струмица, Кавадарци итн.)
Се користи - зрели исушени плодови само од култивирани билки (Anisi fructus).
содржи 1.5-6 % етерско масло, 15-20% течно масло, белковини околу 18%, шеќери 4-5%, малку слуз и др. етерското масло содржи анетол (80-90%) , анизалдехид, анизацетон, анизова киселина, дијанетол терпинеол и цинеол.
поважни својства: кармитивно, стомахично, експекторантно и галактогогно.

Употреба:
Анасанот има широк спектар на својства. Во народната школската медицина и во фитотерапијата се употребува во вид на чај (инфуз) како средство за искашлување, бидејќи етерското масло од плодовите ги омекнува слузните секрети од дишните органи и полесно се искашлуваат. Чајот се користи при бронхит, трахеит, грип, настинка и др. Анасонот се користи односно етерското масло влијае спазмолитично така што чај приготвен од анасон добро влијае против болки во желудникот, цревата и жолчката. Анасонот е признат карминитив и чајот благопријатно влијае против гасови (метеоризам).
Анасонот ја подобрува дигестијата и ја регулира столицата, па се препорачува кај лица кои имаат проблеми со варењето на храната и нередовна столица. Дрогата влијае и благо диуретично и чај приготвен од неа е корисен за болни со хронични заболувања на уринарните органи. И ова дејство се припишува на етерското масло.
Анасонот е стар и познат лактагог, бидејќи етерското масло ги поттикнува млечните жлезди на поголемо лачење на млеко кај доилките.
Експериментално е докажано дека етерското масло влијае на циркулацијата на крвта и работата на срцето. кога етерското масло се дава во мали дози (1-2 капки) , циркулацијата на крвта се подобрува, а срцето подобро работи. За таа цел треба да се користи пресно, неодлежано етерско масло бидејќи старо одлежано повеќе години масло може да содржи оксидирани продукти од некои компоненти кои можат да бидат токсични. (Туцаков 1971) .
Се користи и за отстранување на непријатни мириси од уста а има и антисептично и ароматизантно дејство при што го подобрува и лошиот здив , мирис од уста.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Лековити билки  Empty Re: Лековити билки

Пишување by Гостин Нед Мар 22 2015, 10:08

Лаванда

Лековити билки  Lavanda-ljekovita-svojstva

Лековити билки  Ogyj4o

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Лековити билки  Empty Re: Лековити билки

Пишување by Гостин Вто Апр 07 2015, 22:20

Мачкин чекор – билката на Левски лекува рак?

Лековити билки  Koteshka-stupka-bilka-3-58429-500x0

Билката мачкин чекор е позната уште како билка на Левски, бидејќи тој ја користел за лекување на секакви болести во годините кога бил свештеник. А денес многу билкари и некои лекари веруваат дека билката мачкин чекор наскоро ќе се применува како лек против ракот.
Билката е позната уште како  див босилек, а името мачкин чекор доаѓа од формата на цветчетата кои личат на мачји шапички. Распространета е низ целата Европа, особено во Стара Планина, Средна Гора и Родопите во соседна Бугарија
Мачкин чекор – здравствени квалитети

Лековити билки  Koteshka-stupka-bilka-4-58430-500x0

Билката мачкин чекор има смирувачко дејство, ја подобрува артерискиата проодност, го нормализира крвниот притисок, се применува за третман на гинеколошки заболувања, мастопатијая, миома, камења во бубрезите, цистит, гастритис, Паркинсонова болест, кожни болести (бемки, брадавици, себореа, првут, егзема, кокошката трн, жуљеви, површински рани, итн), помага при инконтиненција на урина, корисна е за дијабетичари.
Билката мачкин чекор како лек против ракот
Се смета дека билката мачкин чекор може да се претвори во ефикасен лек против рак. Досега се правени успешни експерименти со глувци, кои биле заразувани со канцерогени клетки, а потоа лекувани со инјекции со екстракт од мачкин чекор, а ефектот бил неверојатен – канцерогените клетки исчезнале.
Внимание: Примената на билката е контраиндицирана кај проблеми со срцето, бремени мајки, доилки и мали деца.

Лековити билки  Koteshka-stupka-bilka-1-58431-500x0

Како да ја употребувате билката мачкин чекор?
Се прелива една лажица сушени билки во 400 мл. вода и оставете 10-тина минути да се запари. Консумирате 3-4 пати на ден пред јадење.
Можат да се подготвуваат и чветчињата од билката мачкин чекор за лекување на површински кожни проблеми. Може да направите и алкохолен естракт, кој се добива кога ставите свежи стебленца со листови и цветови од билката во тегла или шише и ги измешате со алкохол. Растворот треба да се чува на темно и ладно место барем месец, а потоа може да се користи за лекување на кожни заболувања, а за настинка или грип се применува како лажичка од алкохолниот лек се раствора во една чаша вода и се пие 3-4 пати на ден.
Се пие подолго време, но со паузи од 1-2 недели, со цел лекување и превенција.

http://faktor.mk/2015/04/07/machkin-chekor-bilkata-na-levski/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Лековити билки  Empty Re: Лековити билки

Пишување by reiter Чет Јун 25 2015, 21:35

Маточина (Melissa officinalis) напиша:

МАТОЧИНА, ПЧЕЛИНОК
Лековити билки  08-matocina

Маточината е многугодишно зелјесто растение, со четириаголно стебло, доста разгрането. Лисјата се противположни, јајчести, со неправилно назабени рабови, со лисни дршки од кои горните се најкратки. Исушените лисја, кои се користат како активен дел од растението, содржат етерично масло, танини, горчливи материи, слуз, смола и др. Во етеричното масло преовладуваат ацикличните монотерпенски алдехиди и алкохоли, како: цитрал, цитронелал, гераниол и линалол. Содржи уште и монотерпени: лимонен и пинен. Благодарение на сложениот хемиски состав, маточината дејствува врз повеќе органи, а главната состојка на која се должи неговата широка примена е скапоценото етерично масло со вонредно пријатен мирис. Маточината е благ, добар и пријатен лек кој се користи при проблеми во системот на органите за варење (против надуеност на цревата, желудочни тегоби, гадење, повраќање и против дијареја). Утринските мачнини кај многу трудници може значително да се намалат или да се проретчат доколку се употребува по една чаша свежо приготвен чај од маточина, два пати во текот на денот, наутро и навечер. Како еднокомпонентен чај или во комбинација со горчливи чаеви (линцура, црвен кантарион, подабица или ајдучка трева), маточината се дава кај послабите и изнемоштени лица за подобрување на апетитот. Поради присуството на танини во неговиот состав, овој чај со право може да се употребува против пролив, особено кај децата. Маточината е ценето средство за лекување мигрена, главоболка, акутна и хронична несоница предизвикана од премореност или од нервни пречки, нервни слабости, депресии. За зајакнување на нервите, најдобро е исушените лисја од маточина да се приготвуваат во комбинација со мајоран, а третман се препорачува подолг временски период. напиша:
1. http://www.bilnaapteka.mk/matocina-pcelinok-melissa-officinalis-fam-labiatae.nspx

2.http://zena.blic.rs/Zdravlje/4394/Lekoviti-maticnjak-Prirodni-recepti-protiv-nesanice-i-nervoze

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
reiter
reiter

Број на мислења : 2411
Join date : 2015-01-14

https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Лековити билки  Empty Re: Лековити билки

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот