Recepti od karfiol

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Recepti od karfiol

Пишување by Гостин on Саб Окт 08, 2016 7:45 pm

Супа од карфиол полна здравје – оружје против есенските настинки

Направете супа од карфиол која ќе ве стопли и ќе ве направи имуни на настинките и вирусите во есенските денови.



СОСТОЈКИ:

½ главица карфиол
2 лажици брашно
50 мл масло
магдонос и зачини

ПОДГОТОВКА:

Загрејте масло на тава и додадете го брашното. Исечете го карфиолот ситно во меѓувреме.
Додадете вода во брашното, а откако ќе врие, ставете го и карфиолот со зачините.
Ставете и магдонос за декорација.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Recepti od karfiol

Пишување by Гостин on Саб Ное 12, 2016 11:12 am

Хеш браунс - Крокети од карфиол

Состојки
1 средно голема главица свеж карфиол (мојата беше околу 1 кг)
1/2 лажиче сол (за карфиолот)
2 лажици маслиново масло
2 лажици сушен влашец
3 чешниња лук
1 лажиче сув босилек или оригано
1/2 лажиче сол
1/2 лажиче бибер
30 гр рендан пармезан
2 средно големи јајца

Прво, исчистете го карфиолот од зелените листови и отстранете ги евентуалните поцрнети делови на цветовите на карфиолот, а потоа разделете го на поголеми цветови. Сега, цветовите измијте ги под млаз вода. На крупно ренде, изрендајте ги цветовите од карфиол, без дршките. Нив не ги фрлајте, од нив се прави супер вкусно пире од карфиол! На ренданиот карфиол, додадете му 1/2 лажиче сол, промешајте и оставете го најмалку 20 минути, додека карфиолот не пушти вода.

Потоа, земете една кујнска крпа и во неа претурете го ренданиот карфиол и карфиолот смотајте го со крпата како топче. Смотулчето со карфиол, сега почнете да го вртите, како кога завиткувате/одвиткувате бомбона, стискајќи го карфиолот, за да се исцеди што поголема количина на вода од истиот. Кога добро ќе го исцедите, префрлете го карфиолот во пригоден сад и додадете ги зачините, маслото, пармезанот и јајцата.

Со шпатула добро измешајте ја смесата, за да се соединат состојките. На превртен плех од рерна, ставете парче хартија за печење. На хартијата обликувајте правоаголни тенки крокети. Печете ги во претходно загреана рерна на 200 Ц, некои си 30 – 40 минути или додека не станат златно кафени. Јас имам мини рерна која има отворени греачи, па потребното време за овие крокети беше 25 минути.

http://moirecepti.mk/post/%D1%85%D0%B5%D1%88-%D0%B1%D1%80%D0%B0%D1%83%D0%BD%D1%81-%D0%BA%D1%80%D0%BE%D0%BA%D0%B5%D1%82%D0%B8-%D0%BE%D0%B4-%D0%BA%D0%B0%D1%80%D1%84%D0%B8%D0%BE%D0%BB

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Recepti od karfiol

Пишување by Гостин on Саб Ное 12, 2016 11:13 am

Мусака со карфиол

Состојки
500 гр свинско мелено месо
1 кг карфиол
150 гр брокула
2 лукчиња
1 кромид
2 моркова
2 лажици свинска маст
100 мл кисела вода
4 белки
зачини по вкус, магдонос, лук, сол, бибер и сл...

Подготовка
1. Карфиолот го делиме на цветови и го ставаме да омекне на пареа. Откако ќе биде готов го префрламе во тава за печење, го зачинуваме.
2. Лукчињата и кромидот ситно ги сечкаме и ги ставаме заедно со морковот сечкан на кругови, брокулата сечкана на цветчиња да се пржат на среден оган, на свинска маст.
3. Откако ќе омекнат го ставаме меленото месо и него го упржуваме. На крајот ги ставаме зачините, солта, биберот и сл.
4. Меленото месо го распоредуваме врз карфиолот.
5. Целата смеса во тавата ја полеваме со разматени белки и кисела вода.
6. Го ставаме да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути. Потоа го отвораме капакот и оставаме уште 5-10 минути да се запече малку.

Забелешка
Карфиолот го подготвив во експрес лонец, на пареа.
Ако се исклучи морковот ова е вистински богат хроно ручек. Морковот кога е сварен има висок гликемиски индекс, затоа не треба да се вари, такви се правилата во хроно исхраната, ама јас по навика, бидејќи до сега секогаш сум ставала морков воопшто не размислив кога го спремав ручекот. Морковот може да го замените со црвена пиперка.

http://moirecepti.mk/post/%D0%BC%D1%83%D1%81%D0%B0%D0%BA%D0%B0-%D1%81%D0%BE-%D0%BA%D0%B0%D1%80%D1%84%D0%B8%D0%BE%D0%BB

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Recepti od karfiol

Пишување by Гостин on Саб Ное 12, 2016 11:14 am

Похован карфиол

Состојки
1 главица карфиол(1кг)
100мл млеко
1л вода
1лажица сол
100-150гр брашно
2-3 јајца

Карфиолот се чисти и се двои на цветови. Се покиснува во ладна вода со сол и се остава 30 минути да одстои. Се цеди и се плакне неколку пати, а потоа се става во подлабок сад се налева со водата, млекото и солта и се вари 5-8 минути. Од како ќе се свари се цеди и се става на салфетка да се одцеди. Секое парче се вала во брашно, па во изматени јајца и пак во брашно и се пржи на врел зејтин

http://moirecepti.mk/post/%D0%BF%D0%BE%D1%85%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D0%BD-%D0%BA%D0%B0%D1%80%D1%84%D0%B8%D0%BE%D0%BB

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Recepti od karfiol

Пишување by Гостин on Саб Ное 12, 2016 11:15 am

Печен карфиол

Состојки
1 цвет карфиол(околу 350гр)
2 јајца
1 лажица маслиново масло
по вкус мешан зачин
по вкус оригано

Обожавам карфиол и печен и похован, едноставно одлична комбинација е со јајца. Ова е оброк богат со протеини, идеален за оние кои држат линија.
Се става вода со сол на оган да зоврие. Цветовите се чистат и откако водата ќе зоврие се додаваат да се варат 4-5мин. Се цедат од водата. На страна се матат 2 јајца со мешан зачин и други зачини по желба. Се додаваат јајцата во исцедениот карфиол се меша се убаво и се истура во намрсено тавче. Се печи во загреана рерна околу 15 тина минути додека не порумени.

http://moirecepti.mk/post/%d0%bf%d0%b5%d1%87%d0%b5%d0%bd-%d0%ba%d0%b0%d1%80%d1%84%d0%b8%d0%be%d0%bb


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Recepti od karfiol

Пишување by Гостин on Саб Ное 12, 2016 11:15 am

Видео рецепт: Ќофтиња со брокула и карфиол



http://moirecepti.mk/post/kjoftinja-brokula-karfiol

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Recepti od karfiol

Пишување by Гостин on Саб Ное 12, 2016 11:17 am

Пица од карфиол

Состојки
За тесто од карфиол
400 гр замрзнат карфиол (може и свеж, секако)
2 јајца
30 гр рендан пармезан
1 лажичка маслиново масло
1/2 лажичка сол
по вкус бибер
по вкус лук во прав или во гранули
Фил/топинг
околу 100 мл сос од домати
50 гр рендан кашкавал
50 гр сецкани чадени мисиркини гради
1 лажиче зачин за пица (босилек, оригано, мајоран, мајчина душица)

Оваа пица се прави многу лесно. Едноставна, мошне заситна и со привремено чувство дека божем јадете пица. Секако дека „тестото„ од карфиол, не може да се спореди со класичното тесто за пица кое се прави од брашно, но е сосема солидна замена, ако баш не можете да и‘ кажете не, на брзата храна.

Ако користите замрзнат карфиол, прво морате да го оставите целосно да се одмрзне и да го исцедите вишокот на вода. Ако користите свеж карфиол, разделете го на цветчиња и измијте го под млаз вода и исцедете го.

На ренде или во сецко, ставете ги цветовите карфиол и иситнете ги, до зрнеста структура. Ренданиот/сецканиот карфиол ставете го во сад и додадете му 1/2 лажичка сол. Оставете го 30 минути, додека солта не ја извлече водата од карфиолот.

После 1/2 час, ставете го карфиолот во кујнска крпа и почнете да ја цедите водата. Цедете добро, за да остане што помалку вода во карфиолот. Штом вишокот вода е исцеден, вратете го карфиолот во сад и додадете ги зачините. Нема потреба да солите, бидејќи, карфиолот веќе има сол. Додадете ги јајцата и 1 лажичка маслиново масло.

На дното на тркалезна тепсија, ставете хартија за печење. Врз хартијата ставете ја смесата од карфиолот и со шпатула рамномерно формирајте „тесто„. Печете во претходно загреана рерна на 250 Ц, додека краевите не почнат да добиваат златно кафена боја.

Додека се пече „тестото„, подгответе го филот. Кашкавалот изрендајте го на крупната страна на рендето, а чадените гради, исецкајте ги на поситни коцки. Бидејќи дома имав два домата кои се влечкаа во фрижидер со денови, од нив направив сос за пицата.

Штом „тестото„ е печено, извадете го од рерна и премачкајте го со сосот од домати, ставете малку зачин за пица, наренданиот кашкавал и на крај, коцките чадени мисиркини гради.

Се разбира, филот може да биде и друг, по желба, меѓутоа јас се држам до правилото да се користат намирници со помалку калории.

Штом сте ја нафилувале пицата, вратете ја во рерна, во која е уклучен само горниот греач и печете додека кашкавалот не се растопи. Печена, оставете ја на решетка неколку минути да се излади, а потоа, уживајте!

http://moirecepti.mk/post/%d0%bf%d0%b8%d1%86%d0%b0-%d0%be%d0%b4-%d0%ba%d0%b0%d1%80%d1%84%d0%b8%d0%be%d0%bb-2

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Recepti od karfiol

Пишување by Kalinda on Пет Ное 18, 2016 6:28 pm

Браво "гостин "
за рецептите ,
јас многу сакам
карфиол.
avatar
Kalinda

Број на мислења : 436
Join date : 2015-02-28

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Recepti od karfiol

Пишување by Kalinda on Саб Ное 26, 2016 11:57 am

И не само карфиол
сакам и многу
други вкусни
јадења.
avatar
Kalinda

Број на мислења : 436
Join date : 2015-02-28

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Recepti od karfiol

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот