ИЗБОРИ

Страна 1 of 9 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

ИЗБОРИ

Пишување by Гостин on Пет Окт 14, 2016 7:01 pm

Сите се согласни, изборите ќе се одржат на 11 декември. Во меѓувреме дпмне продолжува со старите навики.

Кирацовски: Добив список со 2.000 граѓани - пресретнат обид за притисок врз администрација

Список во кој има околу две илјади граѓани, меѓу кои има раководители и шефови – кадри на ВМРО-ДПМНЕ, имале намера да им се закануваат на вработени.

Список во кој има околу две илјади граѓани, меѓу кои има раководители и шефови – кадри на ВМРО-ДПМНЕ, имале намера да им ѕвонат и да бараат од вработени во администрацијата  да излезат на протести и контра протести и на избори како нивни сигурни гласачи, обвини денеска дополнителниот заменик на министер за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски, презентирајќи документ на прес-конференцијата.

Тој рече дека веб-страницата што ја отвори деновиве за пријавување на неправилности и нерегуларности, закани и притисоци, дава големи резултати и дека вработените во администрацијата не се плашат да доставуват документи, како што е и сисокот кој Кирацовски денеска го обелодени.

- Тука има конкретни имиња, презимиња, адреси, избирачки места, телефонски броеви на луѓето. Но тука ги има и податоците на оние кои ги правеле овие списоци и се обидувале да влијаат. Им порачувам на шефовите и раководителите кадри на ВМРО-ДПМНЕ, што Груевски и фамилијата ги користат за нивни лични цели: Не дозволувајте да станете инструмент во рацете на криминалната власт! Предупредувам, законот е јасен и казните за вакво дело, уцени и притисоци во предизборен период се до 5 години затвор.  Секој кој ќе се дрзне да го направи тоа, ќе одговар - рече Кирацовски.



http://plusinfo.mk/vest/89438/kiracovski-dobiv-spisok-so-2000-gragjani--presretnat-obid-za-pritisok-vrz-administracija

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ИЗБОРИ

Пишување by Гостин on Вто Окт 18, 2016 1:06 pm

Изборите се распишани а партиите секоја за себе си оставија алиби за поразот кој можеби ке го претрпат ама вистинското прашање всушност гласи дали навистина сме спремни за избори и ако сме зошто новиот амбасадор на ЕУ и сите останати странски дипломатски претставници се упорни во барањата да се спроведат демократски реформи после изборите и зарем не требаше тие реформи да бидат спроведени пред тоа за да имаме услови за фер и демократски избори од што би можел да се извлече заклучок дека секој за себе може да не ги признае резултатите од овие избори што од друга страна доведува до нов заклучок дека Груевски ке ги добие изборите опозицијата нема да ги признае затоа што имаат валидни странски сведоштва дека немало реформи и се тоа пак да почне одново и да се чека некаква нова интервенција на странците и некакво ново Пржино при што единствената штета би ја претрпела Македонија и евентуално дипломатската кариера на Хан бидејки со триесетина опозициски пратеници како што покажуваат анкетите надвор од парламентот сепак не може да се прогласи за нормална и демократска состојбата во Македонија.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ИЗБОРИ

Пишување by Гостин on Вто Окт 18, 2016 6:06 pm

So ogled na toa shto vie bevte tie shto ne sakaa da gi reshat zakonskite problemi so izborite, redno e da se ochekuva deka toa e napraveno namerno za da imate alibi posle porazot na izborite...

Се распишуваат избори што може да се оспорат, вели членот на ДИК Бедредин Ибраими

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ИЗБОРИ

Пишување by Гостин on Сре Окт 19, 2016 12:34 pm

Многу скромно го започнува пастирот овој изборен циклус. Порано бараа од членовите да им донесат по 10-15 сигурни гласачи а овој пат само по тројца.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ИЗБОРИ

Пишување by Гостин on Сре Окт 19, 2016 1:07 pm

Zamislete, se navredile od Levica...Nikoj ne ja prifakjal nivnata inicijativa...Pa kje odele sami na izborite...Ne znam dali se glupi ili samobendisani no navistina so koj um mislea deka posle godini borba so rezhimot, bojkoti, protesti i objavuvanja na bombite partiskite aktivisti kje im go prepushtat mestoto na nekoi koi do togash udobno molchele i chekale nekoj drug da ja zavrshi rabotata za niv...

„Левица“ игнорирана од опозицијата, на избори ќе оди сама

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ИЗБОРИ

Пишување by luxor on Сре Окт 19, 2016 2:30 pm

Da ne sme ludi da napravime pratenici od takanarecenite nepartiski borci protiv rezimot. Pa utre da glasaat za dpmne. Takvi primeri ima mnogu. Zatoa samo provereni partiski kadri koi nema da ja predadat partijata.
avatar
luxor

Број на мислења : 3189
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ИЗБОРИ

Пишување by defo on Сре Окт 19, 2016 7:32 pm

Абе видите до негде не сте во право.....се сеќавате на Стефчо Јакимоски, па на Солза и Роза, па на Лилето......на ЛДП им доаѓа од задникот да си гризнат, а и на СДСМ.....али ова треба да се апсолвира здраво после 12 декември, сега за сега е битно заедништвото во рушењето на Груевиот режим.

defo

Број на мислења : 1864
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ИЗБОРИ

Пишување by Гостин on Чет Окт 20, 2016 5:56 pm

Ке има или ке нема овие избори ке бидат најдраматични по тоа што опозицијата си остави можност да не ги признае и наместо да инсистира на решавање на проблемите кои се јавија со изборнитр единици тие побрзаа да побараат распуштање на парламенмтот што ке им овозможи алиби за поразот и повторно предизвикување политичка криза со непризнавање на изборите кои тие самите ги бараа и за кои самите тврдат дека ке бидат фер и демократски.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ИЗБОРИ

Пишување by Гостин on Чет Окт 20, 2016 6:50 pm

Pa shto ne gi stavivte na dneven red kako shto napravivte so budzhetot??? Imate mnozinstvo i mozhevte da go reshite toa...No, se mi se chini deka samo si ostavivte alibi za porazot...A i budzhetot shto go donesovte znaejki deka kje go realizira vladata na SDSM e donesen samo za da mozhete da obvinuvate deka SDSM ne znae da napravi razvoen budzhet...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ИЗБОРИ

Пишување by Гостин on Пет Окт 21, 2016 5:39 pm

Sto mislite komunjari deka norodot vo Makedonija e glup pa ke glasa za vas i siptarite iako platite se skoj mesec se pogolemi blagodarenie na ekonomskata politika na vladata na VMRO.

http://24vesti.mk/zgolemuvanje-na-prosechnata-plata-za-19-otsto

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ИЗБОРИ

Пишување by Гостин on Саб Ное 05, 2016 4:12 pm

И јас сега, ќе се правам дпмне-офца ко ониј водителот па ќе го прашам Заев како сака да му го поставам следното прашање. Како незадоволен СДСМовец или како дпмне-офца. Бидејки тој преферира дпмне-офски прашања ќе се обидам така. Зајко под ино да каже зошто ја лажеше македонската јавност дека избирачкиот список е пшрочистен? Сака ли СДСМ навистина да дојде на влааст или многу поудобно им е заседнати во опозиција? Уште колку вакви неоткриени фантомски гласачи има во избирачкиот список? Што прават партиските членови на СДСМ во ДИК?

ТВ Шења: 259 гласачи заведени на паркинг во Тетово



ТВ Шења, анализирајќи го избирачкиот список, откри дека 259 гласачи се сместени на една иста адреса. На таа адреса, нема никаков објект, туку се работи за паркинг.

По објавувањето на конечниот избирачки список за кој членовите на ДИК, но и четирите најголеми партии рекоа дека е прочистен конечно од сомнителните гласачи, ТВ Шења открива скандалозен случај со гласачите во Тетово. На една иста адреса во овој град се евидентирани 259 гласачи. Сите се од различни семејства и имаат различни презимиња. Тие се евидентирани дека гласаат на едно исто избирачко место, а живеат на улицата Иво Лола Рибар број 0.

Екипата на ТВ Шења ја посети оваа адреса за да види за каков гигантен објект станува збор кој би ги собрал сите овие гласачи. Но на оваа адреса не нашле ниту зграда, ниту пак куќа, туку само празен паркинг.

Жителите од оваа улица во неформален разговор рекле  дека порано на ова место постоела стара куќа во која не живеел никој. Потоа во истата било сместено едно сиромашно семејство, но по извесно време куќата изгорела целосно. На истото местото подоцна е изграден паркинг. Дел од жителите кои при контролата на избирачкиот список многу пати го приметиле овој феномен , велат дека пред контролата за фиктивните гласачи на оваа адреса имало околу 150 лица.

Но, сето ова според, жителите, како што велат, не може да се аргументира, бројот на гласачите на оваа адреса по контролите направени од институциите, на место да се намали се зголемил на 259 гласачи.

Инаку, пријавувањето на десетици гласачи на една адреса во Скопје и други населени места беше главна причина партиите во Пржино да се согласат за нова методологија за прочистување на избирачкиот список, методологија која по се изгледа донесе 259 гласачи на оваа адреса без постоечки објект во Тетово.

http://plusinfo.mk/vest/91954/tv-shenja-259-glasaci-zavedeni-na-parking-vo-tetovo

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ИЗБОРИ

Пишување by трендафил on Саб Ное 05, 2016 5:38 pm

И во мојата зграда, колку што гледам откако избирачкиот список стана јавен документ достапен на секого гледам дека повеќе од 90% од моите соседи се водат на стариот број на зградата за кој не се сеќавам точно кога е сменет но знам дека е во времето пред независноста на Македонија. Но сите луѓе се живи, не се фантоми. Патем не знам ниту дали постои објект на адреса со стариот број, но сигурно е дека не се работи за зграда. Но да напишам повторно. Не се работи за фантоми туку за административна конзервативност. Нешто не се сеќавам дека Оливер Спасовски како министер за внатрешни работи направи нешто за исправање на овој формален проблем. Веројатно ќе треба да се донесе закон за проверка на податоците наместо како до сега при промена на лична карта (или вадење на нова кога адресата се препишува од документот на родителот, сопружникот или сопственикот на објектот). Но овој проблем нема никаква врска со изборите. Да повторам се работи за формален проблем и дека на лош ... и влакната му пречат, нели? СО исти адреси СДСМ победуваше порано. Да не беше последната победа со изборна измама во делот за вработување и коалицирање, пред се, веројатно ќе имаше поголеми шанси и денес од тие што ги има.
За крај, кој е највиновен доколку има проблеми од типот на тој што го објавува Шења. Нели се тоа Оливер Спасовски од МВР и Чичаковски од ДИК. Двајцата дојдени на тие места како предлог на СДСМ, сега повеќе LSDM.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2703
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ИЗБОРИ

Пишување by Гостин on Саб Ное 05, 2016 7:16 pm

Slabo i neinventivno Trendafile...Vo najmala raka ochekuvav da kazhesh deka toa kletite komunjari i shiptari se spremaat da gi falsifikuvaat izborite...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ИЗБОРИ

Пишување by defo on Саб Ное 05, 2016 8:15 pm

Промовирана третата политичка опција, Љубе Бошковски носител во 5-ка, охриѓанецот Ванчо Костоски зад него


Коалицијата „ВМРО за Македонија“ во која членуваат ВМРО-Народна партија, Достоинство и Обединети за Македонија, во денеска се промоовира како трета опција на македонската политичка сцена, пренесува „Макфакс“.


Јас на пример за оваа коалиција не сум скептик, мислам дека ќе има два три пратеника. Што е доброто во оваа колаиција, доброт е што ќе одземе гласови на ДПМНЕ, од радикални „ВМРО“ членови, кои се незадоволни од ДПМНЕ, меѓутоа не сакаат да гласаат за СДСМ, што рака на срце ги има, а мислам дека нивната бројка е околу 20-30.000 луѓе , ако не и повеќе, ако 8000->9000 гласа носат еден пратеник во овие има 2 пратеника од такви луѓе и плус 1-2 пратеника од членство, симпатизери, неопределени кои би гласале за нив.
Што е лошото во оваа коалиција, лошото е можноста за колаицирање со ДПМНЕ, со што они лично би си ја згазиле честа...и се она за што тие прeставуваат синоним.....поготово Љубе и Стојанче.


П.С Вториот на листата во 5-ка ми е куќен пријател (да се пофалам), од 98->2004 верен на Љупчо, а и после тоа......тоа ме бендисувала која него стално......лојалноста кон нешто, што денес ретко ја има.

defo

Број на мислења : 1864
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ИЗБОРИ

Пишување by defo on Нед Ное 06, 2016 10:32 am

СДСМ денеска на конгрес ќе ги објави пратеничките листи: Пендаровски во „единицата“, Заев во „четворката“, Шеќеринска во „шестката“


Опозицискиот СДСМ денеска попладне во хотелот Александар Палас ќе оддржи Конгрес на кој ќе ги објави кандидатите за пратеници на претстојните избори закажани за 11 декември.

Според неофицијални информации на Фокус, првичната одлука на партијата била заменик-претседатрелката Радмила Шеќеринска да биде носител во првата, а универзитетскиот професор Стево Пендаровски во шестата изборна единица, меѓутоа потоа дошло до промена на планот, па Пендаровски дефинитивно ќе трча во „единицата“, а Шеќеринска во „шестката“.

За шестата изборна единица како еден од најсериозните кандиадти првично се споменуваше и партискиот лидер Зоран Заев, меѓутоа тој ќе настапи во матичната четвртата струмичко-прилепска изборна област, бидејќи во спротивно, велат партиски извори, ќе се сфати дека бега од одговорност од својот изборен регион.

Што се однесува до останатите ИЕ, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, ќе биде носител во „двојката“, дополнителниот заменик-министер за земјоделство Љупчо Николовски во „тројката“, додека партискиот портпарол и пратеник Петре Шилегов во „петката“.

Инаку, добитни места на пратеничките листи треба да добијат коалициските партнери на социјалдемократите, претставниците на „помалите“ етнички заедници во рамки на коалицијара, како и припадници на албанската етничка заедница кои се дел од највисоките партиски органи на СДСМ, претставници на граѓанскиот сектор и независни интелекатуалци…


Да ги видиме до вечер и комплетните листи.
Едино што до сега сум незадоволен е ставот на Левица да оди сама на избори........мислам дека овој пат требаше да се вклучи во широкиот опозицинен фронт.

defo

Број на мислења : 1864
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ИЗБОРИ

Пишување by Гостин on Нед Ное 06, 2016 11:26 am

Засега и јас не сум начисто со Левица. Може да се добронамерни, но реториката која е повеќе свртена кон напади на СДСМ отколку против владеачката партија ми даваат за право да се сомневам дека можеби се нечиј тројански коњ.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ИЗБОРИ

Пишување by defo on Нед Ное 06, 2016 11:34 am

luxor напиша:Засега и јас не сум начисто со Левица. Може да се добронамерни, но реториката која е повеќе свртена кон напади на СДСМ отколку против владеачката партија ми даваат за право да се сомневам дека можеби се нечиј тројански коњ.


Хм, е тоа тоа...види сегде има мани и пропусти, ама во моментов опозиционите можат да се скокнат....може да им се покаже, ама не тоа да биде претерано...стално во фокусот треба да биде власта, кај нас се измрдаја, некои работи.




Павле Богоевски од Шарената Револуција, Ивана Туфегџиќ од Студентски Пленум, актерката Синоличка Трпкова, универзитетскиот професор Ферид Мухиќ, ексамбасадорот Никола Димитров – ова се некои од граѓанските активисти, интелектуалци и непартиски лица кои се најсериозни кандидати да се најдат на пратеничките листи на СДСМ.


Интересен конгломерат на луѓе Богоевски, Туфегџиќ, Трпкова на пратеничките листи на СДСМ?

defo

Број на мислења : 1864
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ИЗБОРИ

Пишување by Гостин on Нед Ное 06, 2016 11:39 am

Лица кои се во центарот на збиднувањата во последно време и докажани критичари на режимот. Ако размислам, можеби подобро тие да се најдат на листите отколку некакви Солзи, Рози и Љубици.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ИЗБОРИ

Пишување by defo on Нед Ное 06, 2016 3:52 pm

luxor напиша:Лица кои се во центарот на збиднувањата во последно време и докажани критичари на режимот. Ако размислам, можеби подобро тие да се најдат на листите отколку некакви Солзи, Рози и Љубици.

Да ипак е ова борба против режим..во иднина ќе видиме....Види во задниве години мислам дека СДСМ (а и ЛДП), сфатија дека повнимателно треба да ги бираат кадрите......И Луксор дополни со Стефчевци, Бучковци...............

defo

Број на мислења : 1864
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ИЗБОРИ

Пишување by Гостин on Нед Ное 06, 2016 5:41 pm

Sega gi gledav listite na SDSM shto gi objavi Gerovski...Ne sum bash najsrekjen...Mislam deka nedostasuvaat nekoi iminja...A na nivno mesto imame nekoi shto molchele ili se totalni anonuimusi...Mozhebi sega kje ja sfatite idejata na Levica za gragjanski pratenichki listi...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ИЗБОРИ

Пишување by defo on Нед Ное 06, 2016 7:18 pm

Teo, јас не ги имам видено, и не подржувам растурање на фронтот во овој момент, сега треба да се молчи за добробит....а понатаму ќе има простор за размислување....и оваа Куноска, не го погодила најзгодниот момент за покажување сила..........јас, ти обичните граѓани треба да мислиме што по 11 декември, ако остане оваа шугава власт на чело на државава.......
И неќам на крај се да биде залудно....



Се бара Трендафил, ако има доблест да го објасни ова.......
Лидерите на владејачките ВМРО-ДПМНЕ И ДУИ, Никола Груевски и Али Ахмети, според извори на Либертас од албанската владејачка партија се пред финален договор на вонредните парламентарни избори на 11 декември прв пат да истрчаат заедно во трка за гласови од електоратот. Тие би изглегле со различни листи, но официјално би објавиле коалиција и би си помагале за време на кампањата.


http://www.libertas.mk/gruevski-i-ahmeti-dogovaraat-predizborna-koalitsija/

Либертас од извори во ДУИ дознава и дека Груевски и Ахмети договориле ВМРО-ДПМНЕ да оди со кампања со фалење на странски инвестиции, нови работни места и нови објекти и план за купување опрема, пред се во здравствените установи, а националната карта, односно односите помеѓу Македонците и Албанците и нападите, пред се кон Заев и СДСМ, да му биде задача на Ахмети и ДУИ.



П.С Знам дека џабе го прашувам, ќе  го дрви сега за Куноска Трендо.

defo

Број на мислења : 1864
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ИЗБОРИ

Пишување by osa on Нед Ное 06, 2016 8:31 pm

vauuuuuu ...defo ne se nerviraj ...iskreno ako jas se prashuvam nwejze ne i e mestoto vo "parlament " ...za zal ...imashe nekolku "repliki " ama mnogu slabi ....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11956
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ИЗБОРИ

Пишување by трендафил on Пон Ное 07, 2016 10:18 am

defo напиша:Teo, јас не ги имам видено, и не подржувам растурање на фронтот во овој момент, сега треба да се молчи за добробит....а понатаму ќе има простор за размислување....и оваа Куноска, не го погодила најзгодниот момент за покажување сила..........јас, ти обичните граѓани треба да мислиме што по 11 декември, ако остане оваа шугава власт на чело на државава.......
И неќам на крај се да биде залудно....



Се бара Трендафил, ако има доблест да го објасни ова.......
Лидерите на владејачките ВМРО-ДПМНЕ И ДУИ, Никола Груевски и Али Ахмети, според извори на Либертас од албанската владејачка партија се пред финален договор на вонредните парламентарни избори на 11 декември прв пат да истрчаат заедно во трка за гласови од електоратот. Тие би изглегле со различни листи, но официјално би објавиле коалиција и би си помагале за време на кампањата.


http://www.libertas.mk/gruevski-i-ahmeti-dogovaraat-predizborna-koalitsija/

Либертас од извори во ДУИ дознава и дека Груевски и Ахмети договориле ВМРО-ДПМНЕ да оди со кампања со фалење на странски инвестиции, нови работни места и нови објекти и план за купување опрема, пред се во здравствените установи, а националната карта, односно односите помеѓу Македонците и Албанците и нападите, пред се кон Заев и СДСМ, да му биде задача на Ахмети и ДУИ.



П.С Знам дека џабе го прашувам, ќе  го дрви сега за Куноска Трендо.
Јасно е дека по изборите во власта ќе бидат коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, како што беше и до сега. За формалноста дали коалицијата ќе биде објавена пред или по изборите не сакам да трошам време. Во секој случај да ги почекаме настаните и да дискутираме за нешто што се има случено.
Нели СДСМ пред предвремените избори пред две години имаше нов концепт, па Заев и другите од бандата, Шеќеринска, Пендаровски, Ременски не беа на листите затоа што наводно ќе ја составуваа владата. Дали тоа што Заев сега сака да стане пратеник значи дека му е јасно дека СДСМ нема да состави влада и дека тој нема да победи на следните локални избори како градоначалник на Струмица, па со пратенички мандат се обидува во следните 4 години да има политичка функција и пратенички имунитет. Дали Заев е сигурен дека ќе биде избран за пратеник, па ќе си поднесе оставка како градоначалник на Струмица пред изборите на 11 декември?
Нема многу да коментирам околу внатрешно партиските работи на СДСМ, односно за тоа кој и зошто е ставен на листата. Практично нема изненадувања. Како да ја составувал листата Бејли?

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2703
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ИЗБОРИ

Пишување by трендафил on Пон Ное 07, 2016 12:22 pm

Еве уште една драстична разлика кај СДСМ во однос на минатите избори.

Тогаш вашиот лидер говореше дека „ Истовремено за време на избори мора да биде разграничено што е партија, а што држава. Не може Гордана Јанкулоска да биде ем носител на листа, ем министер со сите полицајци на избори, па лелекање и плач, страв и трепет за секој, говореше Заев.“ Дали јадел фекалии тогаш или сега кога министерот на сите полицајци Оливер Спасовски го стави за носител на листа одлучете сами.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2703
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ИЗБОРИ

Пишување by трендафил on Пон Ное 07, 2016 2:55 pm

Поради мир во куќата, гледам дека ќерка му на Блаже Ристовски, Лилјана Поповска се откажува од добитното место на листата. За прв пат во Македонија изгледа дека ќе имаме промена на божем конечна пратеничка листа. Не знам ниту како предвидува статутот на СДСМ да се направи измена на одлука на партискиот конгрес кој нели ја изгласа листата. Доколку статутот воопшто се почитува во партијата.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2703
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ИЗБОРИ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 9 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот