Zimski sportovi

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Zimski sportovi

Пишување by Гостин on Нед Окт 23, 2016 5:49 pm

Zapochna sezonata...

Пинтуро триумфално на првиот велеслалом



25 годишникот трката во Зелден ја заврши со вкупно време од 2:14.01 минути пред Марсел Хиршер кој заостана 70 стотинки и Феликс Нојројтер на третата позиција со секунда и 37 десеттинки послабо време од победникот.

Денеска на патеката во Австрија се натпреваруваше и Македонецот Антонио Ристевски кој со времето од 1:15.19 не успеа да се квалификува за втората трка.

Следно во распоредот од купот се слаломите во машка и женска конкуренција кои на 12-ти и 13-ти следниот месец ќе се одржат во финскиот ски центар Леви.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Zimski sportovi

Пишување by luxor on Саб Дек 17, 2016 1:30 pm

Нова победа на Илка Штухец во Вал Дизер



Илка Штухец е победничка и на 3 – от спуст сезонава кој што денеска се возеше во францускиот ски центар Вал Дизер.

Словенечката претставничка до победата стигна со вкупно време од 1:46.14 стотинки што беше за 28 стоти делови од секундата подобро од второпласираната Австријка Корнелија Хутер.

Подиумот го надополни Софија Гоџија од Италија со заостанување од 32 стотинки зад времето на победничката.

http://rsm.mk/web/?p=186355
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Zimski sportovi

Пишување by Teo on Саб Дек 17, 2016 2:32 pm

Макс Франц ја прекина норвешката доминација



28-годишниот Франц успеа да го победи повратникот на Светскиот куп, Норвежанецот Аксел Лунд Свиндал за само 0.04 секунди, додека третото место го освои Американецот Стивен Најман, кој претходно имаше три победи на Саслонг.

Со ова се крај на кризата во австрискиот брзински тим, кој претходно доминираше во оваа дисциплина, но сега немаше победа речиси две години. Последната спусташка победа за Австрија беше таа на Матијас Маер во Залбах на 21 февруари 2015 година.

СПУСТ (М) - ВАЛ ГАРДЕНА (ИТА)
1.Макс Франц (Авт) 1:56.60
2.Аксел Лунд Свиндал (Нор) +0.04
3.Стивен Најман (САД) +0.41
4.Адриен Тео (Фра) +0.44
5.Ерик Гај (Кан) +0.56
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Zimski sportovi

Пишување by delta on Саб Дек 17, 2016 6:18 pm

vrat ke skrsat ovie be/./.podobro lovci da bea barem prase divo ke pecea.
avatar
delta

Број на мислења : 258
Join date : 2016-11-30

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Zimski sportovi

Пишување by luxor on Нед Дек 18, 2016 1:28 pm

Гут се врати на победите во Вал Д’Изер



Шампионката од Светскиот куп во алпско скијање, Швајцарката Лара Гут се врати на победите преку триумфот на супер-џи трката во Вал Д'Изер

Гут беше за 13 стотинки подобра од Тина Вајратер од Лихтенштајн за да стигне до својата 21. победа во кариерата и втора оваа сезона по победата во Лејк Луис, Канада, исто така во супер-џи. Подиумот го комплетираше Италијанката Елена Куртони со 1.21 секунди послабо време. Словенката Илка Штухец, која нанижа четири победи оваа сезона, овојпат беше само седма.

Со победата Гут се доближи на само шест поени зад Американката Микаела Шифрин во генерален пласман (498-493). Додека Гут своите поени ги освојува во брзинските трки (спуст и супер-џи), Шифрин доминира во техничките дисциплини (слалом и велеслалом). Штухец е трета со 481 поен, додека четврта е Италијанката Софија Гоџија со 467 поени.

СУПЕР-ЏИ (Ж) - ВАЛ Д’ИЗЕР (ФРА)

1.Лара Гут (Шва) 1:23.24

2.Тина Вајратер (Лих) +0.13

3.Елена Куртони (Ита) +1.21

4.Надја Фанкини (Ита) +1.24

5.Теса Ворлеј (Фра) +1.32

http://sportmedia.mk/drugi-sportovi/ostanato/gut-se-vrati-na-pobedite-vo-val-dizer
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Zimski sportovi

Пишување by Teo on Вто Дек 27, 2016 5:30 pm

Шифрин ја зацврсти лидерската позиција со нова победа



Микаела Шифрин победи на категоричен начин во велеслаломот за жени од Светското првенство во ски-алпски дисциплини, кој се одржа во Земеринг, откако заврши со речиси секунда пред останатите.

Ова е втора победа за Американката на австриска писта, благодарение на што таа го задржи првото место во генералниот пласман.

21-годишната Шифрин водеше и по првото спуштање, а нејзиниот комбиниран резултат беше 2:01.81 минути – 0,78 секунди пред Французинката Теса Ворли.

Трета на 1,09 секунди остана Италијанката Мануела Мелг, а четврта беше Швајцарката Лара Гут, која е втора во генералниот пласман. Таа заостанува со 55 поени од Американката во рангот.

Шифрин има веќе 24 победи во Светското првенство, откако само две од нив се во велеслалом, а сите други – во слалом. Нејзината прва во дисциплината беше освоена во Золден во 2014 година.
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Zimski sportovi

Пишување by Teo on Вто Дек 27, 2016 5:31 pm

Јансруд ја освои својата трета победа за месеци во Санта Катерина



Кетил Јансруд ја освои трката во Супер-Џи во италијанскиот зимски центар Санта Катерина за Светското првенство во ски-алпски дисциплини.

Норвежанецот заврши прв на 1.745-метри долгата траса со време 1:30.88 минути. Ова е трета победа во оваа дисциплина за Јансруд од три старта од овој месец.

Втор остана Австриецот Ханес Рајхелт со 1:31.48, а трет е Италијанецот Доминик Парис со 1:31.53. Лидерот во генералниот пласман Марсел Хиршер остана надвор од зоната на поени, откако заврши само 47-ми.

Австриецот сепак продолжува да води со 633 поени, а со денешниот успех Јансруд излезе втор со 482 поени. Трет е Хенрик Кристоферсен (Норвешка) со 382 поени.
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Zimski sportovi

Пишување by Teo on Нед Јан 22, 2017 6:05 pm

Хиршер и Лара Гут најдобри во Кицбил и Гармиш Партенкирхен



Австриецот Марсел Хиршер е победник на седмиот слалом во сезоната од Светскиот куп (алпско скијање)…

Во австрискиот Кицбил второто место го освои водечкиот после првото возење Британецот Дејв Ридинг (+0.76), додека трет беше Русинот Александер Хорошилов (+1.11).

До денес водечкиот во генералниот пласман во слаломот Норвежанецот Хенрик Кристоферсен не го заврши првото возење, па со новите 100 бодови Хиршер го презеде водството.

Во генералниот пласман на Светскиот куп води Хиршер со 1.080 бодови, пред Кристоферсен со 962 и Французинот Алексис Пинторо (681).

Во женска конкуренција Швајцарката Лара Гут е победничка на третиот супервелеслалом сезонава во Светскиот куп во германскиот Гармиш Партенкирхен.

Второпласирана беше Австријката Стефани Вениер со заостанување од 67 стотинки зад најдобрата, а трета беше Тина Вајрајтер од Лихтенштајн со 86 стотинки заостанување.

Во генералниот пласман (СК) води Американката Микаела Шифрин со 1.008 бодови, втора Е Гут (873), а зад неа Илка Штухец (Словенија, 625).

Во супервелеслаломот Гут е водечка со 300 бодови, пред Вајрајтер (220) и Вениер (125).
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Zimski sportovi

Пишување by Kalinda on Сре Фед 01, 2017 7:31 pm

Ете и за спортот ,
никој неможе да
посочи дека не е доволно
инвестирањето од
страна на државата .
Сепак талентот
изостанува.
avatar
Kalinda

Број на мислења : 436
Join date : 2015-02-28

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Zimski sportovi

Пишување by luxor on Вто Фед 07, 2017 11:07 am

Почнува Светското првенство во скијање во швајцарскиот Сент Мориц



Со трката во супервелеслалом во женска конкуренција денеска точно на пладне во швајцарскиот Сент Мориц ќе стартува Светското првенство во скијање.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Zimski sportovi

Пишување by luxor on Вто Фед 07, 2017 11:07 am

Со трката во супервелеслалом во женска конкуренција денеска точно на пладне во швајцарскиот Сент Мориц ќе стартува Светското првенство во скијање.

Швајцарскиот ски-центар по петти пат ќе биде организатор на СП. Претходно беше домаќин во 1934, 1948, 1974 и 2003 година.

На Мундијалот ќе настапат 589 скијачи од 76 земји, меѓу нив и Македонија со седум свои претставника.

Проблеми на организаторот му донесоа вчерашните обилни снежни врнежи кои беа причина да биде откажан тренингот во спуст.

Бранителка на златниот медал во супервелеслалом освоен пред две години на претходното СП е Ана Фајт, порано Фенингер. Австриската скијачка поголемиот дел од сезоната го пропушти поради повреда на коленото. Со повреди се мачеше и Линдзи Вон која секогаш е фаворит за највисок пласман. Големи шанси за највисок пласман на денешната прва трка од СП им се даваат и на Лара Гут (Швајцарија), Илка Штухец (Словенија) и Тина Вајратер (Лихтенштајн).

Првата трка во машка конкуренција е закажана за утре од 12 часот за кога е предвидено да се вози супервелеслалом.

Шампионатот ќе трае до 19 февруари.

http://plusinfo.mk/vest/104163/pocnuva-svetskoto-prvenstvo-vo-skijanje-vo-shvajcarskiot-sent-moric
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Zimski sportovi

Пишување by Teo on Чет Фед 16, 2017 10:59 am

Словенката Илка Стухец победничка на спустот во Сент Мориц



Таа спуст патеката ја мина за 1:32.85 минута. Ова за неа е прв медал (златен) од Светските првенства, а вкупно шеста победа, бидејќи има и пет први места во Светскиот куп.

Второто место и среброто и припадна на Стефани Вениер од Австрија која имаше заостанување од 40 стотинки, додека третопласирана заврши Американката Линдзи Вон со пет стотинки послабо време од Вениер. Вон го освои бронзениот медал.
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Zimski sportovi

Пишување by Teo on Чет Фед 16, 2017 11:00 am

Фојц најбрз на мундијалскиот спуст



За Фојц ова беше прв златен медал од Светските првенства.

Второто место и сребрениот медал му припадна на „златниот“ од супервелеслаломот Ерик Геј од Канада кој беше побавен за 0.12 секунди зад Фојц.

На победничкиот подиум се најде и Макс Франц од Австрија кој трката ја заврши за 1:39.28 минути.
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Zimski sportovi

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот